кибер катастрофа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 11 Jul 2021 09:45:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кибер катастрофа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се случи првата „кибер катастрофа“ во светот- еве во која земја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-sluchi-prvata-kiber-katastrofa-vo-svetot-eve-vo-koja-zemja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-sluchi-prvata-kiber-katastrofa-vo-svetot-eve-vo-koja-zemja/#respond Sun, 11 Jul 2021 09:45:21 +0000 https://kurir.mk/?p=534986

Локалните власти во германската област Анхалт-Битерфелд, една од 11-те во североисточната држава Саксонија-Анхалт, соопштија дека се наоѓаат во вонредна состојба откако хакери ги парализирале нивните компјутерски системи. Ова е прва „кибер-катастрофа“ во светот, потврди германскиот федерален надзорен орган за кибер безбедност. – Речиси целосно сме парализирани, изјави портпаролот на Анхалт-Битерфелд. Локалните власти се крајно загрижени дали ќе можат да ги продолжат своите електронски услуги следната недела и одбија да го коментираат идентитетот на хакерот или дали е побаран откуп, велејќи дека истрагата е во тек. Меѓу првите објаснувања за нападот беше тврдењето дека во Анхалт-Битерфелд се користеле застарени и слабо одржувани софтверски системи, многу ранливи на хакерски напади. Анхалт-Битерфелд има 157.000 жители. Откако „хакирањето“ беше прогласено за кибер-катастрофа, локалните власти очекуваат да добијат помош од германските федерални власти. Германската агенција за кибер безбедност БСИ соопшти дека веднаш испратила кризен тим во Анхалт-Битерфелд. Во меѓувреме, локални медиуми јавија дека и други области во Германија биле мета на кибер напади, но за првпат е прогласена кибер-катастрофа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-sluchi-prvata-kiber-katastrofa-vo-svetot-eve-vo-koja-zemja/feed/ 0