кфсм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Oct 2023 16:59:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кфсм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кошаркарите во првата лига ќе играат со светски признат баскет „Молтен“ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kosharkarite-vo-prvata-liga-ke-igraat-so-svetski-priznat-basket-molten/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kosharkarite-vo-prvata-liga-ke-igraat-so-svetski-priznat-basket-molten/#respond Mon, 16 Oct 2023 16:59:09 +0000 https://kurir.mk/?p=889473

И во оваа натпреварувачка сезона, Македонската кошаркарска федерација продолжува со практиката да биде помагател на активностите на клубовите Во таа насока, во наредниот период, клубовите од Првата лига-мажи ќе бидат помогнати со одреден број на кошаркарски топки од компанијата „Молтен“, сертифицирани од страна на Светската кошаркарска федерација (ФИБА). Согласно со тоа, во продолжението од натпреварувачката сезона 2023/24, натпреварите во нашата најквалитетна лига ќе се играат токму со светски признатиот реквизит на еден од најдобрите производители на кошаркарски топки во светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kosharkarite-vo-prvata-liga-ke-igraat-so-svetski-priznat-basket-molten/feed/ 0
ОКТА главен спонзор на националната кошарка во претквалификациите за Олимпијадата 2024 и квалификациите за Евробаскет 2025 https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/okta-glaven-sponzor-na-natsionalnata-kosharka-vo-pretkvalifikatsiite-za-olimpijadata-2024-i-kvalifikatsiite-za-evrobasket-2025/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/okta-glaven-sponzor-na-natsionalnata-kosharka-vo-pretkvalifikatsiite-za-olimpijadata-2024-i-kvalifikatsiite-za-evrobasket-2025/#respond Tue, 18 Jul 2023 10:30:11 +0000 https://kurir.mk/?p=857673

Во пресрет на претквалификацискиот турнир за место на Олимписките игри во Париз, ОКТА ја продолжи поддршката на националната кошаркарска федерација како главен спонзор. Договорот за спонзорство вклучува поддршка на машката кошаркарска репрезентација и во натпреварите од квалификацискиот циклус за Евробаскет 2025, кој треба да започне во февруари идната година. Со новиот договор, ОКТА го задржува континуитетот во долгогодишното партнерство со кошаркарската федерација и ја потврдува улогата на континуиран поддржувач на националните спортски селекции во нивните успеси на меѓународната спортска сцена. „Среќни сме што го продолжуваме партнерството, а со тоа и континуирано придонесуваме во напорите на кошаркарската федерација да обезбеди што подобри услови за машката сениорска репрезентација во претстојните спортски предизвици. Веруваме дека нашата поддршка ќе биде дополнителен мотив за сениорите во остварување на целта – пласман на Олимпијадата 2024 и успешни квалификации во Евробаскет 2025“, изјави Вук Радовиќ, главен извршен директор на ОКТА. Договорот за поддршка на сениорскиот кошаркарски тим започнува со претквалификацискиот турнир за Олимписките игри во Париз, а ќе трае до февруари 2025 година кога треба да завршат квалификациите за Европското првенство во кошарка. „Нашата цел е јасна – учество на машката репрезентација на Олимпијадата во 2024 година и на Евробаскет 2025. Поддршката, каква што е и оваа од ОКТА, е дополнителен поттик и овозможува играчите и стручниот штаб целосно и непречено да се посветат на својот, спортскиот дел од работата. Тоа е многу полесно кога имате покрај себе партнер кој е со вас долги години и низ заедничка соработка докажал дека искрено ги споделува нашите цели и амбиции. Тоа ни значи многу и нам како организација и на играчите и, верувам, на сите љубители на кошарката и на спортот во земјава“, рече Перо Антиќ, претседател на Федерацијата. Претквалификацискиот турнир за Летните олимписки игри ќе се одржи во Талин од 12 до 15 август 2023 година, а противници на нашата репрезентација се тимовите на Израел, домаќинот Естонија и Чешка. Двете првопласирани репрезентации обезбедуваат пласман во полуфиналната фаза од квалификациите. Квалификациите за Европското првенство стартуваат во февруари 2024 и ќе траат сѐ до февруари 2025, а во нив ќе учествуваат вкупно 32 национални тимови, од кои 24 ќе обезбедат пласман на самитот на најдобрите кошаркарски репрезентации на Стариот континент.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/okta-glaven-sponzor-na-natsionalnata-kosharka-vo-pretkvalifikatsiite-za-olimpijadata-2024-i-kvalifikatsiite-za-evrobasket-2025/feed/ 0
КФСМ го казни К.К.Работнички со 89.000 денари https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kfsm-go-kazni-k-k-rabotnichki-so-89-000-denari/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kfsm-go-kazni-k-k-rabotnichki-so-89-000-denari/#respond Tue, 23 May 2023 04:47:26 +0000 https://kurir.mk/?p=837674

Кошаркарскиот клуб Работнички од Скопје од страна па Дисциплинската комисија на КФСМ го казни овој клуб со 89.000 денари. Тие ќе платат 40.000 за инцидентите на своите фанови кои ги направија на првиот меч во “Јане Сандански“ кога беа гости, а ќе платат и 49.000 денари за она што се случуваше на вториот меч кога беа домаќини и кога се играше на Кале. Има казна и за МЗТ Скопје и тоа од 34.000 денари, исто така за своите фанови. Од кои 10.000 за палење на димни бомби на првиот меч во Аеродром, 16.000 денари за фрлање петарди и димни бомби на вториот меч и 8.000 денари за неспортско навивање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kfsm-go-kazni-k-k-rabotnichki-so-89-000-denari/feed/ 0
Антиќ: Името на федерацијата беше сменето пред мојот избор за претседател https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/antik-imeto-na-federatsijata-beshe-smeneto-pred-mojot-izbor-za-pretsedatel/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/antik-imeto-na-federatsijata-beshe-smeneto-pred-mojot-izbor-za-pretsedatel/#respond Wed, 26 Apr 2023 12:24:56 +0000 https://kurir.mk/?p=827884

Четири години по промената на кошаркарската власт во земјава и еден месец по реизборот, претседателот на Федерацијата, Перо Антиќ првпат проговори за промената на името на оваа организација. Во овие четири години, тој често беше напаѓан дека го сменил името, најчесто од политички причини. Присутните на Изборното собрание, одржано на 15 мај 2019 година се сеќаваат што се случуваше на него, но тоа прашање не беше актуелизирано од Антиќ, се до синоќа. Во гостување на една локална телевизија, тој се осврна на промената на името на Федерацијата од МКФ (Македонска кошаркарска федерација) во КФСМ (Кошаркарска федерација на Северна Македонија) и објасни како се случи сето тоа. - Од дневниот ред добро се гледа дека како шеста точка на Собранието е носење одлука за промена на називот на Федерацијата. Во тие моменти, Собранието го води тогашниот претседател Петар Наумоски. Мојот избор за претседател е дури деветта точка откако претходно беше констатиран престанок на функцијата на мојот претходник. Петар Наумоски појасни дека законска обврска на сите спортски федерации е да направат промена на називот. По препорака на Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет даден е предлог за полн и скратен назив на федерацијата. Називот на Здружението на граѓани е Кошаркарска федерација на Северна Македонија. Скратено име е КФСМ. Ваквиот предлог беше усвоен со 27 гласа ЗА“, рече, меѓу другото, Антиќ. Кошаркарската федерација на Македонија е една од ретките спортски организации кои го сменија називите по промената на името на државата. Тоа го направи и Олимпискиот комитет, но останатите федерации, главно, ги задржаа старите имиња.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/antik-imeto-na-federatsijata-beshe-smeneto-pred-mojot-izbor-za-pretsedatel/feed/ 0
Работнички ќе игра без публика, Чаир без тренер https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rabotnichki-kje-igra-bez-publika-chair-bez-trener/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rabotnichki-kje-igra-bez-publika-chair-bez-trener/#respond Sat, 12 Nov 2022 06:05:54 +0000 https://kurir.mk/?p=759525

Натпреварите од петтото коло од Првата лига му донесоа голема работа на комесарот за натпреварување Александар Милојевиќ, со оглед што се случија инциденти на два меча кои донесоа суспензија на терен и тренер. Поради влегување на навивачи на паркетот на полувремето против ТФТ, екипата на Работнички е казнета со играње без публика на еден меч. Згора на тоа, центарци ќе мора да платат 16.000 денари, додека управата на популарната Тафта за одговор на провокацијата со фрлање со пивско шише ќе мора да плати 24.000 денари плус 3.200 денари за техничка грешка. За бурната реакција и исклучување на средбата против Феникс, тренерот на Чаир 2030, Рамадани, е суспендиран за следните два меча како и службениот претставник на овој тим, Ливерка. Чаирчани згора на тоа ќе треба да уплатат вкупно 83.600 денари во што е вклучена казната за јавно коментирање на судењето.
Останатите прволигаши поради технички грешки и лоши услови во соблекувалната за судиите (Академија ФМП) вкупно ќе треба да уплатат дополнителни 21.000 денари.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/rabotnichki-kje-igra-bez-publika-chair-bez-trener/feed/ 0
Признание и подароци за градоначалникот на Гевгелија од челниците на КФСМ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/priznanie-i-podaroci-za-gradonachalnikot-na-gevgelija-od-chelnicite-na-kfsm/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/priznanie-i-podaroci-za-gradonachalnikot-na-gevgelija-od-chelnicite-na-kfsm/#respond Fri, 11 Nov 2022 18:22:44 +0000 https://kurir.mk/?p=759425

Кошаркарската репрезентација на Македонија во Гевгелија вчера со резултат 58-36 ја совлада Норвешка во рамките на претквалификациони натпревари за следниот Евробаскет. Македонската кошаркарска репрезентација ја совлада Норвешка со 58-36, во првиот од двата натпревари со скандинавски ривали во претквалификациите за следниот Евробаскет. Дуелот во Гевгелија донесе многу борба, мал број на поени и видно повеќе квалитет во нашиот табор. Најефикасни во македонскиот табор беа Војда Стојановски и Виктор Крстевски со по 14 поени, додека кај Норвешка се истакнаa Јавара и Фреј со по 11 поени. Во недела од 19:00 часот следи дуелот против Данска исто така на паркетот во Гевгелија. Пред дуелот со Норвежаните посебно признание доби градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов, за поддршката и гостопримството. Салата „26 април“ е исполнета до последното место, а Македонија, и вака подмладена, е голем фаворит во дуелите против овие две скандинавски селекции. ФОТО: Гол.мк ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/priznanie-i-podaroci-za-gradonachalnikot-na-gevgelija-od-chelnicite-na-kfsm/feed/ 0
ТФТ поуспешен од Еуро Никел, Гостивар продолжува со победи https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tft-pouspeshen-od-euro-nikel-gostivar-prodolzuva-so-pobedi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tft-pouspeshen-od-euro-nikel-gostivar-prodolzuva-so-pobedi/#respond Sun, 30 Oct 2022 07:26:32 +0000 https://kurir.mk/?p=752529

ТФТ успеа да го совлада Еуро Никел со во натпреварот од редовното коло на македонскиот кошаркарски шампионат 90:78. Пред овој натпревар, во првата кошаркарска лига Феникс 2010 го победи Куманово со 89:66, додека во последниот меч, Гостивар потврди дека е изненадување на стартот на сезоната. Гостиварчани му земаа мерка и на Работнички и го задржаа стоостотниот ефект, победувајќи со 87:76. Претходно, Гостивар ги победи и Пелистер, МЗТ Скопје и ТФТ и сосема заслужено е лидер на табелата со осум бода.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tft-pouspeshen-od-euro-nikel-gostivar-prodolzuva-so-pobedi/feed/ 0
Два од два за Феникс и Еуро Никел, Кожув ја доби драмата во Гевгелија https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dva-od-dva-za-feniks-i-euro-nikel-kozuv-ja-dobi-dramata-vo-gevgelija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dva-od-dva-za-feniks-i-euro-nikel-kozuv-ja-dobi-dramata-vo-gevgelija/#respond Sat, 15 Oct 2022 19:06:30 +0000 https://kurir.mk/?p=745855

Екипите на Феникс 2010 и Еуро Никел ги забележаа вторите победи на натпреварите од првата македонска кошаркарска лига. Скопскиот состав има „два од два“ откако ја надигра Навико Академија ФМП со 79-62. Домаќините беа подобри во сите четвртини и заслужено славеа во меч во кој Трајковски реализирапе 19.поени и 11 скокови, Хот додаде 12 поени и исто толку скокови, а Бекингем затвори со 16 реализации и 10 скокови. Еуро Никел беше доминантен со Куманово и го совлада со 26 разлика (84-58), додека пак имаше вистинска драма во Гевгелија каде Кожув триумфираше над Струмица со 88:86. Имено Стаменковиќ погоди за три поени со звукот на сирената, но по „повторената снимка“ судиите одлучија дека обидот на гостинскиот кошаркар вреден три поени бил после истекот на последната секунда, па Кожув стигна до првата победа во новиот шампионат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dva-od-dva-za-feniks-i-euro-nikel-kozuv-ja-dobi-dramata-vo-gevgelija/feed/ 0
Познат е календарот во машкиот кошаркарски шампионат https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/poznat-e-kalendarot-vo-mashkiot-kosharkarski-shampionat/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/poznat-e-kalendarot-vo-mashkiot-kosharkarski-shampionat/#respond Wed, 28 Sep 2022 20:15:02 +0000 https://kurir.mk/?p=738754

Кошаркарската федерација испрати информација до медиумите дека се утврдени системот, календарот и распоредот за натпреварување во натпреварувачка сезона 2022/2023 година. Повикувајќи се на член 10 од Правилникот за натпреварување во сениорските лиги, системот за натпреварување во Првата лига-мажи е усвоен со мнозинството на гласовите. Измените се образложуваат со ситуацијата поради пандемијата од „Ковид-19“, која се уште е актуелна, наспроти се поизвесната енергетска криза, со цел намалување на трошоците на екипите. Во пракса, тоа значи настап на 12 екипи, со 11 натпревари на домашен и 11 натпревари на гостински терен, по принцип „секој со секого“ (ФИБА – Бергер). Есенскиот дел на првенството ќе стартува на 8-ми октомври и ќе трае до 24 декември, додека втората половина треба да започне на 21 јануари 2023 година и да трае до 22 април. Меѓу другите одлуки, усвоено е преодниот рок за сезоната 2022/2023 да заврши заклучно со 01.03.2023 година. За нов претседател на здружението на клубовите од Првата лига-мажи избран е претставникот на КК „Гостивар 2015“, Стојмир Дејаноски.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/poznat-e-kalendarot-vo-mashkiot-kosharkarski-shampionat/feed/ 0
Македонија остана без селектор во кошарка, Бајиќ и КФСМ ја прекинаа соработката https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonija-ostana-bez-selektor-vo-kosharka-bajikj-i-kfsm-ja-prekinaa-sorabotkata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonija-ostana-bez-selektor-vo-kosharka-bajikj-i-kfsm-ja-prekinaa-sorabotkata/#respond Mon, 18 Jul 2022 12:01:25 +0000 https://kurir.mk/?p=706958

Кошаркарската Федерација и Драган Бајиќ, взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу негов понатамошен ангажман во машката сениорска репрезентација на Македонија. -Од оправдани причини, односно здравствени проблеми со кои се соочува во изминатиот временски период, Драган Бајиќ повеќе не е во можност максимално посветено да одговори на обврските кои со себе ги носи работењето во сениорскиот национален тим. Земајќи ја предвид потребата машката „А“ селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збиднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клубски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер се сложија околу прекинувањето на соработката, информираат од Федерацијата. Од КФСМму се заблагодаруваат на Драган Бајиќ, како и на неговите соработници, Адмир Прасовиќ и Александар Кукриќ за досегашното работењe.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonija-ostana-bez-selektor-vo-kosharka-bajikj-i-kfsm-ja-prekinaa-sorabotkata/feed/ 0