кфалификации – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Feb 2023 10:11:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кфалификации – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонија У-21 ги дозна противниците за квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2025 https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-u-21-gi-dozna-protivnitsite-za-kvalifikatsiskiot-tsiklus-za-plasman-na-ep-2025/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-u-21-gi-dozna-protivnitsite-za-kvalifikatsiskiot-tsiklus-za-plasman-na-ep-2025/#respond Thu, 02 Feb 2023 10:11:42 +0000 https://kurir.mk/?p=795077

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година за противници во Ц-групата ќе ги има селекциите на Холандија, Шведска, Грузија, Молдавија и Гибралтар во рамките на квалификацискиот циклус за пласман на Европско првенство што ќе се одржи во Словачка 2025 година. На денешното извлекување во Нион, Швајцарија, беа одредени групите за 52 репрезентациите кои ќе бидат дел од квалификацискиот циклус за фудбалери до 21 година. Квалификациите за пласман на ЕП започнуваат во март 2023 година и ќе траат до ноември 2024. Репрезентацијата на Словачка како домаќин на финалниот турнир е директен учесник на ЕП 2025 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-u-21-gi-dozna-protivnitsite-za-kvalifikatsiskiot-tsiklus-za-plasman-na-ep-2025/feed/ 0
Убедлив триумф на македонските ракометари над Ромaнија https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ubedliv-triumf-na-makedonskite-rakometari-nad-romanija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ubedliv-triumf-na-makedonskite-rakometari-nad-romanija/#respond Thu, 17 Mar 2022 20:20:07 +0000 https://kurir.mk/?p=649104

Македонската машка ракометна репрезентација ќе брани предност од осум голови разлика на реваншот од полуфиналниот мундијалски бараж во Букурешт, откако вечерва со фуриозна игра во завршните 15 минути триумфираше во Скопје над Романија со 30-22 (16-13). Македонските ракометари добро го отворија натпреварот и по девет минути игра имаа предност од четири голови разлика (7-3). Уследи период на деконцентрирана игра во одбраната и серија од 3-0 на противникот, кој на средината од полувремето дојде и до израмнување на резултатот (10-10). Тоа беше сигнал во игра да влезе капитенот Кирил Лазаров, кој брзо нанижа пет голови зад своето име и ја врати сигурноста во играта на „црвено – црните“ за „плус три“ на полувремето. По само четири минути игра во вториот дел македонските ракометари стигнаа до највисока предност од пет голови разлика, а откако Романците во 43. минута се приближија на само гол негатива, уследи фуриозен финиш на македонската репрезентација, која предводена од Филип Талески (десет голови) обезбеди предност од високи осум голови за реваншот в сабота во Романија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ubedliv-triumf-na-makedonskite-rakometari-nad-romanija/feed/ 0
Македонските кошаркари против Швајцарија и Словачка ги почнуваат квалификациите за СП https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonskite-kosharkari-protiv-shvajcarija-i-slovachka-gi-pochnuvaat-kvalifikaciite-za-sp/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonskite-kosharkari-protiv-shvajcarija-i-slovachka-gi-pochnuvaat-kvalifikaciite-za-sp/#respond Wed, 28 Apr 2021 17:56:39 +0000 https://kurir.mk/?p=503455

Репрезентациите на Швајцарија и Словачка ќе им бидат противници на македонските кошаркари во претквалификациите за пласман на Светското првенство (СП) во 2023 година, одлучено е попладнево со жрепка во седиштето на ФИБА во Берлин. Македонскиот состав играше против истите противници и во претквалификациите за Европското првенство 2022, во кои два пати ја совладаа Словачка, а забележаа победа и пораз од Швајцарија. Пласман во мундијалските квалификации ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации во четирите групи. Македонските кошаркари во претквалификациите ќе стартуваат со новоизбраниот селектор Драган Бајиќ, кој во првата реакција по извлекувањето на групите истакна дека „противниците заслужуваат респект“. – Она што можам да го кажам е дека селекцијата на Швајцарија заслужува максимален респект за она што го направи во оние последни квалификации за ЕП. Не е мала работа да се победи една велесила како Србија, макар и во еден комбиниран состав. Тоа треба да ни биде одредница како да се поставиме во августовските натпревари. Словачка го има Кајл Кјурик, еден од носителите на играта на Барселона. Да не заборавиме на Бродзијански, еден исто така одличен играч кој игра заедно со Нено Димитријевиќ во шпанскиот Хувентуд. Но сепак, тоа се само некои првични информации. Имаме време за целосни анализи на ривалите, изјави Бајиќ за официјалниот сајт на Македонската кошаркарска федерација. – Ние мора да изградиме едно високо ниво на самодоверба. Само така можеме да ги минуваме пречките кои стојат на нашиот пат. Почнувајќи уште од првиот собир, таму некаде во текот на летото. Само да бидеме живи и здрави, се ќе биде како што треба, додаде новиот предводник на македонската кошаркарска репрезентација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonskite-kosharkari-protiv-shvajcarija-i-slovachka-gi-pochnuvaat-kvalifikaciite-za-sp/feed/ 0
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ги доби противниците во квалификациите за ЕП https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonskata-fudbalska-reprezentacija-do-21-godina-gi-dobi-protivnicite-vo-kvalifikaciite-za-ep/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonskata-fudbalska-reprezentacija-do-21-godina-gi-dobi-protivnicite-vo-kvalifikaciite-za-ep/#respond Thu, 28 Jan 2021 13:19:33 +0000 https://kurir.mk/?p=461049 Македонската репрезентација до 21 година ги доби противниците во квалификациите за Европското фудбалско првенство 2023 кое ќе се игра во Романија и Грузија.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе играат во групата Х со Франција, Србија, Украина, Фарски Острови и Ерменија.

Составот на другите групи е:

Група А: Хрватска, Австрија, Норвешка, Финска, Азербејџан, Естонија.

Група Б: Германија, Полска, Израел, Унгарија, Летонија, Сан Марино.

Група Ц: Шпанија, Русија, Словачка, Северна Ирска, Литванија, Малта.

Група Д: Португалија, Грција, Исланд, Белорусија, Кипар, Лихтенштајн.

Група Е: Холандија, Швајцарија, Бугарија, Велс, Молдавија, Гибралтар.

Група Ф: Италија, Шведска, Ирска, БиХ, Црна Гора, Луксембург.

Група Г: Англија, Чешка, Словенија, Албанија, Косово, Андора.

Група И: Данска, Белгија, Турција, Шкотска, Казахстан.

На ЕП 2023 ќе патуваат вкупно 14 селекции, плус домаќините Грузија и Романија.

]]>
https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonskata-fudbalska-reprezentacija-do-21-godina-gi-dobi-protivnicite-vo-kvalifikaciite-za-ep/feed/ 0
УЕФА го одреди форматот на квалификациите за СП 2022 https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-go-odredi-formatot-na-kvalifikaciite-za-sp-2022/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-go-odredi-formatot-na-kvalifikaciite-za-sp-2022/#respond Thu, 18 Jun 2020 11:47:36 +0000 https://kurir.mk/?p=359439

Европската фудбалска асоцијација определи како ќе се играат квалификациите за Светското првенство кое на крајот на 2022 година ќе се игра во Катар. Во соопштението на УЕФА се вели дека квалификацискиот турнир ќе се состои од 10 групи. Победникот од секоја група ќе добие билет за Мундијалот директно. Екипите кои ќе бидат втори, како и двете најдобри екипи од Лигата на нации ќе учествуваат во плеј-офот, каде ќе се одредат добитниците на уште билети за СП. Планетарниот фудбалски собир во 2022 година ќе се одржи во Катар од средината на ноември до средината на декември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-go-odredi-formatot-na-kvalifikaciite-za-sp-2022/feed/ 0
УЕФА ги негира информациите за можно скратување на квалификациите за евро-куповите во новата сезона https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-gi-negira-informaciite-za-mozno-skratuvanje-na-kvalifikaciite-za-evro-kupovite-vo-novata-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-gi-negira-informaciite-za-mozno-skratuvanje-na-kvalifikaciite-za-evro-kupovite-vo-novata-sezona/#respond Tue, 12 May 2020 08:15:04 +0000 https://kurir.mk/?p=344850

Европската фудбалска асоцијација ги демантираше информациите на британскиот весник „Тајмс“ за евентуално намалување на квалификациските рунди за Лигата на шампионите и Лигата на Европа во сезоната 2020/2021 година. Вчера „Тајмс“ објави вест дека УЕФА ја испитува можноста за намалување на квалификациските рунди и можноста за нивно целосно откажување. Ситуацијата е под влијание на забраните за натпревари на одделни влади, на пример во Франција и Холандија, фудбалски натпревари не може да се играат порано од септември. – УЕФА никогаш не размислувала да им ги одземе на победниците од националните шампиони право да се обидат да влезат во групната фаза во Лигата на шампионите благодарение на резултатите од теренот. УЕФА во моментов ја следи состојбата и евентуалното влијание врз формата на квалификациските рунди за клупските турнири следната година. До денес, не се развиени специфични опции за квалификациски формат за европските клупски турнири, се вели во соопштението. Конечните фази од Лигата на шампионите и Лигата на Европа за сезоната 2019/2020 беа прекинати во март поради пандемијата на коронавирус. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-gi-negira-informaciite-za-mozno-skratuvanje-na-kvalifikaciite-za-evro-kupovite-vo-novata-sezona/feed/ 0
Шпанија и Италија ќе ги заверуваат визите за ЕП 2020 https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shpanija-i-italija-kje-gi-zaveruvaat-vizite-za-ep-2020/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shpanija-i-italija-kje-gi-zaveruvaat-vizite-za-ep-2020/#respond Sat, 12 Oct 2019 08:06:58 +0000 https://kurir.mk/?p=250668

Нова серија натпревари од 7.коло на европските квалификации е на програмата денес. Осум натпревари од 3 групи ќе се играат на територијата на Стариот континент. Големите сили Шпанија и Италија имаат шанса официјално да ги завераат своите визи за ЕП 2020. Во групата „Ф“, Шпанија досега има 6 победи од 6 натпревари. „Фуријата“ вечерва се соочува со Норвешка во Осло. Избраниците на Роберт Морено ќе бараат нов успех за да се осигурат дека ќе завршат на едно од првите две места во групата и ќе играат во завршницата на Европското. Сепак, домаќините исто така немаат право на грешка ако сакаат да стигнат барем до второто место, што исто така дава право на учествона континенталниот собир другата година. Во групата „Ј“ ситуацијата е доста слична. Италија е со 18 бода по 6 дуели и со нова победа ќе го загарантира своето учество во ЕП . Во одредени околности, „азурите“ може да си ја завери визата за Европското дури и со реми дома против Грција, но за таа цел Ерменија мора да загуби при својата посета кај Лихтенштајн. Натпреварите од денес: Од 15:00 часот Грузија – Ирска Од 18:00 часот Данска – Швајцарија Фарски острови – Романија Босна и Херцеговина – Финска Од 20:45 часот Норвешка – Шпанија Малта – Шведска Лихтенштајн – Ерменија Италија – Грција 2019-10-12 09:46:30]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shpanija-i-italija-kje-gi-zaveruvaat-vizite-za-ep-2020/feed/ 0