кауција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Apr 2023 16:38:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кауција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Голманот обвинет за силување на малолетничка е ослободен со кауција! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/golmanot-obvinet-za-siluvane-na-maloletnichka-e-osloboden-so-kautsija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/golmanot-obvinet-za-siluvane-na-maloletnichka-e-osloboden-so-kautsija/#respond Thu, 13 Apr 2023 16:38:35 +0000 https://kurir.mk/?p=823775

По исказот даден пред истражен судија, поранешниот голман на грчкиот фудбалски клуб Волос и на израелската репрезентација Борис Клејман, кој во вторникот беше уапсен под обвинение дека во ноќен клуб во Атина силувал малолетничка е ослободен со кауција од 20.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, Клејман рекол дека конкретната вечер во клубот „немало ниту насилство, ниту силување“, а со 17-годишната ученичка од Белгија само танцувале и ништо повеќе. Додал дека неговиот став ќе го оправдаат и резултатите од вештачењата и споредбата со примерокот од генетскиот материјал. Голманот во вторникот наутро бил уапсен во Атина и се товари за силување на малолетничка и поседување дрога откако кај него биле пронајдени и одземени 1,5 грама хероин. Веднаш по апсењето од ФК Волос, каде што 33-годишниот беше голман, соопштија дека со одлука на претседателот на клубот, Борис Клејман и неговиот соиграч Родриго Есковал се изоставени од тимот, започнат е процесот за раскинување на нивните договори и веќе биле информирани нивните менаџери. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/golmanot-obvinet-za-siluvane-na-maloletnichka-e-osloboden-so-kautsija/feed/ 0
Обвинет за насилство и силување: Фудбалерот на Манчестер јунајтед со кауција излезе од притвор? https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/obvinet-za-nasilstvo-i-siluvanje-fudbalerot-na-manchester-junajted-so-kaucija-izleze-od-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/obvinet-za-nasilstvo-i-siluvanje-fudbalerot-na-manchester-junajted-so-kaucija-izleze-od-pritvor/#respond Wed, 02 Feb 2022 14:10:39 +0000 https://kurir.mk/?p=626000

Младиот фудбалер на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд, со кауција излезе од притвор. Гринвуд заврши зад решетки, откако неговата девојка го обвини за физичко насилство и силување. Тој ќе биде на слобода додека трае истрагата. Гринвуд првично беше приведен во неделата откако неговата 18-годишна девојка, Хериет Робсон, на социјалните мрежи објави вознемирувачки видеа, фотографии и аудио-снимки од физичкиот напад. Веднаш по апсењето Манчестер јунајтед објави дека фудбалерот е суспендиран и дека нема да учествува во клупските активности додека трае истрагата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/obvinet-za-nasilstvo-i-siluvanje-fudbalerot-na-manchester-junajted-so-kaucija-izleze-od-pritvor/feed/ 0
Со кауција ослободен од притвор полицаецот обвинет за убиството на Флојд https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-kaucija-osloboden-od-pritvor-policaecot-obvinet-za-ubistvoto-na-flojd/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-kaucija-osloboden-od-pritvor-policaecot-obvinet-za-ubistvoto-na-flojd/#respond Thu, 08 Oct 2020 06:23:23 +0000 https://kurir.mk/?p=413716

Со кауција од еден милион долари од притвор е ослободен Дерек Чаувин, поранешниот полицаец обвинет за убиството на Афроамериканецот, Џорџ Флојд во Минесота. Чаувин по уплатената кауција излезе од затворот во сојузната американска држава Минесота. Тој е обвинет за второстепено убиство на Флојд, а судењето се очекува да почне следната година. Тој беше еден одчетворицата полицајци обвинети за убиството на Флојд при обид за насилно апсење. Смртта на Флојд предизвика бран антирасистички протести во САД и ширум светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/so-kaucija-osloboden-od-pritvor-policaecot-obvinet-za-ubistvoto-na-flojd/feed/ 0
Ивица Тодориќ плати кауција, излегува од затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ivica-todorikj-plati-kaucija-izleguva-od-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ivica-todorikj-plati-kaucija-izleguva-od-zatvor/#respond Tue, 20 Nov 2018 16:32:19 +0000 https://kurir.mk/?p=130111

Поранешниот сопственик на Агрокор Ивица Тодориќ  денеска уплати кауција од еден милион евра, со што му е овозможено во текот на денот да излезе на слобода од истражниот затвор, во кој се наоѓа по екстрадицијата од Лондон. На денешното рочиште, кое беше свикано по потврдата за уплата на кауцијата, истражниот судија го предупреди Тодориќ дека доколку ги прекрши одредбите од кауцијата, средствата ќе и припаднат на државата, а против него може да биде поводена постапка. На Тодориќ му се изречени и мерки на претпазливост, односно забрането му е да го напушта престојот кој го има пријавено и не смее да го напушти загреб без одобрение на Судот. Исто така, одземена му е и патната исправа. Тодориќ и неговите синови Иван и Анте, но и 12 лица од Агрокор се осомничени за незаконско стекнување финансиска корист од над милијарда куни од Агрокор. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ivica-todorikj-plati-kaucija-izleguva-od-zatvor/feed/ 0
За Пучдемон кауција од 75 – за обвинетите од 27 април не се доволни ниту 125 илјади евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/za-puchdemon-kaucija-od-75-za-obvinetite-od-27-april-ne-se-dovolni-nitu-125-iljadi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/za-puchdemon-kaucija-od-75-za-obvinetite-od-27-april-ne-se-dovolni-nitu-125-iljadi-evra/#respond Wed, 02 May 2018 19:04:04 +0000 https://kurir.mk/?p=48933

Поранешниот претседател на каталонската регионална влада, Карлес Пучдемон од притвор во Германија излезе со кауција од 75 илјади евра, а за поранешниот шеф на обезбедувањето на Трајко Велјановски, Горан Ѓошевски и екс началникот во МВР, Оливер Поповски не се доволни 125, односно 54 илјади евра за ослободување од притвор. Скопскиот Апелациски суд ги сменила одлуките на Кривичен, поранешиот шефот на обезбедувањето на Велјановски, Горан Ѓошевски и екс началникот во МВР Оливер Поповски да бидат пуштени да се бранат од слобода со гаранција со што засега остануваат во притвор, јавува Телевизија Телма. Понудениот недвижен имот во висина од 54 илјади евра за Ѓошевски и недвижности во вредност од 125 илјади евра за Поповски, не биле  соодветни. Од судот за Телма велат дека ги анализирале сите околности, меѓу кои и висината на понудената гаранци. -Во конкретните случаи понудената гаранција не е пропорционална на тежината на кривичното делото односно преземни дејствија за кои се товарат и во моментот таа гараницја не претставува ефикасен механизам за обезбедување на присуство на обвинетите, велат од Апелација. Засега само поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков би можел да излезе од Шутка бидејќи понудениот недвижен имот е во вредност од 600 илјади евра. Во Германија која е најголемата економска сила во Европа и каде што граѓаните имаат 8 пати поголем БДП по глава на жител, кауцијата е скоро двојно помала од имотот кој бил понуден за Ѓошевски. За Пучдемон се бараа 75, а за Ѓошевски 125 илјади евра не беа доволни, па судот ќе бара поголем имот. Инаку, Пучдемон во Шпанија е обвинет за бунт, поттикнување бунт и злоупотреба на државни средства за организирање на ланскиот референдум за независност на Каталонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/za-puchdemon-kaucija-od-75-za-obvinetite-od-27-april-ne-se-dovolni-nitu-125-iljadi-evra/feed/ 0
Пуџдемон ослободен од притвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pudzdemon-osloboden-od-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pudzdemon-osloboden-od-pritvor/#respond Thu, 05 Apr 2018 17:55:07 +0000 https://kurir.mk/?p=37088

Суд во германската сојузна покраина Шлезвиг-Холштајн денеска донесе одлука за ослободување од притвор на поранешниот претседател на каталонската регионална Влада, Карлес Пуџдемон, со кауција од 75.000 евра. Според одлуката на Судот, 55-годишниот Пуџдемон ќе остане на слобода се до донесувањето одлука по барањето на шпанските власти за негова екстрадиција во Шпанија, каде е обвинет за бунт, поттикнување бунт и злоупотреба на државни средства за организирање на ланскиот референдум за независност на Каталонија. Судот оцени дека Пуџдемон не може да биде екстрадиран во Шпанија по главното обвинение за бунт, бидејќи според германското законодавство таквото дело би требало да подразбира и насилство. Германското јавно обвинителство во вторникот побара Судот да дозволи екстрадиција на Пуџдемон во Шпанија, со обарзложение дека барањето на Мадрид е оправдано, бидејќи „можело да се очекува оти организирањето на противуставниот референдум за независнот на Каталонија, ќе доведе до насилни судири“. Адвокатите на Пуџдемон побараа од германските власти „да не се мешаат во случајот“, со образложение дека целиот случај има „политичка димензија“. Пуџдемон минатиот викенд на средба со двајца пратеници во германскиот Парламент, кои го посетија во притворот, изјави дека не е криминалец и дека борбата за независност на Каталонија се базира на демократија и ненасилство. - Ние не сме криминалци. Два пати победивме на избори, изјавил Пуџдемон Пуџдемон нагласил дека кривичното дело бунт, за кое го товарат шпанските власти, подразбира употреба на сила. - Немаше насилство, значи нема ни бунт, изјавил Пуџдемон на средбата. Пуџдемон беше уапсен во Германија на 25 март, додека се враќаше од Финска во Белгија, и беше префрлен во притвор во Нојминстер. Тој ја напушти Шпанија лани во октомври откако Мадрид ја суспендира автономијата на Каталонија, како одговор на одлуката на каталонскиот Парламент за прогласување независност на регионот. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pudzdemon-osloboden-od-pritvor/feed/ 0