кеј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 17 Sep 2022 18:16:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кеј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Жена сакала да се самозапали на кејот на Вардар, ја спасил млад скопјанец-минувач https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zena-sakala-da-se-samozapali-na-kejot-na-vardar-ja-spasil-mlad-skopjanec-minuvach/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zena-sakala-da-se-samozapali-na-kejot-na-vardar-ja-spasil-mlad-skopjanec-minuvach/#respond Sat, 17 Sep 2022 18:16:55 +0000 https://kurir.mk/?p=734200

Велосипедист кој возел на кејот на Вардар во Скопје денеска во вистинска драма успеал да спречи 65-годишна жена да се самозапали, објави МКД.мк. 26-годишниот скопјанец со херојско име и презиме – Христијан Тодоровски, минувал под мостот кај МАНУ и без никакво размислување се фрлил по жената која во едната рака имала шише со бензин, а во другата запалка. Жената давала отпор, а и двајцата завршиле во реката. Христијан во изјавата за МКД.мк вели дека инцидентот се случил околу 13:30 часот, кога возејќи со велосипедот, забележал педесетина полицајци распоредени на погорното ниво од кејот. Веднаш потоа, ја видел повозрасната жена, која држела шише во рацете. Еден од полицајците му викнал да побрза и да се обиде да ја спречи жената, раскажува тој. „Го фрлив точакот и се стрчав кон неа. Таа даваше отпор, се обидуваше да го отвори шишето со бензин и да ја употреби запалката. Некако успеав да ѝ го земам шишето кое веднаш го фрлив во реката, но заедно завршивме во Вардар. Ја задржав до мене, а потоа дојде еден полицаец и неколкумина цивили кои ни помогнаа да излеземе од реката. Таа цело време викаше да ја пуштам, да ја оставам, беше многу вознемирена, плачеше… Потоа заминав“, ни изјави Тодоровски. „Браво! Секоја ти чест дечко“, ми рече еден полицаец, вели момчето. Со возило на Брза помош, жената веднаш била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zena-sakala-da-se-samozapali-na-kejot-na-vardar-ja-spasil-mlad-skopjanec-minuvach/feed/ 0
Се санира пешачката патека на насипот на река Вардар https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-sanira-peshachkata-pateka-na-nasipot-na-reka-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-sanira-peshachkata-pateka-na-nasipot-na-reka-vardar/#respond Wed, 17 Aug 2022 09:22:10 +0000 https://kurir.mk/?p=719744

Екипи на ЈП Улици и патишта, по налог на Град Скопје деновиве интензивно работат на санација на пешачката патека која се наоѓа на насипот на река Вардар. Патеката која е во насока од мостот "Обединети Нации" во долниот дел кон мостот кај хотел "Александар Палас" е оштетена на повеќе места и на неа се санираат оштетените бехатон плочи, се менуваат оштетените рабници, како и оштетените заштитни столбчиња. По налог на Град Скопје активностите за санација на пешачката патека на кејот на река Вардар продолжуваат и во наредниот период.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-sanira-peshachkata-pateka-na-nasipot-na-reka-vardar/feed/ 0
Градот Скопје не смета дека е неопходно целосно затворање на кејот кај изведба на мостот на „Љубљанска“ од инвестоторот и изведувачот https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradot-skopje-ne-smeta-deka-e-neophodno-celosno-zatvoranje-na-kejot-kaj-izvedba-na-mostot-na-ljubljanska-od-investotorot-i-izveduvachot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradot-skopje-ne-smeta-deka-e-neophodno-celosno-zatvoranje-na-kejot-kaj-izvedba-na-mostot-na-ljubljanska-od-investotorot-i-izveduvachot/#respond Wed, 03 Aug 2022 14:15:56 +0000 https://kurir.mk/?p=713541

Градот Скопје не смета дека е неопходно целосно затворање на кејот кај изведба на мостот на Љубљанска од страна на инвеститорот и изведувачот. -Сепак, треба да потенцираме дека во овој проект Град Скопје се појавува само како иден корисник, додека инвеститор на проектот е Влада на РМ, финансиер на истиот е ТАВ Македонија, а изведувач на проектот е ТАВ ТЕПЕ АФКЕН, а како подизведувач е ангажирана компанијата ГРАНИТ АД Скопје. Реализацијата на овој мост е дел од проектот на Владата за промена на намената на средствата од концесискиот договор со ТАВ Македонија, кои требаше да бидат искористени за карго аеродром во Штип и наместо тоа, истите се инвестираат во проекти од локално значење, велат од Град Скопје. Согласно обврските од договорот, Градот Скопје, единствено претставува иден корисник на проектот, што всушност произлегува од законските надлежности за управување со улици во надлежност и во конкретниот случај, ниту се јавува како инвеститор, ниту како финансиер или изведувач. „Во конкретниот случај, Градот воопшто не беше консултиран за затворање на кејот и спортско рекреативната патека и истото е сторено од страна на изведувачите. Техничките решенија мора првенствено да обезбедат безбедно и сигурно движење на кејот и Градот Скопје не смета дека е неопходно целосно затворање на тој потег на кејот. Сметаме дека, водејќи се од приоритетот за безбедноста на граѓаните, треба да се разгледаат повеќе технички издржани решенија од инвеститорот и изведувачот, со кои би се излегло во пресрет на барањата на граѓаните“ - велат од Град Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradot-skopje-ne-smeta-deka-e-neophodno-celosno-zatvoranje-na-kejot-kaj-izvedba-na-mostot-na-ljubljanska-od-investotorot-i-izveduvachot/feed/ 0
ФОТО: Чистење и уредување на кејот на река Вардар https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-chistenje-i-ureduvanje-na-kejot-na-reka-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-chistenje-i-ureduvanje-na-kejot-na-reka-vardar/#respond Fri, 29 Jul 2022 10:26:01 +0000 https://kurir.mk/?p=711809

Екипи на ЈП Улици и патишта по налог на Град Скопје, изминатиов период активно работат на чистење на косините и коритото реката Вардар, како и на санацијата на постоечките елементи кои се оштетени, а се од големо значење за нормално функционирање на граѓаните. Како дел од тековните активности на ЈП Улици и патишта се одвива рачното чистење со тримери на косините, односно косењето на обраснатата нискостеблеста вегетација, како и машинското чистење на покрупната вегетација и наталожен мил од коритото на реката. Во овој период чистењето се одвиваше во насока од железниот мост во населба Хром до пешачкиот мост во населба Злокуќани од двете страни, како и машинско расчистување на косините од коритото на реката Вардар од мостот во Хром до Систина. Како дел од уредувањето на кејот извршени се повеќе санации, санирана е пешачката патека на насипот на Вардар каде наместа имаше оштетени бехатон плочи, санирана е дел од површината на пешачката патека на мостот „Обединети Нации“, санирани се скалилата кај мостот „Обединети Нации“, како и на оградата на мостот. Санирани се исто така и скалилата спроти Канал 5 ТВ, заштитната ограда на мостот на улица Васил Чакаларов, како и оградата на трибината на одбојкарското игралиште. Екипите на ЈП Улици и патишта продолжуваат и во наредните денови по налог на Град Скопје да ги извршуваат активностите за рачно и машинско чистење и уредување на кејот на река Вардар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-chistenje-i-ureduvanje-na-kejot-na-reka-vardar/feed/ 0
Започнува реконструкција на левата страна на кејот на Вардар https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zapochnuva-rekonstrukcija-na-levata-strana-na-kejot-na-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zapochnuva-rekonstrukcija-na-levata-strana-na-kejot-na-vardar/#respond Thu, 30 Jun 2022 09:51:59 +0000 https://kurir.mk/?p=697743

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со директорот на ЈП Улици и патишта Борис Настов и директорот на ЈП Паркови и зеленило Ангеле Сотировски денеска го најавија проектот за целосна реконструкција на левата страна на кејот на река Вардар, која ќе се одвива во повеќе фази со цел воспоставување на мултифункционален модерен јавен простор со ново зеленило, пешачки, вело патеки и нова урбана опрема во интерес на сите граѓани. - Со овој проект планираме првично обнова на овој дел од кејот на реката Вардар од над 3 километри должина, нова велопатека во површина од 2.500 м2 и нова пешачка патека во површина од 2.500 м2, формирање на нова зелена површина во која се предвидени над 71.330 садници сезонско цвеќе и 1360 зимзелени и листопадни садници ниска вегетација, нова хидрантска мрежа, урбана опрема, садови за отпадоци, ново осветлување и партерно уредување од над 26.363 метри квадратни, истакна градоначалничката Арсовска. Арсовска посочи дека остварувањето на оваа инвестиција ќе се одвива во три етапи. Првата се однесува на потегот од мостот „Мајка Тереза“ до ПИОМ, втората до паркот на езерата во Аеродром и третата, до мостот „Тодор Александров“ во општина Аеродром. -Овој проект е дел од најавената летна градежна офанзива, која се одвива според предвидениот интензитет, за разлика од импровизациите и ветувањата за реализација во минатото кои за жал резултирале само со делумно чистење само во некои делови на кејот. Пристапот на новиот тим на градското раководство е поинаков, мораме да имаме сериозна анализа, стабилен и оддржлив проект, ревносна подготовка, обезбедени финансиски средства и јасен план за брза и ефикасна имплементација, вели Арсовска. Градоначалничката исто така посочи дека крајна цел на овие инвестиции е остварување на ветените проекти, за модерно и урбано Скопје, во кое се обезбедуваат подобри услови за сите граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zapochnuva-rekonstrukcija-na-levata-strana-na-kejot-na-vardar/feed/ 0
Дедо нападнат и ограбен среде бел ден на кејот на Вардар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dedo-napadnat-i-ograben-srede-bel-den-na-kejot-na-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dedo-napadnat-i-ograben-srede-bel-den-na-kejot-na-vardar/#respond Tue, 07 Jun 2022 17:00:17 +0000 https://kurir.mk/?p=687966

На 06.06.2022 во 17.30 часот во Полициската станица Карпош, Т.Ј.(81) од Скопје пријавил дека на кејот на река Вардар на подрачјето на Карпош, две лица со употреба на физичка сила му одзеле пари и лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dedo-napadnat-i-ograben-srede-bel-den-na-kejot-na-vardar/feed/ 0
Нов зелен плоштад на кејот „Димитар Влахов“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nov-zelen-ploshtad-na-kejot-dimitar-vlahov/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nov-zelen-ploshtad-na-kejot-dimitar-vlahov/#respond Fri, 27 May 2022 10:22:56 +0000 https://kurir.mk/?p=682369

Нова зелена јавна површина се уредува на кејот „Димитар Влaхов“. Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ работат на површина од 3.244 квадратни метри која е поделена на повеќе парцели со пешачки патеки. Во текот на активностите на оваа локација површинскиот слој земја ќе се прекопа и отстрани и ќе се нанесе квалитетна почва. На површината се поставува систем за полевање, се формира тревник и планирано е засадување дрвја и грмушки. -На новиот зелен плоштад на кејот „Димитар Влахов“ е предвидено да се засадат зимзелени и листопадни садници и грмушки. Листопадните садници ќе се засадат на делот каде што се поставени клупи, за да се овозможи пријатен престој за посетителите. Сите зелени површини ќе бидат обиколени со листопадни садници кои ќе формираат дрворед. Покрај пешачките патеки, пак, се дефинира комбинација од зимзелени и листопадни дрвја, информираат од Град Скопје. Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве работат на уредување и одржување и на други јавни зелени површини во градот. Во сите реони низ градот се врши машинско косење трева и собирање откос, се чистат површините од отпадоци, се отстранува стариот пролетен расад и се заменува со нов, летен расад. Сезонски цветен расад се сади во реоните Бутел и Центар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nov-zelen-ploshtad-na-kejot-dimitar-vlahov/feed/ 0
Започна чистење на кејот на река Вардар https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zapochna-chistenje-na-kejot-na-reka-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zapochna-chistenje-na-kejot-na-reka-vardar/#respond Wed, 11 May 2022 07:08:43 +0000 https://kurir.mk/?p=674905

Согласно со Програмата за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и на отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2022 година, по налог на Градот, екипи на ЈП „Улици и патишта“ Скопје започнаа со спроведување на активности за чистење на коритото на реката Вардар. Деновиве започна чистењето на косините на реката Вардар во насока од Железниот мост во Влае до мостот кај хотел „Александар Палас“. Активностите се одвиваат на двете страни од кејот и истите се во вкупна должина од околу 3.500 метри. На овој потег екипите со тримери ја сечат обраснатата вегетација од косините и од кејот и досега се исчистени околу 800 метри, во насока од мостот „Обединети Нации“ до Железниот мост во Влае.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zapochna-chistenje-na-kejot-na-reka-vardar/feed/ 0
Без вода дел од корисниците на Кеј „13-ти Ноември“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bez-voda-del-od-korisnicite-na-kej-13-ti-noemvri/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bez-voda-del-od-korisnicite-na-kej-13-ti-noemvri/#respond Tue, 30 Nov 2021 12:38:42 +0000 https://kurir.mk/?p=601970

Поради скината цевка кај Дрво декор во општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Битолска“ и Кеј „13-ти Ноември“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:00 часот до санирање на дефектот, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bez-voda-del-od-korisnicite-na-kej-13-ti-noemvri/feed/ 0
Позади проектот на Шилегов за рушењето на терасите на Кејот стои бизнис интерес за катната гаража кај Телеком? https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pozadi-proektot-na-shilegov-za-rushenjeto-na-terasite-na-kejot-stoi-biznis-interes-za-katnata-garaza-kaj-telekom/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pozadi-proektot-na-shilegov-za-rushenjeto-na-terasite-na-kejot-stoi-biznis-interes-za-katnata-garaza-kaj-telekom/#respond Mon, 18 Jan 2021 10:50:27 +0000 https://kurir.mk/?p=456695

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов со план наместо шеталиште на Кејот да има улица. Терасите на локалите кои се на Кеј, според овој план треба да се срушат, а на улицата која би се отворила таму да поминуваат возила, со што овој дел ќе стане целосно небезбеден. Постои простор за сомнеж дека станува збор за бизнис интереси “тешки“ милионски суми. Инаку, што друго би била причината свесно да се направи ваков хаос на Кејот? Во оваа близина се наоѓаат катната гаража кај Телеком, а се зборува дека целта е да се направи нов трговски на големиот паркинг. Овој проект би донел голема сума на пари. Така, проектот на Шилегов за рушење на терасите на Кејот ќе донесе до расадник од пари. Ако на местото на досегашното шеталиште се направи улица по која ќе возат автомобили и други превозни средства, сите минувачи се ставаат во ризик. На ова шеталиште постојано има деца, па малку ќе биде потребно за да се случи трагедија кога ќе има сообраќај на истата локација. Во цел свет од улици се прават плоштади и шеталишта, само кај нас се гради улица на најубавиот градски кеј. Надлежните оваа идеја ја кријат зад оправдувањето дека сакаат да воведат ред, но ова е тотално најпогрешниот начин. Ред може да се воведе со затворање на помините, со чувари. Овој дел треба да се реновира и да биде уште поубаво место за прошетка. Градоначалникот Шилегов за Сител посочи дека плановите се отстранувањето на средните терасите да почне од февруари и веќе во мај целосно да биде завршена реконструкцијата. Тврди дека целта е кејот „13 ноември“ да добие целосно нов лик со пешачка зона и да се реши хаосот кој е проблем за скопјани долги години. На овој кеј, работат околу 10 ресторани, а од таму земаат плата и опстојуваат околу 500 семејства. На оваа локација илјадници туристи уживаат во прошетките. Остануваат отворени многу прашања: Дали овој дел ќе го изведува истата фирма како на дел од плоштадот?  Колку долго сен изведува и колкав и чиј бизнис интерес е тоа? Плоштадот скоро две години е во прашина и хаос, колку време ќе биде вака на Кеј, останува да видиме]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pozadi-proektot-na-shilegov-za-rushenjeto-na-terasite-na-kejot-stoi-biznis-interes-za-katnata-garaza-kaj-telekom/feed/ 0