кенија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Oct 2023 13:43:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кенија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во хаос пред прослава во Кенија загинаа четири лица, 100 се повредени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-haos-pred-proslava-vo-kenija-zaginaa-chetiri-litsa-100-se-povredeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-haos-pred-proslava-vo-kenija-zaginaa-chetiri-litsa-100-se-povredeni/#respond Fri, 20 Oct 2023 13:43:58 +0000 https://kurir.mk/?p=891293

Во стампедо за влез на стадион во Кенија, каде се славеше националниот празник Денот на хероите, загинаа најмалку четири лица, а стотици беа повредени, соопштија денеска властите. Илјадници луѓе се обидоа насилно да влезат во стадионот Керичо во западна Кенија, соопшти полицијата. Кенискиот претседател Вилијам Руто, кој четири часа подоцна одржа говор пред илјадници луѓе на тој стадион, не ја ни спомна трагедијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-haos-pred-proslava-vo-kenija-zaginaa-chetiri-litsa-100-se-povredeni/feed/ 0
Кениска доминација на Скопскиот маратон, Киплагат и Матебо најбрзи https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/keniska-dominatsija-na-skopskiot-maraton-kiplagat-i-matebo-najbrzi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/keniska-dominatsija-na-skopskiot-maraton-kiplagat-i-matebo-najbrzi/#respond Sun, 01 Oct 2023 10:05:44 +0000 https://kurir.mk/?p=883789

Виктор Киплагат од Кенија победи денеска на Скопскиот маратон, пред неговиот сонародник Чериот Лабан, додека трет низ целта мина македонскиот атлетичар Дарио Ивановски. Киплагат патеката долга 42 километри ја истрча во време од 2:15:09 часа и во доминантен стил ја однесе победата на 19. издание на Скопскиот маратон. Втор низ целта мина неговиот сонародник Лабан со време од 2:16:03, додека третото место го освои македонскиот рекордер во маратон Дарио Ивановски со резултат 2:19:08. Во женска конкуренција победи Рут Матебо од Кенија со време 2:8,48. Во полумаратонската трка во должина од 21 километри најбрзи беа Адријана Поп Арсова во женска и Бен Фелтон од Велика Британија во машка конкуренција. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/keniska-dominatsija-na-skopskiot-maraton-kiplagat-i-matebo-najbrzi/feed/ 0
Убиени демонстранти во Кенија, солзавец испукан кон студентите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubieni-demonstranti-vo-kenija-solzavets-ispukan-kon-studentite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubieni-demonstranti-vo-kenija-solzavets-ispukan-kon-studentite/#respond Wed, 12 Jul 2023 19:18:02 +0000 https://kurir.mk/?p=856026

Полицијата во Кенија денеска уби шест демонстранти за време на новите протести поради зголемувањето на цените, изјави полициски претставник, пренесуваат американските медиуми. Според претставници на здравствените служби, солзавец бил испукан врз повеќе од 50 ученици во главниот град Најроби. Полициски службеник кој сакаше да остане анонимен, изјави дека три лица се убиени во градот Млолонго, две во градот Китенгела во близина на Најроби, додека едно лице е убиено во градот Емали, на автопатот кон пристаништето Момбаса. Истиот извор вели дека 10 лица се хоспитализирани. Претседателот Вилијам Руто беше избран минатиот август на основа на платформата за помош на сиромашните работници во Кенија, но неговите критичари велат дека зголемувањето на даноците што го потпиша минатиот месец ќе ја продлабочи кризата за сиромашните во земјата, кои веќе се борат да си дозволат основни производи како пченкарно брашно. Најмалку шест лица беа убиени минатиот петок за време на протестите што ги повика лидерот на опозицијата Раила Одинга. Одинга денеска ја осуди реакцијата на полицијата и го откажа собирот во Најроби планиран за попладнево. -Со цел да го заштитиме нашиот народ и да спречиме повеќе повреди и загуби на животи, донесовме стратешка одлука да не продолжиме, рече Одинга. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubieni-demonstranti-vo-kenija-solzavets-ispukan-kon-studentite/feed/ 0
Кенија: Досега пронајдени 90 тела на сектата-црква https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kenija-dosega-pronajdeni-90-tela-na-sektata-tsrkva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kenija-dosega-pronajdeni-90-tela-na-sektata-tsrkva/#respond Wed, 26 Apr 2023 06:51:35 +0000 https://kurir.mk/?p=827645

Во Кенија досега се пронајдени 90 тела на членови на сектата кои гладувале до смрт, а чиј проповедник бил самопрогласениот пастор Пол Мекензи Нтенге. Нтенге, кој на своите следбеници им проповедал да постат до смрт за да се сретнат со Бога, беше уапсен на 14 април поради неговите врски со култот на гладувањето. По пријава од граѓанин минатата недела полицијата го пронашла свештеникот и уште 15 изнемоштени лица во „Меѓународната црква на добрите вести“, каде што гладувале. Денешниот биланс е сè уште привремен, бидејќи иследниците го очекуваат најлошото во она што сега се нарекува „масакр во шумата Шакахола“, по местото во југоисточна Кенија каде беа пронајдени телата на членовите на „Меѓународната црква на добри вести“. -Не знаеме колку масовни гробници и колку тела ќе откриеме, изјави кенискиот министер за внатрешни работи Китур Киндики, кој денеска дојде на локацијата. Според извори на француските меидуми, телата на децата се најбројни меѓу пронајдените тела. Хусеин Калид, извршен директор на невладината организација „Хаки“, која алармираше за активностите на оваа секта, изјави дека 50 до 60 отсто од телата се деца, а потоа жени и на крајот мажи. Поради размерите на „масакрот“, операциите за пребарување се прекинати извесно време додека се обработуваат досега пронајдените тела и се расчистуваат преполните мртовечници. Инспекторите во последните неколку дена ја пребаруваат црвената земја на голема површина од околу 325 хектари каде може да се најдат десетици гробници. Министерот додаде дека постои можност самопрогласениот свештеник на сектата, Пол Мекензи Нтенге, да биде кривично гонет за „тероризам“. Свештеникот претходно на двапати бил апсен, во 2019 година и во март годинава, во врска со смрт на деца. И во двата случаи бил ослободуван со кауција, а двата предмета се уште се во судска постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kenija-dosega-pronajdeni-90-tela-na-sektata-tsrkva/feed/ 0
Во Кенија, 2,6 милиони животни се изложени на ризик од смрт поради суша https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kenija-2-6-milioni-zhivotni-se-izlozheni-na-rizik-od-smrt-poradi-susha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kenija-2-6-milioni-zhivotni-se-izlozheni-na-rizik-od-smrt-poradi-susha/#respond Wed, 22 Feb 2023 10:36:39 +0000 https://kurir.mk/?p=803579

Кениската Национална агенција за управување со суша (НДМА) објави дека 2,6 милиони животни во земјата се во опасност од смрт поради недостиг на вода, јавува Анадолија. Претседателот на НДМА, Харед Хасан, го сврте вниманието на јавноста на големата суша во Кенија, истакнувајќи дека долгорочната суша има штетен ефект особено врз животните. Тој посочи дека околу 2,6 милиони животни се во опасност од смрт, додавајќи дека моменталната состојба може да има многу негативно влијание врз сточарскиот сектор. -Ниското производство на млеко поради смртта на животните значително ја зголемува неухранетоста, рече Хасан. Ова е најдолгата сушна сезона во Источна Африка од 1980-тите. Милиони луѓе, исто така, се соочуваат со глад поради сушата.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kenija-2-6-milioni-zhivotni-se-izlozheni-na-rizik-od-smrt-poradi-susha/feed/ 0
Тројца загинати при уривање на шесткатница во Кенија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojca-zaginati-pri-urivanje-na-shestkatnica-vo-kenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojca-zaginati-pri-urivanje-na-shestkatnica-vo-kenija/#respond Thu, 17 Nov 2022 10:46:45 +0000 https://kurir.mk/?p=762308

Три лица лица загинаа кога висококатница во изградба се урна врз соседна куќа во Најроби, соопштија денеска тамошните власти, пренесува Анадолија. Три лица, со полесни повреди, се спасени од семејната куќа во населбата Руака. – Ова е убиство! изјави гувернерот на Најроби Џонсон Сакаја, кој го посети местото на несреќата. Тој рече дека трагедијата е предизвикана од корупција и неказнивост во секторот и им изрази сочувство на погодените семејства и вети поддршка. Сакаја рече дека ќе се погрижи да се направат промени во техничкиот комитет за одобрување во Најроби – Веќе ги извлековме телата на починатите, вклучително и на млада жена која продаваше храна на градежните работници, рече тој. Сакаја додаде дека инвеститорот ќе биде обвинет пред суд за непочитување на известувањето за стопирање на изградбата и за користење неквалитетни градежни материјали. Тој рече дека инвеститорот немал градежна дозвола од канцелариите на округот Најроби. – Тој треба да биде обвинет за убиство бидејќи ова е убиство, додаде гувернерот. Ова е втор ваков инцидент оваа недела во Кенија. Надлежните предупредија дека во градот и околината многу се гради без потребните дозволи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojca-zaginati-pri-urivanje-na-shestkatnica-vo-kenija/feed/ 0
Кенија: Годинава поради суша угинаа повеќе од 200 слонови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kenija-godinava-poradi-susha-uginaa-povekje-od-200-slonovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kenija-godinava-poradi-susha-uginaa-povekje-od-200-slonovi/#respond Sun, 06 Nov 2022 12:49:55 +0000 https://kurir.mk/?p=756446

Повеќе од 200 слонови угинаа во Кенија поради суша во периодот од февруари до октомври оваа година, соопштија властите. Кенија, како една од главните туристички дестинации во Африка, веќе 40 години се соочува со суша, додека гладот ​​погодува околу четири милиони луѓе од вкупно 50 милиони жители. „Сушата предизвика смрт на диви животни, главно тревопасни, бидејќи немаше доволно храна и вода“, соопшти Министерството за туризам. Од февруари до октомври 2022 година, 205 слонови умреле поради недостиг на вода низ целата земја, како и 512 биволи, 381 зебра, 12 жирафи и 51 бизон. Во Кенија минатата година имаше повеќе од 36.000 слонови.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kenija-godinava-poradi-susha-uginaa-povekje-od-200-slonovi/feed/ 0
Во несреќа на автобус во Кенија загинаа 34 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nesrekja-na-avtobus-vo-kenija-zaginaa-34-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nesrekja-na-avtobus-vo-kenija-zaginaa-34-lica/#respond Mon, 25 Jul 2022 13:05:15 +0000 https://kurir.mk/?p=709954

Триесет и четири лица загинаа во централна Кенија кога автобусот со кој патувале излетал од мост и паднал во речна долина, објавија денеска локалните медиуми. Весниците „Дејли нејшн“ и „Стандард“ објавија дека несреќата се случила во неделата вечерта во областа Тарака Нити, кога автобус кој се движел кон пристанишниот град Момбаса излетал од мостот и паднал во долина длабока 40 метри. Во несреќата загинале 14 жени, 18 мажи и две девојчиња. „Спасивме 11 лица кои се сместени во болница“, изјави окружниот комесар на Тарака, Нити Ноберт Комора за кениската телевизија НТВ. Според Комора, како што објави дека „Дејли нејшн“, првичната истрага покажала дека сопирачките на автобусот можеби откажале, поради што возачот не скршнал правилно на остриот свиок. Националната управа за транспорт и безбедност, регулатор на транспортот во Кенија, им нареди на сите автобуси кои припаѓаат на истата компанија „Модерн Кост“ да ја прекинат работата додека не заврши истрагата за несреќата. Податоците од Националното биро за статистика покажуваат дека 4.579 луѓе загинале во сообраќајни несреќи во Кенија во 2021 година, 15 проценти повеќе од претходната година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nesrekja-na-avtobus-vo-kenija-zaginaa-34-lica/feed/ 0
СЗО и Кенија отворија здравствен центар за итна реакција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-i-kenija-otvorija-zdravstven-centar-za-itna-reakcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-i-kenija-otvorija-zdravstven-centar-za-itna-reakcija/#respond Sat, 09 Jul 2022 16:18:14 +0000 https://kurir.mk/?p=702705

Кениската влада и Светската здравствена организација (СЗО) денеска отворија центар за одговор на здравствени итни случаи во Најроби, прв во планираната мрежа на такви центри во Африка. Објектот ќе вклучува центар за обука, професионалци кои ќе можат да пружат итна медицинска помош во првите 24 часа од здравствена криза и залихи на медицинска опрема. СЗО соопшти дека сака да помогне во формирањето тимови за брз одговор во секоја африканска земја. „Гледаме дека континентот многу практично ја изразува својата решеност да биде подобро подготвен за следната пандемија. Ова ќе биде наш придонес во градењето на нивните здравствени капацитети за да бидат многу подобро подготвени и способни да одговорат на здравствените кризи“, изјави регионалниот директор на СЗО за Африка, Матшидисо Моети. Кенија ќе стане регионален центар за медицинска опрема, што ќе им помогне на соседните земји да ги добијат побрзо лекови што им се потребни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-i-kenija-otvorija-zdravstven-centar-za-itna-reakcija/feed/ 0
ОИ: Корир ја продолжи доминацијата на Кенија на 800 метри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/oi-korir-ja-prodolzi-dominacijata-na-kenija-na-800-metri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/oi-korir-ja-prodolzi-dominacijata-na-kenija-na-800-metri/#respond Wed, 04 Aug 2021 14:14:27 +0000 https://kurir.mk/?p=546212

Кенискиот атлетичар Емануел Kипкуруи Корир го освои денеска златниот во трката на 800 метри на Олимписките игри в Токио, истрчувајќи ја патеката со време од 1:45:06 минути. Корир на Кенија и го донесе првиот златен медал на Игрите во Токио и воедно четврто олимписко злато во серија на трките на 800 метри. Сребрениот медал го освои сонародникот на Корир, Фергусон Черијот Ротичи (1:45:23), додека бронзениот медал му припадна на Полјакот Патрик Добек (145:39). Тројцата атлетичари, кои се искачија на победничкиот за прв пат во своите кариери се закитија со олимписки медали.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/oi-korir-ja-prodolzi-dominacijata-na-kenija-na-800-metri/feed/ 0