казандол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Mar 2018 13:51:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png казандол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СДСМ ги остави вработените во Казандол без работа, егзистенцијата ќе ја бараат во странство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-gi-ostavi-vrabotenite-vo-kazandol-bez-rabota-egzistencijata-kje-ja-baraat-vo-stranstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-gi-ostavi-vrabotenite-vo-kazandol-bez-rabota-egzistencijata-kje-ja-baraat-vo-stranstvo/#respond Thu, 29 Mar 2018 12:18:07 +0000 https://kurir.mk/?p=34192

Откако владата на СДСМ донесе одлука на владина седница да го раскине договорот за концесија за минерални суровини со рудникот Казандол, вработените се повеќе стравуваат за својата и животната егзистенција на семејствата. Со ваквата непромислена одлука на Заев и неговата влада, на улица ќе останат над 250 вработени во рудникот Сардач МЦ. Според вработените во рудникот, ова што владата на СДСМ го направила воопшто не наликувало на живот кој што го ветуваше во предизборниот период. -Ова е греота и срамота да се затвори еден ваков рудник со нова технологија. Банални се овие работи. Вака ли ќе дојде животот во Македонија? Ние сега каде да одиме? Дали со ова ќе се гарантира сигурен откуп на земјоделието, откуп на зелката? Што ќе правиме сега ние, праша еден од вработените во рудникот. Животната голгота не застанува тука. После избрзаната одлука на Заев, граѓаните од тој крај се приморани се помасовно да  ја напуштаат државата. Според нив, на ова се решиле бидејќи единствена егзистенција за нивните семејства бил приходот од рудникот. -Сите бенифиции се исполнети и за работно време, за плата и за се друго. Се плашиме бидејќи ова за општината и за државата не е добро. Ако си заминат ваквите инвестиција од тука, ние ќе мора да бараме излез од ситуацијата и да бегаме од државата, додаде еден од вработените. Нивните изјави ги пренесе телевизија 24Вести. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-gi-ostavi-vrabotenite-vo-kazandol-bez-rabota-egzistencijata-kje-ja-baraat-vo-stranstvo/feed/ 0
Кој ќе ја понесе одговорноста во случај Македонија да го изгуби арбитражниот спор со Сардич ? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-kje-ja-ponese-odgovornosta-vo-sluchaj-makedonija-da-go-izgubi-arbitrazniot-spor-so-sardich/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-kje-ja-ponese-odgovornosta-vo-sluchaj-makedonija-da-go-izgubi-arbitrazniot-spor-so-sardich/#respond Wed, 28 Mar 2018 09:56:22 +0000 https://kurir.mk/?p=33847

Владата со едностраното раскинување на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – бакар, злато и сребро на локалитетот „Казандол“ Општина Валандово, Општина Богданци и Општина Дојран број 24-64/9 од 27.02.2015 година ќе заработи тужба од страна на концесионерот Сардич МЦ ДООЕЛ во висина од 380 милиони евра, пишува Економски.мк Ваквата одлука на Владата доаѓа откако комисја ангажирана од страна на Владата утврдила дека концесионерот не ги исполнил обврските од членот 13, според кој, концесионерот се обврзал „во рок од две години да изгради постројка за експлоатација на катоден бакар со капацитет да процесира најмалку 50% од експлоатираната руда. Овој услов е суштинска состојка на договорот, бидејќи е даден во јавниот повик. Ако не постоел овој услов, можеби ќе се јавеле уште концесионери“ ваков беше одговорот на премиерот Заев на новинарско прашање околу оштетата што евентуално би ја платила Република Македонија доколку го изгуби овој спор. Но или премиерот Заев не е доволно информиран или се прави дека не знае. Во повикот за концесија за овој рудник не постои ваков услов. Тој е дополнително одреден во преговорите помеѓу Владата и концесионерот но не се предвидува казна доколку не се спроведе ова. Единствено во договорот помеѓу Владата и концесионерот и според Законот за минерални суровини стои дека Казандол треба да биде изграден во рок од 4 години. Од она што е познато градежните работи во овој рудник во овој момент се на самиот крај. Премиерот Заев на прес конференцијата кажа една работа која некако помина незабележително. Тој спомна за посебни услови- односно дополнителни услуги кои не се предивидени со Законот за минерални суровини. Доволно е да е да се отвори овој закон и ќе се види дека ваков услов или пропис не постои никаде и затоа е заведен како дополнителни услуги или посебни услови што во превод би значело можеш ама не мораш да го изградиш. Во овој случај концесионерот Сардич почнал да го гради. Со ваквата постапка Владата на Заев создаде чуство на несигурност и вознемиреност кај било кој потенцијален инвеститор но и оставање на без егистенција на преку 200 семејства кои директно егзистираат од работењето на рудникот но и остава без можност и стотици други да останат без идно вработување. Дополнителни 20 милиони евра штета ќе претрпат македонските банки, градежните, индустриските и трговските компании од земјава и странство затоа што нема да можат да ги наплатат паричните средства за испорачаната опрема, извршената работа и извршеното финансирање. Во досегашното работење на концесионерот од надлежните државни институции на Република Македонија никогаш не е утврдена ниту една неправилност, ниту е утврдено дека некоја договорна или законска обврска или норма не е исполнета или прекршена што на нас како држава не ни оди во прилог во идното судење пред арбитражниот суд во Вашингтон. Кога сме кај арбитржниот суд во Вашингтон тој се раководи по неколку параметри. Првиот услов е дали е почитуван законот во државата каде што тој треба да стопанисува. Во нашиот случај тој е Законот за минерални суровини кој по ниту еден основ не е прекршен од страна на концесионерот. Втората работа е дали концесионерот ги имал сите услови за нормално работење. Во овој случај другата работа што не ни оди во прилог е притисокот како дел од политичките партии и ставање на неговата работа под знак прашање на последните избори од страна на СДСМ и нивните најави дека ќе биде затворен по секоја цена но и притисокот од невладините и други организации и неоснованите обвиненија од нивна страна но и негативната кампања. Тоа се можеби и најглавните параметри по кои ќе се води арбитражниот суд. Но најважното прашање кое треба да се постави овде е кој ќе понесе одговорност за оваа одлука со оглед дека експертите кои се запознаени со оваа проблематика велат дека Република Македонија сигурно ќе го изгуби овој спор пред арбитражниот суд во Вашингтон. Оваа постапка на Владата покажува дека не постои никаков правен основ за раскинување на Договорот и тоа што се случи е преседан за кој се случува прв пат во Република Македонија. Денеска Зоран Заев и Владата на некој начин го урнаа правниот систем и правната сигурност на инвеститорите но притоа прати и исклучителна лоша порака до сите постоечки и идни домашни и странски инвеститори. извор: Економски.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-kje-ja-ponese-odgovornosta-vo-sluchaj-makedonija-da-go-izgubi-arbitrazniot-spor-so-sardich/feed/ 0
Владата еднострано го раскинува Договорот со концесионерот на Казандол https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ednostrano-go-raskinuva-dogovorot-so-koncesionerot-na-kazandol/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ednostrano-go-raskinuva-dogovorot-so-koncesionerot-na-kazandol/#respond Tue, 27 Mar 2018 15:24:50 +0000 https://kurir.mk/?p=33661

Владата еднострано го раскинува договорот со концесионерот на Казандол, објави денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев. - Владата на РМ е посветена целосно на економскиот раст и заштита на здравјето на граѓаните. Здравјето на граѓаните е над било кој приватен интерес и еколошката безбедност на државата. Оваа порака ја испраќаме до граѓаните на Валандово, Богданци, Дорајн, но и до сите жители на РМ. Денеска Владата донесе одлука за еднострано раскинување на договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина, бакар, злато и сребро на локалитетот Казандол, општина Валандово, општина Богданци и општина Дојран врз основа на член 44 став три од Законот за концесија и јавно приватно партнерство. Со оваа одлука Договорот за концесија од 27.02.2015 година еднострано се раскинува од страна на државата бидејќи концесионерот не ја исполнил обврската од членот 13 остав 1 од Договорот за концесија, односно  во рок од две години од денот на доделување на концесијата  не изградил постројка за експлоатација на катоден бакар со капацитет да процесира најмалку 50 проценти од експлоатираната руда, рече премиерот Заев. Како што додаде предвидениот рок од две години од Договорот е суштинска состојба на Договорот бидејќи е даден и како услов во јавниот повик и тендерската документација и оти доколку не се раскине договорот и не се постапи законски Македонија може да биде тужена од други потенцијални концесионери кои би можеле да ја земат концесијата. Одлуката влегува во сила наредниот ден по објавување во Службен весник. - Со денот на влегување во сила на оваа одлука престанува да важи одлуката за доделување концесија за експлоатација на минерална суровина, бакар, злато и сребро на локалитетот Казандол, општина Валандово, општина Богданци и општина Дојран на Друштвото за ескплоатација, преработка и производство „Сардич МЦ“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, на локалитетот Казандол, рече Заев. Одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавата од концесионерот за барање оштета, рече дека правото на компанијата секако постои, но оти Владата ги разгледала сите аспекти и оти, како што рече нема што многу да се одлучува освен строго да се постапи според Законот за концесија. - Се работи за суштествена повреда. Ваквите посебни услови се сериозно прекршување на Договорот и Македонија ако не го раскине договорот може да биде тужена од секој потенцијален концесионер, кој што би можел да ја земе концесијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ednostrano-go-raskinuva-dogovorot-so-koncesionerot-na-kazandol/feed/ 0
Сардич МЦ: Раскинувањето на Договорот ќе направи штета од 380 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sardich-mc-raskinuvanjeto-na-dogovorot-kje-napravi-shteta-od-380-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sardich-mc-raskinuvanjeto-na-dogovorot-kje-napravi-shteta-od-380-milioni-evra/#respond Mon, 26 Mar 2018 14:37:08 +0000 https://kurir.mk/?p=33243

Компанијата предупреди дека ако Владата го раскине еднострано Договорот ќе биде принудена да покрене меѓународна судска постапка/арбитража за заштита на нејзините права. Концесионерот – Друштвото за експлоатација, преработка и производство Сардич МЦ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје испрати соопштение до јавноста. Истото ви го пренесуваме во целост

„Концесионерот – Друштвото за експлоатација, преработка и производство Сардич МЦ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, од средствата за јавно информирање и од интернет страницата на Владата на РМ дојде до сознание дека на последните неколку одржани седници, Владата на Република Македонија забрзано иницира активности за спроведување на постапка за еднострано раскинување на склучениот Договор за концесија за експлоатација на минерална суровина – бакар, злато и сребро на локалитетот „Казандол“ Општина Валандово, Општина Богданци и Општина Дојранброј 24-64/9 од 27.02.2015 година.

Ваквите случувања создадоа чувство на несигурност и вознемиреност кај украинските инвеститори, но и кај деловните партнери и вработените на Концесионерот, бидејќи едностраното раскинување на Договорот за концесија за експлоатација значи безусловен банкрот на Концесионерот, неговите деловни партнери кои се долгорочно ангажирани во проектот Рударски комплекс Казандол, како и оставање без егзистенција на преку 200 семејства кои директно егзистираат од работењето на Концесионерот.

Доколку Владата на Република Македонија донесе Одлука за еднострано раскинување на Договорот, огромна финансиска штета проценета на износ од повеќе од 20 милиони евра ќе претрпат македонските банки, градежните, индустриските и трговските компании од земјава и странство затоа што нема да можат да ги наплатат паричните средства за испорачаната опрема, извршената работа и извршеното финансирање, додека пак украинските инвеститори ќе претрпат огромна материјална штета проценета на преку 380 милиони евра, во кој случај тие ќе бидат принудени да започнат меѓународна судска постапка/арбитража за заштита на нивните права.

Штетата која што ќе настане ќе биде уште поголема со оглед дека украинските инвеститори во Сардич МЦ активно инвестираат во подготовка на уште два рудника, како и во други бизнис сфери каде што имаат инвестирано сериозни парични средства коишто ќе ги повлечат доколку Владата не го спречи едностраното раскинување.

Со едностраното раскинување на Договорот, Концесионерот ќе биде оневозможен во Буџетот на Македонија да ги плаќа редовните приходи по разни основи согласно склучениот Договор кои што досега изнесуваат повеќе од 1,4 милиони евра и кои во иднина драстично ќе растат со отпочнувањето на производството на бакарните катоди.

Истовремено со едностраниот раскин се прекршува и одредбата од член 7 од Договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Украина за поттикнување и заемна заштита на инвестициите кое што доведува и до нарушување на билатералните односи на двете држави, а со цел тоа да се спречи Амбасадата на Украина официјално се обрати до Владата на Република Македонија со барање на прекин на постапката за еднострано раскинување на Договорот за Концесија за експлоатација.

Концесионерот Сардич МЦ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, со целосно почитување и спроведување на сите законски и договорни обврски експресно го реализираше Проектот Рударски комплекс Казандол – прв современ рударски комплекс изграден на Балканот по 40 години и во текот на оваа 2018 година планира производство на финален производ – македонски катоден бакар со чистота 99.99%.

Во севкупното работење на Концесионерот, од надлежните државни институции на Република Македонија никогаш не е утврдена ниту една неправилност, ниту е утврдено дека некоја договорна или законска обврска или норма не е исполнета или прекршена и Концесионерот како општествено совесен субјект никогаш не е ниту опоменуван, ниту пак казнуван.

Концесионерот – Сардич МЦ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје ја известува јавноста и Владата на Република Македонија дека не постои ниту еден правен основ за еднострано раскинување на Договорот и дека доколку тоа навистина се случи ќе биде досега невиден преседан, огромно понижување за стручноста на владините експерти и правниот систем во државата, како и катастрофална порака за постоечките и потенцијалните домашни и странски инвеститори.

Со цел за најдобронамерно спречување на настанување несогледливи штетни последици за било која договорна страна и за граѓаните на Република Македонија, Концесионерот на овој начин се обраќа до својот партнер-Владата на Република Македонија со барање за прекин на сите активности за еднострано раскинување на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина број 24-64/9 од 27.02.2015 година и за пристапување кон пријателско решавање на било кое прашање кое според Владата на РМ се јавува како спорно.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sardich-mc-raskinuvanjeto-na-dogovorot-kje-napravi-shteta-od-380-milioni-evra/feed/ 0
Владата реши да го раскине договорот за „Казандол“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-reshi-da-go-raskine-dogovorot-za-kazandol/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-reshi-da-go-raskine-dogovorot-za-kazandol/#respond Wed, 14 Mar 2018 07:58:26 +0000 http://kurir.mk/?p=29738

Владата на Република Македонија на синоќешната 58. седница реши да  биде раскинат договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина, бакар, злато и сребро, на локалитетот „Казандол“, кој ги опфаќа општините Валандово, Богданци и Дојран. Владата го задолжи Министерството за економија во рок од седум дена да изготви информација за исполнетост на условите за раскинување на договорот за концесија и за одземање на дозволата за експлоатација на минерални суровини доделена на  20.7.2015 година, соопшти владината прес-служба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-reshi-da-go-raskine-dogovorot-za-kazandol/feed/ 0
Објавени документи: Концесијата за Казандол е потпишана во 2005-та година од Радмила Шекеринска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-dokumenti-koncesijata-za-kazandol-e-potpishana-vo-2005-ta-godina-od-radmila-shekerinska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-dokumenti-koncesijata-za-kazandol-e-potpishana-vo-2005-ta-godina-od-radmila-shekerinska/#respond Wed, 27 Dec 2017 23:30:02 +0000 http://kurir.mk/?p=3364

Одлуки за давање концесии на локалитетот Казандол се потпишани два пати: еднаш во 2005-та, од страна на Владата предводена од СДСМ, и еднаш во 2014, од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, објави порталот „Антропол“. Одлуката за давање концесија за детални геолошки истражувања на локалитетот Казандол е потпишана на 16 јуни 2005 година од страна на Радмила Шеќеринска, тогашната заменичка на претседателот на Владата на Република Македонија. Истата е објавена во 48от број на Службен Весникна 23 јуни 2005 година. Одлуката за избор на најповолна понуда за доделување на концесии за детални геолошки истражувања е потпишана на 27 јануари 2014 година од страна на Никола Груевски, тогашен претседател на Владата на Република Македонија. Истата е објавена во 19от број на Службен Весник на 29ти јануари 2014 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-dokumenti-koncesijata-za-kazandol-e-potpishana-vo-2005-ta-godina-od-radmila-shekerinska/feed/ 0