Келермајр – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 03 Aug 2022 14:07:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Келермајр – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 По самоубиството на лекарката Келермајр, Германија најави борба против дигиталното насилство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-samoubistvoto-na-lekarkata-kelermajr-germanija-najavi-borba-protiv-digitalnoto-nasilstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-samoubistvoto-na-lekarkata-kelermajr-germanija-najavi-borba-protiv-digitalnoto-nasilstvo/#respond Wed, 03 Aug 2022 14:07:31 +0000 https://kurir.mk/?p=713536

Портпаролот на германската Влада денеска изјави дека посебно важно е да се осудат заканите и насилството, посебно против медицинскиот персонал. Неговата изјава уследи откако 36-годишната лекарка Лиза-Марија Келермајр во петокот беше пронајдена мртва во нејзината амбуланта во Горна Австрија. Келермајр јавно се залагаше за вакцинирање против Ковид-19 и често се појавуваше во медиумите. Таа пред смртта потврдила дека добивала смртни закани и дека била подложена на малтретирање. Портпаролот на германската Влада посочи дека германските власти соработуваат со нивните австриски колеги во истрагата. Тој, исто така, посочи дека Берлин е решен да се бори против „дигиталното насилство со сите уставни средства и моќта на законот“. Германските обвинители во Баварија потврдија дека испрашуваат лице, за кое се сомневаат дека им се заканувало на лекари. Станува збор за маж од Баварија кој, според медиумите, и се заканувал на Келермајр преку електронска пошта со тортура и убиство. Семејството на Келермајр, која изврши самоубиство откако беше цел на теоретичарите на заговор Ковид-19 и активисти за антивакцинација, побара да се изврши обдукција. Портпаролот на јавното обвинителство во градот Велс во Горна Австрија денеска изјави дека властите немаат нови информации, но ќе ги исполнат барањата на нејзините роднини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-samoubistvoto-na-lekarkata-kelermajr-germanija-najavi-borba-protiv-digitalnoto-nasilstvo/feed/ 0