кибер напади – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 30 Jun 2023 20:15:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кибер напади – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Словенија лани се зголемил бројот на кибер напади https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenija-lani-se-zgolemil-brojot-na-kiber-napadi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenija-lani-se-zgolemil-brojot-na-kiber-napadi/#respond Fri, 30 Jun 2023 20:15:22 +0000 https://kurir.mk/?p=851386

Словенија пријавила 4.123 инциденти за кибер безбедност минатата година, што е речиси една третина повеќе од 2021 година, се вели во извештајот на словенечкиот национален центар за сајбер безбедност (SI-CERT). Минатата година беше обележана со војната во Украина, која ја нагласи важноста од споделување информации со меѓународната заедница. Лани, т.н. „фишинг“ напади уште еднаш се издвоија во однос на зачестеноста. Ги имало 1.432 во споредба со 950 една година порано. Таа категорија на напади повторно порасна најбрзо. Во повеќето случаи, нападите биле извршени преку е-пошта, но значително се зголемил и бројот на фишинг напади преку СМС и апликации за пораки. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenija-lani-se-zgolemil-brojot-na-kiber-napadi/feed/ 0
ОБСЕ: Инцидентот со хакираната страница потсетник за кибер-заканите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obse-intsidentot-so-hakiranata-stranitsa-potsetnik-za-kiber-zakanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obse-intsidentot-so-hakiranata-stranitsa-potsetnik-za-kiber-zakanite/#respond Sat, 21 Jan 2023 17:35:40 +0000 https://kurir.mk/?p=790138

Официјалната Фејсбук страница на Мисијата на ОБСЕ во Скопје беше неодамна хакирана. Веќе ги презедовме сите неопходни чекори за да го пријавиме нападот кај менаџерскиот тим на Фејсбук и додека истиот не се реши, сите објави или пораки добиени од хакираната страница не се авторизирани од ОБСЕ, соопшти ОБСЕ. -Овој инцидент е уште еден потсетник за кибер-заканите во денешното дигитално доба, кои без исклучок ги погодуваат приватните бизниси, владата и меѓународните организации, стои во соопштението на ОБСЕ. Фејсбук страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје вчера беш хакирана. -ОБСЕ потврдува дека фејсбук-страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје е хакирана. Ве молиме имајте предвид дека сите пораки кои доаѓаат од таа сметка до понатамошно известување не се авторизирани од ОБСЕ, беше наведено од ОБСЕ. По хакирањето страницата на Мисијата на ОБСЕ во земјава е преименувана во „Đỗ Thị Thanh Tâm“. Во моментов со ОБСЕ претседава Република Северна Македонија. Претседавањето ќе трае во текот на целата 2023 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obse-intsidentot-so-hakiranata-stranitsa-potsetnik-za-kiber-zakanite/feed/ 0
Украина соопшти дека годинава неутрализирала повеќе од 4.500 кибер-напади https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-soopshti-deka-godinava-neutralizirala-povekje-od-4-500-kiber-napadi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-soopshti-deka-godinava-neutralizirala-povekje-od-4-500-kiber-napadi/#respond Tue, 27 Dec 2022 08:17:03 +0000 https://kurir.mk/?p=780980

Службата за безбедност на Украина (СБУ) неутрализираше повеќе од 4.500 сајбер напади врз земјата оваа година, изјави Илја Витјук, шеф на Одделот за кибер-безбедност на СБУ. Витјук појасни дека Украина во 2022 година влегла со осумгодишно искуство во хибридно војување, така што во времето на инвазијата била подготвени за најлошите сценарија. „Масовните кибер-напади што ги одбивме во јануари и февруари станаа дополнителна ‘обука’ пред инвазијата. Денес, една земја-агресор извршува во просек повеќе од десет кибер-напади дневно. За среќа, украинското општество не ни знае за повеќето од нив“, рече Витјук. Неговите проценки се дека цел на нападите најверојатно ќе бидат енергетскиот сектор, логистиката, воени објекти, владини бази на податоци и информациски ресурси.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-soopshti-deka-godinava-neutralizirala-povekje-od-4-500-kiber-napadi/feed/ 0
Експерт по криминалистика: Штетата од кибер нападите врз Албанија најголема по Втората светска војна https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ekspert-po-kriminalistika-shtetata-od-kiber-napadite-vrz-albanija-najgolema-po-vtorata-svetska-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ekspert-po-kriminalistika-shtetata-od-kiber-napadite-vrz-albanija-najgolema-po-vtorata-svetska-vojna/#respond Fri, 16 Sep 2022 17:17:59 +0000 https://kurir.mk/?p=733845

Познатиот албански експерт за криминалистика Ервин Карамучо оценува дека штетата предизвикана од кибер нападите врз неговата земја е најголема по Втората светска војна, јави дописничката на МИА од Тирана. -По Втората светска војна немаме поголема штета од сега. Направена е голема штета. Таа штета ќе биде вратена. Постојат основи на сомнение дека отпечатоците од прсти од системот се изнесени од Албанија. Хакерите биле потпомогнати од Албанци, Руси и други од регионот. Има многу скриени сили. Тие ни ги уништија системите. Имаме штета што не сме ја претрпеле од Втората светска војна. Тоа е направено за да се предизвика паника, хаос и дестабилизација, рече Карамучо за abcnews.al. Тој нагласува дека внатре во иранската амбасада имало луѓе кои влијаеле на овие кибер напади. – Има информации дека во иранската амбасада се занимавале со хакерски прашања и дека и таму имало активност. Има повеќе истраги и се очекува да бидат издадени налози за апсење, додава тој. Бесмир Семанај, ИТ експерт, за телевизијата изјави дека освен Албанија, континуиран атак има и врз други земји од регионот. Тој додава дека од „заразен“ сервер што го имало во Албанија, било нападнато и Косово. -Се користат машини или сервери кои се земени под контрола на хакери и со нив се нападнати други. Тоа не значи дека албанската инфраструктура го нападна Косово. Но, албанските сервери беа дел од овој сообраќај што го нападнаа Косово, рече Семанај. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ekspert-po-kriminalistika-shtetata-od-kiber-napadite-vrz-albanija-najgolema-po-vtorata-svetska-vojna/feed/ 0
Институциите на ЕУ недоволно заштитени од кибер напади https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/instituciite-na-eu-nedovolno-zashtiteni-od-kiber-napadi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/instituciite-na-eu-nedovolno-zashtiteni-od-kiber-napadi/#respond Wed, 30 Mar 2022 10:14:18 +0000 https://kurir.mk/?p=655561

Институциите на Европската унија не се доволно заштитени од кибер напади, според Ревизорската управа. Бидејќи институциите на ЕУ се тесно поврзани, слабите точки кај која било од нив, може да предизвикаат закана за безбедноста, се наведува во заклучокот. Се препорачува воведување обврзувачки правила за кибер безбедноста и обезбедување повеќе средства за заштита од можни напади. Во соопштението се наведува дека, меѓу 2018 и 2021 година, десеткратно е зголемен бројот на тешки кибер напади врз институциите на ЕУ. Се укажува на тоа дека, бидејќи сè повеќе вработени работат од дома, хакерите имаат поголеми можности за напади. Како што се истакнува, истражувањето на таквите напади, како и да се отстрани штетата, може да траат повеќе недели, па дури и месеци. Како пример е наведен кибер нападот на Европската агенција за лекови (ЕМА) во декември 2020 година. Тогаш, непознати лица илегално дошле до документи за вакцина против коронавирус од компанијата Бионтек-Фајзер. Како слаба точка, тогаш се покажа ИТ системот на ЕМА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/instituciite-na-eu-nedovolno-zashtiteni-od-kiber-napadi/feed/ 0
Регистрирани вкупно 3.000 кибер напади врз украински цели од средината на февруари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/registrirani-vkupno-3-000-kiber-napadi-vrz-ukrainski-celi-od-sredinata-na-fevruari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/registrirani-vkupno-3-000-kiber-napadi-vrz-ukrainski-celi-od-sredinata-na-fevruari/#respond Tue, 15 Mar 2022 17:05:46 +0000 https://kurir.mk/?p=647738

Вкупно 3.000 кибер напади врз украински цели се регистрирани од средината на февруари, според Виктор Жора, заменик-претседател на агенцијата за кибер безбедност SSSCIP во таа држава. Многу од нападите, речиси сигурно од Русија, имаа за цел да ги исфрлат давателите на интернет услуги и другите комуникации, како и владините и финансиските служби паралелно со воената офанзива на Москва, додаде Жора. Рекордниот број беше „275 во еден ден“ на 15 февруари пред почетокот на војната, изјави тој. Повеќето беа напади со цел да се спречи функционирањето на услугата. -Нападот врз Виасат, компанија за сателитски комуникации, на крајот на февруари, што ја прекина услугата во Украина и на други места, е под истрага од Украина, рече Жора, како и, наводно, од американската Агенција за национална безбедност. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/registrirani-vkupno-3-000-kiber-napadi-vrz-ukrainski-celi-od-sredinata-na-fevruari/feed/ 0
Украина тврди дека има докази за вмешаноста на Русија во кибер нападите од пред три дена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-tvrdi-deka-ima-dokazi-za-vmeshanosta-na-rusija-vo-kiber-napadite-od-pred-tri-dena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-tvrdi-deka-ima-dokazi-za-vmeshanosta-na-rusija-vo-kiber-napadite-od-pred-tri-dena/#respond Sun, 16 Jan 2022 13:42:31 +0000 https://kurir.mk/?p=619998

Украинските власти денеска објавија дека имаат докази за вмешаноста на Русија во големиот кибер напад што ги погоди сајтовите на владата на оваа земја пред три дена. „Досега сите докази укажуваат дека Русија стои зад кибер нападот“, соопшти украинското Министерство за дигитална трансформација. Саботажата е „манифестација на хибридната војна што Русија ја води против Украина од 2014 година“, соопшти министерството. Целта на нападот не е само да се заплаши украинското општество, туку и да се дестабилизира ситуацијата во земјата и да се намали довербата на Украинците во владата, наведува истиот извор. Кибер нападот беше извршен ноќта меѓу четвртокот и петокот и ги погоди локациите на неколку украински министерства, што беа недостапни неколку часа. Москва ги негираше кибер нападите врз Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-tvrdi-deka-ima-dokazi-za-vmeshanosta-na-rusija-vo-kiber-napadite-od-pred-tri-dena/feed/ 0
САД и Израел заедно против кибер нападите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-i-izrael-zaedno-protiv-kiber-napadite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-i-izrael-zaedno-protiv-kiber-napadite/#respond Mon, 15 Nov 2021 06:50:36 +0000 https://kurir.mk/?p=595530

Американското Министерство за финансии соопшти дека заедно со Израел ќе се бори против хакерските напади, при кои се бара откуп во криптовалути, а двете земји ќе формираат заедничка работна група за борба против кибер напади. Соопштението доаѓа по виртуелниот состанок во врска со кибер нападите одржан во Белата куќа во октомври, на кој учествуваа Европската унија и повеќе од 30 земји, вклучително и Израел. Американскиот заменик-секретар за финансии Воли Адејемо тогаш побара меѓународна соработка за решавање на злоупотребата на виртуелната валута. Партнерството следи по преземените мерки за намалување на хакерските напади кои погодија неколку големи американски компании, вклучително и нападот врз најголемиот гасовод во САД, по што земјата неколку дена беше во проблеми со испораките на нафтени деривати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-i-izrael-zaedno-protiv-kiber-napadite/feed/ 0
Русија соопшти за три кибер напади во текот на изборите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-soopshti-za-tri-kiber-napadi-vo-tekot-na-izborite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-soopshti-za-tri-kiber-napadi-vo-tekot-na-izborite/#respond Sat, 18 Sep 2021 12:23:26 +0000 https://kurir.mk/?p=565212

Руската изборна комисија соопшти дека регистрирала надворешно мешање во тековните парламентарни избори во земјата. Гласањето, кое завршува утре, а се спроведува под невидени мерки на властите против опозицијата, им овозможува на Русите да гласаат и преку Интернет. Изборната комисија тврди за „три кибер напади“ врз нејзината опрема од „странски држави“. – Вчера регистриравме три насочени напади од странство, изјави Александар Соколчук, шеф на информативниот центар на изборната комисија. Два од нападите биле насочени против веб страницата на шефот на комисијата, а третиот бил напад за одбивање на услуга, односно обид одреден ресурс, обезбеден од компјутер, да биде недостапен за неговите целни корисници. Руските медиуми ја цитираат изјавата на Соколчук дека нападите биле многу моќни. Тој не ги именуваше земјите од кои се преземени такви дејствија. Шефицата на изборната комисија, Ела Памфилова, денеска истакна дека комисијата досега примила 137 поплаки за „присилно“ гласање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-soopshti-za-tri-kiber-napadi-vo-tekot-na-izborite/feed/ 0
Во четири африкански држави извршени околу 85 милиони кибер напади за шест месеци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-chetiri-afrikanski-drzavi-izvrsheni-okolu-85-milioni-kiber-napadi-za-shest-meseci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-chetiri-afrikanski-drzavi-izvrsheni-okolu-85-milioni-kiber-napadi-za-shest-meseci/#respond Thu, 19 Aug 2021 13:22:26 +0000 https://kurir.mk/?p=552645

Околу 85 милиони кибер напади во изминатите шест месеци се регистрирани во африканските земји – Кенија, Етиопија, Јужна Африка и Нигерија. Според истражувањето на меѓународната компанија за кибер безбедност „Касперски“, хакерските напади се зголемиле за време на пандемијата на коронавирусот. Околу 85 милиони кибер напади се извршени во овие четири земји во изминатите шест месеци, повеќето од нив во Јужноафриканската Република. Во ЈАР се регистрирани 32 милиони кибер напади, 28 милиони во Кенија, 17 милиони во Нигерија и осум милиони во Етиопија. Хакерските напади се извршени преку различни уреди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-chetiri-afrikanski-drzavi-izvrsheni-okolu-85-milioni-kiber-napadi-za-shest-meseci/feed/ 0