кичевска болница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Jan 2020 12:43:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кичевска болница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Болницата во Кичево е огледало на работењето на СДСМ: Очајни услови и стагнација, недостаток на лекови и материјали https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bolnicata-vo-kichevo-e-ogledalo-na-rabotenjeto-na-sdsm-ochajni-uslovi-i-stagnacija-nedostatok-na-lekovi-i-materijali/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bolnicata-vo-kichevo-e-ogledalo-na-rabotenjeto-na-sdsm-ochajni-uslovi-i-stagnacija-nedostatok-na-lekovi-i-materijali/#respond Mon, 27 Jan 2020 12:43:21 +0000 https://kurir.mk/?p=295255

СДСМ ветуваше низа реформи во здравството и враќање на здравствениот кадар, но реалноста која ја донесоа е очајни услови во клиниките и бројни доктори кои ја напуштаат Македонија. Одличен пример за да се направи реална споредба е Општата болница во Кичево. На крајот на 2016-та година, во ЈЗУ ОБ Кичево, имаше 148 вработени. Од  досегашните вработувања најголем број беа доктори, од кои сите добија специјализации. Во моментот на примопредавање имаше 13 доктори на специјализација од кои сега веќе како специјалисти се вратени 6 доктори. Во мандатот на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ се започна со рутински операции од областа на гинекологија и акушерство и хирургија, што е за прв пат во историјата на здравството во Кичево, воопшто. Воведени се нови дијагностички методи, како и набавена соодветна опрема за нив: -Мамографија-набавен мамограф. -Ехо на дојка-набавен УЗ апарат со намена за преглед на дојка. -Гастроскоп- скопија (за преглед) на хранопровод, желудник и дванаесетпалачно црево. -4D Ултразвучен апарат со колор доплер- негова примена во Гинекологија и Акушерство. -Комплет обновена апаратура во биохемиска лабараторија со биохемиски анализатори и бројачи на крвни елементи. -Дигитализирана целата медицинска и немедицинска администрација за што се обезбедени над 50 нови компјутери со пропратна технологија, принтери и слично. -Многу други помали средства за работа и апаратура. Со овие набавки паралелно се едуцираше и медицинскиот персонал, пред се докторите, за примена на новите методи за работа и дијагностика. Како резултат на тоа, имаше зголемен вид и обем на работа што од сите аспекти ја подигна и стручноста на здравствените работници. Во овој период од владеењето на СДСМ, после 2017-година останаа само овие новововедени методи, без ниту една единствена нова метода. Напротив, и овие веќе рутински применувани методи и интервенции се во стагнација. Од ден на ден опаѓа бројот на пациенти што се лекуваат во ОБ Кичево, се намалува обемот и видот на услугите. Се чувствува недостатокот на лекови и материјали за работа што е последица од ненаменско трошење на парите од буџетот на болницата, за прием на партиски, несоодветни, нестручни и пред се немедицински кадри. Ако бројот на вработени до 2017-та година беше 148, сега тој е околу 200 што е за над 50 нови вработувања од кои најмал е бројот на доктори. Веднаш после доаѓањето на СДСМ на власт се прекина градбата на новата болница, која сега е оставена без никаков надзор и чуварска служба. Оваа состојба трае многу долго и веќе изградената болница се уништува секојдневно од страна на лица кои носат се што е вредно, како кабли, бакар, метали, врати и слично. Раководството на болницата, наместо да се сконцентрира на доградба на новата болница, сака со импровизации да покаже дека нешто се работи. Во тој правец се обидува на гинеколошкото одделение да вметне хируршко одделение, што се коси со сите медицински принципи и доктрини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bolnicata-vo-kichevo-e-ogledalo-na-rabotenjeto-na-sdsm-ochajni-uslovi-i-stagnacija-nedostatok-na-lekovi-i-materijali/feed/ 0
Нов скандал во здравството: Најквалификуваната акушерка отпаѓа, а работа добива последната на листата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-skandal-vo-zdravstvoto-najkvalifikuvanata-akusherka-otpagja-a-rabota-dobiva-poslednata-na-listata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-skandal-vo-zdravstvoto-najkvalifikuvanata-akusherka-otpagja-a-rabota-dobiva-poslednata-na-listata/#respond Sat, 18 Aug 2018 07:40:02 +0000 https://kurir.mk/?p=89135

Во последниот период се поактуелни се вработувањата во јавните здравствени установи, како и покачувањето на платите. Меѓу другото, надлежните наведуваат дека целта е медицинските кадри да се задржат во здравствените установи во земјава, односно да не заминуваат од Македонија. Но, што се случува во реалноста. На оглас за вработување на акушерки во болницата во Кичево се констатира злоупотреба ако се погледне листата на кандидати, како и одлуката за вработување. Имено листата на која се рангирани кандидатите, а не била објавена, односно ставена на увид, прво рангираната кандидатка не е примена,  а последната е примена, иако има многу помалку бодови од првата на листата. Првата има 88 бодови, а последната 37,83 бодови. Како што информираат упатени во постапката за избор на лица кои би биле примени, со кандидатите воопшто не е направено интервју, или единствен критериум е успехот.   Истите извори велат дека последната кандидатка не е со соодветно образование, се претпоставува дека и останатите примени не се со соодветна квалификација за огласеното работно место, акушер.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-skandal-vo-zdravstvoto-najkvalifikuvanata-akusherka-otpagja-a-rabota-dobiva-poslednata-na-listata/feed/ 0