кељ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 14 Mar 2023 13:53:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кељ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зеленчук кој е крал на детоксот – го чисти црниот дроб, го намалува нивото на шеќер во крвта и е одличен за целокупното здравје, го користи и Кејт Мидлтон https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/zelenchuk-koj-e-kral-na-detoksot-go-chisti-tsrniot-drob-go-namaluva-nivoto-na-sheker-vo-krvta-i-e-odlichen-za-tselokupnoto-zdravje-go-koristi-i-kejt-midlton/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/zelenchuk-koj-e-kral-na-detoksot-go-chisti-tsrniot-drob-go-namaluva-nivoto-na-sheker-vo-krvta-i-e-odlichen-za-tselokupnoto-zdravje-go-koristi-i-kejt-midlton/#respond Tue, 14 Mar 2023 13:53:03 +0000 https://kurir.mk/?p=811815

Чистењето на организмот е препорачливо и пожелно во било кое годишно доба, а сега искористете го шаренилото и разновидноста на пазарите. Доколку внесете само една намирница во организмот ќе имате максимален ефект и вашиот црн дроб ќе ви биде многу благодарен. Станува збор за кељот којшто е најдобриот сојузник на детокс-програмата. Од сите шејкови и смути, како што пренесуваат британските медиуми, Кејт Мидлтон преферира напиток од кељ затоа што е одличен за зголемување на енергијата, прекрасен е во борбата против анемијата, му помага на телото да се бори против инфекции, го чисти црниот дроб и дигестивниот систем, ги уништува бактериите и делува антисептично. Кејт, одамна е голем фан на зелените сокови поради кои медиумите ѝ го дадоа прекарот „smoothie queen“. Зошто кељот толку е здрав? Кељот содржи фитонутриенти меѓу кои се сулфорофан којшто влегува во црниот дроб и ја подобрува природната детоксикација, но тука е и кампферолот којшто се бори против слободните радикали и има „антиејџ“ дејство. Калциумот во кељот доаѓа во комбинација со магнезиумот којшто е неопходен за калциумот да се искористи во организмот. Кељот е еден од најдобрите извори на витамин К, а токму витаминот К е каталитичка супстанција во метаболизмот која го регулира тоа дали тој ќе отиде во коските или ќе остане во крвотокот и ќе се наталожи во некое оштетено место во крвните садови. Притоа, во 100 грама кељ има речиси 20 отсто потребна дневна количина на растителни влакна поради што помага во варењето на храната, ја намалува опстипацијата и го намалува нивото на шеќер во крвта. Има само 36 калории и нема воопшто масти. Рецепт за смути Состојки: 5 големи лисја кељ, сок од еден лимон, 1 јаболко, парче свеж ѓумбир, неколку лисја нане. Подготовка: Во блендер ставете ги сите состојки и додадете 120 милилитри ладна вода. Овој напиток е идеален како ужина, но добар е и како замена за појадок, особено за оние кои не сакаат дајадат наутро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/zelenchuk-koj-e-kral-na-detoksot-go-chisti-tsrniot-drob-go-namaluva-nivoto-na-sheker-vo-krvta-i-e-odlichen-za-tselokupnoto-zdravje-go-koristi-i-kejt-midlton/feed/ 0
Кељот корисен за имунитетот https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/keljot-korisen-za-imunitetot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/keljot-korisen-za-imunitetot/#respond Tue, 18 Oct 2022 07:45:18 +0000 https://kurir.mk/?p=746868

Сезоната на грип е пред нас, па добрата вест е дека одредени видови зелјест зеленчук можат да помогнат во зајакнувањето на човековиот имунолошки систем. – Зелјестиот зеленчук е исклучително општокорисен за телото бидејќи содржи витамини, минерали и други клучни хранливи материи. Сепак, тука би го издвоила кељот како храна којашто треба почесто да ја внесувате, вели нутриционистката Лорен Манакер за списанието „Ит дис, нот дет“ (Eat This, Not That).
Таа тврди дека јадењето кељ е најкорисно бидејќи содржи две есенцијални состојки за зајакнување на имунолошкиот систем – витамините А и Ц. – Витаминот А е одличен и за одржување на здравјето на кожата. Како најголем орган на човечкото тело, а со помош на овој витамин, кожата ќе стане доволно силна за да ве заштити од влијанија што можат да доведат до болести, како бактерии и хемикалии. Тој е добар и за варењето… Кељот може да се подготви и на брз начин, така што се додава во смути, или пак, со динстање со маслиново масло и кромид, појасни Манакер. Според наводите, витаминот Ц го стимулира лачењето антитела што телото ги користи за одбрана од вируси и бактерии.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/keljot-korisen-za-imunitetot/feed/ 0
Ретко го јадеме, а многу е здрав: Еве какви лековити својства има кељот https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/retko-go-jademe-a-mnogu-e-zdrav-eve-kakvi-lekoviti-svojstva-ima-keljot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/retko-go-jademe-a-mnogu-e-zdrav-eve-kakvi-lekoviti-svojstva-ima-keljot/#respond Fri, 19 Nov 2021 14:16:05 +0000 https://kurir.mk/?p=597446

Овој зеленчук има многу лековити својства и може да направи чуда за вашата убавина. Кељот е богат со антиоксиданти и железо. Ги намалува воспаленијата, ги лечи изгорениците од сонце, но и ја зголемува еластичноста на косата. Токму поради тоа се почесто неговиот екстракт е дел од кремите, лаковите за нокти и шампоните бидејќи го поттикнува производството на колаген кој на кожата и дава еластичност, го потхранува скалпот и ги зајакнува ноктите. Кожа Кељот изобилува со витамините А, Ц и К кои ги намалуваат темните подочници и jа затегнуваат кожата околу очите со што се намалува ризикот од ситни брчки. Тој содржи лутеин, каротеноид кој го поттикнува производството на колаген и се препорачува при отоци и лузни. Освен тоа помага и во чистењето на порите и задржувањето на влажноста во телото, што кожата ја прави здрава. Коса Омега 3 и омега 6 масните киселини од кељот го навлажнуваат скалпот, го поттикнуваат растот на косата и го отстрануваат првутот. Неговиот екстракт се користи во шампоните, но делотворен е и во маските. За подготовка на маска потребно е во блендер да ставите четири листа од кељ, малку лимонов сок и лажица маслиново масли. Добиената паста треба да ја втриете во скалпот и да ја оставите 20 минути да отстои. Нокти Косата и ноктите се состојат од кератин, а кељот го потикнува неговото производство. Тоа ноктите ги прави поцврсти и добро хидрирани. Многу козметички компании во последно време лансираат и лакови за нокти со екстракт од кељ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/retko-go-jademe-a-mnogu-e-zdrav-eve-kakvi-lekoviti-svojstva-ima-keljot/feed/ 0
Го нарекуваат најздравото зеленило на светот: Помага при регулација на холестеролот и е преполно со витамини и минерали https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/go-narekuvaat-najzdravoto-zelenilo-na-svetot-pomaga-pri-regulacija-na-holesterolot-i-e-prepolno-so-vitamini-i-minerali/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/go-narekuvaat-najzdravoto-zelenilo-na-svetot-pomaga-pri-regulacija-na-holesterolot-i-e-prepolno-so-vitamini-i-minerali/#respond Fri, 12 Feb 2021 16:20:57 +0000 https://kurir.mk/?p=467986

Кељот се смета за еден од најздравите и најхранливите видови зелен лиснат зеленчук. Важи за супер храна полна со корисни соединенија кои имаат моќни лековити својства. Постојат многу начини како да се консумира оваа намирница во сиров или зготвен облик. Повеќето луѓе претпочитаат да готват кељ, повеќе отколку да го јадат сиров, со цел да се отстрани горчината на овој зеленчук. Во продолжение неколку здравствени предности и зошто е добро да го вклучите во вашата редовна исхрана во различни форми. Помага во регулирање на холестеролот Консумацијата на кељ ја забрзува синтезата на желудочна киселина во телото, а со тоа помага во регулирање на нивото на холестерол. Помага при превенција од разни кардиоваскуларни заболувања и е добар за здравјето на срцето. Помага во одржување на здравјето на коските Кељот е богат извор на калциум, фосфор и витамин К. Помага во подобрување на густината на коските и го намалува ризикот од остеопороза и фрактури. Ризница на минерали Кељот е богат со есенцијални минерали како калиум и магнезиум. Додека калиумот помага во намалување на ризикот од срцеви заболувања и управува со крвниот притисок, магнезиумот помага да се заштити телото од дијабетес тип 2. Помага во одржување на здравјето на очите Кељот помага во подобрување на здравјето на очите и ги штити од штетните УВ зраци. Богат е со каротеноиди, вклучувајќи зеаксантин и лутеин кои помагаат во подобрувањето на видот. Богат е со антиоксиданти Кељот е богат со антиоксиданти како витамин Ц и бета каротен. Тие помагаат во сузбивање на оксидативната штета кои ја нанесуваат слободните радикали во телото, што може да го зголеми ризикот од рак и да го забрза процесот на стареење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/go-narekuvaat-najzdravoto-zelenilo-na-svetot-pomaga-pri-regulacija-na-holesterolot-i-e-prepolno-so-vitamini-i-minerali/feed/ 0