Кентаки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Aug 2023 18:13:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кентаки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Американец стана милионер преку ноќ: Под своето поле со пченка нашол 800 златници https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanets-stana-milioner-preku-nok-pod-svoeto-pole-so-pchenka-nashol-800-zlatnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanets-stana-milioner-preku-nok-pod-svoeto-pole-so-pchenka-nashol-800-zlatnitsi/#respond Mon, 14 Aug 2023 18:13:06 +0000 https://kurir.mk/?p=866601

Човек од американската сојузна држава Кентаки стана милионер преку ноќ, откако на своето поле со пченка пронашол ретки златни монети од времето на американската Граѓанска војна (1861 - 65), за коишто се проценува дека вредат милиони долари. Тој ископал повеќе од 800 кованици што датираат од 1840 до 1863 година. Видеоснимка од откритието објави „Говминт“ (GovMint), куќа специјализирана за продажба на монети. „Најневеројатното откритие околу ова закопано богатство е во 18-те златни парички од 20 долари од 1863 година. Ова е монета што честопати достигнува шест цифри на наддавањата“, се наведува во написот. Се претпоставува дека паричките можеби биле закопани како по декларацијата за неутралност на Кентаки во Граѓанската војна. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanets-stana-milioner-preku-nok-pod-svoeto-pole-so-pchenka-nashol-800-zlatnitsi/feed/ 0
Седумгодишник со пиштол убил петгодишно дете https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sedumgodishnik-so-pishtol-ubil-petgodishno-dete/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sedumgodishnik-so-pishtol-ubil-petgodishno-dete/#respond Wed, 21 Jun 2023 06:37:05 +0000 https://kurir.mk/?p=848052

Седумгодишник застрела и уби петгодишно дете во дом во источен Кентаки. Прелиминарната истрага покажа дека пукањето во понеделникот вечерта во домот во Меки било несреќен случај, соопшти денеска државната полиција на Кентаки. Преземени се мерки за спасување, но судскиот вештак во округот Џексон констатирал смрт на детето на местото на настанот. Според полицијата, истрагата продолжува, а засега не се соопштуваат имињата на инволвираните во инцидентот. Досега оваа година имало повеќе од 150 ненамерни пукања од деца во САД, што резултирало со најмалку 58 смртни случаи и 101 повреден. Кентаки нема закон со кој се наметнуваат казни за оние кои нема да обезбедат или оставаат огнено оружје без надзор. Меѓутоа, државата забранува секому „намерно, свесно или непромислено“ да му дава пиштол на малолетно лице, освен ако малолетникот е законски овластен да поседува пиштол. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sedumgodishnik-so-pishtol-ubil-petgodishno-dete/feed/ 0
Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Кентаки по смртоносни торнада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-proglasi-sostojba-na-golema-katastrofa-vo-kentaki-po-smrtonosni-tornada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-proglasi-sostojba-na-golema-katastrofa-vo-kentaki-po-smrtonosni-tornada/#respond Mon, 13 Dec 2021 06:36:32 +0000 https://kurir.mk/?p=607524

Американскиот претседател Џо Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Кентаки, откако во петокот серија смртоносни торнада ја погодија сојузната држава, изјави претставник на администрацијата. Таквата одлука го отвора патот за дополнителна федерална помош. Донесување таква одлука вчера официјално побара гувернерот на Кентаки, Енди Бешер. Гувернерот оцени дека торнадата се најразорните во историјата на државата, наведувајќи дека се уништени и најцврстите згради. Спасувачките служби во Кентаки вчера ги пребараа урнатините во потрага по преживеани, а властите стравуваат дека повеќе од сто луѓе загинале и предупредуваат дека има мала надеж да се најдат уште преживеани по разорните торнада кои однесоа животи во најмалку пет држави. Најголема штета претрпе гратчето Мејфилд во југозападниот дел на Кентаки, каде живеат 10.000 луѓе – куќи срамнети со земја или оставени без покрив, откорнати огромни дрвја, уништена фабрика, пожарна и полициска станица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-proglasi-sostojba-na-golema-katastrofa-vo-kentaki-po-smrtonosni-tornada/feed/ 0
Бајден прогласи вонредна состојба во Кентаки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-proglasi-vonredna-sostojba-vo-kentaki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-proglasi-vonredna-sostojba-vo-kentaki/#respond Sun, 12 Dec 2021 08:48:36 +0000 https://kurir.mk/?p=607229

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа прогласи вонредна состојба во Кентаки, јавија американските медиуми. Според последните информации, најмалку 70 лица го загубија животот во серијата од над 30 торнада шрто ја погодија оваа и уште четири други сојузни држави. Бајден вчера нареди федералните ресурси да се насочат кон најпотребните локации, а претходно разговараше со гувернерите на петте погодени држави од невремето: Арканзас, Илиноис, Кентаки, Мисури и Тенеси, за да им изрази сочувство и да ја потврди посветеноста за брза испорака на помошта, соопшти Белата куќа, а пренесоа британските медиуми. Во разорните бури што ги погодија американскиот Среден Запад и Југоисток, кои Бајден ги нарече „незамислива трагедија“, има повеќе мртви, а причинета е голема материјална штета. Фабрика за свеќи и противпожарна станица во Кентаки, складиште на Амазон во државата Илиноис, каде што загинаа најмалку двајца работници, старечки дом во Мисури и многу други објекти и куќи се оштетени, наведуваат британските медиуми. Гувернерот на Кентаки, Енди Башир, вчерашната прес-конференција изјави дека во оваа држава загинале најмалку 70 луѓе, а бројот на жртви можно е да биде и повеќе од стотина. -Ова е најразорното торнадо во историјата на нашата држава, рече тој, додавајќи дека 40 од 110 работници досега се извлечени од една фабрика. Бешир прогласи вонредна состојба, ја активираше Националната гарда на Кентаки и ја распореди државната полиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-proglasi-vonredna-sostojba-vo-kentaki/feed/ 0
Еден ученик загина, двајца повредени во пукање на автобуска постројка во Кентаки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-uchenik-zagina-dvajca-povredeni-vo-pukanje-na-avtobuska-postrojka-vo-kentaki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-uchenik-zagina-dvajca-povredeni-vo-pukanje-na-avtobuska-postrojka-vo-kentaki/#respond Wed, 22 Sep 2021 18:29:30 +0000 https://kurir.mk/?p=567039

Во пукање од автомобил во движење денеска на автобуска постројка во Луисвил, Кентаки, бил убиен малолетник, а други две деца се ранети, јави Си-ен-ен. Пукањето се случилo во раните утрински часови додека децата чекале школски автобус. Малолетникот бил однесен во болницатa Луисвил каде било утврдено дека е починат. Второто дете со повреди вон животна опасност било однесено во друга болница, а на ученичка, третата жртва, и била пружена помош на лице место. Во низа од твитови, полицијата го потврди настанот и соопшти дека работи на случајот и на утврдување на сторителите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eden-uchenik-zagina-dvajca-povredeni-vo-pukanje-na-avtobuska-postrojka-vo-kentaki/feed/ 0