кибер напад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Oct 2023 15:11:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кибер напад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Септемврискиот кибер напад против Меѓународниот кривичен суд беше обид за шпионажа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/septemvriskiot-kiber-napad-protiv-megunarodniot-krivichen-sud-beshe-obid-za-shpionazha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/septemvriskiot-kiber-napad-protiv-megunarodniot-krivichen-sud-beshe-obid-za-shpionazha/#respond Fri, 20 Oct 2023 15:11:30 +0000 https://kurir.mk/?p=891360

Кибер нападот извршен во септември против Меѓународниот кривичен суд (МКС) беше обид за шпионажа, соопшти организацијата со седиште во Хаг. Засега судот не може да утврди кој стои зад нападот, се додава во соопштението. „Во моментов достапните докази укажуваат на насочен и професионален напад со цел шпионажа. Затоа, кибер нападот може да се смета за сериозен обид за поткопување на мандатот на судот“, велат од судот. Судот има пристап до информации поврзани со наводите за воени злосторства што ги истражува низ целиот свет. Не е јасно дали такви податоци се украдени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/septemvriskiot-kiber-napad-protiv-megunarodniot-krivichen-sud-beshe-obid-za-shpionazha/feed/ 0
Истражување: Половина од големите фирми во Швајцарија бил цел на кибер напад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazhuvane-polovina-od-golemite-firmi-vo-shvajtsarija-bil-tsel-na-kiber-napad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazhuvane-polovina-od-golemite-firmi-vo-shvajtsarija-bil-tsel-na-kiber-napad/#respond Mon, 04 Sep 2023 09:50:40 +0000 https://kurir.mk/?p=874314

Речиси половина од големите компании во Швајцарија веќе станаа жртви на кибер напади, често со големи последици, се вели во студијата објавена денеска. Во извештајот се посочува дека 45 проценти од компаниите во Швајцарија, кои имаат 250 вработени или повеќе, веќе биле погодени од најмалку еден кибер напад, според најновиот извештај на SwissVR Monitor. Студијата, спроведена од консултантската компанија Deloitte и Универзитетот за применети науки и уметности во Луцерн, помеѓу средината на мај и почетокот на јули, покажа корелација помеѓу големината на компанијата и ризикот од кибер напади. Врз основа на анкета на 400 членови на одбори и од поголеми, котирани компании и од мали и средни претпријатија (МСП), студијата покажа дека само 18 отсто од фирмите со под 50 вработени се соочиле со сериозен напад. Генерално, истражувањето покажа дека компаниите не се доволно добро подготвени да се соочат со сајбер заканите. Само 57 отсто од испитаните членови на одборот рекле дека нивните одбори формулирале јасна кибер-стратегија, а само околу една третина добивале редовни извештаи од раководството за најголемите сајбер ризици. Тоа е загрижувачко, бидејќи кибер нападите можат да имаат сериозни последици за работењето на компанијата, при што цели 42 отсто од дотичните компании претрпеле прекин на работата, покажа студијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazhuvane-polovina-od-golemite-firmi-vo-shvajtsarija-bil-tsel-na-kiber-napad/feed/ 0
Дванаесет министерства во Норвешка цел на кибер напад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvanaeset-ministerstva-vo-norveshka-tsel-na-kiber-napad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvanaeset-ministerstva-vo-norveshka-tsel-na-kiber-napad/#respond Mon, 24 Jul 2023 10:17:01 +0000 https://kurir.mk/?p=859416

Дванаесет министерства на норвешката Влада беа погодени од кибер напад, соопшти денеска норвешката влада. Тоа е најнов напад во серијата напади што го погодија јавниот сектор на најголемиот европски снабдувач со гас и најсеверната членка на НАТО. „Идентификувавме слабост во платформата на еден од нашите добавувачи. Таа слабост сега е затворена“, рече шефот на владината агенција за електронски услуги, Ерик Хоуп. Нападот бил откриен на 12 јули поради „невообичаена активност“ на една од платформите, но нема попрецизни детали за нападот. Хоуп изјави дека Кабинетот на премиерот, како и министерствата за надворешни работи, одбрана и правда, не се засегнати бидејќи користат различна ИТ платформа. Јавниот сектор на Норвешка претходно беше погоден од кибер напади, вклучително и во јуни 2022 година, кога за таканаречениот напад на дистрибуирано одбивање на услугата (DDoS) беше обвинета „криминална проруска група“, а бројот на кибер напади врз норвешките министерства се зголеми за трипати меѓу 2019 и 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvanaeset-ministerstva-vo-norveshka-tsel-na-kiber-napad/feed/ 0
По кибер-нападот, полека се нормализира ситуацијата на албанските гранични премини https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-kiber-napadot-poleka-se-normalizira-situacijata-na-albanskite-granichni-premini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-kiber-napadot-poleka-se-normalizira-situacijata-na-albanskite-granichni-premini/#respond Sun, 11 Sep 2022 17:21:46 +0000 https://kurir.mk/?p=731398

По кибернападот на TIMS системот на албанските гранични премини, ноќта во петокот, тој пополека се враќа во нормала. На повеќето гранични премини тој е вратен во функција, но она што е најбитно, според премиерот Еди Рама „нема истекување или исчезнување на податоци од системот на државната полиција”. – Системите на повеќето гранични премини се во функција. Надвор од тешкото чувство што се создава со навлегувањето во овие системи, исто како кога влегуваат во куќа и крадат, факт е дека агресијата воопшто не ја постигнала целта, нема исчезнување или сериозно истекување на податоци, напиша Рама во објава на Твитер. Во функција TIMS систенот е на аеродромот во Тирана, на премините Какавија, Капштица, Муриќан, Морина а сеуште се работи на оспособување на системот на пристанишата Драч, Валона и Шенѓин, како и премините Ќафасан, Блато и други. Кибернападот врз системот, за што Рама повторно го обвини Иран, ги парализа сите гранични премини, па полицијата почна рачно да го пополнува регистарот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-kiber-napadot-poleka-se-normalizira-situacijata-na-albanskite-granichni-premini/feed/ 0
Поради кибер напад во Албанија јавните онлајн сервиси и владините сајтови привремено затворени https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-kiber-napad-vo-albanija-javnite-onlajn-servisi-i-vladinite-sajtovi-privremeno-zatvoreni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-kiber-napad-vo-albanija-javnite-onlajn-servisi-i-vladinite-sajtovi-privremeno-zatvoreni/#respond Sun, 17 Jul 2022 15:11:27 +0000 https://kurir.mk/?p=706600

Веб странците на албанската Влада и јавните онлајн сервиси во земјата се привремено затворени по кибер напад извршен надвор од земјата, јави дописничката на МИА од Тирана. Националната агенција за информатичко општество информира дека кибер криминалниот напад е синхронизиран и софистициран и за да се „соочат со овие невидени и опасни напади, принудени се да ги затворат системите“. – Ги информираме албанските граѓани дека сме принудени привремено да го затвориме пристапот до онлајн јавните услуги и другите владини веб-страници, бидејќи се соочуваме со синхронизиран и софистициран кибер-криминален напад надвор од Албанија. За да ги издржиме овие невидени и опасни напади, принудени сме да ги затвориме владините системи додека не се неутрализираат непријателските напади, се наведува во соопштението на Агенцијата. Се додава дека Агенцијата работи со тимот на Microsoft, тимот на Jones Group International и тимовите на албанските компании од оваа област за да се „спречи овој кибер напад за да не ги оштети или загрози албанските информациски системи“. – Ги повикуваме граѓаните, медиумите, бизнисите и сите други актери да се сензибилизираат за да се разбие овој напад на албанските национални интереси и да се разбере привремената состојба на непристапност до јавните услуги, се навеува во соопштението. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poradi-kiber-napad-vo-albanija-javnite-onlajn-servisi-i-vladinite-sajtovi-privremeno-zatvoreni/feed/ 0
Литванија изложена на голем кибер напад од Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-izlozena-na-golem-kiber-napad-od-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-izlozena-na-golem-kiber-napad-od-rusija/#respond Mon, 27 Jun 2022 14:49:00 +0000 https://kurir.mk/?p=696447

Државни и приватни институции во Литванија се најдоа на удар на голем DDOS напад (негирање на услуга), се наведува во соопштението на литванскиот национален Центар за кибер безбедност, пренесено од тамошното Министерство за одбрана. „Многу е веројатно таквите или уште посилни напади да продолжат и во наредните денови, особено во транспортниот, енергетскиот и финансискиот сектор“, додаваат од Центарот. Беа нападнати и безбедните мрежи што ги користат овие институции, се додава во соопштението. Британските медиуми јавуваат дека руската хакерска група „Килнет“ ја презела одговорноста за нападот, објавувајќи дека тоа е одмазда за одлуката на Литванија да го забрани транспортот на руска стока преку нејзината територија до руската ексклава Калининград. -Нападот ќе продолжи се додека Литванија не ја укине блокадата, изјави портпаролот на „Килнет“ за британските медиуми. „Уништивме 1.652 веб-извори. И тоа е само досега“. Калининград е поврзан со остатокот од Русија со железница преку Литванија, која е членка на Европската унија и НАТО. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-izlozena-na-golem-kiber-napad-od-rusija/feed/ 0
МНР на Австрија мета на кибер-напад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnr-na-avstrija-meta-na-kiber-napad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnr-na-avstrija-meta-na-kiber-napad/#respond Thu, 28 Apr 2022 11:09:30 +0000 https://kurir.mk/?p=669171

Австриското Министерство за надворешни работи повторно е мета на голем кибер-напад, се наведува во интерната електронска пошта на Министерството, објавена преку онлајн платформата „ЦакЦак“. Во нападот биле опфатени и некои амбасади. Министерството соопшти дека „штетниот софтвер“ сепак не успеал да ги развие своите активности. – Почитувани колеги, во моментов Министерството за надворешни работи, како и некои други министерства, повторно се мета на кибер-напади, напиша генералниот секретар на Министерството, Петер Лаунски-Тифентал, во мејлот испратен до вработените.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mnr-na-avstrija-meta-na-kiber-napad/feed/ 0
Кибер-напади врз интернет-страници на аеродроми, железницата и државни институции во Чешка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiber-napadi-vrz-internet-stranici-na-aerodromi-zeleznicata-i-drzavni-institucii-vo-cheshka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiber-napadi-vrz-internet-stranici-na-aerodromi-zeleznicata-i-drzavni-institucii-vo-cheshka/#respond Wed, 20 Apr 2022 09:39:44 +0000 https://kurir.mk/?p=665818

Кибер-напади се извршени врз официјални веб-страници на аеродроми, железници, државни и општински институции, како и врз компании во Чешката Република. Весникот „Млада фронта Днес“ објавува информација за нападите повикувајќи се на Националната управа за кибер и информатичка безбедност, според која се работи за т.н. „DdoS“ напади со прекумерен број симултани отворања на страниците, што ги оптоварува серверите и доведува до застои. Весникот пишува дека поради нападите Чешките железници не можат да продаваат билети преку Интернет. Националната управа за кибернетичка и информатичка безбедност издала предупредување за зголемена закана од хакерски напади врз локации во Чешка поради ситуацијата во Украина. Експертите предупредуваат на можни обиди за навлегување во компјутерските мрежи на стратешки важни државни институции и претпријатија, веб-страниците на јавните служби и медиумите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiber-napadi-vrz-internet-stranici-na-aerodromi-zeleznicata-i-drzavni-institucii-vo-cheshka/feed/ 0
Киев: Украина е под постојан кибер напад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-ukraina-e-pod-postojan-kiber-napad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-ukraina-e-pod-postojan-kiber-napad/#respond Thu, 24 Feb 2022 06:16:19 +0000 https://kurir.mk/?p=635664

Украина е под „континуиран” кибер напад, соопшти државната агенција за кибер безбедност. Агенцијата соопшти дека со најновите напади од синоќа недостапни се владини веб-страници, вклучително и оние управувани од кабинетот на министри, парламентот, Министерството за надворешни работи и службата за државна безбедност Тие додаваат дека за нападот виновни се „руски хакери” и нагласуваат дека тие „веќе не се ни обидуваат” да го скријат својот идентитет. Веб-страници на неколку министерства и банки за првпат беа погодени со кибер напади во минатата недела.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-ukraina-e-pod-postojan-kiber-napad/feed/ 0
Француски град жртва на кибер напад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuski-grad-zrtva-na-kiber-napad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuski-grad-zrtva-na-kiber-napad/#respond Mon, 18 Jan 2021 14:29:25 +0000 https://kurir.mk/?p=456838

Францускиот град Анже од саботата е жртва на кибер напад што ги парализира сите негови компјутери. Нападот е обелоденет на профилот на Фејсбук на градот: „Ноќта меѓу петокот и саботата кибер нападот беше насочен кон информацискиот систем на градот Анже, јави дописникот на МИА. –Од саботата наутро, екипите на управата на градскиот информативен систем во соработка со Националниот орган за безбедност на информациски системи (АНССИ) воспоставија протокол за создавање резервна копија и обновување на системот“, додаде градот, прецизирајќи дека овој процес на обновување „ќе биде долг и ќе влијае на услугите што им се даваат на жителите на градот и метрополата и бараат употреба на компјутери“. Анже посочи дека кибер нападот почнал со хакирање на Твитер профилот на градоначалникот Кристоф Беши. Неговиот профил се уште е недостапен, со профилна фотографија од раката на тетовиран човек. Градоначалникот не сакаше да зборува на оваа тема. – Се уште немаме пристап до компјутери, експертизата продолжува, додаваат од метрополата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuski-grad-zrtva-na-kiber-napad/feed/ 0