кичеец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 05 Sep 2021 07:47:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кичеец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кој е Зоран Милевски – кичевскиот и зошто вчера го обезбедуваа лица од АНБ?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-e-zoran-milevski-kichevskiot-i-zoshto-vchera-go-obezbeduvaa-lica-od-anb/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-e-zoran-milevski-kichevskiot-i-zoshto-vchera-go-obezbeduvaa-lica-od-anb/#respond Sun, 05 Sep 2021 07:39:09 +0000 https://kurir.mk/?p=559495

Вчера околу 15:30 часот на местото викано „стража“ се случи трагична сообраќајна несреќа во кој едно лице загина, а петмина беа повредени. Во сообаќајната несреќа учествуваа три возила, патниот правец по несреќата беше подолго време блокиран, а МВР сообраќајот го пренасочи. Интересно е што едно од возилата беше управувано од лице кое во тој момент требаше да биде зад затворските решетки, но како што велат од Управата за извршување на санкции, тој за тоа имал дозвола. -Со одлука на Управата за извршување санкции, лицето Зоран Милески користи 30 дневно отсуство од затвор поради неодложни лекарски прегледи. Определеното време за медицински испитувања е од 08.08 до 08.09, се вели во одговорот од Управата. Милески казната затвор ја издржува во отвореното одделение во затворот во Струга. -Тој веќе има издржано повеќе од половина од затворската казна и до 08.09 треба да се врати на доиздржување на затворската казна, се нагласува во официјалниот одговор на Управата. Зоран Милевски - кичевскиот на јавноста и е познат по случајот „Рекет“, каде заедно со Бојан Јовановски познат како Боки 13, и екс шефицата на СЈО, Катица Јанева беа осудени на ефективни казни затвор поради рекетирање на бизнисменот Орце Камчев. Доцна синоќа со своја прес-конференција за овој настан излезе и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но со малку поинаква приказна. Имено според нив вчера на местото на несреќата имнало големо присуство на лица вработени во АНБ или Агенцијата за национална безбедност, попознато како тајната полиција. -Согласно информации од медиумите и фотографиите кои се најдоа во дел од нив, покажуваат дека Кичеец наместо во затвор се шета на слобода низ улиците на државата. Во сообраќајката која според досегашните информации резултирала со смртни последици за две лице и шест повредени, учествувале три возила, меѓу кои и возилото на Зоран Милески Кичеец. Од фотографите во медиумите јасно се гледа Кичеец е дел од сообраќајната незгода. Кичеец е осуден во предметот Рекет, целата македонска јавност го виде како ги носи рекетираните милиони во Луј Витон ташна. Кичеец е човекот за кој слушнавме и дека го организирал рекетот врз Миодраг Давидовиќ Дака во случајот ШИК Јелак, каде на контроверзниот српски бизнисмен му се земени 300.000 евра според негови зборови кои се слушнаа од снимките пуштени во јавноста. Кичеец омилениот рекетар на власта, денеска е и омилен осуденик, наместо во затвор тој е на слобода. Согласно информациите кои ги поседуваме на местото на настанот биле видени и лица дел од шестата управа, цел ден се вршат притисоци врз лица кои биле сведоци на настанот и медиуми да не изнесуваат информации за сообраќајката. Се вршат притисоци за прикривање ова што се случило денес. Власта треба да одговори на јавноста зошто Кичеец е пуштен на слобода и што бараат лица вработени во АНБ на лице место на настанот? Праша порпаролот на опозициската партија Марија Митева. Овие тврдења на опозицијата од тој момент малку ги менуваат случувањата, бидејќи јавноста прашува, од кога припадници на АНБ присуствуват на увид на сообраќајна несреќа? Редакцијата на КУРИР испрати прашање до МВР од каде до овој момент немаме добиено одговор за тоа што барало АНБ на местото на сообраќајната несреќа во која учествувал Зоран Милевски. Кој е Зоран Милевски -  кичевскиот? Зошто АНБ го обезбедувала местото на несреќата? Дали АНБ била поради Милевски на местото на несреќата или пак била поради некој од другите учесници? Јавноста  бара одговори на овие прашања!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-e-zoran-milevski-kichevskiot-i-zoshto-vchera-go-obezbeduvaa-lica-od-anb/feed/ 0
Кичеец повикан на распит во полициска станица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kicheec-povikan-na-raspit-vo-policiska-stanica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kicheec-povikan-na-raspit-vo-policiska-stanica/#respond Thu, 02 Jul 2020 14:40:16 +0000 https://kurir.mk/?p=367620

Како што известува Сител Телевизија, денес Зоран Милевски-Кичеец бил повикан во полициската станица Карпош заради објавениот разговор со контроверзниот црногорски бизнисмен Милорад Давидовиќ-Дака. На Јутјуб каналот „Раце Лепливи“ беше објавена аудио бомба на која се слуша разговор помеѓу Зоран Милески Кичеец и црногорскиот бизнисмен Давидовиќ Дака. Во разговорот беа споменува актуелни функционери, генералниот секретар на Владата Драги Рашковски и поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев. Кичеец во овој разговор вели дека е пратен од Заев и инсистира на нова средба со премиерот, на што Дака возвраќа дека тој веќе дал 300 илјади евра и 200 метри квадратни, а работата која му била ветена како што вели Дака не била завршена, пренесува Сител. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kicheec-povikan-na-raspit-vo-policiska-stanica/feed/ 0
Јовановски искрен: Кичеец е пуштен зошто со Рускоска треба да местат избори! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovski-iskren-kicheec-e-pushten-zoshto-so-ruskoska-treba-da-mestat-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovski-iskren-kicheec-e-pushten-zoshto-so-ruskoska-treba-da-mestat-izbori/#respond Wed, 01 Jul 2020 08:59:08 +0000 https://kurir.mk/?p=366458

Се приклучувам на барањето за изземање на Вилма Рускоска бидејќи јас сум жртва на гол политички систем, рече Бојан Јовановски на денешното прво судење за предметот „Рекет 2“. Тој имаше расправија со судијката Ефремовска за која бараше да не го прекинува додека зборува.- -Рускоска го застапуваше предметот „Рекет“ тенденциозно и селективно, а со нејзина согласност судот донесе одлука Кичеец да биде пуштен на слобода. Тој е пуштен бидејќи идат избори и заедно со Рускоска треба да местат избори, рече Боки по што судијката го прекина неговиот говор.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovski-iskren-kicheec-e-pushten-zoshto-so-ruskoska-treba-da-mestat-izbori/feed/ 0
„Кој со оган си игра, од оган ќе изгори“, ефтин трик од Кичеец на кој наседна Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-so-ogan-si-igra-od-ogan-kje-izgori-eftin-trik-od-kicheec-na-koj-nasedna-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-so-ogan-si-igra-od-ogan-kje-izgori-eftin-trik-od-kicheec-na-koj-nasedna-zaev/#respond Sun, 28 Jun 2020 10:09:17 +0000 https://kurir.mk/?p=364345

Новата „аудио-бомба“ која вчера се појави на „you tube“ каналот „Раце Лепливи“, открива фрапантни сознанија и сомневања за криминал од меѓународни рамки во кој појавува името на контраверзниот српски бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака, лидерот на СДСМ, Зоран Заев и неговиот соработник и пријател Драги Рашковски, кого го именуваше за генерален секретар на владата Снимката е дел од разговор меѓу Миодраг Давидовиќ Дака и Зоран Милески Кичеец, инаку осуден во корупцискиот скандал „Рекет“, кој кажува дека е пратен директно од Зоран Заев. Потоа Милески го потсетува Дака дека му дал ветување на генералниот секретар на Владата и близок соработник на Заев, Рашкоски дека е тука ако треба да заврши работа за референдумот за името. Очигледно Давидовиќ Дака е незадоволен бидејќи се чувствува изигран за парите кои ги дал од Зоран Заев и Рашкоски бидејќи не го добил тоа што сака иако платил пари. Од разговорот се дознава дека Заев парите примени од Давидовиќ ги користел за инженеринг на референдумот за промена на името „Не сакам да одам кај Заев за да платам повторно, за тој да го плати референдумот“, вели Дака. За Миодраг Давидовиќ Дака медиумите во регионот пишуваат дека е личност со контроверзна улога, во прв ред во политичките случување во Црна Гора и Србија, а постојат сомневања дека е експонент на одредени руски кругови под контрола на тајните служби. Давидовиќ 12 години бил финансиски раководител на железараницатат „Борис Кидрич“ кај црногорскиот град Никшиќ. Потоа во деведесетите години од минатиот век бил началник на Центарот за безбедност во Никшиќ и министер во Владата на Слободна (Српска) автономна област Херцеговина, во периодот на војната во Босна и Херцеговина. По завршувањето на војната почнал да се занимава со бизнис. Го основал претпријатието „НЕКСАн“ во 1992 година кое се занимавало со трговија со нафта и алкохолни производи, а во два наврата тој и неговата компанија ја контролирале никшиќката железарница. Имал обид да влезе и во политиката и бил кандидат за градоначалник на Никшиќ. Во декември 2019 година имало обид за атентат врз него во хотелот „Краун Плаза“ во Белград, кај што неколку години наназад тој живее, а пред десет години бил и тешко повреден во физички напад со метални шипки. Во одредени медиуми се споменува како финансиер на Демократскиот фронт во Црна Гора, чии лидери беа обвинети и судени за наводниот обид за пуч во земјата зад кој стоело руското воено разузнавање. Беше посочуван како добавувач на оружје на групата која на 16.10.2016 година планирала терористички напади на денот на парламентарните избори во Црна Гора. Најавувал и дека на престојните претседателски избори сака да се кандидира за претседател на Црна Гора. Давидовиќ била апсен уште во 1997 година за наводни малверзации со Тутунскиот комбинат. Во 2009 година во медиумите се споменува како вмешан во фиктивен извоз на нафта кон Косово, но тие обвинувања обвинителството никогаш не ги потврдило. Во гореспоменатото обвинение за малверзации со Тутунскиот комбинат, ја оштетил државната каса за 10,5 милиони тогашни германски марки. До судење не дошло затоа што тогашниот претседател на Црна Гора, Момир Булатовиќ, го аболирал (слично како и Зоран Заев во 2008 година во случајот „Глобал“ од страна на тогашниот сопартиец и шеф на државата Бранко Црвенковски), бидејќи постоела опасност тој преку ваквиот притисок и компромитација да биде искористен како главен сведок во случајот за наводен шверц на тогашниот министер за внатрешни работи Филип Вујановиќ и директорот на државна безбедност Вукашин Мараш. Компанија на Давидовиќ сега е посветена на градежништвото и гради згради во Будва, Котор, Никшиќ и Подгорица. Две илјади квадратни метри се споменуваат и во неговиот разговор со Кичеец. „Ги знам тие ваши трикови. Јас вас ви дадов 300.000 евра и 2.000 квадрати, работата не е завршена, што сакате уште. Јас тебе (мисли на Кичеец) те исплатив и со тебе немам ништо“. На што Милески одговара дека има работа сега со Рашкоски. Медиумите во регионот пишуваат дека Давидовиќ бил кум на првиот претседател на Црна Гора Момир Булатовиќ (во деведесетите) и бил во сериозен конфликт со Мило Ѓукановиќ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-so-ogan-si-igra-od-ogan-kje-izgori-eftin-trik-od-kicheec-na-koj-nasedna-zaev/feed/ 0
„Рекeт” продолжува на 25 и 26 мај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reket-prodolzuva-na-25-i-26-maj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reket-prodolzuva-na-25-i-26-maj/#respond Mon, 18 May 2020 10:02:38 +0000 https://kurir.mk/?p=347255

Рочиштата за предметот „Рекет”, закажани за 19 и 20 мај се одлoжуваат за 25 и 26 мај, соопшти денеска Основниот кривичен суд Скопје. – Заради интерес на медиумите и набљудувачите од невладините и меѓународните организации кои го следат судењето со КОК.бр. 116/19 во јавноста познат како „Рекет“, ја информираме јавноста дека по барање на Јавниот обвинител, продолжението на главната расправа насрочено за 19 – ти и 20 – ти мај 2020 година, се одлага, информираат од ОКС – Скопје. На следното рочиште за „Рекет“ предвидено е завршни зборови да даваат обвинителството и одбраната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reket-prodolzuva-na-25-i-26-maj/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Сведочењето на Бојан Јовановски, покажува дека Заев дебело бил заглавен во милионскиот рекет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-svedochenjeto-na-bojan-jovanovski-pokazuva-deka-zaev-debelo-bil-zaglaven-vo-milionskiot-reket/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-svedochenjeto-na-bojan-jovanovski-pokazuva-deka-zaev-debelo-bil-zaglaven-vo-milionskiot-reket/#respond Fri, 08 May 2020 07:19:07 +0000 https://kurir.mk/?p=343353

Зоран Заев во случајот Рекет ги предупредувал осомничените дека криминалот им е откриен. Сведочењето на првообвинетиот Бојан Јовановски, покажува дека Зоран Заев дебело бил заглавен во милионскиот рекет, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата истакнуваат дека Боки 13 го кажува тоа кое што подолго време јавноста го посочуваше, дека Зоран Заев знаел за милионскиот рекет, па дури и ги известувал сега осомничените дека криминалот е откриен. -Како што посочува Боки 13 на 3 април 2019 година, пред едно интервју во телевизијата 1тв, што соодветствува со емисијата Печат на неделата, кај што гостувал Заев, бил известен од  страна на тогашниот прв човек во Владата дека се откриени и веќе има оформено случај за рекетот од страна на странски обвинител. Иако досега не е презентиран никаков записник, според признанието на Заев, случајот е пријавен дури на 22 април, односно три недели откако тој го информирал обвинетиот Бојан Јовановски дека странски служби и обвинители го имале документирано целиот криминал. Вака изгледа на дело „Луј Витон“ правдата и отварањето на „трас-трас“ истраги. Прво ги предупредуваш своите соработници па после глумиш загриженост и наводно го пријавуваш случајот кај обвинителка која претходно кај нив нарачувала медиумски прогон, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Ова само покажува дека Заев е главата на рекетарскиот октопод, а се понатаму е само обид да се прикријат трагите кои водат до него. Затоа не е пријавен случајот веднаш кога излезе во јавноста. Затоа Бојан Јовановски е предупреден. Затоа беше оставена Катица Јанева на слобода. Затоа исчезнуваа нејзините мобилни телефони, а тој на Јовановски не е вештачен. Затоа Зоран Милески Кичеец е на слобода, а со своја паравојска си местеле избори во Охрид заедно со Заев. Ова е вистинското лице на криминогената власт. Три години Заев, три години хибриден режим, три години криминал. Одговорност мора да има и ќе има.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-svedochenjeto-na-bojan-jovanovski-pokazuva-deka-zaev-debelo-bil-zaglaven-vo-milionskiot-reket/feed/ 0
Катица Јанева ќе дава исказ во случајот „Рекет“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katica-janeva-kje-dava-iskaz-vo-sluchajot-reket/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katica-janeva-kje-dava-iskaz-vo-sluchajot-reket/#respond Fri, 08 May 2020 05:14:52 +0000 https://kurir.mk/?p=343297

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште за предметот „Рекет“ во кој исказ треба да даде обвинетата поранешна специјална обвинителка Катица Јанева. На вчерашното рочиште за предметот обвинетиот Бојан Јовановски, пред судот рече дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција не изнело ниту еден доказ и праша каде се доказите дека земал пари, дека трошел на џипови, гардероба, мебел, патувања и ја финансирал телевизија со пари земени од Орце Камчев. Обвинителката Вилма Русковска, одговарајќи на новинарско прашање по рочиште ги отфрли како невистинити обвинувањата изнесени од – Боки 13 дека таа наводно давала информации за истраги. Таа кажа и дека има доказ оти од кај Орце Камчев торбата завршила во куќата каде што живеат родителите на Бојан Јовановски. -Тој доказ беше и презентиран и доставен до судот, рече Русковска. Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски по изнесената одбрана на вчерашното рочиште посочи дека Обвинителството не извршило вештачење на мобилниот телефон. Дуковски ги негираше и тврдењата на Русковска која рече дека поседува фотографија како доказ оти торбата со наводните милион евра завршила во домот на семејството на Бојан Јовановски, ниту тие како одбрана имале увид во тој доказ. – Одговорно тврдам дека таква снимка не постои, рече Дуковски. Обвинителство за борба против организираниот криминал и корупција во случајот „Рекет“ ги обвини Боки 13 и Катица Јанева дека со умисла го рекетирале бизнисменот Јордан Камчев (обвинет во предметот „Империја”) за да му се укине мерката притвор во предметот „Империја“. Третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец, пак, на првото рочиште за „Рекет“, што се одржа во декември, лани, призна вина за делото „примање награда за противзаконито влијание“, по што беше осуден на три години затвор. На Милевски пред неколку недели му беше укинат и куќниот притвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katica-janeva-kje-dava-iskaz-vo-sluchajot-reket/feed/ 0
Боки-13 ќе ја даде својата одбрана во случајот „Рекет” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-kje-ja-dade-svojata-odbrana-vo-sluchajot-reket/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-kje-ja-dade-svojata-odbrana-vo-sluchajot-reket/#respond Thu, 07 May 2020 05:16:18 +0000 https://kurir.mk/?p=342717

Судскиот предмет „Рекет” против обвинетите Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева, влегува во својата завршница. После многу презентирани докази од страна на обвинителството и одбраната на денешното рочиште за „Рекет”, својата одбрана е предвидено да ја даде обвинетиот Боки 13, односно обвинетата Катица Јанева. На последното рочиште за овој случај во дополнение на доказна постапка одбраната презентираше неколку доказни материјали, меѓу кој остави впечаток кривичната тужба поднесена од страна на Јанева, против Боки-13, на незаконско снимање. Истовремено одбрана на Боки-13 реагираше дека судечкиот совет не ги прифатил како сведоци поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот директор на УБК, Горан Николовски. Судењето за предметот „Рекет”, почна во декември минатата година. На првото рочиште второобвинетитот Зоран Милевски – Кичеец ја прифати вината и доби осудителна пресуда од три години затвор. На Милевски пред неколку недели му беше укинат и куќниот притвор. За овој случај Обвинителство за борба против организираниот криминал и корупција, обвинитетите Боки 13 и Катица Јанева ги товари дека со умисла го рекетирале бизнисменот Јордан Камчев (обвинет во предметот „Империја”) за да му се укине мерката притвор во наведениот предмет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-kje-ja-dade-svojata-odbrana-vo-sluchajot-reket/feed/ 0
Продолжува судењето за „Рекет” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-sudenjeto-za-reket/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-sudenjeto-za-reket/#respond Tue, 05 May 2020 05:16:38 +0000 https://kurir.mk/?p=341660

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судскиот предмет „Рекет”, кој е во фаза на дополенине на доказна постапка, односно одбраната на обвинетите Бојан Јовановски и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева ќе презентира материјални докази. По оваа фаза следуваат завршните зборови. Во досегашниот процес за случајот „Рекет”, се презентираа разни материјални докази и сведоци. Судењето почна во декември минатата година. На првото рочиште второобвинетитот Зоран Милевски – Кичеец ја прифати вината и доби осудителна пресуда од три години затвор. На истиот пред неколку недели му беше укинат и куќниот притвор. За случајот „Рекет”, Обвинителство за борба против организираниот криминал и корупција, обвинитетите Боки 13 и Катица Јанева ги товари дека со умисла го рекетирале бизнисменот Јордан Камчев (обвинет во предметот „Империја”) за да му се укине мерката притвор во наведениот предмет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-sudenjeto-za-reket/feed/ 0
ОФИЦИЈАЛНО: Поднесено обвинение за Боки 13, Катица Јанева и Зоран Милески https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oficijalno-podneseno-obvinenie-za-boki-13-katica-janeva-i-zoran-mileski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oficijalno-podneseno-obvinenie-za-boki-13-katica-janeva-i-zoran-mileski/#respond Thu, 10 Oct 2019 10:27:19 +0000 https://kurir.mk/?p=250058

По сеопфатна истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција,  денеска до Основниот кривичен суд поднесе Обвинителен акт против три лица, македонски државјани. Според соопштението од Основното јавно обвинителство две од обвинетите лица се теретат дека сториле кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“ предвидено и казниво по член 359 став 7 во врска со став 3 во врска со став 2 во врска со член 22, a на првообвинетиот му се става на товар и кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело “ по член 273 став 1 од Кривичниот законик. Второобвинетото лице, односно Катица Јанева, се терети дека сторило кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ – казниво по член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик -Имено, првообвинетиот во периодот од месец ноември минатата година  до месец април годинава, искористувајќи го своето претпоставено влијание врз второобвинетото лице – јавен обвинител, влијаел да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши.  Тој, искористувајќи ги претходно воспоставените пријателски односи влијаел врз второобвинетата, при спроведувањето на истражна постапка во предметот со работен наслов „Империја“, да ја олесни положбата на сведокот кој во предметот е еден од осомничените и на кого по предлог на јавниот обвинител му било определена мерка притвор. Третообвинетиот битно придонел за извршувањето на кривичното дело со договарање на континуирани средби на првообвинетиот со сопругата на сведокот, а подоцна и со сведокот, притоа уверувајќи ги во неговото влијание врз јавниот обвинител. Второобвинетата го прифатила влијанието на првообвинетиот и како службено лице – јавен обвинител, ја искористила својата службена положба и овластување и ги пречекорила границите на своето овластување. Откако првообвинетиот заедно со  третообвинетиот ги добил договорените 500.000 евра од сопругата на сведокот и покрај тоа што постоеле неизменети околности врз кои била определена и продолжена мерката притвор, второобвинетата до Апелациониот суд – Скопје доставила предлог за определување на поблага мерка – куќен притвор, кој предлог бил прифатен од страна на судот. Воедно, согласно договорот, по исплатата на првите 1.000.000 евра, второобвинетата доставила писмена согласност до судот одземената патна исправа привремено да му биде вратена на сведокот. Со преземените службени дејствија второобвинетата ја искористила и ја пречекорила својата службена положба и овластување и за себе прибавила имотна корист во значителен износ и тоа во предмети – мебел во износ од 296.040,00 денари и пари во износ од 50.000 евра, а за противзаконито влијание другите двајца обвинети примиле награда од 1.500.000 евра. Првообвинетиот иако невработен, со блокирани трансакциски сметки и без приход, на почетокот на оваа година купувал за себе луксузен мебел, облека и обувки и престојувал во луксузни летувалишта – ресорти надвор од нашата земја што упатува дека ги пуштил во оптек паричните средства што ги прибавил со кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“, се наведува во соопштението од Обвинителството. Ценејќи дека се исполнети условите предвидени во Законот за кривична постапка, со Обвинителниот акт, до Основниот кривичен суд – Скопје е доставен и Предлог за продолжување на изречените мерки за обвинетите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oficijalno-podneseno-obvinenie-za-boki-13-katica-janeva-i-zoran-mileski/feed/ 0