Кеј Лонгстаф – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Aug 2018 20:45:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кеј Лонгстаф – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се обидела да се самоубие: Помина 10 часа во Јадранско Море, скокнала од бродот по кавга со момчето (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-obidela-da-se-samoubie-pomina-10-chasa-vo-jadransko-more-skoknala-od-brodot-po-kavga-so-momcheto-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-obidela-da-se-samoubie-pomina-10-chasa-vo-jadransko-more-skoknala-od-brodot-po-kavga-so-momcheto-video/#respond Wed, 22 Aug 2018 20:45:20 +0000 https://kurir.mk/?p=90937

Британката Кеј Лонгстаф сакала да се самоубие по целовечерно опивање на бродот, по што настанала жестока кавга со нејзиното момче, вели анонимен извор вклучен во инцидентот. „Официјално, истрагата е сè уште во тек и се знае дека Британката паднала во морето, но неофицијално, таа скокнала и тоа се гледа на снимките од безбедносните камери“, рекол изворот за хрватскиот весник „Јутарњи лист“. Изворот, кој е тесно поврзан со случајот, рекол дека полицијата ја испитала Лонгстаф за време на престојот во болница, а таа само им потврдила дека паднала од бродот. „Таа рече дека била пијана и емотивна и дека седела на работ и паднала како резултат на движењето на бродот, што никако не се совпаѓа со неофицијалните извештаи на инспекторите вклучени во случајот, кои првенствено истражуваа дали Британката се фрлила од крузерот или некој ја турнал. Врз основа на снимките и изјавите на сведоци од бродот, екипажот и патниците, истражувачите заклучија дека тоа било обид за самоубиство“, вели изворот за „Јутарњи“. Во прилог на фактот дека тоа не било несреќен случај одат и исказите со кои се потврдува дека Кеј ја скрила торбичката со документи, меѓу кои и пасошот, како и изјавата на поручникот на фрегатата Ловро Орешковиќ, командант на бродот Цавтат, кој ја спаси Британката, кој претходно откри дека Лонгстаф, кога закрепнала од шокот, прво се распрашувала за трошоците на спасувањето. Лонгстаф помина десет часа во водите на Јадранско Море, откако скокнала од бродот. Таа беше драматично извлечена од водата околу 1.300 метри од местото каде што исчезна. Таа, наводно, ја поминала ноќта во пиење со своето момче пред двајцата да почнат жестоко да се караат. 46-годишната Лонгстаф, наводно, веќе сакала да се откаже кога била спасена. Еден извор рекол за Дејли мејл: „Таа имаше хипотермија и хематом на нејзиниот десен образ, со кој удрила во водата. Во самиот момент кога помислила дека нема да преживее, тогаш бродот дошол да ја спаси.“ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-obidela-da-se-samoubie-pomina-10-chasa-vo-jadransko-more-skoknala-od-brodot-po-kavga-so-momcheto-video/feed/ 0