казан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 May 2022 18:56:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png казан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Заврши Самитот во Казан: Биле присутни околу 6.400 посетители од 64 земји https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zavrshi-samitot-vo-kazan-bile-prisutni-okolu-6-400-posetiteli-od-64-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zavrshi-samitot-vo-kazan-bile-prisutni-okolu-6-400-posetiteli-od-64-zemji/#respond Sun, 22 May 2022 20:21:05 +0000 https://kurir.mk/?p=680187

Во Казан, главниот град на руската Република Татарстан, во присуство на бројни економски претставници на Русија и на исламските земји, заврши тридневниот 13. Меѓународен економски самит, јавува Анадолија. Агенцијата Анадолија е глобален комуникациски партнер на Самитот, кој започна со отворањето на „Russia Halal Expo 2022“. Самитот привлече околу 6.400 посетители од 64 земји. Тридневниот настан имаше за цел да ја зајакне соработката во трговијата, економијата, науката и технологијата и да ги промовира социјалните и културните врски меѓу Русија и земјите-членки на ОИК. На дневен ред беа економијата на споделување и халал индустријата. Други клучни теми беа исламските финансии и партнерското банкарство, младинската дипломатија, развојот на извозот и претприемништвото и инвестициите. За време на тридневниот настан, чија цел е зајакнување на односите меѓу Русија и земјите-членки на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ), беа потпишани повеќе од 10 договори за соработка во различни области како што се финансиите, здравството и земјоделството. За време на самитот, учесниците од различни региони на Русија и исламскиот свет имаа можност да разговараат и на актуелни теми на Форумот на машински инженерски кластери, Форумот на млади претприемачи од земјите на ОИК и Форумот на млади дипломати на земјите од ОИК. На самитот се одржа и изложбата „Русија Халал Експо 2022“, која беше поставена на површина од 10.000 квадратни метри. Самитот во Казан за првпат беше домаќин на „Светскиот ден на Халал“. На фестивалот „Modest Fashion Day“, кој се одржа како дел од културната програма на самитот, експертите разговараа за очекувањата, економските можности во областа на „скромната мода“ и чекорите што треба да се преземат за поддршка на талентираните дизајнери. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zavrshi-samitot-vo-kazan-bile-prisutni-okolu-6-400-posetiteli-od-64-zemji/feed/ 0
Детали за пукањето во училиште во Казан: 11 лица се убиени, 32 ранети (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/detali-za-pukanjeto-vo-uchilishte-vo-kazan-11-lica-se-ubieni-32-raneti-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/detali-za-pukanjeto-vo-uchilishte-vo-kazan-11-lica-se-ubieni-32-raneti-video/#respond Tue, 11 May 2021 09:32:21 +0000 https://kurir.mk/?p=508866

Во пукањето во училиште во Казан, 32 лица се повредени и пренесени во болници, изјави за ТАСС извор од Министерството за образование. Според последните податоци, во нападот се убиени 11 лица, од кои девет се деца. Утрово две неименувани лица отвориле оган кон училиштето број 175 во Казан, по што одекна експлозија. Според извор, сигнал од копчето за паника во училиштето во Казан пристигнал во 09:25 часот, а пукањето започнало во 09:20 часот. Во тоа време, во училиштето имало 714 деца и околу 70 вработени, од кои 52 наставници. Неколку деца скокнале од третиот кат на училиштето, бегајќи од напаѓачите кои почнале да пукаат. Еден од стрелците во училиштето во Казан влегол со автоматско оружје низ главниот влез на зградата и веднаш отворил оган, изјави извор од Министерството за образование. -Маж со митралез влегол низ главниот влез на зградата и веднаш отвори оган. Го повреди домаќинот во училиштето, кој бил на влезот, рекол извор, пренесуваат руски медиуми. Приведен е малолетник, 17-годишен тинејџер, виновен за пукањето. Вториот напаѓач, за кого очевидци велат дека сè уште бил во училиште и веројатно држел заложници, е убиен од безбедносните сили. Во моментов сите деца се евакуирани. Властите соопштија дека се воведени дополнителни безбедносни мерки во сите училишта во Казан, главниот град на рускиот регион Татарстан, околу 700 километри источно од Москва. Полицијата отвори кривична истрага за инцидентот. Пукањата во училишта се релативно ретки во Русија, но во последните години имаше неколку насилни напади во образовни институции, главно извршени од ученици. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/detali-za-pukanjeto-vo-uchilishte-vo-kazan-11-lica-se-ubieni-32-raneti-video/feed/ 0