Кеопсова пирамида – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Mar 2020 09:55:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кеопсова пирамида – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кеопсовата пирамида како проекциски видеоекран: „Останете дома” (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/keopsovata-piramida-kako-proekciski-videoekran-ostanete-doma-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/keopsovata-piramida-kako-proekciski-videoekran-ostanete-doma-video/#respond Tue, 31 Mar 2020 09:55:09 +0000 https://kurir.mk/?p=324779

Познатата Кеопсова пирамида вчеравечер послужи како проекциски видеоекран на кој се испишуваа пораки на единство и солидарност со оние кои се борат против коронавирусот низ цел свет. Натписите „Чувајте се и останете дома” и „Ви благодариме што водите сметка за нашата безбедност” – блескаа во сина и зелена боја на црвена позадина на огромната египетска Голема пирамида во Гиза, меѓу другото и како благодарност и поддршка кон хероите на денешнината – здравствените работници. Во Египет досега се забележани 656 заразени лица со коронавирус, 41 смртен случај и 150 оздравени. Пред малиот број повикани новинари, министерот за туризам и старини, Калед ел Енани изјави дека туризмот е една од најзагрозените стопански гранки во земјата, но и оти во овој миг приоритет е здравството. Светската здравствена организација ги пофали египетските власти за реакцијата на пандемијата, оценувајќи ги мерките како „силни и прилагодени на ситуацијата”. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/keopsovata-piramida-kako-proekciski-videoekran-ostanete-doma-video/feed/ 0
Откриено како била градена Кеопсовата пирамида- едно од седумте светски чуда на древноста https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkrieno-kako-bila-gradena-keopsovata-piramida-edno-od-sedumte-svetski-chuda-na-drevnosta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkrieno-kako-bila-gradena-keopsovata-piramida-edno-od-sedumte-svetski-chuda-na-drevnosta/#respond Tue, 14 May 2019 11:19:44 +0000 https://kurir.mk/?p=197720

Археолозите дојдоа до научни сознанија кои укажуваат како биле градени Големите пирамиди во Гиза пред повеќе од 4.500 години. Тие се едно од седумте светски чуда на древноста. Историчарите веруваат дека најголемата пирамида од овој грандиозен комплекс, е изградена во период од 20 години, за фараонот Кеопс кој е погребан во неа. Мистријата е – како Древните Египќани успеале да пренесат толку големи камени блокови со вкупна маса од шест милиони тони? Собирањето 170.000 тони висококвалитетни варовнички камени блокови е најголемиот предизвик. Тие можеле да се донесат само од далечните рудници кај местото Тора. Никој не е сигурен како тие камења стигнале во Гиза, за толку кратко време. Во документарен филм на британскиот Канал 4, под наслов „Големата египетска пирамида: Нови докази“, археолозите откриваат нови сознанија. Според новата теорија Кеопс успеал во тоа благодарение на посебна флота бродови и високообучени морнари. Показател за сè тоа се штиците пронајдени 1954 година во јама близу темелите на Кеопсовата пирамида, за коишто сега се знае дека се од брод. -Ова е огромно откритие, не само за Египет, туку за целиот свет. Според анализите, штиците се од 2600 година пред новата ера, што се поклопува со времето на пирамидата, па знаеме и дека бродот му припаѓал на фараонот Кеопс. Среќен сум што сум првиот човек кој го допрел ова дрво по повеќе од 4.000 години, изјави археологот Еиса Зидан, кој бил само надгледувач во новите проучувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkrieno-kako-bila-gradena-keopsovata-piramida-edno-od-sedumte-svetski-chuda-na-drevnosta/feed/ 0
Ѕирнете во внатрешноста на Кеопсовата пирамида: Вака изгледа мрежата тунели и тајни одаи (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dzirnete-vo-vnatreshnosta-na-keopsovata-piramida-vaka-izgleda-mrezata-tuneli-i-tajni-odai-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dzirnete-vo-vnatreshnosta-na-keopsovata-piramida-vaka-izgleda-mrezata-tuneli-i-tajni-odai-video/#respond Sun, 07 Oct 2018 12:12:59 +0000 https://kurir.mk/?p=111865

Кеопсовата пирамида, единственото останато светско чудо од античкиот свет и денеска воодушевува многу луѓе од целиот свет. Во оригиналот била висока 146, 5 метри, додека денеска има 138,8 метри. Градењето траело околу 20 години, меѓу 2509. и 2483. пред Христос, а пирамидата претставува гробница на фараонот Куфу, познат по грчкото име Кеопс. Во пирамидата се наоѓаат бројни ходници и се преминува во три огромни комори, а секако најпозната е Големата галерија, најголема одаја досега откриена во неа. Благодарение на ова 3Д видео ќе можете виртуелно да прошетате низ скриените премини и простории од славната пирамида. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dzirnete-vo-vnatreshnosta-na-keopsovata-piramida-vaka-izgleda-mrezata-tuneli-i-tajni-odai-video/feed/ 0