кензо танге – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 25 Jul 2022 12:57:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кензо танге – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЈУ за урбанизам ,,Кензо Танге” ќе работи на просторно и урбанистичко планирање во Град Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ju-za-urbanizam-kenzo-tange-kje-raboti-na-prostorno-i-urbanistichko-planiranje-vo-grad-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ju-za-urbanizam-kenzo-tange-kje-raboti-na-prostorno-i-urbanistichko-planiranje-vo-grad-skopje/#respond Mon, 25 Jul 2022 12:57:19 +0000 https://kurir.mk/?p=709949

На предлог на градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје на денешната седница, врз основа на член 36 од Законот за локалната самоуправа, според Законот за јавни установи и Закон за урбанистичко планирање, донесе Одлука за основање на Јавна установа за урбанизам на Град Скопје КЕНЗО ТАНГЕ. Целта на основањето на Јавната установа за урбанизам е подигање на стандардите и квалитетот на вршењето на работите од урбанистичкото планирање, како и за обезбедување на оптималните услови за вршење на дејноста уредени со Законот за урбанистичко планирање, а едновремено ќе се елиминираат постапките на надворешни јавни набавки и тендери за проектирање на објекти на Град Скопје. Јавната установа за урбанизам покрај дефинираните надлежности согласно со Националната класификација на дејности ќе учествува во изработка и донесување на генерален урбанистички план на Град Скопје, спроведување и следење на спроведувањето, ќе изработува урбанистички планови и урбанистички проекти и учествува во нивното донесување, спроведување и следење на спроведувањето, изработка стручна ревизија на урбанистички планови и урбанистички проекти согласно условите за вршење на ревизија пропишани со закон, изработува проектно-техничка документација за инфраструктурни и супраструктурни објекти, како и надзор над имплементација на истите, изработува студии, експертски елаборати и програми поврзани со планирањето и уредувањето и просторниот развој на градот. Воедно врши одржување и ажурирање на базата на просторни податоци за своето подрачје, следење и анализа на спроведувањето на урбанистичките планови, изработка извештај за состојбите во просторот, изработка на основни и сообраќајни проекти, учество во создавање на оценката за просторниот развој и учество во создавање на програмата за донесување на урбанистички планови. Покрај ова, оваа установа ќе остварува соработка со надлежните институции за планирање на просторот при изработувањето на просторни планови од нејзина надлежност. Јавната установа се организира на начин кој ќе овозможи Градот Скопје да обезбеди услови и стратешки поголемо влијание за рамномерен просторен развој на градот, рационално уредување и користење на просторот и услови за хумано живеење и работа на граѓаните, одржлив развој, заштита и унапредување на животната средина и природата, заштита на културните и историски вредности, јавност во постапката за донесување и спроведување на плановите, усогласеност со нормативите и стандардите за просторно и урбанистичко планирање, при што и работењето на Јавната установа ќе се заснова на принципите на стручност, професионалност, транспарентност и одговорност во работењето и постигнатите резултати. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ju-za-urbanizam-kenzo-tange-kje-raboti-na-prostorno-i-urbanistichko-planiranje-vo-grad-skopje/feed/ 0
Издадена поштенска марка посветена на Кензо Танге https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izdadena-poshtenska-marka-posvetena-na-kenzo-tange/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izdadena-poshtenska-marka-posvetena-na-kenzo-tange/#respond Thu, 04 Jun 2020 10:35:03 +0000 https://kurir.mk/?p=353720

Во мај, 2020 година, Поштата на Македонија издаде комеморативна поштенска марка за Кензо Танге во сеќавање на неговиот придонес во реконструкцијата на Скопје. Кензо Танге е еден од најзначајните јапонски архитекти на дваесетиот век. Тој го дизајнираше планот за реконструкција на Скопје по земјотресот во 1963 година. Кензо Танге е симбол за пријателството помеѓу Јапонија и Македонија и Амбасадата на Јапонија ја цени соработката со Поштата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izdadena-poshtenska-marka-posvetena-na-kenzo-tange/feed/ 0
Ова е ќерката на Кензо Танге кој е најзаслужен за изградбата на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-e-kjerkata-na-kenzo-tange-koj-e-najzasluzen-za-izgradbata-na-skopje-po-katastrofalniot-zemjotres-vo-1963-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-e-kjerkata-na-kenzo-tange-koj-e-najzasluzen-za-izgradbata-na-skopje-po-katastrofalniot-zemjotres-vo-1963-foto/#respond Thu, 26 Jul 2018 14:13:52 +0000 https://kurir.mk/?p=81424

Денеска се одбележуваат 55 години од катастрофалниот земјотрес кој во 1963-та година го срамни со земја Скопје. По катастрофалниот земјотрес Скопје одново почнало да се гради според планот на Кензо Танге кој бил поддржан од Обединетите нации, а делумно спроведен од наши архитекти. Планот бил делумно реализиран, а речиси завршен во 1980-та година, по оваа година било создаден нов град кој не покажувал знаци на земјотрес. Доказ дека Кензо Танге имал голема улога во изградбата на градот се денешните градби кои се уште сведочат за едно поинакво Скопје од минатиот век. Македонската амбасада во Токио по отворањето во 2015 година по тој повод постхумно и врачила благодарница на ќерката на Танге кој е најзаслужен за повторното „раѓање“ на градот. По повод одбележувањето на денешниот ден Македонската амбасада на чело со амбасадорката Андријана Цветковиќ неодамна оствари и средба со ќерката на архитектот со кого се присетија за легендарниот проект на Кензо. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ova-e-kjerkata-na-kenzo-tange-koj-e-najzasluzen-za-izgradbata-na-skopje-po-katastrofalniot-zemjotres-vo-1963-foto/feed/ 0