кавадарци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 08:51:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кавадарци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Приведени разбојници во Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-razbojnitsi-vo-kavadartsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-razbojnitsi-vo-kavadartsi/#respond Thu, 26 Oct 2023 08:51:00 +0000 https://kurir.mk/?p=893280

На 25.10.2023 полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода П.М.(24) и Н.И.(24), двајцата од Кавадарци поради основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ на 24.10.2023 околу 23 часот, кога во Кавадарци физички го нападнале Ф.Н. (23) и му одзеле мобилен телефон. Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветена пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-razbojnitsi-vo-kavadartsi/feed/ 0
Казни за угостителски објекти: Не издавале фискални сметки, дозволувале пушење на затворено… https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kazni-za-ugostitelski-objekti-ne-izdavale-fiskalni-smetki-dozvoluvale-pushene-na-zatvoreno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kazni-za-ugostitelski-objekti-ne-izdavale-fiskalni-smetki-dozvoluvale-pushene-na-zatvoreno/#respond Sun, 22 Oct 2023 12:26:24 +0000 https://kurir.mk/?p=891910

На 21.10.2023 подрачјето на Кавадарци од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци и Оддел за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација и содејство со инспектори од Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд извршена е контрола во повеќе угостителски објекти. При контролата констатирани се неправилности во локалите за што се изречени соодветни  глоби, и тоа за неиздавање фискални сметки, за непоседување на книги за дневни финансиски извештаи, за неприкажување промет од македонски производи и неевидентирани парични средства и за непочитување на одредбите од Законот за заштита од пушењето. Исто така, од страна на полициските службеници при контрола во еден угостителски објект пронајдени се остатоци од прашкаста материја, а при преглед кај едно лице пронајдено е и одземено пакување со кокаин и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kazni-za-ugostitelski-objekti-ne-izdavale-fiskalni-smetki-dozvoluvale-pushene-na-zatvoreno/feed/ 0
Млади од Кавадарци учат како да реупотребуваат отпад од текстил и храна https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mladi-od-kavadartsi-uchat-kako-da-reupotrebuvaat-otpad-od-tekstil-i-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mladi-od-kavadartsi-uchat-kako-da-reupotrebuvaat-otpad-od-tekstil-i-hrana/#respond Fri, 20 Oct 2023 15:37:41 +0000 https://kurir.mk/?p=891376

 Млади од Кавадарци учат како да реупотребуваат отпад од текстил и храна, во склоп на проектот насловен ,,Втора шанса", информираше попладнево Роберто Паризов, претседател на регионалното друштво за заштита на животната средина, ,,Еко - живот". Тој појасни дека проектот има за цел подигање на свеста на младите за реупотреба на отпадот од текстил и храна како и користење и производство на еколошка козметика и средства за хигиена во домашни услови. - Активностите се дел од проект за млади на нашето друштво, во рамките на Еразмус + програмата. Вчера имавме завршни активности во НВО Инфо центарот во Кавадарци. Партнери во проектот се ,,Еко - живот",  ,,Адел" од Словачка и ,,Креактив" од Полска, додаде Паризов. Тој нагласи дека со реупотребата на текстил и храна, се намалува отпадот и превентивно се влијае врз зачувувањето на чиста и здрава животна средина.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mladi-od-kavadartsi-uchat-kako-da-reupotrebuvaat-otpad-od-tekstil-i-hrana/feed/ 0
БРАВО: Средношколци од Кавадарци произведоа три нови производи во фармацевтската лабораторија https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bravo-srednoshkoltsi-od-kavadartsi-proizvedoa-tri-novi-proizvodi-vo-farmatsevtskata-laboratorija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bravo-srednoshkoltsi-od-kavadartsi-proizvedoa-tri-novi-proizvodi-vo-farmatsevtskata-laboratorija/#respond Wed, 18 Oct 2023 14:19:10 +0000 https://kurir.mk/?p=890389

Ученици произведоа три нови производи во фармацевтската лабораторија на Средното училиште „Ѓорче Петров“ во Кавадарци, информираа попладнево од оваа воспитно-образовна установа. -Вештите и вредни раце на учениците од медицинската струка – „фармацевти“, денеска изработија природни производи од билката гавез, во форма на крем, гел и маст. Гавезот е магична билка, моќно решение за многу здравствени проблеми. Нејзините лековити дејства се познати одамна. Лековити се и лисјата и коренот. Се користи за болни зглобови и артритис, против ревматични болки, отоци, помага кај гихт, помага кај повреди. Се користи и во козметиката бидејќи ја регенерира и подмладува кожата, ги намалува брчките, стриите, белезите, појаснија од училиштето на нивниот фејсбук-профил. Производите се наменети за домашна употреба и не се наменети за продажба, а ментор на учениците е Блаже Ѓорчев.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bravo-srednoshkoltsi-od-kavadartsi-proizvedoa-tri-novi-proizvodi-vo-farmatsevtskata-laboratorija/feed/ 0
Шест малолетници пријавени во полиција во Кавадарци за злоупотреба на фотографии од девојчиња https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/shest-maloletnitsi-prijaveni-vo-politsija-vo-kavadartsi-za-zloupotreba-na-fotografii-od-devojchina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/shest-maloletnitsi-prijaveni-vo-politsija-vo-kavadartsi-za-zloupotreba-na-fotografii-od-devojchina/#respond Fri, 13 Oct 2023 20:45:55 +0000 https://kurir.mk/?p=888644

Шест малолетници од основно училиште од Кавадарци се пријавени во полиција, за злоупотреба на фотографии од малолетни девојчиња од истото училиште. За случајот, МИА побара одговор од портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, која информира дека децата се повикани на разговор во полиција заедно со нивните родители. - Ве известуваме дека во ОВР Кавадарци, заедно со нивните родители, повикани се шест малолетници од Кавадарци и со нив бил извршен службен разговор во врска со претходна пријава од родители дека биле злоупотребени лични податоци, односно фотографии од нивните малолетни ќерки. Според пријавеното, фотографии биле преземени од социјални мрежи и на нив биле измонтирани фотографии со недолична содржина, се вели во писмениот одговор од Ѓаковска, добиен попладнево. Таа рече дека се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/shest-maloletnitsi-prijaveni-vo-politsija-vo-kavadartsi-za-zloupotreba-na-fotografii-od-devojchina/feed/ 0
Човечки фактор причина за три пожари денеска во Општината Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chovechki-faktor-prichina-za-tri-pozhari-deneska-vo-opshtinata-kavadartsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chovechki-faktor-prichina-za-tri-pozhari-deneska-vo-opshtinata-kavadartsi/#respond Sun, 08 Oct 2023 17:44:52 +0000 https://kurir.mk/?p=886624

Човечки фактор била причината за три пожари денеска во Општината Кавадарци, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. - Денеска благодарение на брзата интервенција на ТППЕ Кавадарци, на три локации на отворено - ваташки гробишта, под каналот кај село Манастирец и на релација село Бегниште - Кошани, е спречено ширење на пожари без поголема материјална штета. Инаку, според информациите кои ги имаме од терен, човек е причината за предизвикување на истите, соопштија од градоначалничкиот кабинет. Оттаму апелираа до населението за внимателност, со цел превентивно да се влијае и да се спречи евентуално настанување на пожар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chovechki-faktor-prichina-za-tri-pozhari-deneska-vo-opshtinata-kavadartsi/feed/ 0
Во Кавадарци натпревар во јадење лути пиперчиња https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-kavadartsi-natprevar-vo-jadene-luti-piperchina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-kavadartsi-natprevar-vo-jadene-luti-piperchina/#respond Sat, 07 Oct 2023 08:37:16 +0000 https://kurir.mk/?p=886297

Меѓународен натпревар во јадење лути пиперчиња „Супер лут предизвик" ќе се одржи денеска во Кавадарци. За најхрабрите, како што велат организаторите, предвидени се вредни награди. Натпреварот прв пат се реализираше минатата година, за време на стопанско-културната и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер". Слободанчо Василев од Кавадарци беше најдобар во јадење лути пиперки и освои ЛЦД телевизор, росоманката Весна Јаневска беше втора, таа доби сом од десет килограми, додека Бобан Милошевски од Скопје го зазеде третото место, а наградата беше ваучер од 1.500 денари во гостилница и еден крап. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-kavadartsi-natprevar-vo-jadene-luti-piperchina/feed/ 0
Поднесено обвинение за спречување на новинарски екипи во вршењето на работата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseno-obvinenie-za-sprechuvane-na-novinarski-ekipi-vo-vrsheneto-na-rabotata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseno-obvinenie-za-sprechuvane-na-novinarski-ekipi-vo-vrsheneto-na-rabotata/#respond Tue, 03 Oct 2023 11:45:44 +0000 https://kurir.mk/?p=884603

Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска поднесе Обвинителен предлог против 43-годишен жител на Росоман за кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 18 јули, на регионалниот пат Градско-Прилеп во близина на Росоман, спречил новинари и сниматели да вршат службени дејствија, односно да снимаат прилог за сообраќајна несреќа. Тој најпрвин со агресивен тон и навреди се обратил кон снимател на Телевизија 24 и кон новинар на МРТ, а потоа со ногата удрил во сталакот на една камера и ја оштетил. На овој начин новинарите биле спречени во нивната работа и го прекинале снимањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseno-obvinenie-za-sprechuvane-na-novinarski-ekipi-vo-vrsheneto-na-rabotata/feed/ 0
Нови возила за јавен превоз на деца обезбедени во Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/novi-vozila-za-javen-prevoz-na-detsa-obezbedeni-vo-kavadartsi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/novi-vozila-za-javen-prevoz-na-detsa-obezbedeni-vo-kavadartsi/#respond Thu, 28 Sep 2023 08:50:31 +0000 https://kurir.mk/?p=882630

Обезбедени се две нови возила за јавен превоз во Кавадарци. Градоначалникот Митко Јанчев информираше дека се работи за еден автобус со 31 седиште и комби со 7+1 седишта. Тој рече дека со ова се заокружува процесот и е комплетиран возниот парк на Јавното претпријатие за превоз. - Ќе се користат за превоз на училишни деца, како и за деца со попреченост. Сакам да нагласам дека сите пари што претпријатието ќе ги заштеди со домаќинско работење, добивката, ќе биде во интерес на сите, да се има што пониски цени за превоз. Сегашните цени од 45 денари за билет се симболични во овие услови, нагласи Јанчев, повикувајќи да се користи јавниот превоз кој е навремен, квалитетен и безбеден, а придонесува и за екологијата. Градоначалникот додаде дека јавниот превоз сега располага со 14 возила. Набавката на новите возила чини осум милиони денари. Јанчев сподели дека ќе предложи пензионерите да бидат ослободени од плаќање на јавен превоз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/novi-vozila-za-javen-prevoz-na-detsa-obezbedeni-vo-kavadartsi/feed/ 0
Приведен крадец во Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-kradets-vo-kavadartsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-kradets-vo-kavadartsi/#respond Sat, 23 Sep 2023 11:22:19 +0000 https://kurir.mk/?p=880963

На 22.09.2023 во 16:00 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода К.М.(34) од Кавадарци. Тој се сомничи дека во периодот од 15.08.2023 до 19.09.2023 од магацин на продажен објект на мобилен оператор во Кавадарци одзел повеќе предмети. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени дел од одземените предмети, други предмети кои потекнуваат од кривичното дело и пари. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-kradets-vo-kavadartsi/feed/ 0