кибербезбедност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Dec 2022 15:33:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кибербезбедност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонија заинтересирана НАТО да отвори центар за кибербезбедност во земјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-zainteresirana-nato-da-otvori-centar-za-kiberbezbednost-vo-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-zainteresirana-nato-da-otvori-centar-za-kiberbezbednost-vo-zemjata/#respond Wed, 07 Dec 2022 15:33:43 +0000 https://kurir.mk/?p=772382

Претседателот Стево Пендаровски денеска беше во прва посета на Врховната команда на силите на НАТО за Европа во Монс, Белгија, каде одржа средба со врховниот командант на силите на НАТО и на трупите на САД во Европа генерал Кристофер Каволи. По средбата со Каволи, претседателот Пендаровски имаше кус брифинг со македонските новинари, кои се гости на Одделот за јавна дипломатија на НАТО. Притоа истакна дека тема на разговорите со Каволи била војната во Украина и невоената помош што Алијансата ја дава за украинските сили, како и за придонесот што Северна Македонија во рамките на своите капацитети го пружа на Украина со цел прекин на воената агресија, одбрана на демократските вредности и воспоставување на мирот. Проценките на високи НАТО претставници се дека не се дека не се очекуваат поместувања на линијата на борбените дејствија во текот на зимскиот период, но и дека ќе продолжи невоената поддршка на НАТО за Украина се додека Киев има потреба за тоа и на средбите со македонските новинари посочија дека никој не може да каже кога ќе заврши војната во Украина, но поддршката за Киев ќе продолжи се додека има потреба за тоа. Во разговорот на Пендаровски и Каволи станало збор и за прашања од регионално значење, како и за безбедносната состојба во Косово каде Македонија партиципира во КФОР мисија предводена од НАТО со контингент од 65 војници. Пендаровски на средбата побарал од НАТО отворање на Центар за кибербезбедност по повеќето хакерски напади со кои се соочи земјата во изминатиот период.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-zainteresirana-nato-da-otvori-centar-za-kiberbezbednost-vo-zemjata/feed/ 0
Нов предлог на ЕК за кибербезбедност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-predlog-na-ek-za-kiberbezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-predlog-na-ek-za-kiberbezbednost/#respond Thu, 15 Sep 2022 11:42:15 +0000 https://kurir.mk/?p=733192

Европска комисија објави предлог Акт за кибербезбедност, според кој производителите на паметни апарати мораат да внимаваат на отпорноста на апаратите од кибернапади. Според предлогот, производителите на паметни уреди поврзани на интернет, како што се лаптопи, телефони, апарати за домаќинство, уреди за виртуелна помош, автомобили, играчки, ќе треба да извршат анализа на ризик од кибернапад и да ги отстранат слабостите. Актот за кибербезбедност наложува производите со дигитални елементи да можат да бидат достапни на пазарот само ако ги исполнуваат специфичните барања за кибербезбедност. За компаниите кои нема да го почитуваат Актот предвидени се парични казни до 15 милиони евра или 2,5 отсто од нивниот промет. Според ЕК секои 11 секунди една организација во светот е предмет на напад со откуп, а глобалната штета предизвикана од киберкриминалот во 2021 година се проценува на 5,5 трилиони евра. Годишниот трошок за повреда на податоците изнесува најмалку 10 милијарди евра, додека годишната штета предизвикана од злонамерните обиди за нарушување на интернет сообраќајот се проценува на најмалку 65 милијарди евра. Со новите правила, одговорноста ќе се префрли на производителите, бидејќи тие ќе треба да се грижат производите со дигитални елементи што се достапни на пазарот во ЕУ да се усогласат со барањата за безбедност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-predlog-na-ek-za-kiberbezbednost/feed/ 0
Германија ја зајакнува кибербезбедноста https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-ja-zajaknuva-kiberbezbednosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-ja-zajaknuva-kiberbezbednosta/#respond Tue, 12 Jul 2022 12:04:58 +0000 https://kurir.mk/?p=703871

Поради војната во Украина, германското Министерство за внатрешни работи презеде нови мерки за поголема кибербезбедност. Како што беше презентирано на прес-конференција, новите мерки вклучуваат воведување централен систем за видеоконференции за јавната администрација, кој би одговарал на највисоките безбедносни стандарди. Во Федералната служба за безбедност на информатичката технологија (БСИ) ќе се формира платформа за размена на информации за кибернапади. Дополнително, планирани се инвестиции и во така наречените мерки за кибер отпорност на малите и средни претпријатија, доколку припаѓаат на критична инфраструктура, како што се областите транспорт, храна, здравство, енергија и водоснабдување. Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер изјави дека се планира и модернизација на ИТ инфраструктурата на Федералната служба за заштита на Уставот, која ќе добие и поголема надлежност во истрагата за техничките околности на кибернападите од странски сили. – Саботажата и дезинформацијата имаат за цел да го загрозат функционирањето на нашите системи, нашата економија, се наведува во документот на германското Министерство за внатрешни работи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-ja-zajaknuva-kiberbezbednosta/feed/ 0
Хакери нападнаа американска компанија за кибербезбедност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hakeri-napadnaa-amerikanska-kompanija-za-kiberbezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hakeri-napadnaa-amerikanska-kompanija-za-kiberbezbednost/#respond Fri, 25 Dec 2020 06:17:13 +0000 https://kurir.mk/?p=448036

Хакерска група нападнала е-пошта на калифорниска компанија што работи во областа на информациска безбедност. Трагите водат кон Русија, јавија американски медиуми. Прецизирано е дека хакерите се обиделе да пристапат до електронската преписка на компанијата CrowdStrike Holdings Inc. На блогот на компанијата е објавено дека специјалисти од Центарот за истражување ризици на Мајкрософт ги контактирале на 15 декември. Според нив, кибер криминалците се обиделе да ја хакираат електронската пошта на CrowdStrike Holdings Inc. со користење на облак платформата Microsoft Azure. Експертите на Мајкрософт откриле дека обидот на хакерите бил неуспешен. Специјалистите на CrowdStrike Holdings Inc. имале предвид дека, во поглед на нивниот сопствен безбедносен систем, тие не користат е-пошта на Office 365. Експерти од CrowdStrike Holdings Inc. работеа на истрагата за кибер напади против серверите на Националниот комитет на Демократската партија, за која беше објавено во 2016 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hakeri-napadnaa-amerikanska-kompanija-za-kiberbezbednost/feed/ 0
Новиот центар на ЕУ за кибербезбедност ќе биде во Букурешт https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-centar-na-eu-za-kiberbezbednost-kje-bide-vo-bukuresht/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-centar-na-eu-za-kiberbezbednost-kje-bide-vo-bukuresht/#respond Thu, 10 Dec 2020 10:37:40 +0000 https://kurir.mk/?p=441389

Новиот Европски центар за компетентност и мрежата на центри за интернет-безбедност ќе бидат во Букурешт. Идниот центар ќе одвои европско и национално финансирање за истражување од областа на кибер безбедноста во Европската унија, објави „Политико“. Мнозинството земји-членки на вчерашното гласање го избраа главниот град на Романија. Градот беше избран од списокот на седум други кандидати, вклучувајќи ги Брисел, Минхен, Варшава, Вилнус, Луксембург и шпанскиот град Леон. Дипломатите го избраа Букурешт со 15 гласа на второто гласање на кое Брисел се соочи со романскиот главен град, соопштија дипломати на ЕУ. Главната задача на центарот е управување со фондовите за кибер-безбедност од буџетот за истражување на ЕУ, вклучувајќи две милијарди евра од програмата Дигитална Европа и други средства преку фондови за иновации и обнова од коронавирусот, како и национално финансирање. Унијата допрва треба да ја финализира долгорочната финансиска рамка 2021-2027 година. Центарот нема да биде официјална агенција на ЕУ, но се очекува да создаде десетици работни места во Букурешт, почнувајќи од 30, а потоа 80. Исто така, тоа ќе помогне во зајакнувањето на бизнисот на локалните компании за интернет-безбедност. Досега, Романија не беше домаќин на агенција на ЕУ, која играше важна улога. Исто така, е рангиран на третото место во статистиката на ЕУ за вработените жени во областа на информатичките и комуникациските технологии – 24 отсто од дипломираните студенти во оваа област во Романија се жени. Националните метрополи исто така се загрижени дека изборот на Брисел, близу до главните институции на ЕУ, може да влијае на надлежностите на националната безбедност. Европската комисија, Европскиот парламент и Европскиот совет сè уште ги финализираат деталите за тоа како ќе се управува центарот. Договор се очекува до крајот на годината. Преговарачите ќе се обидат да постигнат договор в петок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-centar-na-eu-za-kiberbezbednost-kje-bide-vo-bukuresht/feed/ 0