кевин спејси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Oct 2023 18:40:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кевин спејси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кевин Спејси итно хоспитализиран: Се сомневаат дека доживеал срцев удар https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kevin-spejsi-itno-hospitaliziran-se-somnevaat-deka-dozhiveal-srtsev-udar/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kevin-spejsi-itno-hospitaliziran-se-somnevaat-deka-dozhiveal-srtsev-udar/#respond Wed, 04 Oct 2023 18:40:52 +0000 https://kurir.mk/?p=885263

Во светските медиуми одекна веста дека на познатиот актер му се слошило. Како што пренесува „The Sun“, на Кевин Спејси му трнела раката додека бил на Меѓународниот филмски фестивал во Ташкент, Узбекистан, по што итно бил пренесен во болница и постои сомневање дека доживеал срцев удар. Според извештаите, тој бил подложен на магнетна резонанца, а му се слошило при посета на музеј. Потоа се пожали дека „целата лева рака му се вкочанила околу осум секунди“. Во болницата му биле направени низа тестови и се посомневале дека може да доживее срцев удар, но лекарите му рекле дека се е во ред. -Господинот Спејси беше однесен во болница поради здравствени проблеми. Лекарите и другиот персонал го прегледале темелно и било констатирано дека нема проблем со срцето, изјавил извор близок до актерот. Подоцна истата вечер актерот излезе пред публиката и им се обрати на насобраните. -Ова ме натера да одвојам момент и да размислам колку е кревок животот - за сите нас, рекол Спејси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kevin-spejsi-itno-hospitaliziran-se-somnevaat-deka-dozhiveal-srtsev-udar/feed/ 0
Кевин Спејси ослободен од обвиненијата за сексуални деликти https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kevin-spejsi-osloboden-od-obvinenijata-za-seksualni-delikti/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kevin-spejsi-osloboden-od-obvinenijata-za-seksualni-delikti/#respond Wed, 26 Jul 2023 15:09:21 +0000 https://kurir.mk/?p=860333

Поротата во судот во Лондон денеска го прогласи актерот Кевин Спејси за невин по обвиненијата за сексуално вознемирување врз четворица мажи. Спејси беше ослободен од девет обвиненија, вклучително и сексуален напад, поттикнување на лице на сексуална активност без согласност и поттикнување лице на пенетративна сексуална активност, пишуваат британските медиуми. Спејси за време на судењето се изјасни за невин, кажувајќи дека не ја искористил својата моќ за да ги одведе неименуваните мажи в кревет. Тој ги опиша обвинувањата како „забивање нож в грб“. Сите четворица мажи, според законот, имаат право на доживотна анонимност.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kevin-spejsi-osloboden-od-obvinenijata-za-seksualni-delikti/feed/ 0
Почнува судењето за сексуална злоупотреба против Кевин Спејси https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochnuva-sudeneto-za-seksualna-zloupotreba-protiv-kevin-spejsi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochnuva-sudeneto-za-seksualna-zloupotreba-protiv-kevin-spejsi/#respond Wed, 28 Jun 2023 07:44:47 +0000 https://kurir.mk/?p=850344

Двојниот оскаровец Кевин Спејси денеска оди на судење во Лондон, Велика Британија, под обвинение дека пред околу 20 години сексуално нападнал четворица мажи. Инаку, 63-годишниот Американец се изјасни невин по десетина точки од обвинението, вклучително и за сексуален напад и поттикнување на лице на сексуална активност без согласност. Доколку биде прогласен за виновен, познатиот глумец може да биде осуден на неколку години затвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochnuva-sudeneto-za-seksualna-zloupotreba-protiv-kevin-spejsi/feed/ 0
Кевин Спејси обвинет за уште седум случаи на сексуална злоупотреба https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kevin-spejsi-obvinet-za-ushte-sedum-sluchai-na-seksualna-zloupotreba/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kevin-spejsi-obvinet-za-ushte-sedum-sluchai-na-seksualna-zloupotreba/#respond Thu, 17 Nov 2022 08:43:11 +0000 https://kurir.mk/?p=762216

Актерот Кевин Спејси е обвинет за уште седум сексуални престапи во Велика Британија. Оскаровецот сега во таа земја се товари за вкупно 12 случаи на сексуално насилство што наводно се случило додека тој бил на чело на лондонскиот театар „Олд Вик“. -Кралското обвинителство објави дека обвинението е проширено со уште три случаи на недолично однесување, три сексуални напади и еден случај на принудување на лице на сексуална активност без нивна согласност, пренесува „Холивуд репортер“. Спејси претходно беше обвинет за пет точки за сексуален напад во Велика Британија, а на претходното рочиште се изјасни за невин. Судијата Марк Вол, кој го надгледуваше рочиштето, го одреди почетокот на судењето на 6-ти јуни следната година. На Спејси, сепак, му беше дозволено слободно да се движи. Пред неколку недели, Спејси беше ослободен во случајот што против него го покрена актерот Ентони Рап, кој тврдеше дека бил сексуално вознемируван од постариот колега во 1980-тите. И додека актерот стана „персона нон грата“ во Холивуд поради големите контроверзи кои го следат со години, тој ја оживува својата кариера во Европа, а Филмскиот музеј во Торино планира следната година да му додели награда за животно дело.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kevin-spejsi-obvinet-za-ushte-sedum-sluchai-na-seksualna-zloupotreba/feed/ 0
Обвинувањата му ја уништија кариерата: Судот пресуди дека Кевин Спејси не е виновен за сексуален напад https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/obvinuvanjata-mu-ja-unishtija-karierata-sudot-presudi-deka-kevin-spejsi-ne-e-vinoven-za-seksualen-napad/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/obvinuvanjata-mu-ja-unishtija-karierata-sudot-presudi-deka-kevin-spejsi-ne-e-vinoven-za-seksualen-napad/#respond Fri, 21 Oct 2022 07:10:25 +0000 https://kurir.mk/?p=748751

Њујоршкиот суд го отфрли обвинението за сексуален напад против актерот Кевин Спејси. Тужбата беше поднесена од актерот Ентони Рап, кој тврдеше дека Спејси недолично го допирал на забава во 1986 кога имал само 14 години. Сега 50-годишниот Рап ја покрена тужбата во септември 2020, при што бараше отштета од 40 милиони долари. Спејси цело време ги негираше обвиненијата. Tој се соочува со уште пет обвиненија за сексуален напад во Велика Британија и ова судење треба да почне во јули следната година. По тринеделното судење во федералниот суд во Менхетн, поротата кажа дека Рап не успеал да докаже дека Спејси недолично се однесувал. Рап, кој првпат излезе со своите обвинувања во 2017, изјави дека Спејси имал 26 или 27 години кога се сретнале на забава во еден стан во Менхетн. Тој тврдеше дека Спејси го положил на кревет, по што делумно легнал врз него. Спејси, кој има освоено два оскара, беше еден од најпочитуваните актери во Холивид пред да почнат да се нижат обвинувања за недолично сексуално однесување, поради кои прво ја изгуби улогата во серијата „Куќа од карти“. Оттогаш излезе само еден негов филм, а неколку проекти беа блокирани.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/obvinuvanjata-mu-ja-unishtija-karierata-sudot-presudi-deka-kevin-spejsi-ne-e-vinoven-za-seksualen-napad/feed/ 0
Кевин Спејси мора да им плати 31 милион долари на продуцентите на „Куќа од карти“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kevin-spejsi-mora-da-im-plati-31-milion-dolari-na-producentite-na-kukja-od-karti/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kevin-spejsi-mora-da-im-plati-31-milion-dolari-na-producentite-na-kukja-od-karti/#respond Fri, 05 Aug 2022 19:33:21 +0000 https://kurir.mk/?p=714845

Оскаровецот Кевин Спејси (62) ќе мора да плати оштета од речиси 31 милион долари на продуцентската куќа „МРЦ“, која во 2017 година го исфрли од серијата „Куќа од карти“ (House of Cards) по обвинувањата за сексуална злоупотреба, одлучи американскиот суд откако беше одбиена неговата жалба. „МРЦ“ го тужеше Спејси затоа што со отказот изгубија значителни приходи од серијата, која се занимава со политички интриги во Вашингтон. Пред пет години, кариерата на Спејси, добитник на два „Оскари“, нагло прекина поради серија наводи за сексуален напад, па продуцентите мораа драстично да го сменат заплетот на шестата сезона на популарната серија. Судот уште во 2020 година пресуди во корист на продуцентската куќа, оценувајќи дека однесувањето на Спејси ги прекршило правилата на договорот, на што актерот поднесе жалба, но таа беше одбиена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kevin-spejsi-mora-da-im-plati-31-milion-dolari-na-producentite-na-kukja-od-karti/feed/ 0
Добитникот на два Оскари мора да плати 31 милион долари отштета https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dobitnikot-na-dva-oskari-mora-da-plati-31-milion-dolari-otshteta/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dobitnikot-na-dva-oskari-mora-da-plati-31-milion-dolari-otshteta/#respond Fri, 05 Aug 2022 06:57:59 +0000 https://kurir.mk/?p=714355

Кевин Спејси (62), добитник на два „Оскари“, ќе мора да ѝ плати речиси 31 милион долари на продуцентската куќа „МРЦ“, која го отпушти од снимањето на серијата „Куќа од карти“ (House of Cards) во 2017 година поради обвинувањата за сексуална злоупотреба. Американските судски власти одлучија така откако неговата жалба беше одбиена. „МРЦ“ го тужеше американскиот глумец бидејќи со неговото однесување и отпуштањето, компанијата изгубила значителни приходи од серијата што, инаку, се занимаваше со политичките интриги во Вашингтон. Пред пет години, кариерата на Спејси ненадејно заврши поради серија наводи за сексуален напад, па продуцентите мораа да направат големи промени во заплетот на шестата сезона на „Куќа од карти“. Судот уште во 2020 година пресуди во корист на продуцентската куќа, оценувајќи дека однесувањето на Спејси ги прекршило правилата на договорот, на што актерот се жалел, но таа жалба била одбиена. Кевин Спејси е обвинет во Велика Британија за пет дела што наводно се случиле меѓу 2005 и 2013 година – четири точки за сексуален напад со допирање и посериозно обвинение за поттикнување сексуална пенетрација без согласност. Минатиот месец беше договорено судењето да се одржи на 6 јуни следната година. Спејси ги отфрли сите наводи за сексуално вознемирување. Глумецот, инаку, доби „Оскар“ за најдобра машка улога во „Американска убавина“ и за најдобра споредна машка улога во „Вообичаените осомничени“. Во „Куќа во карти“ тој го глумеше измислениот лик на безобѕирниот политичар Френк Андервуд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dobitnikot-na-dva-oskari-mora-da-plati-31-milion-dolari-otshteta/feed/ 0
На славниот актер ќе му се суди за сек*уални престапи од пред 20 години, Спејси се изјасни за невин https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/na-slavniot-akter-kje-mu-se-sudi-za-sek-ualni-prestapi-od-pred-20-godini-spejsi-se-izjasni-za-nevin/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/na-slavniot-akter-kje-mu-se-sudi-za-sek-ualni-prestapi-od-pred-20-godini-spejsi-se-izjasni-za-nevin/#respond Thu, 14 Jul 2022 14:53:41 +0000 https://kurir.mk/?p=705233

Американскиот актер добитник на Оскар, Кевин Спејси, денеска пред судот во Лондон се изјасни за невин по обвиненијата за сексуални престапи кои датираат од пред речиси 20 години, пренесува Ројтерс. На денешното рочиште Спејси објави дека „не е виновен“ по пет точки од обвинението пред кривичниот суд во Лондон, а почетокот на судењето е закажан за 6 јуни 2023 година, наведува британската агенција. Обвиненијата против Спејси се однесуваат на два наводни инциденти во Лондон во 2005 година, уште два во 2008 година и инцидент во Глостершир, западна Англија, во 2013 година. Нападнатите мажи сега се во своите 40-ти и 30-ти години, пишува британскиот печат, а Спејси, кој во 1990-тите ги освои Оскарите за филмовите „On Duty“ и „American Beauty“, рече дека е подготвен да се брани во Велика Британија и дека е убеден дека на секое судење ќе се докаже дека е невин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/na-slavniot-akter-kje-mu-se-sudi-za-sek-ualni-prestapi-od-pred-20-godini-spejsi-se-izjasni-za-nevin/feed/ 0
Се снима документарец за Кевин Спејси https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/se-snima-dokumentarec-za-kevin-spejsi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/se-snima-dokumentarec-za-kevin-spejsi/#respond Tue, 28 Jun 2022 10:02:05 +0000 https://kurir.mk/?p=696753

Британскиот „Канал 4“ работи на документарен филм за подемот и падот на познатиот глумец-оскаровец Кевин Спејси. Документарецот во два дела е наречен „Спејси без маска“ (Spacey Unmasked) и ќе се занимава со неговата кариера, од неговите почетоци на Бродвеј, преку статусот на ѕвезда, па сѐ до обвинувањата за сексуално вознемирување и злоупотреба. – Кевин Спејси е еден од најпочитуваните глумци на денешницата. Неговиот талент му донесе два „Оскари“ и многу други награди. Критички пофален на двата брега на Атлантикот, тој успешно го водеше театарот „Олд Вик” цели 11 години, па стана еден од најважните културни ликови и во Лондон, како и пријател на многу други познати личности. Овие филмови ќе ја следат неговата приказна за наводите за злоупотреба и исходот од судењето, вели извршната продуцентка Дороти Бирн. Во режија на Кира Филипс, првата епизода ќе се појави по завршувањето на двете судења. Едното тече во Њујорк – засновано на тужбата на глумецот Ентони Рап, а другото во Велика Британија, каде што Спејси се соочува со обвиненија од тројца други мажи. Тој се појави пред судот на Островот на почетокот на овој месец, каде што е обвинет за четири случаи на сексуален напад меѓу 2005. и 2013 година. – Ја ценам изјавата на обвинителството во која тие внимателно ги потсетуваат медиумите и јавноста дека имам право на правично судење и дека сум невин додека не се докаже спротивното. Иако сум разочаран од нивната одлука да прифатат процес по тужбите, со задоволство ќе се појавам во Обединетото Кралство штом имам можност да се бранам од овие обвиненија за кои, сигурен сум, ќе ја докажам мојата невиност, изјави Спејси во пресрет на судењето. Еден од тужителите го обвинува американскиот ветеран за „секс со пенетрација без согласност“, т.е. за силување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/se-snima-dokumentarec-za-kevin-spejsi/feed/ 0
Кевин Спејси како Фрањо Туѓман – преговорите се во тек https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kevin-spejsi-kako-franjo-tugjman-pregovorite-se-vo-tek/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kevin-spejsi-kako-franjo-tugjman-pregovorite-se-vo-tek/#respond Fri, 31 Dec 2021 17:40:43 +0000 https://kurir.mk/?p=615230

Познатиот холивудски актер Кевин Спејси вчера допатува во Загреб во посета на познатиот режисер Јаков Седлар. Според хрватските медиуми, режисерот се подготвува да снима филм за првиот хрватски претседател д-р Фрањо Туѓман, а во него треба да глуми Спејси. Наводно, Спејси треба да го толкува ликот на претседателот Туѓман. Пред неколку дена Седлар потврди дека преговорите со познатиот актер се во тек. Така, тој на 29 декември замина во Париз, каде што почнаа преговори, а вчера Спејси пристигна во Загреб каде треба да остане извесно време. Меѓутоа, се уште не е официјално потврдено дека Седлар и Спејси постигнале договор за снимање на филмот. Сите детали се уште се чуваат во тајност, а ниту режисерот Седлар не сака да зборува премногу за проектот. – Одиме полека, преговараме и тоа е се, изјави Седлар за „Јутарњи лист“. Познато е дека режисерот со години кажува дека сака да сними филм за ликот и делото на Фрањо Туѓман, со оглед на тоа што во Хрватска не е снимен ниту еден игран филм кој на тој начин би го прикажал првиот хрватски претседател. Спејси ја играше улогата на Френк Андервуд, во серијата „House of Cards“, политичар кој не се плаши од ништо за да напредува во американската политика. Меѓутоа, неговото присуство во серијата беше нагло прекинато поради скандали поврзани со сексуално злоставување на помлади мажи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/kevin-spejsi-kako-franjo-tugjman-pregovorite-se-vo-tek/feed/ 0