Кендрик Ламар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 May 2022 08:59:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кендрик Ламар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Новиот албум на Кендрик Ламар стана хит на музичките стрим-платформи https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/noviot-album-na-kendrik-lamar-stana-hit-na-muzichkite-strim-platformi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/noviot-album-na-kendrik-lamar-stana-hit-na-muzichkite-strim-platformi/#respond Tue, 17 May 2022 08:59:44 +0000 https://kurir.mk/?p=677708

Со новиот албум „Mr. Morale & the Big Steppers“, Кендрик Ламар практично ги блокираше музичките стрим-платформи „Спотифај“ и „Епл мјузик“. Албумот е пофален и од многу музичари… „Ова ‘боли’, јас сум без зборови“, напиша Еминем на Твитер. Ламар за овој албум соработуваше со голем број музичари – Би-ел-екст и Аманда Рајфер се појавуваат во песната „Die Hard“, Тејлор Пејџ во „We Cry Together“, а Самер Вокер и Гостфејс Кила во „Purple Hearts“… На албумот има вкупно девет песни. Својот претходен албум „Damn“, Кендрик Ламар го издаде пред пет години, во 2017. и за него ја доби Пулицеровата музичка награда. Потоа, Ламар работеше на музичкиот избор за филмот на Марвел – „Црниот пантер“ изведен и на Коаччлела фестивал, освои 14 „Греми“ награди и номинација за „Оскар“. Учествуваше и на Супербоулот на полувремето со Д-р Дре претходно годинава. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/noviot-album-na-kendrik-lamar-stana-hit-na-muzichkite-strim-platformi/feed/ 0
Новиот албум на Кендрик Ламар излегува во мај https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/noviot-album-na-kendrik-lamar-izleguva-vo-maj/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/noviot-album-na-kendrik-lamar-izleguva-vo-maj/#respond Tue, 19 Apr 2022 09:42:15 +0000 https://kurir.mk/?p=665244

Познатиот рапер од Калифорнија, Кендрик Ламар вчера го најави објавувањето на неговиот нов, петти студиски албум. Новото остварување е наречено „Mr. Morale & The Big Steppers“ излегува на 13 мај. По неговиот последен студиски албум „Damn“ за којшто ја доби Пулицеровата награда за музика, американскиот рапер работеше и на музиката за филмот на „Марвел“ – „Црниот пантер“. Компилацијата е изведена и на Фестивалот во Коачела, а освои 14 „Греми“ награди, како и номинација за „Оскар“. „Детето од Комптон (инаку сиромашно предградие на Лос Анџелес)“ – Кендрик Ламар се смета за еден од најдобрите рапери на сите времиња поради неговите стихови кои се занимаваат со расизмот, насилството и социјалната неправда. Веќе е објавено и дека раперот ќе настапи и на следниот Фестивал на Гластонбери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/noviot-album-na-kendrik-lamar-izleguva-vo-maj/feed/ 0
Пол Макартни и Кендрик Ламар ќе настапат на „Гластонбери“ во јуни https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pol-makartni-i-kendrik-lamar-kje-nastapat-na-glastonberi-vo-juni/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pol-makartni-i-kendrik-lamar-kje-nastapat-na-glastonberi-vo-juni/#respond Wed, 09 Mar 2022 11:20:31 +0000 https://kurir.mk/?p=643961

Музичкиот ветеран Пол Макартни, раперот Кендрик Ламар и американската глумица и кантавторка Оливија Родриго се само дел од настапувачите на музичкиот фестивал „Гластонбери“ во јуни. Настанот повторно се одржува по тригодишна пауза поради пандемијата на коронавирус, соопштија организаторите. Мекартни и Ламар се последни во низата најавени ѕвезди кои ќе настапат на главната бина „Пирамида“ како дел од фестивалот, којшто ќе трае од 22 до 26 јуни. Претходно своето учество го најавија и Били Ајлиш и Дијана Рос. Макартни (80), кој последен пат настапи на ваков голем музички настан во 2004 година, беше најавен како еден од учесниците на фестивалот во 2020., пред тоа да биде откажано. „Да се ​​донесе Пол Макартни во Гластонбери е остварување на сонот за нас, голем миг во историјата на фестивалот“, рече соорганизаторката на Гластонбери, Емили Ивис. Мекартни треба настапи на 25 јуни, една недела откако ќе наполни 80 години, што ќе го направи највозрасната „ѕвезда на настапот“ на фестивалот воопшто. Во исто време, Ајлиш е најмладиот соло настапувач досега. Таа ќе настапи вечерта на 24 јуни, Дијана Рос – по два дена, попладне, а Ламар подоцна вечерта. Фестивалот за современи изведувачки уметности Гластонбери е музичко-сценски фестивал којшто се одржува недалеку од селото Пилтон во англиската област Сомерсет, од 1970-тите. Ја започнал локалниот фармер Мајкл Евис, кој со неколку пријатели го организирал првиот концерт наречен „Пилтон фестивал“. За нејзината популарност придонесе местото во близина – „Гластонбери“ поврзано со легендата за кралот Артур. Со текот на времето, тој стана еден од најмасовните културни настани, собирајќи во просек до 150.000 луѓе. Фестивалот традиционално се одржува на отворено, што секоја година е под значително влијание на временските услови. Таму годинава ќе настапат и Арло Паркс, Волф Алис, Сем Фендер, Фиби Бриџерс, Меган ди Сталион, Доџа Кет и Херби Хенкок. Фестивалот последен пат се одржа 2019 година, а во мај лани беше организиран виртуелно – на интернет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/pol-makartni-i-kendrik-lamar-kje-nastapat-na-glastonberi-vo-juni/feed/ 0
СПЕКТАКЛ ВО НАЈАВА: Доктор Дре, Снуп Дог, Еминем, Мери Џеј Блајџ и Кендрик Ламар заедно на сцена, ќе настапат на полувремето на 56. „Супербол“ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/spektakl-vo-najava-doktor-dre-snup-dog-eminem-meri-dzej-blajdz-i-kendrik-lamar-zaedno-na-scena-kje-nastapat-na-poluvremeto-na-56-superbol/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/spektakl-vo-najava-doktor-dre-snup-dog-eminem-meri-dzej-blajdz-i-kendrik-lamar-zaedno-na-scena-kje-nastapat-na-poluvremeto-na-56-superbol/#respond Fri, 01 Oct 2021 07:56:12 +0000 https://kurir.mk/?p=571153

Музичарите Доктор Дре, Снуп Дог, Еминем, Мери Џеј Блајџ и Кендрик Ламар ќе бидат во центарот на вниманието на полувремето на идниот, 56. „Супербол“. Тоа ќе биде првпат пет уметници да настапат заедно на сцената, се вели во соопштението на организаторите. – Можноста да настапам на „Суперболот“ на полувреме, и тоа „во мојот двор“, ќе биде едно од најголемите возбудувања во мојата кариера, Благодарен сум им на Џеј-Зи, „Рок нејшн“, НФЛ и „Пепси“, како и на Снуп Дог, Еминем, Мери Џеј Блајџ и Кендрик Ламар што ми се придружија во она што ќе биде незаборавен културен миг, изјави Д-р Дре. Финалето во американско рагби е закажано за 13 февруари 2022, недела, на стадионот „Софи“ во Инглвуд, Калифорнија, САД. Тод Каплан, потпретседател за маркетинг во „Пепси“ (како спонзор), истакна дека тоа би било „епска, незаборавна прослава на влијанието што денес го има хип-хопот“, олицетворен во ѕвездите од Западниот Брег. Д-р Дре во оваа прилика повторно го промовираше своето ново средно училиште во јужен Лос Анџелес, што треба да се отвори следната есен. Според соопштението, „Пепси“ и НФЛ „ќе соработуваат со училиштето, неговите партнери и локалната заедница“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/spektakl-vo-najava-doktor-dre-snup-dog-eminem-meri-dzej-blajdz-i-kendrik-lamar-zaedno-na-scena-kje-nastapat-na-poluvremeto-na-56-superbol/feed/ 0
Раперот Кендрик Ламар „крал“ на Греми наградите со осум номинации https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/raperot-kendrik-lamar-kral-na-gremi-nagradite-so-osum-nominacii/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/raperot-kendrik-lamar-kral-na-gremi-nagradite-so-osum-nominacii/#respond Sat, 08 Dec 2018 08:56:28 +0000 https://kurir.mk/?p=137275

Американскиот рапер Кендрик Ламар доби осум номинации за музичките Греми награди, меѓу кои и номинации за најдобар албум и песна на годината.
Медиумите оценуваат дека Ламар станал „крал на Греми наградите” и оти неговиот албум, кој е дел од филмот „”Црн Пантер” му ги донел номинациите. Веднаш зад Ламар, е канадскиот рапер Дрејк со седум номинации. Церемонијата на врачување на наградите ќе се одржи на 10 февруари 2019 година во Лос Анџелес. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/raperot-kendrik-lamar-kral-na-gremi-nagradite-so-osum-nominacii/feed/ 0