кечап – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 Oct 2023 07:26:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кечап – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОВИЕ производи се полни со скриен шеќер: Читајте го составот пред да ги купите https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovie-proizvodi-se-polni-so-skrien-sheker-chitajte-go-sostavot-pred-da-gi-kupite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovie-proizvodi-se-polni-so-skrien-sheker-chitajte-go-sostavot-pred-da-gi-kupite/#respond Thu, 12 Oct 2023 07:26:30 +0000 https://kurir.mk/?p=887927

Како и повеќето прехранбени производи, навидум обичните зачини можат да содржат голема количина шеќер. Поради оваа причина, важно е секогаш да се чита составот. Доколку видите дека производот содржи сируп, декстроза или меласа, не го купувајте, е советот на нутриционистот Лаура Бурак за списанието „Јади ова, не тоа“. Кечап -Повеќето кечапи на пазарот содржат додаден шеќер, најчесто во форма на сируп од пченка со висока содржина на фруктоза, објасни Бурак. Познато е дека консумирањето сируп од пченка доведува до дебелина, отпорност на инсулин и дијабетес. -Внимавајте на изворите на шеќер и задолжително проверете колку грама шеќер има во кечапот што планирате да го купите, додала таа. Сенф Обрнете внимание бидејќи производителите често додаваат шеќер во сенфот за да го подобрат неговиот вкус. Во последно време се попопуларен е шеќерот со сенф, но не е особено добар ниту за здравјето. -Можеби мислите дека сенфот со мед е поздрав, но тоа е далеку од вистината. Медот е само „изговор“ за додавање уште повеќе шеќер на производот, рече таа. Преливи за салата Сите видови преливи за салата што можете да ги најдете во супермаркетите се нездрави бидејќи ја намалуваат хранливата вредност на здравиот оброк. Нутриционистот смета дека најдобрата опција е преливот да го направите сами бидејќи само така ќе се уверите дека не содржи многу шеќер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovie-proizvodi-se-polni-so-skrien-sheker-chitajte-go-sostavot-pred-da-gi-kupite/feed/ 0
„Хајнц“ трага по спасеникот кој преживеал на море јадејќи кечап, за да му подари нов брод https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/hajnts-traga-po-spasenikot-koj-prezhiveal-na-more-jadejki-kechap-za-da-mu-podari-nov-brod/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/hajnts-traga-po-spasenikot-koj-prezhiveal-na-more-jadejki-kechap-za-da-mu-podari-nov-brod/#respond Mon, 27 Feb 2023 12:28:08 +0000 https://kurir.mk/?p=805631

Маж мина недели изгубен на море пред околу два месеца, преживеал јадејќи само кечап, па сега има можност да добие нов брод како подарок од компанијата „Хајнц“ - производителот на намирницата што му го спасила животот на човекот. Потрагата е кон Елвис Франсоа (47), морнар од Доминика, кој минал 24 дена на море. Преживеал благодарение на шише кечап, лук во прав и коцки за супа што ги мешал со вода. Според објавите на „Хајнц“ на интернет-проторот, тие се обраќаат и до властите на островската држава во Средна Америка, како и до Колумбиската морнарица што го спаси близу Колумбија. Но, засега, двонеделните обиди да се најде Франсоа не успеваат, и покрај повиците до пошироката јавност за помош во потрагата. „Ги бараме сите веродостојни информации за контакт со Франсоа за да можеме да помогнеме во финансирање нов брод опремен со технологија за навигација за да се избегне друга катастрофа во иднина“, објави компанијата. Франсоа работел на својот брод близу холандскиот дел на островот Сент Мартин во декември кога тој и пловилото биле повлечени во морето. Потоа бил спасен откако авионите го забележале неговиот брод, ккако што соопштија колумбиските власти.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/hajnts-traga-po-spasenikot-koj-prezhiveal-na-more-jadejki-kechap-za-da-mu-podari-nov-brod/feed/ 0
Вкусен и здрав: Направете си домашен кечап https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vkusen-i-zdrav-napravete-si-domashen-kechap/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vkusen-i-zdrav-napravete-si-domashen-kechap/#respond Mon, 17 Oct 2022 13:10:12 +0000 https://kurir.mk/?p=745289

Љубител сте на кечапот и без него не може да помине ниту еден ваш оброк? Време е да направите домашен кечап, вкусен и здрав, без вештачки бои и конзерванси. За подготовка на домашниот кечап ќе ви биде потребно: 4 килограми мелени домати 200 грама шеќер 120 грама густин мала чаша оцет 80 грама сол две лажици оригано Подготовка: Од 4 килограми сомелните домати, одвојте половина литар, смесата да биде ладна и помешајте ја со сите други состојки. Преостанатите домати варете ги половина час и додајте ја разматената смеса, а потоа варете ги состојките заедно уште 10 минути со повремено мешање. Ако планирате да стои подолго, односно да го имате и преку зимата, ставете и една кесичка конзерванс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/vkusen-i-zdrav-napravete-si-domashen-kechap/feed/ 0
ВИДЕО: Дали би пробале сладолед со вкус на мајонез или кечап? https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/video-dali-bi-probale-sladoled-so-vkus-na-majonez-ili-kechap/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/video-dali-bi-probale-sladoled-so-vkus-na-majonez-ili-kechap/#respond Tue, 09 Aug 2022 10:30:37 +0000 https://kurir.mk/?p=716032

Многу жители на Лондон се подготвени да пробаат сладолед со необичен вкус - кечап и мајонез, за ​​да се справат со високите температури кои годинава ги надминаа рекордните вредности. Низ светот се познати најразновидните вкусови на сладолед, од мастило од сипа до компир, со активен јаглен, како и корнет, црн, пченка, говедски отпадоци, сланина, пиво, ракија, канабис, коњско месо , маснотии од ирваси, кравји јазик, но и кавијар, па дојде време за вкус на грав. Најновиот проект на британските производители на сладолед за најжешкото лето се состои од низа нетрадиционални вкусови кои, како што пишуваат британските и американските медиуми, можете да ги најдете во шпајз наместо во фрижидер за сладолед, а освен тоа „Мајонез и кечап Heinz“, тука е и вкусот на тавче гравче. Сладоледите се создадени од Ања Хиндмаш, која за главните состојки користела некои од најбараните зачини и готови оброци. Клиентите беа возбудени да пробаат необични вкусови на сладолед, спакувани во традиционални пакувања, со оригиналниот бренд на кечап и мајонез. - Дојдовме рано утрово, бевме возбудени кога слушнавме и моравме да дојдеме да ги пробаме сите овие неверојатни вкусови, вели клиент. - Мислам дека најчудното е веројатно кечапот и тавче гравче. Тоа е најнеобичното нешто што некогаш сте можеле да го замислите. Овој храбар кондиторски проект се планира да трае до 28 август, а еден од вработените нагласува дека за само четири дена ги продале залихите планирани за шест недели и веќе имаат редовни клиенти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/video-dali-bi-probale-sladoled-so-vkus-na-majonez-ili-kechap/feed/ 0
Еве зошто некогаш телото „ни бара“ кечап: Експертите открија колку овој сос влијае на нашите емоции и мозок! https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/eve-zoshto-nekogash-teloto-ni-bara-kechap-ekspertite-otkrija-kolku-ovoj-sos-vlijae-na-nashite-emocii-i-mozok/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/eve-zoshto-nekogash-teloto-ni-bara-kechap-ekspertite-otkrija-kolku-ovoj-sos-vlijae-na-nashite-emocii-i-mozok/#respond Fri, 10 Dec 2021 07:51:10 +0000 https://kurir.mk/?p=606422

Луѓето ставаат кечап на шпагети, ориз, јајца, солени вафли, па дури и парчиња сирење! Затоа многумина истакнуваат дека не е ни чудо што секоја година во САД се продаваат над 650 милиони шишиња извезен кечап. Многу теоретичари и истражувачи за храна се запрашаа што точно го прави тајниот сос толку волшебен. Експертот за среќа и автор на бестселерот на Њујорк Тајмс, Гретчен Рубин е еден од овие истражувачи во студијата „Зошто кечапот е толку магичен?“ Таа за подкастот „Mind Body Green“ истакна дека овој сос ни го „скокотка“ мозокот. Зошто нашиот мозок го сака вкусот на кечапот? – Се испостави дека кечапот е една од ретките (храни) која влијае на сите пет вкусови – објаснува Рубин и додава: „Тој е сладок, кисел, солен, горчлив и умами“. Ова е она што го прави кечапот толку задоволувачки. Овој вкус на умами е особено важен, бидејќи создава вода во устата и го придвижува вашиот стомак за да го зголеми производството на стомачна киселина, која ви помага да ги варите протеините од храната што ја јадете. Некои теоретичари на храната дури и го нарекуваат кечапот „убер-храна“, како што авторката Елизабет Розин, која во својот есеј „Кечапот и колективното несвесно“, смета дека овој сос е посебен затоа што има невидена способност да обезбеди секому по нешто. Кечапот е посебен сос, а мозокот го сака затоа што ни го буди секој вкус. Рубин тврди дека нашите сетила имаат моќна способност да влијаат на нашата среќа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/eve-zoshto-nekogash-teloto-ni-bara-kechap-ekspertite-otkrija-kolku-ovoj-sos-vlijae-na-nashite-emocii-i-mozok/feed/ 0
Ако овие намирници ги чувате во фрижидер, правите голема грешка https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ako-ovie-namirnici-gi-chuvate-vo-frizider-pravite-golema-greshka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ako-ovie-namirnici-gi-chuvate-vo-frizider-pravite-golema-greshka/#respond Thu, 05 Mar 2020 12:00:10 +0000 https://kurir.mk/?p=312509

И додека многумина од нас кечапот го чуваат во фрижидер за да ја задржат свежината и да спречат расипување, експертите тврдат дека тоа е сосема непотребно.
Новото истражување кое го спровеле “Which?“ открило дека повеќето луѓе во Велика Британија не знаат како точно се чуваат некои намирници, а често се водат според погрешни информации и мислат дека правилно постапуваат кога одредена храна постојано ја чуваат на ниска температура во фрижидер или замрзнувач. Затоа експертите одлучиле да ги решат митовите и конечно да откријат како правилно се одржуваат некои прехрамбени производи кои можеме да ги купиме во супермаркетите. Намирниците кои содржат јајца, како мајонез, треба постојано да бидат во фрижидер. Освен тоа и песто сосот треба да стои на ладно. Од друга страна, кечапот и сенфот се сосема безбедни за јадење доколку ги држите во шпаизот во кој ги складирате намирниците.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ako-ovie-namirnici-gi-chuvate-vo-frizider-pravite-golema-greshka/feed/ 0
Кечапот предизвикува покачување на притисокот и срцеви заболувања https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kechapot-predizvikuva-pokachuvanje-na-pritisokot-i-srcevi-zaboluvanja/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kechapot-predizvikuva-pokachuvanje-na-pritisokot-i-srcevi-zaboluvanja/#respond Sat, 03 Nov 2018 11:49:20 +0000 https://kurir.mk/?p=123063

Лажица кечап содржи повеќе калории од една бисквита со чоколадо. Тоа значи дека нашиот омилен додаток за помфрит и пица воопшто не е здрав за јадење, објави порталот „Делиш“. И текстурата на кечапот е необична… За разлика од мајонезот кој е доста гладок, кечапот е поредок и создава неред, посебно ако во шишето останало малку, па последните остатоци од содржината излегува со прскање. Освен шеќер, кечапот содржи и големо количество сол која го поттикнува задржувањето вода во телото. Прекумерната употреба на тој додаток во исхраната може да предизвика зголемен крвен притисок, срцеви проблеми, инфаркт и мозочен удар. Ова претежно се однесува на фабричкиот кечап, па стручните лица препорачуваат – наместо тоа, луѓето да користат домашно направен кечап.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/kechapot-predizvikuva-pokachuvanje-na-pritisokot-i-srcevi-zaboluvanja/feed/ 0