Кејт Мери Брнз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 12 Sep 2022 18:50:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кејт Мери Брнз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ковачевски ја испрати амбасадорката на САД: Бевте присутна во клучен период за земјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ja-isprati-ambasadorkata-na-sad-bevte-prisutna-vo-kluchen-period-za-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ja-isprati-ambasadorkata-na-sad-bevte-prisutna-vo-kluchen-period-za-zemjata/#respond Mon, 12 Sep 2022 18:50:23 +0000 https://kurir.mk/?p=731873

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски вечерва приреди прием по повод завршувањето на мандатот на американската амбасадорка Кејт Мери Брнз. Премиерот истакна дека амбасадорката Брнз беше присутна во клучен период за земјата и дека секогаш ќе остане пријателка на Република Македонија. „Нашата соработка изминативе години беше партнерска и блиска, како што доликува на соработката на две земји чија врска е силна од денот на воспоставување на дипломатски односи, но и претходно“, рече премиерот Ковачевски. На приемот присуствуваа министри, експерти и други претставници од политиката и бизнис заедницата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-ja-isprati-ambasadorkata-na-sad-bevte-prisutna-vo-kluchen-period-za-zemjata/feed/ 0
Брнз : САД силно стојат зад евроинтеграциите на Македонија и патот кон ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/brnz-sad-silno-stojat-zad-evrointegraciite-na-makedonija-i-patot-kon-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/brnz-sad-silno-stojat-zad-evrointegraciite-na-makedonija-i-patot-kon-eu/#respond Thu, 07 Jul 2022 07:28:30 +0000 https://kurir.mk/?p=701433

Американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз вчера на свеченоста во Американската амбасада по повод 246-годишнината од независноста на САД порача дека патот на С. Македонија е кон европската иднина и спроед неа земјава и граѓаните ќе мораат да се соочат со сите тешки предизвици кон целата. „Како што Северна Македонија, како што вие, ќе продолжите да се искачувате по ридот кон посигурна евроинтегрирана иднина, ќе мора да се соочите и со тешки предизвици. Дилемите што тие ги создаваат се единствени за вашата држава и вашето патување, но во соочувањето со нив не сте сами. САД се со вас на тоа искачувње“, порача синоќа Брнз. Во присуство на претставници на државниот врв, политичките партии, граѓанскиот сектор и медиумите Брнз порача дека како што двете држави ќе се соочуваат со нови предизвици, така ќе се справуваат со нив заедно, како сојузници, партнери и пријатели. Таа потенцира дека изминатите три години Северна Македонија напредувала од земја која тежнеела да стане членка на НАТО, до сигурен, еднаков и способен сојузник. Потсети дека во мај земјава беше домаќин на вежбата „Брз одговор“, која беше најголемата воена вежба досега одржана на полигонот „Криволак“. Таа напомена дека Северна Македонија постојано ја покажува својата посветеност на стратешкото партнерство и поддржувањето на демократските принципи – истите идеали, што, како што рече амбасадорката, Русија се обидува да им ги негира на граѓаните на Украина. „Северна Македонија е сигурен пријател на кој му веруваме. Заедно соработуваме за да ја заштитиме животната средина, културата и економските можности коишто ја прават Северна Македонија витален дел од регионот, истакна Брнз. Таа додаде дека од 2019 година САД има инвестирано речиси 60 милиони долари во индустријата, инфраструктурата и иновациите, создавајќи илјадници работни места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/brnz-sad-silno-stojat-zad-evrointegraciite-na-makedonija-i-patot-kon-eu/feed/ 0
Американската амбасадорка Брнз во посета на Бигорски манастир https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanskata-ambasadorka-brnz-vo-poseta-na-bigorski-manastir/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanskata-ambasadorka-brnz-vo-poseta-na-bigorski-manastir/#respond Sun, 22 May 2022 11:38:29 +0000 https://kurir.mk/?p=680123

Во посета на македонското древно светилиште „Свети Јован Крстител”, попознато како Бигорски манастир денеска беше американската амбасадорка Кејт Мери Брнз. На средбата со Игуменот, Епископот Партениј, таа ја поздравила одлуката на Вселенската патријаршија да го признае канонскиот статус на МПЦ-ОА. Амбасадорката на САД се запознала со манастирскиот живот во Бигорски, посетувајќи ја и библиотеката. -На срдечната средба во работната одаја на Старецот, тој и Амбасадорката разговараа за манастирскиот живот и за севкупната евангелска и социјална мисија на Братството. Притоа, високата претставничка на САД искрено честиташе и го поздрави актот од 9 мај на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, предводен од Неговата Сесветост, Патријархот г. г. Вартоломеј, според кој нашата Црква е примена во евхаристиско и канонско единство со сиот православен свет. По разговорот со Старецот, г-ѓа Кејт Мери Брнз и нејзината придружба имаа можност да ги разгледаат содржините на манастирот, имајќи го за свој водич нашиот собрат, Архимандритот Доситеј, стои во објавата на Бигорски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanskata-ambasadorka-brnz-vo-poseta-na-bigorski-manastir/feed/ 0
Брнз: Намалувањето на корупцијата ја зајакнува националната безбедност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-namaluvanjeto-na-korupcijata-ja-zajaknuva-nacionalnata-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-namaluvanjeto-na-korupcijata-ja-zajaknuva-nacionalnata-bezbednost/#respond Fri, 08 Apr 2022 05:52:32 +0000 https://kurir.mk/?p=660003

Вашингтон гледа напредок во борбата против корупцијата во Северна Македонија, особено во делот на транспарентноста и отчетноста. Сепак, како што изјави американската амбасадорка во земјава, останува уште многу работа која треба да се заврши. Корупцијата, според Кејт Брнз која настапи на регионален форум што се одржа во Скопје, има разни форми и може да се манифестира на сите нивоа - од најниско, до највисоко. Предупреди дека оваа појава има огромни последици врз стабилноста на секоја држава. „Намалувањето на корупцијата ја зајакнува националната безбедност. Кога граѓаните чувствуваат дека не можат да успеат во нивниот систем поради корумпирани административци или коруптивни практики, тоа има негативен ефект врз општеството. Корупцијата води кон лажни, па дури и кон насилни наративи. Корупцијата ја еродира довербата на граѓаните во институциите. Белата куќа кажа дека антидемократските сили ја користат корупцијата како оружје за да ги искористат слабостите и поделбите меѓу слободните држави“, изјави амбасадорката на САД, Кејт Брнз. Слична е позицијата и на Брисел – дека подложноста на корупцијата во една земја ја отвора можноста за негативни надворешни влијанија. „Руската војна во Украина повеќе од кога било го потенцира значењето на отпорноста и на стабилните општества. Убедени сме дека доброто владеење и владеењето на правото, како и солидните демократски институции се клучни за општеството. Во ЕУ борбата против корупцијата е синоним за модел на општество кое ние го претставуваме и кон кое се стремиме. Централно е владеењето на правото врз кое нашата заедница се темели“, рече Алан Џонс од Европската комисија. Но, се слушнаа критики и на адреса на Унијата – дека недоволно ги поддржува антикорупциските политики, не само во регионот, туку и во одредени земји членки. „Треба да се зацврсти гласот против корупцијата. Но, ние такви гласови во регионот не гледаме. Такви лидери не само што не гледаме на Западен Балкан, туку не гледаме ниту во новите земји-членки на ЕУ. Би рекол дека не ги гледаме ниту во антикорупциската политика на Унијата што ја имавме во изминатите 10 години“, вели Руслан Стефанов од Центарот за истражување на демократијата во Софија. Во ланскиот извештај за земјава Европската комисија јасно побара зајакнување на борбата против корупцијата преку зголемена поддршка за надлежните тела и на обвинителството за гонење организиран криминал, како и носење повеќе пресуди во предмети за корупција на високо ниво.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-namaluvanjeto-na-korupcijata-ja-zajaknuva-nacionalnata-bezbednost/feed/ 0
Брнз: Македонија напредна во борбата против корупцијата, но претстои уште многу работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-makedonija-napredna-vo-borbata-protiv-korupcijata-no-pretstoi-ushte-mnogu-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-makedonija-napredna-vo-borbata-protiv-korupcijata-no-pretstoi-ushte-mnogu-rabota/#respond Thu, 07 Apr 2022 10:01:22 +0000 https://kurir.mk/?p=659613

Корупција, толку често го слушаме зборот што веќе стравувам дека ќе го загуби и значењето. Има долгорочни последици што ги ограничуваат шансите за успех на една земја, нагласи Кејт Мери Брнз, амбасадор на САД во РС Македонија на денешниот регионален форум „Борбата против корупција: Западен Балкан во фокусот“. За амбасадорката Брнз важно е да се знае дека мора да се бориме против корупцијата. Кога граѓаните чувствуваат дека не можат да успеат во нивниот систем заради корумпирани административци или коруптивни пркатики, истакна таа, тоа ја нагризува суштината на општеството. Наведе дека корупцијата ја нагризува вербата во институциите, сите основи на демократијата, а антидемократските сили ја користат корупцијата за да ја поткопаат деморкатијата во слободните нации. Амбасадорката Брнз го истакна напредокот во С Македонија и во другите земји во регионот, посочувајќи дека нашата земја имаше напредок од 24 места на листата за перцепција за корупцијата. – Би сакале да го задржиме овој момент на движење, но сепак ни претстои уште многу работа, рече Брнз. Додаде дека корупцијата има различни форми не се само парите во плико и не се случува само на највисоко нивоа на Владата. – Научивме дека граѓаните некогаш не можат да добијат на пример извод од матична книга на родени без да потплатат. И ова е корупција, и тоа е погрешно и штетно. Тоа е корупција што го забавува напредокот. Борбата против корупцијата е едно од основните човекови права, а од оваа година и судството ќе биде вклучено. Во С Македонија на пример има голем притисок врз судиите, и сето ова може да биде индикатор за корупција и во најдобар случај може да го направи судскиот систем подложен на корупција. САД инвестирале многу во судскиот систем во С Македонија за да ги затвори овие ранливи точки и сакаме да видиме дека нашите инвестиции се исплатливи со судски систем што е правичен за сите, порача Брнз. Според неа, Владите можат да придонесат во борбата против корупцијата и наведе дека вицепремиерката Славица Грковска работи активно на промовирање на добрите практики, но, потенцира, овие практики бараат политичка волја. Таа изрази надеж дека оние што се посветени на промената нема да се воздржат да застанат во одбрана на тоа што е правилно. Уште еднаш нагласи дека борбата против корупцијата мора да се спроведува секој ден, во секоја институција и за доброто на секој граѓанин. На конференцијата во организација на Институт за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Лидерството за развој и интегритет во Југоисточна Европа (SELDI), Алан Џонс од ЕУ – Брисел информира дека на глобално ниво ЕУ има многу добри алати на располагање, а и уште се зајакнуваат во борбата против корупцијата, доброто владеење и човековите права. – Ние се повеќе се фокусираме на подигнување на свеста за корупцијата и во царината, образование, транспортот, енергетиката, во сите тие области, а за сето тоа е потребна политичка волја и е од суштинска важност за секоја држава. Да се одржува владеењето на правото. За да се постигне ЕУ членство мора да се бориме со корупцијата, тука не смее да има компромис, порача Џонс, додавајќи дека многу повнимателно се гледа како се спроведуваат новите закони и дали има добри резултати. ЕУ и понатаму е посветена на поддршка на напорите во ова поле, истакна тој, посочувајќи дека се даваат големи средства под ИПА 2 за борба против оргнизираниот криминал и корупција и тоа 140 милиони евра за 12 земји, а со ИПА 3 ќе има специјален сектор за владеење на правото. Џонс информира дека заедно со ОБСЕ ја следат корупцијата и организираниот криминал со цел да се идентификуваат системските проблеми кои и пречат на правдата и на ефективноста, а со цел да има силни институции кои ќе имаат отпор на корупцијата. Снежана Петијевиќ проект менаџер (КРИК), осврнувајќи се на состојбите во Србија, оцени дека српските институции не се слободни и не си ја вршат работата. Според неа, во Србија нема ниту еден случај во последните 10 години што се решил во однос на висока корупција и ниту еден случај не е истражен. Петијевиќ информира дека медиумите откриле и докажале корупција за политичари на високи позиции, но ниту еден од нив не бил санкционира, напротив, рече, дел од нив биле наградени. На форумот, како што е најавено, ќе се обратат министри за правда од Западен Балкан, лидери од граѓанското општество, уредници на истражувачки редакции и меѓународни претставници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-makedonija-napredna-vo-borbata-protiv-korupcijata-no-pretstoi-ushte-mnogu-rabota/feed/ 0
Брнз: Со членството на Македонија, НАТО дополнително се засили https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-so-chlenstvoto-na-makedonija-nato-dopolnitelno-se-zasili/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-so-chlenstvoto-na-makedonija-nato-dopolnitelno-se-zasili/#respond Mon, 04 Apr 2022 10:21:10 +0000 https://kurir.mk/?p=658135

НАТО е група од 30 суверени, независни земји кои споделуваат заеднички идеали за заштита на своите граѓани, почитување на нивните соседи и обезбедување посигурна, стабилна иднина за цела Европа. Посветеноста на Северна Македонија на овие принципи е несомнено силна. А со Македонија, сојузот само се засили, изјави американската амбасадорка Кејт Мери Брнз, на одбележувањето на Денот на НАТО – 4 Април, настан во организација на Евроатлантскиот Совет на Македонија, а во соработка со Министерството за одбрана, Едукативниот Центар М6 и НАТО Секторот за јавна дипломатија од Брисел. Како депозитар на НАТО, САД беа првите што и посакаа добредојде на Македонија во Алијансата пред две години. – Како рамноправен партнер, горди сме што стоиме обединети со Македонија и секој НАТО сојузник во нашата желба „да живееме во мир со сите народи и сите влади“, порача Брнз, во своето видео обраќање. Сега, кога неоправданата агресија на Русија во Украина ја загрозува регионалната безбедност, Брнз вели дека, гледаме колку е важно тоа партнерство и за Македонија и за Европа. – Како вреден и рамноправен партнер, Северна Македонија доброволно го сподели товарот за одговор на оваа актуелна закана. Стоејќи рамо до рамо во солидарност со своите соседи и сојузници цврста во својата посветеност на мирот и безбедноста за цела Европа преку дипломатски и воени средства – Македонија е пример на духот на овој одбранбен сојуз кој беше создаден пред 73 години, изјави Брнз, во видео обраќање. НАТО е сојуз на дела и зборови, рече Брнз и додаде дека Македонија продолжува да го почитува своето ветување дека ќе ја исполни обврската за инвестирање во одбраната до 2024 година. – Министерството за одбрана и Владата на Македонија продолжуваат да прават чекори во надградба и модернизирање на војската на земјата преку нова опрема, обука на специјалните сили и зголемена подготвеност меѓу нејзините агенции за одговор на вонредни состојби од невоен карактер, изјави Брнз. Заменик помошничката на генералната секретарка за јавна дипломатија во НАТО, Кармен Ромеро, порача дека руската агресија врз Украина, ја донесе повторно клучната задача на НАТО, а тоа е заштитата на земјите кои се членки на Алијансата и нивните граѓани. – Во контекстот на оваа нова и неочекувана реалност, би сакала да ја пофалам нашата најнова членка – Македонија, за вашата посветеност на НАТО, затоа што бевте навистина извонреден сојузник и клучен елемент за стабилноста на Западен Балкан. Напорот на Македонија за унапредување и промовирање на безбедноста, мирот и стабилноста во регионот е навистина одлучен за сојузот, изјави Ромеро во своето видео обраќање. Одбележувањето на Денот на НАТО, нагласи Ромеро е важно, особено кога се наоѓаме во историска пресвртница, каде имаме сложена борба за нашите вредности и задржување на слободата и демократијата – наспроти автократија, владеење на правото, наспроти користењето на брутална сила. Претходно на настанот се обратија и премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска. Настан „Денот на НАТО – 4 Април“, е активност на Евроатлантскиот Совет на Македонија која покрај одбележувањето на годишнината од потпишувањето на Вашингтонскиот договор и формирањето на НАТО, служи како настан чија цел е да ја информира пошироката јавност за развојот на настаните на глобално ниво, придонесот на државава и бенефитите од членството во Алијансата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-so-chlenstvoto-na-makedonija-nato-dopolnitelno-se-zasili/feed/ 0
Брнз до судиите: Само 8 отсто од граѓаните имаат доверба во вас https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-do-sudiite-samo-8-otsto-od-gragjanite-imaat-doverba-vo-vas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-do-sudiite-samo-8-otsto-od-gragjanite-imaat-doverba-vo-vas/#respond Thu, 24 Mar 2022 11:36:00 +0000 https://kurir.mk/?p=652566

Американската амбасадорка во Скопје Кејт Брнз денеска на конференција пред судиите кажа македонските граѓани немаат доверба во судството. Таа се повика на неодамнешна анкета на „Еуротинк“ дека само 8 отсто од граѓаните имаат доверба во судството и за да се врати довербата потребно е граѓаните да видат дека системот функционира. „Не е тајна дека јавноста не верува во судството. Всушност, неодамнешна анкета на ‘Еуротинк’ покажа дека само 8 отсто од граѓаните на Северна Македонија имаат доверба во судството и обвинителството. Очигледно, има многу за работа, вклучувајќи судски реформи и зајакнување на институциите, но исто така треба да се адресираат и перцепциите – луѓето треба да видат и да почувствуваат дека системот функционира. Граѓаните мора да се бидат уверени дека нивните случи ќе бидат сослушани од неутрални и независни судови во разумен рок. Ова е основен принцип во секоја слободна и функционална демократија“, рече денеска Брнз, на меѓународната судска конференција „Судска независност низ реформскиот процес – очекувања и реалност“ во Скопје. Таа додаде дека за да ја заслужи почитта од своите граѓани, судството мора да биде ефикасно, независно и да го спроведува законот еднакво за сите. „Враќањето на довербата на јавноста може да се постигне само ако сите судии прават повеќе од она што се очекува од нив кога ја дале заклетвата’, вели Брнз. Амбасадорката се осврна и на руската инвазија на Украина. „Додека ние сме среќни да бидеме тука заедно, не можеме да игнорираме дека Украинците храбро ги бранат своите граѓани, сувереноста и демократијата против руската брутална агресија. Како што кажа претседателот Бајден, ‘демократиите реагираа добро, и светот јасно ја избра страната на мирот и безбедноста’. И затоа САД ве поддржува тука денеска – да промовираме мир, безбедност и стабилност“, кажа Брнз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/brnz-do-sudiite-samo-8-otsto-od-gragjanite-imaat-doverba-vo-vas/feed/ 0
САД е важен партнер во модернизација на образованието во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sad-e-vazen-partner-vo-modernizacija-na-obrazovanieto-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sad-e-vazen-partner-vo-modernizacija-na-obrazovanieto-vo-makedonija/#respond Thu, 03 Mar 2022 14:34:39 +0000 https://kurir.mk/?p=640284

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска оствари протоколарна средба со амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Мери Брнз, на која се разговараше за тековните активности и состојбата во образованието, продлабочување на соработката на сите полиња и идните планови за развој на националниот образовен систем. Министерот Шаќири ја запозна амбасадорката Брнз со состојбата поврзана со процесот на дигитализација на образованието, како и со реализацијата на реформите во основното образование, при што се заблагодари на Владата и граѓаните на САД, за досегашната помош и поддршка за имплементирање на светските трендови во училиштата во државата. Шаќири истакна дека САД е важен партнер во реализација на неколку важни проекти кои МОН ги реализира со агенции на Владата на САД, како и со Мировниот корпус кој повеќе од две децении, успешно работи на проекти кои помагаат во развој на заедниците во земјава. Амбасадорката на САД, Брнз истакна дека американскиот народ и Влада се подготвени за продлабочување на соработката во сите сегменти на развој на македонскиот образовен систем, при што истакна дека поддршката која и досега беше на високо ниво, ќе продолжи и во иднина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sad-e-vazen-partner-vo-modernizacija-na-obrazovanieto-vo-makedonija/feed/ 0
Ковачевски – Брнз: Економската соработка да се интензивира со акцент на енергетски проекти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-brnz-ekonomskata-sorabotka-da-se-intenzivira-so-akcent-na-energetski-proekti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-brnz-ekonomskata-sorabotka-da-se-intenzivira-so-akcent-na-energetski-proekti/#respond Mon, 17 Jan 2022 12:48:34 +0000 https://kurir.mk/?p=620323

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мери Брнз. Амбасадорката Брнз му го честиташе изборот за премиер на Димитар Ковачевски и му посака успех во спроведувањето на програмските цели на новиот владин кабинет меѓу кои соработката со САД, како стратешки партнер на Република Северна Македонија е во врвот на приоритетите на меѓународната политика на земјата. На средбата меѓу премиерот Ковачевски и амбасадорката Брнз стана збор и за определбата да продолжи економската соработка меѓу двете земји со посебен акцент на поттикнување на проекти и инвестиции кои ќе овозможат трајна и одржлива енергетска независност на Северна Македонија. На средбата беше истакнато дека за Вашингтон Северна Македонија и регионот остануваат важен геостратешки интерес и во таа насока од клучна важност за САД е деблокирање на евроинтеграцискиот процес за земјата и одржување на првата меѓувладина конференција со Брисел и отворањето на првите поглавја во процесот за членство во ЕУ. Премиерот Ковачевски на работната средба со амбасадорката Брнз нагласи дека најавената официјална посета на премиерот на Република Бугарија Кирил Петков и на членовите на неговата Влада за 18 јануари, е добра порака која најавува сериозен исчекор за отворените прашања меѓу двете земји и за изнаоѓање решенија прифатливи за двете страни. Амбасадорката Кејт Мери Брнз потенцираше дека за САД односите меѓу двете земји како најблиски соседи и сојузници во НАТО е од исклучителна важност и дека од посебно значење е брзото решавање на клучните прашања кои ќе го овозможат континуитетот на процесот за членство на Северна Македонија во ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-brnz-ekonomskata-sorabotka-da-se-intenzivira-so-akcent-na-energetski-proekti/feed/ 0
Амбасадорката Брнз ќе и го предаде американското знаме на Шекеринска за соработката во одбраната https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorkata-brnz-kje-i-go-predade-amerikanskoto-zname-na-shekerinska-za-sorabotkata-vo-odbranata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorkata-brnz-kje-i-go-predade-amerikanskoto-zname-na-shekerinska-za-sorabotkata-vo-odbranata/#respond Wed, 12 Jan 2022 07:15:26 +0000 https://kurir.mk/?p=618247

Амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз денеска на министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе и го предаде американското знаме како знак на заслуги за одбранбената соработка меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави. – Доделувањето на американското знаме кое се вееше на зградата на амбасадата на САД во Скопје претставува симбол на исклучителните достигнувања во одбранбената соработка и односите меѓу двете земји во изминатите четири и пол години, велат од Министерството за одбрана. Најавени се обраќања на министерката Шекеринска и амбасадорката Брнз, а настанот ќе се одржи согласно протоколите од Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorkata-brnz-kje-i-go-predade-amerikanskoto-zname-na-shekerinska-za-sorabotkata-vo-odbranata/feed/ 0