Кери Лам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Oct 2019 09:28:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кери Лам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО+ВИДЕО: Продолжуваат немирите во Парламентот на Хонг Конг, се бара оставка од Лам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-prodolzuvaat-nemirite-vo-parlamentot-na-hong-kong-se-bara-ostavka-od-lam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-prodolzuvaat-nemirite-vo-parlamentot-na-hong-kong-se-bara-ostavka-od-lam/#respond Thu, 17 Oct 2019 09:28:07 +0000 https://kurir.mk/?p=252818

Продемократските пратеници во Хонг Конг денеска ја повикаа лидерката Кери Лам да поднесе оставка, за време на собраниска седница која повеќе пати беше прекинувана затоа што неколку политичари биле исфрлени од Парламентот. Хаосот во Парламентот на Хонг Конг трае неколку дена, во време кога Лам се обидува да одговори на прашања за својата годишна политика. Како и годишниот говор, Лам беше принудена и одговорите на прашањата да ги емитува преку видео снимка. Маскирани напаѓачи вчера со ножеви и чекани го нападнаа лидерот на едно од од најголемите продемократски движења во подрачјето под кинеска власт. Организацијата за заштита на човекови права Амнести Интернешнел ги повика властите да го истражат „застрашувачкиот напад“. Продемократските пратеници бараат оставка од Кери Лам затоа што, како што тврдат, има „крв на своите раце“. – Веќе кажав дека ќе бидеме понизни, ќе слушаме различни мислења и ќе основаме стручна комисија за да најдеме излез од моменталната ситуација, им рече Лам на пратениците. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-prodolzuvaat-nemirite-vo-parlamentot-na-hong-kong-se-bara-ostavka-od-lam/feed/ 0
Лидерката на Хонг Конг потврди повлекување на спорниот закон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderkata-na-hong-kong-potvrdi-povlekuvanje-na-sporniot-zakon/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderkata-na-hong-kong-potvrdi-povlekuvanje-na-sporniot-zakon/#respond Wed, 04 Sep 2019 10:45:38 +0000 https://kurir.mk/?p=236903

Лидерката на Хонг Конг Кери Лам денеска најави и официјално повлекување на предлог-законот за испорачување во Кина, кој предизвика големи протести во градот. Лам ова го соопшти на  средбата со пратениците од Кина, делагацијата на Хонг Конг во националниот народен конгрес и членовите на народната кинеска политичка конференција Контроверзниот нацрт-закон предвидуваше можност осомничени од Хонг Конг за судење да бидат екстрадирани во Кина. Законот за екстрадиција, со кој ќе се опфатеа седум милиони жители на Хонг Конг, како и странски и кинески државјани во градот, многумина го сметаат за закана за владеењето на правото во поранешната британска колонија. 
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderkata-na-hong-kong-potvrdi-povlekuvanje-na-sporniot-zakon/feed/ 0
Хонгконг: Разговорот со демонстрантите без напредок https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hongkong-razgovorot-so-demonstrantite-bez-napredok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hongkong-razgovorot-so-demonstrantite-bez-napredok/#respond Tue, 27 Aug 2019 08:37:55 +0000 https://kurir.mk/?p=233811

Лидерката на Хонгконг, Кери Лам изјави дека се сретнала и разговарала со група млади луѓе за протестите кои се случуваат во тој кинески град, но нема напредок ниту по едно барање од демонстрантите. Лам истакна дека на затворениот состанок денеска го објаснила ставот на Владата за петте барања на протестното движење. Таа ги оспорила критиките дека нејзината влада ги игнорира демонстрантите, чии барања вклучуваат демократски избори, откажување од обвинувањата против уапсените демонстрани и независната истрага за употреба на прекумерна сила од страна на полицијата. – Не станува збор за нереагирање, туку се поставува прашањето за неприфаќање на тие барања, истакна Лам. Во Хонгконг повеќе од два месеца траат протести во кои учествуваат главно млади луѓе. Над 80 лица се уапсени минатиот викенд кога демонстранти ги окупираа градските улици, поставија барикади и фрлале цигли и молотови коктели во судирите со полицијата. Лам минатата недела најави платформа за дијалог во која ќе бидат вклучени и демонстрантите, додека опозициските лидери ја доведоа во прашање искреноста на нејзината иницијатива, нарекувајќи ја „тактика на одложување“. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hongkong-razgovorot-so-demonstrantite-bez-napredok/feed/ 0
Кери Лам одбива да поднесе оставка, протестите продолжуваат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/keri-lam-odbiva-da-podnese-ostavka-protestite-prodolzuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/keri-lam-odbiva-da-podnese-ostavka-protestite-prodolzuvaat/#respond Mon, 05 Aug 2019 07:59:59 +0000 https://kurir.mk/?p=226441

Првиот човек на извршната власт во Хонг Конг, Кери Лам, денеска изјави дека нема да поднесе оставка заради антивладините протести и денешниот генерален штрајк. Хонг Конг е „на работ на многу опасна ситуација“, предупреди таа, наведувајќи дека моменталните протести се водени од прикриени мотиви што им се закануваат на просперитетот и безбедноста на овој полуавтономен кинески град. -Не верувам дека во овој момент мојата оставка или на некои мои колеги ќе донесе подобра ситуација, рече Лам на прес конференција. Таа кажа дека како шеф на извршната власт ја презела одговорноста за проблемите во градот и дека е одлучна да ја реши целата ситуација, пренесуваат американските медиуми. Во текот на викендот во градот повторно имаше протести, што доведоа и до судири меѓу демонстрантите и полицијата. Демонстрантите утринава ги блокираа возовите и ги повикаа работниците на генерален штрајк заради што е отежнат сообраќајот во градот, а откажани се и стотици летови од аеродормот во Хонг Конг. Во Хонг Конг, град што минува низ најсериозната криза од 1997 година, кога делумно беше вратен во владеење на Кина, веќе два месеца траат протестите, што повремено прераснуваат во судири со полицијата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/keri-lam-odbiva-da-podnese-ostavka-protestite-prodolzuvaat/feed/ 0