кибер безбедност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Apr 2023 15:43:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кибер безбедност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Алиу: Ќе формираме Агенцијата за дигитализација која ќе осигура кибер безбедност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aliu-ke-formirame-agentsijata-za-digitalizatsija-koja-ke-osigura-kiber-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aliu-ke-formirame-agentsijata-za-digitalizatsija-koja-ke-osigura-kiber-bezbednost/#respond Tue, 18 Apr 2023 15:43:02 +0000 https://kurir.mk/?p=825074

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу на денешната прес-конференција во Владата информира дека за период од една година ќе биде завршен процесот за формирање на Агенцијата за дигитализација, чиј еден од столбовите ќе биде кибер безбедноста. - Кибер безбедноста е предизвик за цел свет. Колку што сме дигитализирани, толку повеќе можности имаме да бидеме изложени на кибер напади. Идејата на Агенцијата за дигитализација е таа, да биде чадор за целата држава во која што освен инфраструктура, софтверски решенија, еден од главните столбови е кибер безбедноста. За жал, уште сме далеку од таа реализација. Се очекува за пет-шест месеци до една година да ја имаме таа Агенција, рече Алиу. Министерот одговарајќи на новинарско прашање истакна дека моментално државните институции се и цел на кибер напади, при што од страна на институциите се прави максимумот за да бидеме безбедни во овој период. - Моментално состојбата со државните институции е како што е во цел свет. Имаме напади, но се справуваме на ниво на институции. Кога ќе имаме таков тип на институција како Агенција за дигитализација, ќе ги имаме најдобрите експерти на едно место и полесно ќе се обезбеди тој пристап до информации во кои што се лоцирани, а кои што не се информации што треба да пенетрираат во самиот процес. Таков тип на каскаден систем ќе обезбеди Агенцијата. Максимумот ќе прави од институциите да бидеме колку-толку безбедни во овој период, рече Алиу. За случајот со објавувањето на видеото на социјалната мрежа Тик-Ток на анестезиологот од Тетово, Алиу смета дека тоа е сериозен преседан. - Ова е предизвик за сите земји, а не само за нас. Тоа се дневни процеси во кои што за жал ако немаме добро обучено или информирано население за социјалните мрежи или „футпринт“ или дигитални отпечатоци во кои што ние ги оставаме во социјалните мрежи, ќе се случуваат и вакви настани. За жал, мислам дека е несериозно врз основа на еден случај дневно ако имаме такви злоупотреби, да се забранат социјалните мрежи. Но, исто така мислам дека е многу сериозно како држава да ги анализираме сите процеси и да видиме како се движи и кој тип на информации ќе треба на нашите граѓани да им ги сервираме, да ги информираме со цел да бидат свесни за начинот како се употребуваат и на кој начин. За жал, тие социјални мрежи се многу лесни за употреба, но од другата страна ако не сте доволно информирани можат да настанат вакви злоупотреби. Ценам дека ова е сериозен преседан. Врз основа на ова, ние како Министерство ќе анализираме каков тип на обуки врз основа на системот за обуки за јавната администрација се потребни и ќе креираме мултимедијална содржина во која што ќе ги информираме сите вработени во јавниот сектор на кој начин и како да се употребуваат социјалните мрежи, рече Алиу.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aliu-ke-formirame-agentsijata-za-digitalizatsija-koja-ke-osigura-kiber-bezbednost/feed/ 0
ЕП одобри формирање на Центар за кибер безбедност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-odobri-formiranje-na-centar-za-kiber-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-odobri-formiranje-na-centar-za-kiber-bezbednost/#respond Thu, 20 May 2021 20:59:06 +0000 https://kurir.mk/?p=513013

Европскиот парламент денеска ги одобри плановите за интензивирање на подготвеноста на Европа за кибер напади преку формирање центар за иновации и експертиза, со седиште во Букурешт, јавија романските медиуми. – Иницијативата ќе го зголеми капацитетот на Европа во борбата против кибер заканите и има за цел да ги зајакне иновациите кај малите и фирмите-почетници (старт-ап), се наведува во соопштението Новиот центар за компјутерска безбедност, со седиште во Букурешт, ќе сподели искуство во истражувањето на кибер безбедноста и ќе ја собере европската компетентна заедница на ова поле. Исто така, ќе обезбеди финансиска поддршка од „Хоризонт Јуроп“ (Horizon Europe) и „Диџитал Јуроп“ (Digital Europe) за иновативни почетни проекти во рамките на повеќегодишната финансиска рамка 2021-2027 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ep-odobri-formiranje-na-centar-za-kiber-bezbednost/feed/ 0
Јапонскиот министер за кибер-безбедност никогаш не користел компјутер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-minister-za-kiber-bezbednost-nikogash-ne-koristel-kompjuter/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-minister-za-kiber-bezbednost-nikogash-ne-koristel-kompjuter/#respond Thu, 15 Nov 2018 08:29:12 +0000 https://kurir.mk/?p=128017

Јапонски министер, чиј ресор е кибер-безбедност и подготовка на Олимписките игри во Токио во 2020 година, и даде утрово на опозицијата повод за насмевки, измешани со стравови, призна дека никогаш не користел компјутер во неговиот професионален живот. Шеесет и осум годишниот Јошитака Сакурада,  минатиот месец беше назначен од премиерот Шиндзо Абе за заменик раководител на владина служба за кибер безбедност. На седницата на парламентарна комисија вчера во одговор на прашање тој изјави: „Дваесет и пет одини, секогаш сум барал помош од мојот персонал или секретари, па затоа никогаш не сум користел компјутер”. – Неверојатно е човек кој не работел со компјутер да биде одговорен за информациската безбедност, изјави Масато Имаи, член на опозицијата. Изјавата на министерот предизвика бура од критики и саркастични забелешки на социјалните мрежи. -Од министерот Сакурада, ниту еден хакер не може да украде какви било информации. Можеби тоа е најдобра заштита, напиша еден корисник на Интернет. Сакурада се придружи на владата при министерската рокада, со која премиерот Шинзо Абе се обидуваше да ја одржи рамнотежата меѓу фракциите во својата Либерално-демократска партија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonskiot-minister-za-kiber-bezbednost-nikogash-ne-koristel-kompjuter/feed/ 0
Германија ќе формира нова агенција за кибер безбедност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-kje-formira-nova-agencija-za-kiber-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-kje-formira-nova-agencija-za-kiber-bezbednost/#respond Thu, 30 Aug 2018 06:28:25 +0000 https://kurir.mk/?p=93934

Германија најави дека ќе формира нова агенција која ќе ја истражува кибер безбедноста со цел да се надмине зависноста од дигитални технологии од САД, од Кина и од други држави. Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер изјави дека на Германија и се потребни нови начини за да стане „главен играч“ на полето на кибер безбедноста. - Нашата заедничка цел е Германија да ја преземе главната улога во кибер безбедноста на меѓународно ниво. Мора да прифатиме дека заостануваме, а кога некој заостанува мора да прифати целосно нови пристапи, посочи Зехофер на заедничката прес-конференција со министерката за одбрана Урсула фон дер Лејен. Новата агенција е заеднички проект на Министерството за внатрешни работи и за одбрана на Германија. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-kje-formira-nova-agencija-za-kiber-bezbednost/feed/ 0