кибернапади – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Jul 2023 13:12:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кибернапади – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Литванија, цел на кибернапади https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-tsel-na-kibernapadi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-tsel-na-kibernapadi/#respond Mon, 10 Jul 2023 13:12:04 +0000 https://kurir.mk/?p=855036

Литванија, еден ден пред Самитот на НАТО во Вилнус, е цел на кибернапади, соопштија властите на балтичката држава. Кибернападите беа насочени кон веб-страниците на градот Вилнус, вклучувајќи туристички информации и апликација за јавен превоз. Литванскиот Национален центар за кибербезбедност соопшти дека соработува со разузнавачките агенции и полицијата, како и со странски партнери. Центарот објави дека вчера добил извештај за два кибер инциденти, вклучително и хакерски напад врз регионална радиостаница. Работата на таа станица беше прекината со дистрибуција на дезинформации за НАТО и Украина. И литванскиот телекомуникациски оператор Телија денеска извести дека имало хакерски напади врз литвански институции и јавни претпријатија преку мрежата Телеграм. Литванија утре и во среда ќе биде домаќин на Самитот на НАТО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/litvanija-tsel-na-kibernapadi/feed/ 0
Мета бара оставка од Рама по кибернападите и објавените доверливи податоци https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-bara-ostavka-od-rama-po-kibernapadite-i-objavenite-doverlivi-podatoci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-bara-ostavka-od-rama-po-kibernapadite-i-objavenite-doverlivi-podatoci/#respond Tue, 20 Sep 2022 15:48:38 +0000 https://kurir.mk/?p=735308

Претседателот на Партијата на слободата и доскорешен шеф на албанската држава Илир Мета актуелната ситуација во земјата ја оцени како „сериозна“ откако хакерите објавија податоци и информации кои можат да и наштетат на националната безбедност и за главен виновник го смета премиерот Еди Рама, од кого побара оставка. – Цела држава ја соголија. Се е разоткриено на срамен начин. Тоа е многу сериозен момент. Само оставката на Еди Рама може да ја врати довербата на граѓаните во институциите. Тој беше гарант по првиот кибернапад, но излезе дека ги имаат сите податоци за секој поединец. Само неговата оставка може да ја врати довербата во државата и институциите, националната безбедност и јавната безбедност. Рама е лажго и измамник, изјави Мета. Тој додаде дека на вакво нешто предупредувал на седница на Националниот совет за безбедност што го свикал како шеф на државата и побара Обвинителството веднаш да почне истрага. – Што се однесува до нарушувањето на националната безбедност, нема ниту дете кое не разбира колку сериозно е нарушена националната безбедност… Но, секако неодговорна личност (Рама) која Албанија ја претвори во градски ан без порти и ја преплави Албанија со банани (се однесува на откриени и неоткриени количини со кокаин во контејнери со банани) и кули со кои се перат милијарди евра, се разбира дека националната безбедност е последната работа. Да поседуваше чувство на одговорност, Албанија немаше да биде во оваа ситуација, обвини Мета. На новинарско прашање дали ќе продолжи со протести тој одговори дека „пролетта на протести започна“. – Пролетта на протести започна. Ја разбирам нетрпеливоста и интересот, љубопитноста и револтот. Нашиот предизвик е да менаџираме со оваа нетрпеливост со цел таа нетрпеливост да се претвори во вистинска сила, и така ќе се случи, рече Мета, кому петгодишниот мандат како претседател на државата му заврши на 24 јули. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/meta-bara-ostavka-od-rama-po-kibernapadite-i-objavenite-doverlivi-podatoci/feed/ 0
По кибернападите врз Албанија телефонски разговор Рама – Блинкен https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-kibernapadite-vrz-albanija-telefonski-razgovor-rama-blinken/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-kibernapadite-vrz-albanija-telefonski-razgovor-rama-blinken/#respond Tue, 13 Sep 2022 08:50:42 +0000 https://kurir.mk/?p=732039

Албанскиот премиер Еди Рама телефонски разговарал со американскиот државниот секретар Ентони Блинкен поради кибернападите врз Албанија. Според албанските медиуми Блинкен го осудил кибернапад изведен на 9 септември врз албанските гранични контролни системи, што уследи по кибернападите на Иран врз владините системи на Албанија на 15 јули. Блинкен ја истакна важноста на соработката меѓу САД и Албанија, како сојузник во НАТО, за регионалната безбедност. И за последниот кибернапад одговорноста ја презеде групата „Татковинска правда“. Истиот следуваше по одлуката на албанската Влада да ги прекине дипломатските односи со Иран и протерување на целиот персонал од Амбасадата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-kibernapadite-vrz-albanija-telefonski-razgovor-rama-blinken/feed/ 0
Кремљ официјално ја негира руската вмешаност во кибернападите врз САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kremlj-oficijalno-ja-negira-ruskata-vmeshanost-vo-kibernapadite-vrz-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kremlj-oficijalno-ja-negira-ruskata-vmeshanost-vo-kibernapadite-vrz-sad/#respond Mon, 21 Dec 2020 10:48:01 +0000 https://kurir.mk/?p=446154

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин денеска официјално негираше дека руската држава била вмешана во неодамнешните кибернапади против американската Влада. – Русија не е вмешана во такви напади. Тоа го изјавуваме официјално и цврсто, рече портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во изјава што ја пренесе руската државна новинска агенција ТАСС. – Било какви обвинувања за вмешаност на Русија се апсолутно неосновани, тие најверојатно ќе бидат продолжение на слепата русофобија што се користи во случај на секаков инцидент, рече Песков. Американскиот државен секретар Мајк Помпео минатата недела директно ја обвини Русија за ваквите напади, велејќи дека е „прилично јасно оти токму Русите се занимаваа со ваква активност“. Американската агенција за кибербезбедност и инфраструктура претходно соопшти дека американските владини агенции и критичните инфраструктурни субјекти од март месец биле компромитирани од хакери. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kremlj-oficijalno-ja-negira-ruskata-vmeshanost-vo-kibernapadite-vrz-sad/feed/ 0