келнери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 Nov 2021 08:18:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png келнери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Измама во Будимпешта: Му носеле пијалаци кои не ги нарачувал и сакале да му ги наплатат – келнерите фатени на дело https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/izmama-vo-budimpeshta-mu-nosele-pijalaci-koi-ne-gi-narachuval-i-sakale-da-mu-gi-naplatat-kelnerite-fateni-na-delo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/izmama-vo-budimpeshta-mu-nosele-pijalaci-koi-ne-gi-narachuval-i-sakale-da-mu-gi-naplatat-kelnerite-fateni-na-delo/#respond Tue, 02 Nov 2021 08:18:23 +0000 https://kurir.mk/?p=589552

Унгарската полиција спроведува решителна акција против алчните сопственици на угостителски објекти кои систематски ги ограбуваат туристите наплаќајќи им ги нарачките по вртоглави цени. Во кафуле во центарот на Будимпешта келнери биле фатени на дело кога германски турист одбил да плати 210.000 форинти (повеќе од 580 евра) и кому поради тоа му се заканувале. Полицијата ги уапсила и сопственичката на објектот и нејзиниот син, па тие ќе бидат изведени пред истражен судија. Туристот рекол дека сакал само да пие кафе, а келнерите постојано носеле пијалаци кои тој не ги нарачувал, а кога одбил да плати, му се заканувале дека ќе повикаат полиција и ќе му наплатат преведувач. Поплаките против угостителите кои не бираат средства да ги искористат туристите може редовно да се читаат на туристичките форуми. Впрочем, полицијата поради измамите, веќе извесно време го следи пабот, а сега доби и можност да го фати персоналот директно вмешан во организирано криминално дејствување. Истите сопственици водат уште два локала во Будимпешта, од кои едниот е на доста популарно шеталиште за туристи. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/izmama-vo-budimpeshta-mu-nosele-pijalaci-koi-ne-gi-narachuval-i-sakale-da-mu-gi-naplatat-kelnerite-fateni-na-delo/feed/ 0
Невакцинирани келнери и готвачи ќе смеат да служат вакцинирани гости https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nevakcinirani-kelneri-i-gotvachi-kje-smeat-da-sluzat-vakcinirani-gosti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nevakcinirani-kelneri-i-gotvachi-kje-smeat-da-sluzat-vakcinirani-gosti/#respond Thu, 12 Aug 2021 17:54:30 +0000 https://kurir.mk/?p=549849

Келнерите и готвачите во угостителските објекти не се обврзани да се вакцинираат. За разлика од гостите кои ако сакаат да влезат во кафеана или кафуле мора да приложат сертификат за вакцинација, персоналот нема потреба да има. -Вработените не се должни иако е препорачано да се вакцинираат. Тие секако може да одат на работа. Целта на оваа мерка е да се спречи поголема група на луѓе односно гости кои се без вакцина да бидат на едно место и со тоа да се намали ризикот и од ширење на вирусот во угостителски објекти, велат од МЗ за Алфа. Треба да се нагласи дека, ваквиот чин на селекција при рестрикциите е спротивен на членот 3 од Уставот на Република Македонија, според кој „се забранува секаков вид на дискриминација, па дури и по основ на здравствена состојба“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nevakcinirani-kelneri-i-gotvachi-kje-smeat-da-sluzat-vakcinirani-gosti/feed/ 0
Стопанска комора: Недостигаат келнери, рецепционери, готвачи и помошници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanska-komora-nedostigaat-kelneri-recepcioneri-gotvachi-i-pomoshnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanska-komora-nedostigaat-kelneri-recepcioneri-gotvachi-i-pomoshnici/#respond Mon, 31 May 2021 11:02:04 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517181

На компаниите од угостителството и туризмот им недостига 50 проценти од потребниот кадар, пред се келнери, рецепционери, готвачи и помошници готвачи, покажуваат резултатите од интерната анкета што ја спроведе Стопанската комора кај големите ресторански и хотелски капацитети кои се нејзини членки од кои голем број не беа и се уште не се во функција. Официјалната статистика покажува дека е минимално намален бројот на работници во угостителската дејност, односно околу 400 лица, но анкетата покажува дека падот на бројот на вработени е од 50 до 80 отсто во зависност од објект до објект. Во 2020 година, според Комората, овој сектор доживеа целосен крах и во првите месеци од годинава се уште има застој. Угостителството, како што велат, до 2019 година беше една од топ три најбрзорастечки индустрии во светот со годишен раст од над 10 отсто и во просек секој трет вработен работеше во овој сектор. Во 2020 година, пак, двете студии што ги направиле заедно со другите комори покажале дека имало пад на прометот во угостителството и туризмот и до 80 проценти и во него се загубени речиси 20.000 работни места. -Ковид пандемијата ги измени досегашните потреби во угостителската дејност за составот на работниот кадар кој им е потребен во процесот на работењето. Предизвикот на отворање нови работни места дефинитивно е заменет со предизвикот како да се задржат постојните и евентуално да се пополнат испразнетите места со соодветен кадар, рече Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на денешната прес-конференција. Нагласи дека Комората во рамки не проектот Образование за вработување, што е поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка, подготви четири програми за двомесечни обуки за преквалификација и доквалификација за потребите на угостителскиот кадар за слаткар, готвач, пекар и келнер. -Програмите се модуларно дизајнирани и содржат теоретски и практичен дел, а фокусот е ставен на практичниот дел кој ќе се спроведе исклучиво во угостителски објекти од лица практичари кои се вработени таму. Со една обука можат да се преквалификуваат од 50 до 100 лица, а доколку има заинтересираност може да се креираат и повеќе обуки во низ според потребите на компаниите, додаде таа. Претседателката на Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора Ана Таневска Ѓорѓиевска посочи дека поради кризата дел од вработените во секторот ја променија својата професија и како што рече, станаа гипсари, монтери, таксисти, поточно поминаа во секторите транспорт и градежништво. Тоа, според неа, ја доведува во прашање позицијата на земјава како туристичка дестинација на светскиот пазар. -Неизвесноста беше клучниот фактор за ваквите одлуки. Поради кризата хотелите пред се во градските средини, пред се во Скопје и во другите градови во државата кои не се класични туристички центри, беа целосно затворени и падот на прометот беше над 85 проценти. Поради големиот број работници што си заминаа не можеа да го остварат ни правото за поддршка на плати за последните три месеци од 2020 година, рече Таневска Ѓорѓиевска. Искуството и праксата, како што кажа, велат дека секоја загуба на вработен значи три нови години за замена на постојниот работник и креирање на нов кадар. Поддршката од Владата, потенцира, е потребна не да се заработи, туку за да не пропаднат компаниите од секторот кои и кога немаа доволна активност задржаа голем дел од вработените. Иако е одредена поддршка со петтиот пакет, се уште не е реализирана, а особено, како што рече, им е потребна пред почетокот на новата туристичка сезона.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanska-komora-nedostigaat-kelneri-recepcioneri-gotvachi-i-pomoshnici/feed/ 0