Кејт Брнз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 Aug 2022 11:33:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кејт Брнз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Амбасадорката Брнз положи цвеќе на Меморалниот центар на АСНОМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorkata-brnz-polozi-cvekje-na-memoralniot-centar-na-asnom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorkata-brnz-polozi-cvekje-na-memoralniot-centar-na-asnom/#respond Tue, 02 Aug 2022 11:18:52 +0000 https://kurir.mk/?p=713000

Во чест на Илинден, амбасадорката на САД во земјава Кејт Брнз денеска положи свежо цвеќе на Меморалниот центар на АСНОМ. -Честит Илинден! Претставници на Амбасадата, исто така, се приклучија на официјалните церемонии во Крушево и Пелинце во чест на оние кои се бореа за независност, се вели во објавата на фејсбук-страницата на Амбасадата на САД во земјава. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorkata-brnz-polozi-cvekje-na-memoralniot-centar-na-asnom/feed/ 0
Средба Арсовска- Брнз: Интензивирање на соработката помеѓу Градот Скопје и амбасадата на САД https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sredba-arsovska-brnz-intenziviranje-na-sorabotkata-pomegju-gradot-skopje-i-ambasadata-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sredba-arsovska-brnz-intenziviranje-na-sorabotkata-pomegju-gradot-skopje-i-ambasadata-na-sad/#respond Wed, 01 Dec 2021 16:28:41 +0000 https://kurir.mk/?p=602623

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз. -На денешната средба амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз истакна честитки за изборот за градоначалник, со желба за успешна работа и изрази надеж дека со активна соработка и поддршка ќе се пристапи кон решавање на многубројните општествени проблеми со кои секојдневно се соочуваат граѓаните. На средбата стана збор за интензивирање на соработката помеѓу Градот Скопје и амбасадата на САД, како и за размена на позитивни искуства од различни сфери на соработка што ќе придонесе и за реализирање на голем број нови заеднички проекти, пишува Арсовска на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sredba-arsovska-brnz-intenziviranje-na-sorabotkata-pomegju-gradot-skopje-i-ambasadata-na-sad/feed/ 0
Брнз по извештајот на „Транспаренси“: Борбата против корупцијата останува критично важна задача за земјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-po-izveshtajot-na-transparensi-borbata-protiv-korupcijata-ostanuva-kritichno-vazna-zadacha-za-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-po-izveshtajot-na-transparensi-borbata-protiv-korupcijata-ostanuva-kritichno-vazna-zadacha-za-zemjata/#respond Fri, 29 Jan 2021 20:25:20 +0000 https://kurir.mk/?p=461739

Американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз, на Фејсбук напиша дека корупцијата ја загрозува меѓусебната доверба едни во други, во Владата, правдата и економијата. Индексот за перцепција на корупцијата на „Транспаренси Интернешнл“ во 2020 година е јасен сигнал дека борбата против корупцијата останува критично важна задача за Северна Македонија и фокус на нашето стратешко партнерство, вели амбасадорката на САД во земјава. -Корупцијата ги загрозува сите елементи што ги врзуваат нашите општества- меѓусебната доверба едни во други и во Владата, вербата во правичност и правична правда и довербата да гради, поттикнува раст и да се унапредува економијата“, напиша таа на својот фејсбук-профил, коментирајќи го извештајот на „Транспаренси интернешенал“. Македонија го дели 111-тото место на рангирањето за Индексот на перцепција на корупцијата за 2020 година на „Транспаренси интернешнл“ заедно со БиХ, Монголија и Панама, што е најлошо рангирање од 2001 година откога земјава првпат беше ставена на ранг-листата. Во однос на рангирањето од 2019 година, бележиме пад од пет места иако имаме ист број индексни поени, додека БиХ бележи пад од седум места, со што двете земји се најлошо рангирани во регионот на Западен Балкан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-po-izveshtajot-na-transparensi-borbata-protiv-korupcijata-ostanuva-kritichno-vazna-zadacha-za-zemjata/feed/ 0
Американската амбасадорка Брнз го честиташе пласманот на фудбалската репрезентација на ЕП https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanskata-ambasadorka-brnz-go-chestitashe-plasmanot-na-fudbalskata-reprezentacija-na-ep/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanskata-ambasadorka-brnz-go-chestitashe-plasmanot-na-fudbalskata-reprezentacija-na-ep/#respond Fri, 13 Nov 2020 11:16:27 +0000 https://kurir.mk/?p=429007

Американската амбасадорка во Скопје Кејт Брнз им честиташе на македонските фудбалери за пласманот на Европското првенство. -Честитки за историското квалификување за Европското првенство во фудбал. Силна страст и напори од целокупниот тим, кој им донесе радост на сите во земјата, напиша Брз на својот профил на Твитер. Заедно со напишаниот текст на постот е ставена и фотографија од фудбалската репрезентација. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanskata-ambasadorka-brnz-go-chestitashe-plasmanot-na-fudbalskata-reprezentacija-na-ep/feed/ 0
Американската амбасадорка Кејт Брнз во работна посета на „Алкалоид“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanskata-ambasadorka-kejt-brnz-vo-rabotna-poseta-na-alkaloid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanskata-ambasadorka-kejt-brnz-vo-rabotna-poseta-na-alkaloid/#respond Mon, 19 Oct 2020 10:45:01 +0000 https://kurir.mk/?p=418048

Делегација од Амбасадата на Соединетите Американски Држави предводена од нејзината екселенција, Амбасадорката Кејт Мери Брнз оствари работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје. За време на посетата, високите дипломатски претставници беа запознаени со резултатите од работењето на компанијата, нејзините пласмани и производните операции. Беа презентирани и бројните инвестиции кои „Алкалоид“ континуирано ги реализира низ годините, како и извозните активности кои се еден од клучните сегменти од корпоративната политика на компанијата. Акцентот на посетата беше ставен на долгогодишната успешна соработка на компанијата со Соединетите Американски Држави каде ,,Алкалоид АД“ Скопје во 2005 година основаше своја подружница со седиште во Њу Олбани, Охајо. На ваквиот деловен потег му претходеше успешната деловно-техничка соработка со реномирани компании од САД, трасирани пред повеќе од 5 децении. Во моментов, „Алкалоид“ е партнер од избор на неколку реномирани американски фармацевтски компании со кои има различни форми на соработка, како лиценцно производство, маркетиншко застапување и авторизации за дистрибуција на нивните производи. Од деловните потфати во САД, особена гордост за „Алкалоид“ се пласманите на чаевите од програмата „Good Nature“. Во изминатите 15 години компанијата има воспоставено успешна соработка со американски компании специјализирани за производство и дистрибуција на чаеви и природни лековити производи, како реномираната ,,АВЕДА“, членка на групацијата „Есте Лаудер“, компаниите „Арбон Интернационал“ и ,,Свансон“ кои во 2019 година надминаа извоз во САД од 5 милиони американски долари, со тенденција за раст. Амбасадорката Брнз го истакна своето задоволство од успешното работење на „Алкалоид“ а особено беше фасцинирана од обиколката на производните капацитети на компанијата, како и високото ниво на технолошка опременост и човечкиот капитал кој управува со процесите. На темата човечки капитал, Амбасадорката Брнз особено се интересираше за предизвиците со кои компанијата се соочува при регрутација на нови кадри, нивната обученост, способности и вештини кои се потребни да ги поседуваат заради спецификите на дејноста. Брнз имаше чест да ги посети и најновите проширени производствени капацитети за чија изградба и опремување компанијата неодамна вложи над 11 милиони евра и чие комплетно пуштање во функција се очекува во претстојниов период.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanskata-ambasadorka-kejt-brnz-vo-rabotna-poseta-na-alkaloid/feed/ 0
Брнз: Задоволна сум што граѓаните учествуваат во демократски процес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-zadovolna-sum-shto-gragjanite-uchestvuvaat-vo-demokratski-proces/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-zadovolna-sum-shto-gragjanite-uchestvuvaat-vo-demokratski-proces/#respond Wed, 15 Jul 2020 10:43:44 +0000 https://kurir.mk/?p=376128

Задоволна сум што ги гледам граѓаните на оваа земја како учествуваат во демократски процес. Тим од амбасадата на САД му се придружува на ОБСЕ, граѓанското општество и меѓународните набљудувачи за набљудување на изборите, и ќе бидат таму заедно со нив, напиша на Твитер, американската амбасадорка во Македонија, Кејт Брнз. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-zadovolna-sum-shto-gragjanite-uchestvuvaat-vo-demokratski-proces/feed/ 0
Брнз: Избори кога ќе има услови за тоа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-izbori-koga-kje-ima-uslovi-za-toa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-izbori-koga-kje-ima-uslovi-za-toa/#respond Fri, 08 May 2020 15:38:53 +0000 https://kurir.mk/?p=343640

Амбасадорката на САД во Македонија Кејт Брнз во интервју за Независен весник вели дека избори ќе има само кога условите ќе дозволат безбедно одржување на истите. -А, идната фаза ќе бара добро владеење, исто така. Ова е паламентарна демократија, така што важно е кога ќе влезете во новата фаза на кризата, со сите предизвици околу обновувањето на економијата и долгорочното олеснување на рестрикциите, да имате целосно функционален парламент и влада што ќе ја преставува волјата на граѓаните. Така што, од оваа перспектива разумно е да се очекува дека, штом условите дозволат да се одржат безбедно изборите, политичките лидери да утврдат излезно решение така што ќе се соберат заедно и ќе договорат пат за одржување избори кои нема да бидат само фер и транспарентни, туку и безбедни, имајќи ја предвид грижата околу заштитата на граѓаните што треба да излезат на гласачките места и тие што ќе работат на нив, вели Брнз во интервјуто за Независен весник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-izbori-koga-kje-ima-uslovi-za-toa/feed/ 0
Американската амбасадорка Брнз пристигна во земјава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanskata-ambasadorka-brnz-pristigna-vo-zemjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanskata-ambasadorka-brnz-pristigna-vo-zemjava/#respond Tue, 09 Jul 2019 15:42:43 +0000 https://kurir.mk/?p=216848

Новоименуваната амбасадорка на САД во земјава Кејт Брнз, денеска пристигна во земјава и го имаше нејзиниот прв работен ден во канцеларијата, објави американската Амбасада на официјалниот фејсбук профил. -Амбасадорката Брнз оваа недела ќе му ги претстави своите препораки на претседателот Пендаровски, стои во објавата. Брнз на нејзиниот прв ден во канцеларијата пристигнала со нејзиниот сопруг Лари Скот Гејџ, пензиониран полковник на Воената морнарица на САД. Амбасадорката Брнз е дипломат од кариера. Таа на позицијава доаѓа од Атина каде од септември 2017 до мај 2019 година беше заменик шеф на мисијата на САД во Грција. Претходно беше постојан претставник на мисијата на САД во ОБСЕ во Виена. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanskata-ambasadorka-brnz-pristigna-vo-zemjava/feed/ 0