казна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 05:58:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png казна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трамп повторно казнет поради коментар пред судот во Њујорк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-povtorno-kaznet-poradi-komentar-pred-sudot-vo-nujork/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-povtorno-kaznet-poradi-komentar-pred-sudot-vo-nujork/#respond Thu, 26 Oct 2023 05:58:01 +0000 https://kurir.mk/?p=893198

Судијата Артур Енгорон, кој го води граѓанскиот спор против поранешниот американски претседател Доналд Трамп, го казни со 10.000 долари поради коментарот што го даде пред новинарите неколку часа пред судењето за „личност која е многу пристрасна, а седи до судијата“. Казната дојде откако Трамп беше повикан на клупата за сведоци за да го објасни својот коментар. Трамп и неговите адвокати изјавија дека коментарот се однесува на сведокот Мајкл Коен, а не на службеникот на судот. Претходно, Трамп беше казнет со 5.000 долари на 20 октомври, откако неговата омаловажувачка објава на социјалните мрежи „Вистината за клучниот судски персонал“ остана на неговата веб-страница на кампањата со недели откако судијата нареди да се отстрани. Судијата потоа избегна чинот на Трамп да го смета за непочитување на судот, но го задржа правото да го стори тоа и евентуално да го осуди на затвор доколку повторно ја прекрши ограничената наредба со која се забрануваат лични напади врз судскиот персонал од лица вклучени во случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-povtorno-kaznet-poradi-komentar-pred-sudot-vo-nujork/feed/ 0
Казната е под минимумот: Три години затвор за кумановката која усмрти пешак кај МНТ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kaznata-e-pod-minimumot-tri-godini-zatvor-za-kumanovkata-koja-usmrti-peshak-kaj-mnt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kaznata-e-pod-minimumot-tri-godini-zatvor-za-kumanovkata-koja-usmrti-peshak-kaj-mnt/#respond Mon, 09 Oct 2023 13:56:14 +0000 https://kurir.mk/?p=887038

Казна затвор под минимумот доби кумановката Гордана Филиповиќ, која усмрти пешак кој поминуваше на пешачки премин пред мостот „Гоце Делчев“ во Скопје. Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ ѝ изрече казна затвор од три години и пет години забрана за управување на моторно возило. Адвокатката на семејството на усмртениот Слободан Ангеловски, велат дека настрана од казната, ќе бидат најзадоволни од пресудата кога ќе допридонесе да не се случуваат во иднина вакви несреќи. - Немаме право да ја обжалиме пресудата на Апелација. За тоа колку сме задоволни – највеќе ќе бидеме задоволни кога нема да се случуваат вакви сообраќајки. Во поглед на постапката беше коректно водена, имавме активна улога да предлагаме докази. Сметаме дека во разумен рок и брзо заврши постапка, вели адвокатката Јована Малезанска. Казната од три години која ја изрече судијката Илиевска-Јосифовиќ е под законскиот минимум, бидејќи Кривичниот законик предвидува најмалку четири години затвор за ова кривично дело. Ваквата судска одлука, судијката ја правдаше со олеснителни околности, дека станува збор за млада личност, покажала покајание, коректност, не била осудувана, а и сама изгубила ќерка на сличен начин во сообраќајка. Во јануари минатата година кумановката Филиповска, управувајќи „бмв х5“, го усмрти Ангеловски кај мостот „Гоце Делчев“, а на почетокот на судењето минатиот месец рече дека не чувствува вина. Нејзиниот адвокат најави дека ќе докаже оти најголем придонес за несреќата има покојниот, а Обвинителството, пак, е децидно дека ќе докаже оти вината е кај обвинетата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kaznata-e-pod-minimumot-tri-godini-zatvor-za-kumanovkata-koja-usmrti-peshak-kaj-mnt/feed/ 0
УЕФА ја казни Украина пред натпреварот со македонската репрезентација во евроквалификациите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-ja-kazni-ukraina-pred-natprevarot-so-makedonskata-reprezentatsija-vo-evrokvalifikatsiite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-ja-kazni-ukraina-pred-natprevarot-so-makedonskata-reprezentatsija-vo-evrokvalifikatsiite/#respond Thu, 21 Sep 2023 16:34:09 +0000 https://kurir.mk/?p=880415

Парична казна во износ од 33.000 евра, како и делумно редуцирање на капацитетот на стадионот во Прага на кој идниот месец ќе ја пречека македонската репрезентација и изрече УЕФА денеска на Фудбалската федерација на Украина поради расистичко однесување на украинските навивачи претходно овој месец. Казните се изречени за расистичко навивање за време на натпреварите кои Украина ги одигра во рамки на квалификациската група Ц за пласман на ЕУРО2024 против Англија на 8 септември и против Италија на 12 овој месец. Украина ќе ја пречека македонската репрезентација на неутрален терен на 14 октомври во Прага. Натпреварот ќе се игра на Арената „Летна“ која е со капацитет од 18.000 седишта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-ja-kazni-ukraina-pred-natprevarot-so-makedonskata-reprezentatsija-vo-evrokvalifikatsiite/feed/ 0
Судот одлучи: Еве колкава казна доби српскиот пејач Дарко Лазиќ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sudot-odluchi-eve-kolkava-kazna-dobi-srpskiot-pejach-darko-lazik/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sudot-odluchi-eve-kolkava-kazna-dobi-srpskiot-pejach-darko-lazik/#respond Tue, 12 Sep 2023 12:39:39 +0000 https://kurir.mk/?p=877282

Популарниот српски пејач Дарко Лазиќ е осуден на парична казна од 190 илијади динари и 10 месеци забрана за управување со возило од Б категорија за два сообраќајни прекршоци што ги направил во месец август годинава. Според неофицијални информации од медиумите, полицијата и пејачот не поднеле жалба на оваа пресуда, па таа станала правосилна. Да потсетиме, Лазиќ на 23 август предизвика сообраќајна несреќа на автопатот во Белград, кога одзади налета на комбе со БМВ-то што го управуваше. Како што тогаш пишуваше Информер, во текот на истрагата на полицајците им покажал возачка дозвола издадена во Чешка бидејќи претходно му била одземена српската. Инаку, на Лазиќ му е одземена возачката дозвола поради големиот број казнени бодови, а му е забрането да вози до февруари 2024 година]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sudot-odluchi-eve-kolkava-kazna-dobi-srpskiot-pejach-darko-lazik/feed/ 0
Руски суд казни медиум поради објавување написи за антивоени протести https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-sud-kazni-medium-poradi-objavuvane-napisi-za-antivoeni-protesti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-sud-kazni-medium-poradi-objavuvane-napisi-za-antivoeni-protesti/#respond Thu, 07 Sep 2023 17:36:41 +0000 https://kurir.mk/?p=875827

Судот во рускиот град Екатеринбург го казни весникот Вечерние Ведомости со 245.000 рубљи (околу 2.500 долари) за „дискредитација“ на руската војска. Медиумот денеска објави дека е казнет поради 15 написи за антивоени протести објавени помеѓу 24 и 26 февруари 2022 година, првите денови од руската инвазија врз Украина. Весникот и претходно беше казнет за истите написи, за кои вели дека се „само факти“ и се објавени пред да стапи во сила законот со кој се криминализира дискредитацијата на руската војска, пренесува Радио Слободна Европа. Законот беше усвоен откако Москва испрати војници во Украина и редовно се користи против критичарите на Кремљ. - Во тие публикации немаше мислења, немаше поплаки од самото уредништво – имаше само факти. Да речеме, за тоа како луѓето излегоа на плоштадот, скандираа нешто, покажаа постери со пацифистичка содржина, рече адвокатот Георги Краснов, кој го застапува весникот на суд. На почетокот на јули 2022 година, основачот на весникот Вечерние Ведомости, Техноторг ДОО, беше казнет со 150.000 рубљи по напис за „дискредитација“ поради фотографија на налепници „GruZ200“ и „PiZdets“, кои уметникот Леонид Черни ги залепи во Екатеринбург. Фотографиите беа вклучени во објава на каналот на весникот на Телеграм за апсењето на уличниот уметник Черни. На крајот на јуни, Техноторг беше казнет со 200.000 рубљи за објави за протести во февруари 2022 година. На крајот на јули, главниот уредник на весникот беше казнет со 100.000 рубљи за истиот напис за „дискредитација“ на руската армија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-sud-kazni-medium-poradi-objavuvane-napisi-za-antivoeni-protesti/feed/ 0
Еве колкава казна треба да плати Дарко Лазиќ денес – ваков „свадбен подарок“ не очекуваше ниту во сон https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/eve-kolkava-kazna-treba-da-plati-darko-lazik-denes-vakov-svadben-podarok-ne-ochekuvashe-nitu-vo-son/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/eve-kolkava-kazna-treba-da-plati-darko-lazik-denes-vakov-svadben-podarok-ne-ochekuvashe-nitu-vo-son/#respond Thu, 31 Aug 2023 12:40:36 +0000 https://kurir.mk/?p=873025

Ден по свадбената веселба на адресата на српскиот пејач Дарко Лазиќ пристигна пресудата за сообраќајната несреќа што ја предизвика пред неколку дена. Возачот призна вина за незгодата која се случи на 23 август, а денеска ја доби и казната од судот за прекршоци. Како што дознава српски „Телеграф“, Дарко е осуден на парична казна од 190.000 динари (скоро 100 илјади денари или 1620 евра) и 10 месеци забрана за возење. На Лазиќ веќе му е одземена српската возачка дозвола поради големиот број казнени бодови, има активна забрана за управување со возило до февруари 2024 година, а со новата казна од 10 месеци, ќе добие забрана за возење до крајот на 2024 година. И покрај забраната Лазиќ не го остава автомобилот и користи возачка од Чешка. Колку треба институциите да го тргнат од улиците, а уште вози, покажува и неговото досие со прекршоци: – 27.12.2013 година – возење нерегистриран автомобил – 19.03.2015 година – пречекорување на дозволената брзина во Белград – 20.04.2015 година – возење со забрана – 22.05.2015 година – возење со забрана – 07.07.2015 година – возење со забрана – 11.08.2016 – непрописно паркирање во Белград – 22.11.2016 година – пребрзо возење и возење без дозвола – 26.11.2016 – непрописно паркирање на аеродромот во Белград – 07.12.2016 година – не сакаше да каже кој го возел автомобилот регистриран на негово име и поминал на црвено – 18.12.2017 – непрописно паркирање во Белград – 17.04.2018 година – возење без дозвола и брзо возење – 23.10.2018 (тешката несреќа во која едвај остана жив) – брзо возење и возење без дозвола – 28 март 2020 година – прекршување на полицискиот час, возење без возачка дозвола – 29 април 2020 година – возење без возачка дозвола]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/eve-kolkava-kazna-treba-da-plati-darko-lazik-denes-vakov-svadben-podarok-ne-ochekuvashe-nitu-vo-son/feed/ 0
ВИДЕО: Верстапен под истрага, полицијата има снимка како доказ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/video-verstapen-pod-istraga-politsijata-ima-snimka-kako-dokaz/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/video-verstapen-pod-istraga-politsijata-ima-snimka-kako-dokaz/#respond Tue, 22 Aug 2023 18:36:12 +0000 https://kurir.mk/?p=869769

Полицијата покрена истрага против холандскиот возач на Ред Бул Рејсинг и двократен шампион во Формула 1, Макс Верстапен поради пребрзо возење во Монако. Верстапен се најде под истрага откако неговиот пријател Марк Кокс ја објави снимката на социјалните мрежи. На видеото се гледа како Макс вози Aston Martin Valyrie, еден од најбрзите автомобили во светот, кој вреди повеќе од 2 милиони евра. Холанѓанецот наводно возел побрзо од дозволената брзина од 90 km/h на автопатот Ница Норд. Сега полицијата го користи видеото од возењето како доказ и го истражува случајот, а Верстапен треба да добие најмалку парична казна. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/video-verstapen-pod-istraga-politsijata-ima-snimka-kako-dokaz/feed/ 0
Апелација се правда: И казната од осум години за Ангелче е највисока досега https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelatsija-se-pravda-i-kaznata-od-osum-godini-za-angelche-e-najvisoka-dosega/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelatsija-se-pravda-i-kaznata-od-osum-godini-za-angelche-e-najvisoka-dosega/#respond Tue, 15 Aug 2023 12:57:25 +0000 https://kurir.mk/?p=866970

Изречената казна затвор од осум години за сообраќајна незгода со смртни последици во предметот на Основниот суд Велес со која осумнаесет годишната затворска казна е намалена, претставува досега највисока изречена казна затвор за ваков вид кривични дела во изминатите пет години, покажува анализата на Апелационен суд Скопје, направена по сопствена иницијатива. Апелациониот суд Скопје, информира дека анализата е направена на досегашната казнена политика на судот за кривично дело од член 300 од Кривичниот законик – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, при што акцент е ставен на предметите каде се бележи смрт на едно или повеќе лица. – Во изминатите пет години, сметано од август 2018 до август 2023 година, Апелациониот суд Скопје постапувал по 173 кривични предмети во врска со член 300 од Кривичниот законик, од кои во 96 се бележат смртни последици, а во 15,8%, со правосилна одлука, изречена е условна казна, односно во 84,2% затворска казна која пак е во опсег од најмалку пет месеци а најмногу седум години и два месеци, се вели во соопштението објавено на веб страницата на Апелација. Анализата на Апелација, покажува дека најголемиот број изречени казни затвор се во траење од две до пет години, во зависност од утврдената фактичката состојба и олеснителни и отежнителни околности. – Што пак изречената казна затвор од осум години за сообраќајна незгода со смртни последици во предметот на Основниот суд Велес со која осумнаесет годишната затворска казна е намалена, претставува досега највисока изречена казна затвор за ваков вид кривични дела при што од значење е да се напомене дека истата претставува единствена казна изречена за сторено кривично дело кривично дело од член 300 став 2 од Кривичниот законик – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и член 301 став 1 од Кривичниот законик–Неукажување на лице повредено во сообраќајна незгода, посочуваа од Апелација. Апелациониот суд Скопје, се вели во соопштението, постапува по жалби на одлуки на првостепените судови од своето апелационо подрачје и во рамки на жалбените наводи, при што дел од пресудите по кои е постапувано биле обжалени само во делот на казната или само по однос на решението за трошоци. – Во предметите по кои што постапувал судот 51,6 процент ги потврдил одлуките на првостепените судови, а 48,4 отсто се преиначени, покажува анализата на Апелација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelatsija-se-pravda-i-kaznata-od-osum-godini-za-angelche-e-najvisoka-dosega/feed/ 0
Јавноста е гневна по драстичното намалување на казната: Судскиот совет ќе ја испитува пресудата за возачот кој усмрти 11-годишно девојче https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnosta-e-gnevna-po-drastichnoto-namaluvane-na-kaznata-sudskiot-sovet-ke-ja-ispituva-presudata-za-vozachot-koj-usmrti-11-godishno-devojche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnosta-e-gnevna-po-drastichnoto-namaluvane-na-kaznata-sudskiot-sovet-ke-ja-ispituva-presudata-za-vozachot-koj-usmrti-11-godishno-devojche/#respond Wed, 09 Aug 2023 12:32:28 +0000 https://kurir.mk/?p=865061

Заради големата разлика во изречената казна, Судскиот совет најавува дека по годишните одмори, ќе го испита случајот со изречената пресуда на Апелациониот суд во Скопје, со која 18-годишната затворска казна на Основниот суд Велес за сообраќајна несреќа со смртни последици е намалена на 8 години. Советот апелира до Врховниот суд да обезбеди еднаква примена на законите од страна на судовите преку воедначување на судската пракса, посебно за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. - Советот потсетува дека во неколку наврати и писмено побарал од Врховниот суд, заради невооедначеност на пресудите да се преиспита казнената политика, а по претходно направена анализа на судската пракса, се вели во соопштението од Судскиот совет. Судскиот совет, исто така, осудува и било каква поделба на судиите по национална припадност и смета дека неодмерените изјави во јавноста предизвикуваат штета по угледот на судството и државата. Апелациониот суд од Скопје на почетокот на неделава објави дека делумно е уважена жалбата на возачот Ангелче Николов (28) од Велес, кој минатата година на 17 декември, возејќи пијан на пешачки премин во Велес усмрти 11-годишно девојче и тешко ја повреди нејзината мајка, по што избега. - Одлуката има два дела, пресуда и решение. Пресудата се однесува на првостепената пресуда, која е преиначена само во делот за кривичната санкција и е осуден на единствена казна затвор од осум години, во која му се засметува и времето поминато во притвор од 19 декември 2022, до започнување со издржување на казната затвор. Во останатиот дел пресудата се потврдува. Вториот дел е решение, што се однесува на одбиена жалба против мерката притвор, информираа за МИА од Апелација. Првостепената пресуда беше изречена во Основниот суд Велес од петчлениот Кривичен совет, со кој претседаваше судијката Габриела Гајдова, во март годинава. На Николов му се судеше за две кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето“ и за „не укажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ за сообраќајката на 17 декември минатата година. Николов по несреќата побегна од местото на несреќата и два дена се криеше од полицијата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnosta-e-gnevna-po-drastichnoto-namaluvane-na-kaznata-sudskiot-sovet-ke-ja-ispituva-presudata-za-vozachot-koj-usmrti-11-godishno-devojche/feed/ 0
Шкупи казнет со 42.000 евра, клубот одговорноста ја впери кон дел од навивачите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shkupi-kaznet-so-42-000-evra-klubot-odgovornosta-ja-vperi-kon-del-od-navivachite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shkupi-kaznet-so-42-000-evra-klubot-odgovornosta-ja-vperi-kon-del-od-navivachite/#respond Thu, 03 Aug 2023 17:32:36 +0000 https://kurir.mk/?p=863088

Македонскиот претставник во Конференциската лига „Шкупи“ објави денеска дека е казнет од УЕФА со 42.000 евра поради навивачките инциденти поврзани со минатонеделниот натпревар во Скопје против бугарски „Левски“, лоцирајќи ја притоа вината кон дел од своите приврзаници. Потсетувајќи во опширно соопштение објавено на нивниот официјален сајт дека ова не е прв пат клубот да плаќа високи парични казни, Шкупи најави решителна борба против сите кои се претставуваат како „поддржувачи на клубот, а всушност се негови непријатели“. - За клубот Шкупи досега се боревме, а отсега ќе водиме уште поголема борба. Сигурни сме дека со нас ќе бидат разумните навивачи на Шкупи, кои вистински го сакаат овој клуб. Ги молиме нашите надлежни институции да ги истражат овие настани. Од утре ќе поднесеме кривична пријава до Обвинителството и до полицијата, да ги испитаме овие прашања, бидејќи тоа не е ништо друго освен предавство, велат од Шкупи. Објавата доаѓа непосредно пред вечерашниот реванш натпревар против Левски во Софија во рамки на второто квалификациско коло во Конференциската лига. На првиот натпревар во Скопје на кој Левски триумфираше со 2-0 допатуваа околу 900 бугарски навивачи кои поради инциденти на трибините на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, исто така, му донесоа казна на својот клуб од УЕФА во износ од 40.000 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shkupi-kaznet-so-42-000-evra-klubot-odgovornosta-ja-vperi-kon-del-od-navivachite/feed/ 0