кеш – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 27 Dec 2020 07:48:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кеш – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вистинитоста на пријавениот „кеш“ во анкетните листови – најтешка за проверка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vistinitosta-na-prijaveniot-kesh-vo-anketnite-listovi-najteshka-za-proverka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vistinitosta-na-prijaveniot-kesh-vo-anketnite-listovi-najteshka-za-proverka/#respond Sun, 27 Dec 2020 07:48:52 +0000 https://kurir.mk/?p=448911

Секој функционер и именувано лице, во рок од 30 дена од стапување на функцијата има законска обврска да поднесе анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Целта на поднесувањето анкетни листови е да им овозможи на антикорупционерите увид во имотот на функцинерите пред, за време и по завршување на мандатот. На овој начин, несразмерното зголемување на имотот на именуваното лице лесно може да се воочи и да поттикне отворање постапка во која треба да се докаже законитоста на новостекнатиот имот. Во анкетниот лист функционерот треба да наведе се што поседува лично – движен и недвижен имот, како и членовите на неговото семејство со кои живее. Од сите ставки на анкетниот лист кои преку разни институции се лесно проверливи и може да се следи нивното движење, само ставката „средства во готовина“ е препуштена единствено на чесноста на подносителот. „Можноста“ за пријавување готовина, според податоците од ДКСК ја искористиле околу два проценти (2%) или 126 од вкупно 7.376 функционери, кои поднеле анкетен лист. Секако тоа не значи дека токму тие имаат цел да бидат коруптивни и дека намерно пријавиле готовина во анкетниот лист, но според првата антикорупционерка Билјана Ивановска, за пријавениот „кеш“ функционерите можат да дадат секакво алиби за тоа како и кога го стекнале и дека во пракса ова е многу тешко да се докаже. – Постои ризик дека сумата што ја пријавил е точна. Значи, дали е толку, или помалку, или е повеќе, дали воопшто има „кеш“, значи, тоа е дискутабилно прашање. Ние можеме да го повикаме тој да дојде, меѓутоа се е тоа ризик. Тој може да позајми пари и да ги донесе, да рече еве, тие се парите. Значи нема тука, основа голема за верување. Се тоа е оставено на совеста на функционерите, кој како ќе каже. Меѓутоа голем ризик е, дали е точно или не, и дотолку повеќе што, да речеме тој да ги нема парите, а ги пријавува дека има кеш му остава простор во иден период да се стекне со пари на некој коруптивен начин и после да рече „да тие мене ми се пријавени пари““, вели претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска. При пријавувањето на анкетниот лист до антикорупциската комисија, најголем дел од функционерите или именувани лица кои пријавиле „кеш“ како тип на имот навеле само готовина, но има и такви кои пријавиле заштеда во девизи, готовина во сеф или готовина во банкарски сеф. Висината на пријавените средства е од неколку илјади денари, па до повеќе милиони денари, но има и такви кои пријавувале од 2 до 20 илјади евра, долари или франци. Од оние со „кешот“, повеќе од половина пријавиле денари, додека 12,5 проценти не навеле за каква готовина станува збор. Секоја промена на имотот, функционерот е должен да ја пријави во ДКСК. Доколку некој функционер при стапување на функција наведе дека поседува „кеш“, кој не е евидентиран со никаков купопродажен договор, без банкарски транаскции или од должничко-доверителски односи, туку го пријавува како заштеда или пари „од грнето на дедо ми“, подоцна може да го искористи како „алиби“ за новостекнатиот имот.  Токму поради овој проблем првата антикорупционерка вели дека е неопходна законска измена, односно нов закон за потекло на имот. Таа предлага секој да пријави како го стекнал имотот, но и одреден лимит на готовина што може да се чува во домот. – За ова, ние го предлагаме законот за потекло на имот, за да се докаже од каде се парите и дали тие пари се оданочени, пред се. Овие ситуации со кеш можеби може да се решат. На пример, во една институција има пропишано колку може да биде благајничкиот максимум, односно колку може институцијата да има пари во каса. Ако тоа го преточиме на едно семејство, дали може да речеме да се донесе закон дека дома не може повеќе од илјада евра да имаш пари-кеш и дека сите пари треба да одат преку банкарска сметка. Ако се сака може да се среди, изјави Ивановска. Како единствена правна клучна контрола на системот, таа го посочува, токму законот за потекло на имот, каде што секој граѓанин ќе мора да образложи од каде му се парите. – И тогаш, и функционерот нема да си замислува дека ќе може својот имот привремено додека е на функција да го префрла на име на некој свој близок пријател што не му е член на семејството, а по завршување на мандатот да си го врати на свое име. По завршување на мандатот, функционерот не го следиме и тој тогаш ќе може да си го врати имотот на свое име, изјави Ивановска. Проверката на имотот на функционерите ДКСК ја прави по годишен план за работа и опфаќа мал дел од група именувани лица – градоначалници, судии, обвинители и други. Во согласност со нивните надлежности ДКСК може да побара податоци од Министерството за внатрешни работи (МВР), Управата за јавни приходи (УЈП) и други институции и така собраните податоци ќе ги спореди со пријавеното во анкетниот лист. Доколку има несразмерни зголемувања во имотот на некој функционер тогаш ДКСК само  ги проследува собраните податоци до Финансиската полиција, Основното јавно обвинителство (ОЈО), Управата за јавни приходи или Упрвата за финансиско разузнавање кои потоа треба да го истражат случајот и да одлучат дали ќе отворат постапка против тоа лице. Од функционерите и именувани лица кои пријавиле „кеш“ во анкетниот лист, 34,9 проценти се судии и претседатели на судови, следуваат јавните обвинители и заменици јавни обвинители со 14,3 отсто, а третото место го заземаат претседателите и членовите на управните одбори (УО) и надзорните одбори (НО) со 13,5 проценти. Тројца пратеници, по двајца градоначалници, амбасадори и декани пријавиле готовина на својот анкетен лист. До донесувањето на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, УЈП ги спроведуваше постапките за испитување на имот и имотна состојба, по што оваа надлежност премина на ДКСК.  Од разговорот со инспектори во УЈП кои работеле на ова, најчесто, предизвиците за даночниот орган настапуваат во случаите кога даночниот обврзник ќе се повика на семејна заштеда од претходен период, семејна заштеда повеќе генерации наназад (родители, дедо, прадедо),  пари дадени од родители за кои нормално не се склучени писмени договори и сл. – Во ваквите случаи главниот предизвик е да се утврди или во „најмала рака“ да се стекне разумно уверување дека лицето и членовите на семејството можеле да ја остварат заштедата на која се повикува во постапката, што во секој случај многу е тешко правилно да се утврди фактичката состојба, затоа што недостигаат сознанија за стилот на живеење, какви трошoци имале и др., велат од УЈП. Доколку во постапката за испитување на имотот и имотната состојба не се докаже дека имотот е стекнат или зголемен како резултат на примања што се пријавени и оданочени, даночниците носат решение за оданочување на непријавените приходи со персонален данок од 70 проценти. Според УЈП пријавената готовина во анкетниот лист има третман на друг имот и таа не претставува предмет на оданочување „сама по себе“. Доколку за лицето се спроведува постапка за испитување на неговата имотна состојба, даночниците велат дека функционерот е должен на органот кој ја спроведува постапката да му даде образложение и докази за стекнувањето на готовината. – Поедноставно е кога даночниот обврзник може готовината која ја пријавил во анкетниот лист да ја „оправда“ т.е да ја докаже  со писмен документ (договор, наследство и сл.), но во пракса обично не е така. И во овие случаи, приложените  докази не се земаат „здраво за готово“, односно  дополнително се цени секој доказ единечно и сите заедно како целина“, објаснуваат од УЈП. За разлика од ДКСК, даночниот орган досега постапувал во случаи во кои лицето се повикува на некаква заштеда и пари од претходни генерации и според нив, главниот предизвик е да се утврди дали функционерот и членовите на неговото семејство можеле да ја остварат заштедата на која се повикува во постапката. Даночниците нагласуваат дека сепак е многу тешко правилно да се утврди фактичката состојба поради недостиг  од сознанија какви трошоци имале лицата кои се цел на проверка. При пријавување готовина или „кеш“ во графата „сопственост“, од функционерите и именуваните лица 46,7 проценти навеле дека тоа им е личен имот, 27,5 дека тоа им е заеднички имот и 13,2 проценти пријавиле имот на брачен другар. Но има и такви, односно 5,4 проценти, кои кешот го пријавиле како имот на родителите, а 4,8 отсто дека е во сопственост на нивните деца. Само тројца не навеле чија сопственост е готовината која ја пријавиле. За справување со коруптивното однесување и тргувањето со интереси не е доволна само политичка одговорност, односно разрешување од функција, туку задолжително мора да следи и кривична одговорност, вели професорката по кривично-процесно право, Гордана Лажетиќ. Според неа, токму отсуството на кривична одговорност на дел од поранешните функционери кај граѓаните предизвикува чувство на изиграност, навреда на интелигенцијата и создавање впечаток дека патиштата на корупцијата се исти. Професорката, исто како и првата антикорупционерка, смета дека проверката на готовината пријавена во анкетните листови останува енигма, односно факт што тешко се проверува и докажува без да се има увид во даночните пријави на функционерите низ годините. – Пријавена готовина во поголем износ никако не смее да се толкува како „сомнителна“ сама по себе. Таквиот приод е опасен. Тоа што е некој богат, не значи дека се занимава со валкани бизниси, нагласува Лажетиќ. Но сепак, таа нагласува дека на податоците наведени во анкетните листови не треба да се гледа како на  „магично решение“ за проблемот со неосновано збогатување и предупредува дека не треба да се биде наивен и да му се верува на функционерот дека тој ќе ги впише неосновано стекнатите средства и имот под свое име, или на име на некој од поблиското семејство, на банкарска сметка во нашата држава. За разлика од заедничкиот став за недокажливоста на потеклото на готовина со Ивановска, професорката Лажетиќ не верува дека носењето закон за потекло на имот ќе го реши овој проблем. – Јас не го делам мислењето дека треба да се донесе посебен закон за пријавување на потеклото на имотот, не затоа што не ми пречи противзаконито збогатување, напротив, туку затоа што не сум оптимист како тој процес ќе се спроведува кај нас, кој ќе биде вклучен, колку вклучените ќе бидат етични и совесни и што ќе се постигне со целиот тој процес, појаснува Лажетиќ. Како излез од оваа состојба, професорката предлага зајакнати финансиските истраги, лоцирање на имотот во странство и негово враќање во државата и почесто изрекување проширена конфискација. За успешна финансиска истрага, пак посочува дека е неопходна мултисекторска соработка на МВР, Управата за финансиска полиција и Царинската управа, Јавното обвинителство, но и Управата за финансиско разузнавање, Агенцијата за катастар на недвижности, УЈП и Агенцијата за управување со одземен имот. За време на изработката на оваа новинарска сторија користена е официјалната интернет-страница на Државната комисија за спречување на корупција, на која се достапни анкетните листови на функционерите. Покрај парите во готовина впечатлив беше и фактот дека поголемиот број функционери веднаш по стапувањето на функција подигаат кредит од некоја банка и купуваат имот. Дали е тоа случајно или не … (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vistinitosta-na-prijaveniot-kesh-vo-anketnite-listovi-najteshka-za-proverka/feed/ 0
Не плаќајте во кеш, користете картички! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ne-plakjajte-vo-kesh-koristete-kartichki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ne-plakjajte-vo-kesh-koristete-kartichki/#respond Fri, 27 Mar 2020 10:25:51 +0000 https://kurir.mk/?p=323008

Европската агенција за банкарство (ЕБА) ги повика компаниите да ги олеснат платежните услуги за бесконтактните исплати на клиентите за да го намалат ризикот од инфекција со коронавирус.

Давателите на услуги за плаќање можат да помогнат да се ограничи ширењето на вирусот преку олеснување на плаќањата без физички контакт, како што е тоа случајот со плаќањата во готовина, објави ЕБА, по препораките на Светската здравствена организација (СЗО). Плаќањето без контакт може да се изврши со држење на дебитни или кредитни картички преку терминали за плаќање или преку апликации на мобилни телефони како Google Pay или Apple Pay. Регулаторот, исто така, ги охрабрува компаниите за платежни услуги да го зголемат ограничувањето за безконтактно плаќање до 50 евра по трансакција, кога е можно, во согласност со она што го дозволуваат правилата на Европската унија. Во Франција, која што е во карантин, пекарите веќе ги повикуваат граѓаните да користат уплати без контакт. За да ги заштитат возачите на автобуси, властите во Париз воведоа и можност да плаќаат билети преку текстуална порака, потсетува Ројтерс. ЕБА ќе им овозможи на давателите на услуги за плаќање да се ослободат од т.н. строги проверки на идентитетот на клиентите, што значи дека идентитетите на клиентите постојано се проверуваат за износи до најмногу 50 евра за да се спречи измама, соопшти европскиот регулатор. „ЕБА ги охрабрува клиентите и трговците да ги преземат потребните мерки на претпазливост при обезбедување на услугата, или со користење на терминал за плаќање во продажна точка за купена стока во продавница со барање PIN и да ги земат предвид сите достапни начини на плаќање, како што се бесконтактни или далечински плаќања “, се вели во соопштението. Плаќачите од Worldline изјавија за Ројтерс дека од некои трговци можело да се слушне дека повеќе не прифаќаат готовина, но ги охрабруваат бесконтактните плаќања или дури и ги бараат. Во првите неколку дена од карантинот во Франција, мрежната банка Н26 забележа зголемување на исплатата со картички и пад на трансакциите на банкоматите во трансакцискиот микс, изјави Џереми Росели, генералниот директор на оваа банка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ne-plakjajte-vo-kesh-koristete-kartichki/feed/ 0
Од утре нема плаќање во кеш суми над 500 евра- следуваат казни до 80.000 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-nema-plakjanje-vo-kesh-sumi-nad-500-evra-sleduvaat-kazni-do-80-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-nema-plakjanje-vo-kesh-sumi-nad-500-evra-sleduvaat-kazni-do-80-000-evra/#respond Fri, 31 May 2019 09:11:10 +0000 https://kurir.mk/?p=203858

Од утре, 1 јуни, нема да може да се купува и плаќа во готово за работи поскапи од 500 евра. Ова е законска обврска содржана во Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам во кој минатата година со посебна уредба се ограничи висината на плаќањата во готово. Согласно новата одредба на Законот, во земјава ќе биде забрането готовинско плаќање на стоки и услуги во износ од 500 или повеќе евра во денарска противвредност како една или повеќе очигледно поврзани трансакции. Од почетокот на годинава плаќањето во кеш прво се намали од 2.000 евра на 1.000 евра, а сега плаќањето дополнително се намалува на 500 евра. Оваа забрана ќе важи и за физички и за правни лица, а доколку се прекрши Законот, следуваат казни во износ од 5.000 до 80.000 евра. Наместо да користат кеш, граѓаните ќе мора да користат платежна картичка или со уплатница да уплаќаат готовина во банка, штедилница или да плаќаат преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-nema-plakjanje-vo-kesh-sumi-nad-500-evra-sleduvaat-kazni-do-80-000-evra/feed/ 0
ТИГО Фајнанс отвори 3 филијали во Скопје каде може да земете КЕШ кредит веднаш! https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/tigo-fajnans-otvori-3-filijali-vo-skopje-kade-moze-da-zemete-kesh-kredit-vednash/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/tigo-fajnans-otvori-3-filijali-vo-skopje-kade-moze-da-zemete-kesh-kredit-vednash/#respond Fri, 26 Jan 2018 11:54:01 +0000 http://kurir.mk/?p=15278

Во Македонија започна со работа современо финансиско друштво ТИГО Фајнанс, кое работи посветено за корисниците, применува иновативна и модерна технологија и притоа нуди брз и уникатен производ. Во ТИГО Фајнанс веруваат дека секој корисник треба да има пристап до финансиска помош кога му е најпотребна. Аплицирањето е возможно 24/7 на веб страната www.tigo.mk или, пак во нивните новоотворени филијали, каде што корисниците добиваат информација за само 30 секунди за максималниот износ на пари којшто им стои на располагање. ТИГО Фајнанс нуди можност за аплицирање за кредити во износ од 2.000 до 60.000 денари, со рок на отплата 7, 14 или 30 дена и 3, 6 или 12 месеци.   За прв пат во Македонија, ТИГО Фајнанс е единствено финансиско друштво кое во своите филијали врши исплата на кредити во КЕШ, а притоа првиот кредит е БЕСПЛАТЕН (0%) за сите нови клиенти. Филијалите се наоѓаат во три општини во Скопје и тоа:
  1. во Центар во зграда Тифани,
  2. во Карпош во Лептокарија, и
  3. во Ѓорче Петров, веднаш спроти општинската зграда.
Бесплатниот кредит овозможува корисниците да земат кредит со еднократна отплата во висина од најмногу 12.000 денари, и да вратат исто 12.000 денари, со 0% ТРОШОЦИ за аплицирање, 0% КАМАТА и 0% ПРОВИЗИЈА. Покрај исплатата во КЕШ во филијалите на друштвото, постои опција и за исплата на одобрените кредити преку банкарски трансфер на трансакциска сметка во рок од 1 час. Работното време на филијалите е од понеделник до сабота од 10.00 до 18.00 часот, а контакт центарот за онлајн поддршка работи од понеделник до сабота од 08.00 до 20.00 часот. ТИГО Фајнанс одговара на потребите и желбите на корисниците со ограничен пристап до банкарски услуги, а кредитите тие ги добиваат на едноставен и удобен начин, со максимална транспарентност. Кредитирањето никогаш не било полесно! Информации во врска со кредитите сите заинтересирани можат да добијат на официјалната веб страна www.tigo.mk или на телефонскиот број 13 700. Тиго.мк – СЕКОГАШ ДОСТАПНИ КРЕДИТИ Слики и адреси од филијалите:
  1. Филијала Центар - ул. Васил Главинов бр. 14/1-2, Скопје
  2. Филијала Лептокарија - бул. Партизански одреди бр. 64А/зграда 1, Скопје
  3. Филијала Ѓорче Петров - ул. Ѓорче Петров бр.71, лам. А-лок. бр. 7, Скопје
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/tigo-fajnans-otvori-3-filijali-vo-skopje-kade-moze-da-zemete-kesh-kredit-vednash/feed/ 0