кеси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Jun 2023 13:10:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кеси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Забрана за пластичните кеси од 1 јуни в година, соопшти Министерството за животна средина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zabrana-za-plastichnite-kesi-od-1-juni-v-godina-soopshti-ministerstvoto-za-zhivotna-sredina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zabrana-za-plastichnite-kesi-od-1-juni-v-godina-soopshti-ministerstvoto-za-zhivotna-sredina/#respond Mon, 26 Jun 2023 13:10:17 +0000 https://kurir.mk/?p=849760

Одлуката за целосна забрана за пуштањето пластични и оксобиоразградливи кеси за носење стоки на пазарот во земјата ќе стапи во сила на 1 јуни 2024 година, а не на 1 јуни годинава, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање. „Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека во согласност со Правилникот за изменување на Правилникот за стандардите за биоразградливост, кои треба да ги исполнуваат кесите за носење стоки, начинот на пуштање пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на образецот за водење евиденција (‘Службен весник на РСМ’ бр. 112/23 од 31.5.2023 година) е направена измена во член 6, во став 1 и зборовите „1 јуни 2023 година“ се заменуваат со зборовите „1 јуни 2024 година“. Оттука, забрана за употреба на кеси што не ги задоволуваат стандардите пропишани со овој Правилник целосно ќе биде имплементирана од 1 јуни 2024 година“, е истакнато во официјалното соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zabrana-za-plastichnite-kesi-od-1-juni-v-godina-soopshti-ministerstvoto-za-zhivotna-sredina/feed/ 0
Тотенхем и понуди на Барселона 15 милиони евра за Кеси https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/totenhem-i-ponudi-na-barselona-15-milioni-evra-za-kesi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/totenhem-i-ponudi-na-barselona-15-milioni-evra-za-kesi/#respond Thu, 29 Dec 2022 21:01:52 +0000 https://kurir.mk/?p=782353

Барселона може да го продаде Френк Кеси на премиерлигашот Тотенхем. Според „Sport.es“, англискиот клуб понудил 15 милиони евра за Кеси. Каталонците сакаат да го растовараат платниот список, па затоа сакаат да го продадат репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, доколку им одговара трансферната сума. Друг кандидат за продажба е Мемфис Депај. Се забележува дека самиот Кеси не сака да ја напушти Барса, но доколку не успее трансферот на Депај, тогаш Африканецот можеби ќе мора да го напушти клубот. Оваа сезона во Ла Лига, 26-годишниот играч од средниот ред, кој се пресели летото откако играше за Милан, одигра само 213 минути. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/totenhem-i-ponudi-na-barselona-15-milioni-evra-za-kesi/feed/ 0
Цената на кесите да се зголемува постепено, Законот да се измени во консултација со сите засегнати страни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cenata-na-kesite-da-se-zgolemuva-postepeno-zakonot-da-se-izmeni-vo-konsultacija-so-site-zasegnati-strani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cenata-na-kesite-da-se-zgolemuva-postepeno-zakonot-da-se-izmeni-vo-konsultacija-so-site-zasegnati-strani/#respond Thu, 02 Dec 2021 10:59:50 +0000 https://kurir.mk/?p=602942

Заштитата на животната средина и одржливо располагање со ресурсите е важен општествен приоритет, но за оваа цел да биде реализирана неопходен е системски пристап и инклузивност на процесот на носење на одлуки со вклучување на сите засегнати страни, како и предвидување на соодветен период на прилагодување кон новите законски решенија. Секој друг пристап нема да донесе  имплементација на одржливи решенија за заштита на животната средина, туку само ќе ја загрозат егзистенцијата и опстојувањето на голем број деловни субјекти, реагира Групација на производители и преработувачи на пластични маси при Сојузот на стопански комори на Македонија.

Во таа насока Групацијата истакнува барање за целосно одложување на примената на Законот за управување со пакување и отпад од пакување, бидејќи е донесен без консултација на приватниот сектор и погодува цела индустриска гранка.

„Со новиот Правилник за стандардите за биоразградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците како и формата и содржината на образецот за водење на евиденција,  употребата на оксо-биоразградливи кеси останува до 01 Јуни 2023, а потоа треба да бидат заменети со биоразградливи. За тоа да се обезбеди потребни се дополнителни инвестиции, обука на вработените, а дадените роковите се премногу кратки. За споредба во Германија донесен е закон во 2015 година со кој на производителите им се остава рок од 7 години за адаптација и пренамена на своето деловно работење. Исто така во ниту една држава не е целосно забранета употребата на најтенките кеси под 15 микрони кои се користат за размер на овошје и зеленчук, како што е кај нас“, истакнува Ели Качева претседавач на Групацијата.

Но иако има одложување на забраната за користење на оксо-биоразградливи кеси, нивната цена од вчера изнесува 15 денари, што преставува дополнителен удар за производителите, трговците и граѓаните.

„Сметаме дека надоместокот кој ќе го плаќаат граѓаните за една кеса од 15 денари претставува дополнителен финансиски товар, во време на економска криза и пандемија. Производителите на пластични кеси се соочени со големи проблеми бидејќи голем дел од нарачките се откажуваат, со што значително се намалува обемот на работа. Примената на законското решение е проблематично и затоа што нема прецизен план и програма за што ќе се трошат средствата кои ќе се уплаќаат на сметката во Министерството за животна средина“, објаснува Качева и додава дека поради недореченостите во законот во моментов владее хаос.

За надминување на состојбите Групацијата истакнуваат неколку барања упатени до Министерството за животна средина.

„Прво бараме да се  укине надоместокот од 15 денари бидејќи не само што нема никаква пазарна логика, туку е и многу повисок споредено со другите држави. Компаративната анализа која ја направивме  покажува дека цената на кесите во Србија изнесува 7,5 денари, а во Грција 9 денари. Сметаме дека зголемувањето на цената треба да биде сукцесивно во етапи. Исто така неопходно е да се интервенира во казнените одредби бидејќи глобите за трговците доколку на пример не водат соодветна евиденција за продажбата на кеси се и до 180.000 евра. Од овие законски измени директно е засегнaто опстојувањето и егзистенцијата на 32 претпријатија кои бројат вкупно 600 вработени физички лица, невклучувајќи ги и надворешните соработници како добавувачи на репроматеријали, дистрибутери. Затоа е неопходно законот да се измени и да се изнајде заедничко решение, во консултација и работни групи со производителите и трговците“, истакнува Качева.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cenata-na-kesite-da-se-zgolemuva-postepeno-zakonot-da-se-izmeni-vo-konsultacija-so-site-zasegnati-strani/feed/ 0
ОД УТРЕ: Биоразградливите кеси ќе чинат 15 денари, нема веќе пластично пакување во угостителските објекти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-biorazgradlivite-kesi-kje-chinat-15-denari-nema-vekje-plastichno-pakuvanje-vo-ugostitelskite-objekti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-biorazgradlivite-kesi-kje-chinat-15-denari-nema-vekje-plastichno-pakuvanje-vo-ugostitelskite-objekti/#respond Tue, 30 Nov 2021 15:01:52 +0000 https://kurir.mk/?p=602054

Од утре, 1 декември 2021 година стапува во сила обврската за наплата на кесите за носење стоки од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување. Како што се наведува во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање, Законот предвидува: забрана на пуштање на пластични кеси за носење на стоки на пазарот во Република Северна Македонија и забрана на пуштање на пластично пакување за еднократна употреба во угостителските објекти на територијата на заштитените подрачја во Република Северна Македонија. По исклучок, се посочува, со плаќање на надоместок од страна на крајните корисници, дозволено е пуштање на пазарот во Република Северна Македонија биоразградливи кеси за носење на стоки кои се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост, освен многу лесните пластични кеси за носење на стоки ( чијшто дебелина е пониска од 15 микрони). Надоместокот со вклучен ДДВ, кој треба да го плаќаат крајните корисници за биоразградливите кеси за носење на стоки изнесува 15 денари за парче и се плаќа на трговецот на местото на продажба. – Целта на овој Закон е да ги одврати корисниците од употреба на кеси за еднократна употреба и да ја стимулира употребата на торби за повеќекратна употреба, а засновано врз принципот „загадувачот плаќа“, се наведува во соопштението. Производителите на пластични кеси, се додава, и понатаму можат да продолжат со работа, но со почитување на пропишаниот стандард за биоразградливост. ОД МЖСПП напоменуваат дека стандардите за биоразградливост беа воведени уште во претходниот Закон, а пропишани во 2013 година. Новиот правилник за стандардите за биоразградливост е донесен и се очекува неговото објавување во наредниот број на Службен весник на Република Северна Македонија. До неговото стапување во сила важи постојниот Правилник, стои во соопштението од МЖСПП. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-biorazgradlivite-kesi-kje-chinat-15-denari-nema-vekje-plastichno-pakuvanje-vo-ugostitelskite-objekti/feed/ 0
Канада идната година забранува употреба на пластични сламки и кеси https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-idnata-godina-zabranuva-upotreba-na-plastichni-slamki-i-kesi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-idnata-godina-zabranuva-upotreba-na-plastichni-slamki-i-kesi/#respond Fri, 29 Nov 2019 07:28:05 +0000 https://kurir.mk/?p=270842

Градот Ванкувер одлучи да ја забрани употребата на пластични сламки и кеси од април следната година, со што ќе биде првиот канадски град што воведува таква забрана. Одлуката има за цел да ја намали употребата на пластични кеси и други пластични производи, како дел од намерата на многу земји да го намалат загадувањето. Во јуни канадскиот премиер Џастин Трудо објави дека има намера да забрани употреба на пластични предмети како сламки, кеси и прибор за јадење, до почетокот на 2021 година. Во одлуката на градскиот совет се наведува дека пластичните сламки и кеси се три проценти од годишниот отпад на плажи и дека речиси 90 отсто од пластичните производи во Канада завршуваат на депонии или во животната средина. Употребата на пластични сламки ќе биде забранета од 22 април 2020 година, а пластичните кеси, вклучително и оние изработени од биоразградливи материјали од 1 јануари 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanada-idnata-godina-zabranuva-upotreba-na-plastichni-slamki-i-kesi/feed/ 0
Во желудникот на угинат кит пронајдено нешто кое ги шокираше сите (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zeludnikot-na-uginat-kit-pronajdeno-neshto-koe-gi-shokirashe-site-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zeludnikot-na-uginat-kit-pronajdeno-neshto-koe-gi-shokirashe-site-video/#respond Tue, 19 Mar 2019 08:58:57 +0000 https://kurir.mk/?p=176265

Во желудникот на угинат кит пронајден на Филипините, биле најдени 40 килограми пластични кеси, соопшти Музејот во кој се изложуваат животински коски во близина на Давао Сити. -Ја откривме причината за угинувањето на младиот кит, кој беше пронајден на 16-ти март. Тој имаше дури 40 килограми пластични кеси во себе. Ова е најголемото количество пластика што некогаш сме го виделе во тело на угинато животно. Тоа е одвратно. Владата мора да преземе мерки против оние што го третираат океанот како канта за отпадоци, нагласи претставник на Музејот. Во областа, изминативе десет години, најдени се 57 китови и делфини, кои угинале како последица од проголтување пластика.  (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-zeludnikot-na-uginat-kit-pronajdeno-neshto-koe-gi-shokirashe-site-video/feed/ 0