кавадаречки планинар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 Dec 2020 16:29:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кавадаречки планинар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кавадаречкиот планинар Никола Минчоров добитник на плакетата „Даре Џамбаз” за животно дело https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kavadarechkiot-planinar-nikola-minchorov-dobitnik-na-plaketata-dare-dzambaz-za-zivotno-delo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kavadarechkiot-planinar-nikola-minchorov-dobitnik-na-plaketata-dare-dzambaz-za-zivotno-delo/#respond Wed, 23 Dec 2020 16:29:56 +0000 https://kurir.mk/?p=447322

Кавадаречкиот планинар Никола Минчоров е добитник на плакетата „Даре Џамбаз” за животно дело, за МИА потврдија од македонската Федерација на планинарски спортови. Минчоров е долгогодишен член и актуелен претседател на планинарско спортското друштво „Орле” од Кавадарци. Тој ја добива престижната плакета за оваа година, со ликот на Даре Џамбаз, за долгогодишна активност и придонес за развивање на македонското планинарство. Ваква одлука донело претседателството на македонската Федерација на планинарски спортови на онлајн седница. По разгледување на пристигнатите предлози, било одлучено плакета да се додели и на Планинарскиот спортски клуб „Ѓорѓи Наумов” од Битола, за долгогодишна активност, јубилеј од 60 години традиција и придонес за развивање на македонското планинарство. -За врвно спортско остварување во планинарството за 2020 година, плакета се доделува и на Илина Арсова од ДПС „Трансверзалец”, од Скопје, а признание за млада надеж во планинарството на Меланија Јовановска од ПК „Ај Лав Хајкинг Груп Маседонија”, додаваат од Федерацијата. Доделувањето на плакети и признание ќе биде дополнително. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kavadarechkiot-planinar-nikola-minchorov-dobitnik-na-plaketata-dare-dzambaz-za-zivotno-delo/feed/ 0