Кејт Мари Брнз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 06 Sep 2022 17:00:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кејт Мари Брнз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Проштална средба на претседателот на Собранието Џафери со амбасадорката Брнз https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proshtalna-sredba-na-pretsedatelot-na-sobranieto-dzaferi-so-ambasadorkata-brnz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proshtalna-sredba-na-pretsedatelot-na-sobranieto-dzaferi-so-ambasadorkata-brnz/#respond Tue, 06 Sep 2022 17:00:04 +0000 https://kurir.mk/?p=729557

Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери, денеска во неговиот Кабинет ја прими на проштална средба амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Мари Брнз. Како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери и се заблагодари на амбасадорката Брнз за нејзината значајна улога во унапредувањето на политичките процеси во земјата, како и за силната поддршка на процесот на интеграција во НАТО и ЕУ во текот на нејзиниот мандат, истакнувајќи дека Република Северна Македонија и САД негуваат извонредни билатерални односи. Амбасадорката Брнз истакна дека во текот на нејзиното извршување на функцијата беа донесени неколку клучни одлуки во земјата и се случи и историскиот настан, како што е членството во НАТО. Таа изрази задоволство од можноста да биде дел од прогресот на земјата во целина и на Собранието. При тоа, го оцени како мошне успешно водството на Собранието од страна на претседателот Џафери и неговите напори да го подигне значењето на Собранието како законодавна власт и да ја зацврсти неговата независност. Брнз додаде дека сите се импресионирани од постигнувањата на Република Северна Македонија и нејзините перформанси како членка во НАТО, стои во соопштението. На средбата, претседателот Џафери и врачи на амбасадорката Брнз признание за нејзиниот целокупен придонес и и посака успех во нејзините идни професионални предизвици. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proshtalna-sredba-na-pretsedatelot-na-sobranieto-dzaferi-so-ambasadorkata-brnz/feed/ 0
Брнз: Направете го првиот чекор, а потоа на преговарачка маса имате различни избори ако вашите забелешки не се земаат предвид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-napravete-go-prviot-chekor-a-potoa-na-pregovarachka-masa-imate-razlichni-izbori-ako-vashite-zabeleshki-ne-se-zemaat-predvid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-napravete-go-prviot-chekor-a-potoa-na-pregovarachka-masa-imate-razlichni-izbori-ako-vashite-zabeleshki-ne-se-zemaat-predvid/#respond Fri, 08 Jul 2022 14:49:21 +0000 https://kurir.mk/?p=702407

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз денеска го пренесе охрабрувањето на САД до Северна Македонија да подолжи по патот на евроатлантските интеграции, со сегашниот предлог за пристапување во ЕУ. Таа потенцира дека изборот е суверено право на нацијата, одлуката е тешка, но нагласи оти е потребно да се направи првиот чекор за да се оди понатаму во преговарачкиот процес, во кој, како што рече, на преговарачката маса земјата ќе може да направи различни избори, кога ќе процени дека нејзините забелешки не се земаат предвид. Амбасадорката Брнз во отвореното писмо до јавноста, објавено на веб страницата на Американската амбасада нагласи дека земјава го достигнала историскиот момент во нејзиното долго патување кон евроатлантската иднина. Таа напомена дека повеќе влади и пошироката јавност две децении работеле и се уште работат на пристапувањето кон ЕУ и додаде дека САД се со земјава по патот за остварување на евроатлантската иднина од 2004 година, при што првата аспирација – членство во НАТО е остварена. – Сега сакаме да ве видиме како ги остварувате придобивките што произлегуваат од активниот процес на пристапување кон ЕУ и ги користите правата како земја членка на ЕУ, додаде Брнз. Во продолжение го пренесуваме интегрално отвореното писмо до јавноста на американската амбасадорка Кејт Мари Брнз: – Вашата земја достигна историски момент во своето долго и со предизвици полно патување кон нејзината евроатлантска иднина. На вашиот пат наидовте на блокади и одложувања, и се соочивте со предизвици по однос на македонскиот јазик и идентитет, кои се суштински дел од тоа што ве прави нација. Донесовте тешки одлуки со очекувања за напредок. Сега треба да донесете уште една. Токму заради предизвиците со кои се соочивте и оние со кои може да се соочите во иднина, САД ве охрабруваат да продолжите по тој пат со сегашниот предлог за пристапување во ЕУ. Не ви треба потсетување дека низа влади и пошироката јавност две децении работеа и сеуште работат на пристапувањето кон ЕУ. Како сојузник, партнер и пријател, ние имаме реален интерес во обезбедувањето на вашата Евро-Атлантска иднина. Го одиме овој пат заедно од 2004 година, спроведувајќи програми и обезбедувајќи помош во реализирањето на вашите аспирации и за НАТО и за ЕУ. Ја остваривте првата аспирација. Сега сакаме да ве видиме како ги остварувате придобивките што произлегуваат од активниот процес на пристапување кон ЕУ и ги користите правата како земја членка на ЕУ. Пристапувањето кон ЕУ ќе ја направи вашата земја посилна. Зачленувањето во меѓународна организација, уште повеќе учеството во тие процеси, е напорна работа и бара тешки одлуки. Тоа веќе го знаете. Веќе сте носеле такви одлуки. Но прифаќањето на овој предлог значи дека конечно ќе имате место на масата за пристапни преговори. Тоа ве става во истата просторија со земјите-членки на ЕУ, од кои многу се ваши блиски партнери и сојузници. Европската комисија ќе ги прима вашите тимови во Брисел и ќе испраќа свои експерти тука на терен, за да го спроведат процесот на скрининг и самите да станат сведоци на живото демократско општество овде. Откако ќе ги започнете преговорите ќе имате повеќе алатки на располагање и, благодарение на новата методологија, ран пристап до фондовите и програмите на ЕУ, кои ќе можете да ги користите за реализација на сопствените цели и изградба на иднина каква што посакувате за себе и за вашите деца. А тогаш кога ќе бидете членка на ЕУ, ќе имате еднаков глас внатре во Унијата, исто како што сега имате во НАТО. Прашањата содржани во предлогот се технички и ви беа презентирани без многу време за јавна дебата. Разбираме дека предлогот не е таков каков што вие би го подготвиле доколку би имале можност еднострано да ги диктирате условите – но тој го признава македонскиот јазик и идентитет и ги заштитува од понатамошни предизвици. Иако можеби не е совршен, предлогот го прави она што е потребно: ги заштитува вашите клучни интереси и овозможува отпочнување преговори и динамичен процес на скрининг. Според нашето прагматично гледиште тој претставува реално најдобра можност конечно да ја придвижите вашата земја напред на патот кон ЕУ, истовремено зајакнувајќи ја вашата улога во одлучувањето за сопствената иднина. Изборот да продолжите напред е ваша одлука како суверена нација. Знаеме дека одлуката е тешка. Но одлуката ќе остане ваша и кај вас и низ целиот пристапен процес. Кога ќе сте на преговарачката маса, и кога ќе сметате дека вашите забелешки не го добиваат потребното внимание, ќе имате можност да направите различни избори. Но, треба да го направите првиот чекор за да стасате до вториот. Суштината на демократијата е слободата на избор. Суштината на пријателството е да ги поддржуваме одлуките на нашите пријатели и да повикаме на храброст во времиња на предизвици. Како ваш пријател, Соединетите Американски Држави се надеваат дека ќе го изберете најдоброто за вашата земја денес, а и за нејзината иднина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-napravete-go-prviot-chekor-a-potoa-na-pregovarachka-masa-imate-razlichni-izbori-ako-vashite-zabeleshki-ne-se-zemaat-predvid/feed/ 0
Брнз: САД се со Северна Македонија во искачувањето по ридот кон посигурна евроинтегрирана иднина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-sad-se-so-severna-makedonija-vo-iskachuvanjeto-po-ridot-kon-posigurna-evrointegrirana-idnina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-sad-se-so-severna-makedonija-vo-iskachuvanjeto-po-ridot-kon-posigurna-evrointegrirana-idnina/#respond Wed, 06 Jul 2022 18:23:39 +0000 https://kurir.mk/?p=701259

Како што Северна Македонија, како што вие, ќе продолжите да се искачувате по ридот кон посигурна евроинтегрирана иднина, ќе мора да се соочите и со тешки предизвици. Дилемите што тие ги создаваат се единствени за вашата држава и вашето патување, но во соочувањето со нив не сте сами. САД се со вас на тоа искачувње, порача вечерва американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз на свеченоста во Американската амбасада по повод 246-годишнината од независноста на САД. Во присуство на претставници на државниот врв, политичките партии, граѓанскиот сектор, медиумите Брнз порача дека како што двете држави ќе се соочуваат со нови предизвици, така ќе се справуваме со нив заедно, како сојузници, партнери и пријатели. Амбасадорката во својот говор потсети дека пред три години, како што рече, првпат се искачила на овој рид до Амбасадата во Скопје и била инспирирана од глетката и потенцијалот што ја опкружува. – Бев свесна дека ќе има предизвици. За некои од нив знаев и ги очекував, како потребата да се продолжи со борбата против корупцијата, да се зајакне владеењето на правото и да се зајакнат демократските институции. Некои беа нови, како смртоносната светска пандемија, разорните шумски пожари и сега бруталната и неоправдана војна што беснее во Европа. Но, без оглед на предизвиците што ни претстоеја јас бев убедена дека односите меѓу САД и Северна Македонија се доволно силни и динамични и дека заедно ќе можеме да се справиме со истите и ќе излеземе порешителни во нашето партнерсто, истакна амбасадорката. Таа потенцира дека изминатите три години Северна Македонија напредувала од земја која тежнеела да стане членка на НАТО, до сигурен, еднаков и способен сојузник. Потсети дека во мај земјава беше домаќин на вежбата „Брз одговор“, која беше најголемата воена вежба досега одржана на полигонот „Криволак“. – Армијата на Северна Македнија се модернизираше и ги подобри подготвеноста и капацитетите за одговор, а варварскат агресија на Русија врз Украина, народот за кои тие тврдат дека им се браќа и род и со кој имале толку многу заеднички работи не можеше појасно да илустрира зошто денес НАТО е поважно од кога било, истакна Брнз. Таа напмена дека Северна Македонија постојано ја покажува својата посветеност на стратешкото партнерство и поддржувањетп на демократските принципи истите идеали, што како што рече амбасадорката, Русија се обидува да им ги негира на граѓаните на Украина. – Без разлика дали стои цврсто во поддршка на санкциите против Русија или им помага на лицата евакуирани од Авганистан или активно учествува на Самитот за демократија на претседателот Бајден, Северна Македонија е сигурен пријател на кој му веруваме. Заедно соработуваме за да ја заштитиме животната средина, културата и економските можности коишто ја прават Северна Македонија витален дел од регионот, истакна Брнз. Таа во својот говор изнесе детали за различните сфери на соработка меѓу двете земји во различни области нагласувајќи дека како што се проширува лидерската улога на Северна Македонија во Западен Балкан така се зголемува и можноста за економски раст и нов развој. Брнз истакна дека од 2019 година САД има инвестирано речиси 60 милиони долари во индустријата, инфраструктурата и иновациите, создавајќи илјадници работни места. Нагласувајќи ја продлабочената билатерална соработка меѓу двете земји, Брнз истакна дека Вашингтон и Скопје имале повеќе можности за прослава на јубилеи и достигнувања во изминативе три години. – Четврт век дипломатски односи меѓу САД и Северна Македонија. Триесет години партнерство со УСАИД и 25 години делување на Мировниот корпус во земјата. Долгогодишна соработка со Националната гарда на Вермонт. И секако, 30 години од вашата независност, истакна Брнз. Амбасадорката порача дека демократијата претставува качување во угорнина. – Нашите татковци – основачи го знаеле тоа пред 246 години, исто како што вие го знаете по 30 години. Мора да продолжиме да се стремиме кон подобрување на животите на нашите граѓани и иднината на нашите млади, да се справуваме со нееднаквостите во системот и да се залагаме за вредностите кои одамна ги браниме. Навистина може да претставува товар да се опстои на вистискиот пат со поглед вперен нагоре, наместо да се бара излез. И понекогаш тоа значи носење тешки одлуки во тешки моменти, порача Брнз во својот говор пред присутните на свеченоста во Американската амбасада. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-sad-se-so-severna-makedonija-vo-iskachuvanjeto-po-ridot-kon-posigurna-evrointegrirana-idnina/feed/ 0
Средба Грковска – Брнз: САД дава целосна поддршка во процесот на дигитална трансформација на општеството, тоа е предуслов за отчетни и ефикасни институции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-grkovska-brnz-sad-dava-celosna-poddrshka-vo-procesot-na-digitalna-transformacija-na-opshtestvoto-toa-e-preduslov-za-otchetni-i-efikasni-institucii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-grkovska-brnz-sad-dava-celosna-poddrshka-vo-procesot-na-digitalna-transformacija-na-opshtestvoto-toa-e-preduslov-za-otchetni-i-efikasni-institucii/#respond Mon, 16 May 2022 15:02:02 +0000 https://kurir.mk/?p=677455

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска оствари средба со амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Мари Брнз. На средбата се разговараше за дигиталната трансформација на општеството, креирањето на ефикасни антикорупциски политики, како и за потребата од стандардизација и оптимизација на процесите, реформи на кои интензивно работи Кабинетот задолжен за креирање на добри политики, предводен од вицепремиерката Грковска. Упатувајќи искрена благодарност за континуираната и цврста поддршка од страна на САД за остварување на евроатланските цели на нашата држава, вицепремиерката Грковска ја информираше амбасадорката Брнз за процесот на подготовка на повеќе антикорупциски политики кои се координираат со повеќе институции. Истовремено на состанокот вицепремиерката нагласи дека е многу важно да се изготват решенија кои ќе бидат долгорочни и одржливи и ќе обезбедат стандардизирани процеси во иднина. Амбасадорката Брнз нагласи дека дигитализацијата е неизбежна за секое општество и токму затоа колку побрзо ја реализираме таа трансформација на општеството, паралелно со градење на вештини кај граѓаните, толку побрзо ќе изградиме ефикасни, отчетни и одговорни институции. Таа додаде дека е многу важно, при процесот на дигитализација на институциите и јавните услуги, да се има координиран пристап. „Да се има план за процесот на дигитализација кој ќе биде координиран и ќе ги обедини процесите во сите министерства, зошто поединечниот пристап не носи резултати“, рече амбасадорката Брнз. Двете соговорнички се согласија дека дигиталната трансформација на општеството е клучен елемент во процесот на креирање ефикасни политики против корупцијата, информираат од Влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-grkovska-brnz-sad-dava-celosna-poddrshka-vo-procesot-na-digitalna-transformacija-na-opshtestvoto-toa-e-preduslov-za-otchetni-i-efikasni-institucii/feed/ 0
Брнз: Македонија ја одработи својата задача во однос на членството во ЕУ, се надевам на одлука во јуни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-makedonija-ja-odraboti-svojata-zadacha-vo-odnos-na-chlenstvoto-vo-eu-se-nadevam-na-odluka-vo-juni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-makedonija-ja-odraboti-svojata-zadacha-vo-odnos-na-chlenstvoto-vo-eu-se-nadevam-na-odluka-vo-juni/#respond Sun, 08 May 2022 13:17:53 +0000 https://kurir.mk/?p=673615

Северна Македонија ја одработи својата задача во однос на зачленувањето во Европската Унија и сметам дека процесот треба да продолжи што е можно поскоро, а најавениот стратешки дијалог со САД е процес, кој е почнат уште поодамна и не претставува никаква замена за членството во Унијата, изјави денеска американската амбасадорка Кејт Мари Брнз. Таа одговарајќи на новинарски прашање на отворениот ден за приказ на воздухоплови кој е дел од вежбата „Swift Response 22“ на спортскиот аеродром „Стенковец“, изрази надеж дека Северна Македонија во јуни ќе добие датум за почеток на преговори. -Сметам дека Северна Македонија ја одработи својата задача во однос на членството во ЕУ и сметам дека процесот треба да продолжи што е можно побрзо. Сакам да истакнам дека стратешкиот дијалог, кој го воспоставивме не претставува замена за членството во ЕУ, туку станува збор за унапредување на односите, кои досега сме ги имале, истакна Брнз. Таа појасни дека зајакнувањето на соработката меѓу двете земји сега се одвива и во насока на тоа што Северна Македонија е полноправна членка на НАТО. -Кажавме дека по зачленувањето на Северна Македонија во НАТО, нашиот однос ќе се промени, затоа што станавме сојузници, седиме на иста маса, имам еден заеднички глас и се разбира нашата соработка еволуираше во таа насока, рече Брнз. Стратешкиот дијалог почнува јуни во повеќе сфери – надворешната политика, економија, инвестиции, одбрана, а следната недела ќе биде дефиниран тимот на министри и експерти од земјава, кои ќе престојуваат во Вашингтон и ќе имаат таму состаноци на соодветното ниво. Брнз нагласи дека идејата е на иста маса да седнат претставници од различни институции на Северна Македонија и САД и сето ова ќе преставува еден вид на билатерална соработка во конректни области, како енергетика, економија, екологија, техника, технологија, култура. Премиерот Димитар Ковачевски претходно истакна дека стратешкиот дијалог се подготвува повеќе месеци наназад, практично со доаѓањето на новата Влада, МНР работело заедно со колегите од САД на конципирањето на формата на одвивањето на тој стратешки дијалог. Ги наброја сферите на соработка, меѓу кои и енергетиката, а ја спомена и минатонеделната средба во Александрополи, напоменувајќи дека првпат ќе имаме тек на гас, којшто не е од исток кон запад, туку ќе биде од југ кон север. -Таму практично својата стратешка поддршка ја дадоа и САД со присуство на сите амбасадори од регионот. Северна Македонија веќе направи закуп на количини во терминалот, нормално преку ЕСМ, а исто така ги имаме донесно потребните одлуки и обезбедено финансиските средства за учество во сопствеништво во самиот терминал Александрополи, кое што нормално ќе зависи од акционерите коишто се веќе таму и нивната одлука да продадат дел од тие акции на Северна Македонија, истакна тој. Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, потврди дека таа и министерот за надворешни работи Бујар Османи на 2 јуни заминуваат за Вашингтон, во делегацијата ќе бидат вклучени и членови на Владата од другите сегменти. -Станува збор за континуитет на соработката помеѓу САД и Северна Македонија, во делот на одбраната. Тоа не е новина, напротив претставува континуитет на она што досега го работиме и соработуваме со нив. Се уште сме во очекување на деталите за темите за кои ќе се разговараат. Се подразбира таа моја посета на Вашингтон ќе биде искористена и за средби со дел од претставниците на Стејт департментот и Пентагон се разбира, додаде Петровска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-makedonija-ja-odraboti-svojata-zadacha-vo-odnos-na-chlenstvoto-vo-eu-se-nadevam-na-odluka-vo-juni/feed/ 0
Пецаков се сретна со американската амбасадорка Кејт Мари Брнз https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pecakov-se-sretna-so-amerikanskata-ambasadorka-kejt-mari-brnz/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pecakov-se-sretna-so-amerikanskata-ambasadorka-kejt-mari-brnz/#respond Thu, 11 Nov 2021 13:46:57 +0000 https://kurir.mk/?p=594164

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков денеска имаше протоколарна средба со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз. На средбата било разговарано за можностите за продлабочување на меѓусебна соработка. Од Општина Охрид информираа дека амбасадорката Брнз ги пренела искуствата од државата Вермонт во развојот на еко-туризмот како практики применливи и во Охрид. Истовремено биле посочувани и можностите за соработка во областа на образованието со Вермонт. Градоначалникот Пецаков ја информирал гостинката за планот и динамиката во реализирањето на предвидените инфраструктурни и капитални проекти, како и за ставот за продолжување со работа во насока на зачувување на статусот во УНЕСКО. Притоа амбасадорката Брнз ја истакнала својата поддршка за заложбите за зачувување на универзалните вредности и јавното добро. Градоначалникот и амбасадорката разговарале и за актуелни локални теми, како и за предизвиците во развојот на туризмот во пандемискиот период.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pecakov-se-sretna-so-amerikanskata-ambasadorka-kejt-mari-brnz/feed/ 0
Брнз: Наша основна цел е да ја видиме Северна Македонија целосно интегрирана во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-nasha-osnovna-cel-e-da-ja-vidime-severna-makedonija-celosno-integrirana-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-nasha-osnovna-cel-e-da-ja-vidime-severna-makedonija-celosno-integrirana-vo-eu/#respond Thu, 14 Oct 2021 12:14:42 +0000 https://kurir.mk/?p=578940

Наша основна цел е да ја видиме Северна Македонија целосно интегрирана во Европската унија и сета наша работа е во насока на поддршка на тој процес, изјави амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз, зборувајќи на панелот „Југоисточна Европа: Зајакнување на мирот и соработката во кревка глобална средина“, на Самитот за Западен Балкан на „Економист“, што се одржува во хибриден формат денеска во Скопје. Кога зборуваме за нашата врска со Северна Македонија и останатите земји од Западен Балкан, нагласи Брнз, важно е да се истакне дека таа мора да биде базирана на солидарност и заедничка работа за предизвиците со кои се соочуваме сега, да ги направиме можностите за Западен Балкан, и партнерствата со ЕУ и САД. Зборувајќи за партнерството во одбраната и како тоа може да се продолжи и во други делови од меѓусебната соработка, Брнз рече дека постојат многу важни работи кои може да се направат. – Неодамна, со помош на САД бевме сведоци на договорот меѓу Естонија и Северна Македонија за помош во развојот на правна рамка и патоказ за дигитализација. Естонија има големо искуство во е-влада и дигитализација на услугите, изјави Брнз. Овие партнерства, посочи американската амбасадорка, ќе и помогнат на Северна Македонија, не само во исполнување на нејзините цели за членство во ЕУ, туку и за подобри услуги за самите граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-nasha-osnovna-cel-e-da-ja-vidime-severna-makedonija-celosno-integrirana-vo-eu/feed/ 0
Брнз: Тажни сме поради трагедијата во Тетово, сочувство за настраданите и повредените https://arhiva.kurir.mk/makedonija/brnz-tazni-sme-poradi-tragedijata-vo-tetovo-sochuvstvo-za-nastradanite-i-povredenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/brnz-tazni-sme-poradi-tragedijata-vo-tetovo-sochuvstvo-za-nastradanite-i-povredenite/#respond Thu, 09 Sep 2021 11:40:45 +0000 https://kurir.mk/?p=561485

Амбасадорката на САД во Скопје Кејт Мари Брнз изрази сочувство за настраданите во синоќешниот пожар во модуларната Ковид болница во Тетово. – Тажни сме поради ужасните настани синоќа во Ковид болницата во Тетово. Мое сочувство до семејствата на оние што го загубија животот, како и до повредените. Моите мисли се со вас и со сите во Тетово погодени од оваа трагедија, напиша амбасадорката Брнз на Твитер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/brnz-tazni-sme-poradi-tragedijata-vo-tetovo-sochuvstvo-za-nastradanite-i-povredenite/feed/ 0
Брнз: Благодарност до пожарникарите, војниците, волонтерите и локалните заедници, тие се вистински херои https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brnz-blagodarnost-do-pozarnikarite-vojnicite-volonterite-i-lokalnite-zaednici-tie-se-vistinski-heroi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brnz-blagodarnost-do-pozarnikarite-vojnicite-volonterite-i-lokalnite-zaednici-tie-se-vistinski-heroi/#respond Fri, 06 Aug 2021 18:20:15 +0000 https://kurir.mk/?p=547413

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз на нејзиниот официјален фејсбук профил изрази благодарност до пожарникарите, војниците, волонтерите и локалното население вклучени во гасењето на пожарите кои зафатија делови од земјава со порака за будно следење на состојбата и почитување на упатствата од власта. -Тажни од ужасните слики од пожарите низ целата земја. Наша благодарност до пожарникарите, војниците, волонтерите и локалните заедници за нивните храбри напори. Тие се вистински херои. Ве молиме, бидете будни и следете ги упатствата од властите, пишува на фејсбук амбасадорката Брнз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brnz-blagodarnost-do-pozarnikarite-vojnicite-volonterite-i-lokalnite-zaednici-tie-se-vistinski-heroi/feed/ 0
Мицкоски оствари средба со амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-sredba-so-ambasadorkata-na-sad-kejt-mari-brnz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-sredba-so-ambasadorkata-na-sad-kejt-mari-brnz/#respond Thu, 22 Jul 2021 16:39:17 +0000 https://kurir.mk/?p=540532

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски, денес со секретарот за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Тимчо Муцунски остварија средба со амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз. На средбата се разговараше за актуелните случувања и предизвици важни за државата. Како акутен проблем од страна на Мицкоски беше посочен високиот степен на корупција и криминал присутна во највисоките структури на власта. Мицкоски ја посочи и злоупотребата на европското знаменце како што е законот со кој се дозволува извоз на цвет од марихуана каде се штити директно бизнис интереси на врвот на власта. Тој за спорот со источниот сосед ја истакна потребата за прифаќање на резолуцијата која е во собраниска процедура и која ги содржи црвените линии во насока на заштита на идентитетот, јазикот и историјата. Мицкоски ја истакна потребата за реформи во повеќе области, како и проблемите поврзани со економијата, како што е невработеноста, растечката сиромаштија и рушење на стандардот. Соговорниците ја потврдија заложбата за развивање на соработката и посветеноста кон реализација на стратешките интереси. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-sredba-so-ambasadorkata-na-sad-kejt-mari-brnz/feed/ 0