киднапер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Mar 2023 13:37:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png киднапер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МВР: Лажна вест е дека киднапер се движел околу средното музичко училиште во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-lazhna-vest-e-deka-kidnaper-se-dvizhel-okolu-srednoto-muzichko-uchilishte-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-lazhna-vest-e-deka-kidnaper-se-dvizhel-okolu-srednoto-muzichko-uchilishte-vo-skopje/#respond Wed, 22 Mar 2023 13:37:10 +0000 https://kurir.mk/?p=814995

МВР најостро ги демантира лажните вести кои денеска се проширија по социјалните мрежи во врска со наводен киднапер, кој наводно се движел околу средното музичко училиште во Скопје. -Ниту има пријава за такво лице до полицијата ниту има пријава дека некое лице е киднапирано. И лицето кое ја пласираше оваа лажна вест, ја повлече и јавно објави дека станува збор за лажна вест. Пласирањето на ваквите лаги е со цел да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните, а за жал зачестено се пласираат последниов период. Лицето кое ја пласираше оваа лага ќе биде повикано во полициска станица и до надлежното обвинителство ќе биде поднесен соодветен поднесок против него, велат од МВР. Оттаму апелира граѓаните да не наседнуваат на вакви лаги.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-lazhna-vest-e-deka-kidnaper-se-dvizhel-okolu-srednoto-muzichko-uchilishte-vo-skopje/feed/ 0
Полицијата стапи во контакт со киднаперот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-stapi-vo-kontakt-so-kidnaperot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-stapi-vo-kontakt-so-kidnaperot/#respond Mon, 15 Oct 2018 13:33:40 +0000 https://kurir.mk/?p=115183

Германската полиција стапи во конатакт со мажот, кој зеде една жена како заложник на главната железничка станица во Келн. Полицијата се обидува да преговара жената да биде ослободена. Поради заложничката криза затворена и евакуирана е железничката станица, која е една од најголемите во Германија, како и плоштадот зад станицата. - Во контакт сме со мажот. Мораме да дознаеме што сака, кои се неговите барања и дали е вооружен, изјави портпаролот на полицијата Кристоф Гилес. Тој додаде дека специјално обучени полицајци преговараат со киднаперот, кој не е идентификуван, а не се познати ниту мотивите. - Правиме се заложникот да биде извлечен неповреден, посочи Гилес. Претходно, германскиот магазин „Фокус“ објави дека на железничката станица се слушнале истрели, но полицијата соопшти дека не располага со такви информации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-stapi-vo-kontakt-so-kidnaperot/feed/ 0
Киднаперот во Париз е уапсен, заложниците се ослободени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kidnaperot-vo-pariz-e-uapsen-zaloznicite-se-oslobodeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kidnaperot-vo-pariz-e-uapsen-zaloznicite-se-oslobodeni/#respond Tue, 12 Jun 2018 19:08:35 +0000 https://kurir.mk/?p=65160

Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Колон на Твитер објави дека киднаперот во Париз е уапсен, а заложниците се ослободени. Колон ова го објави околу четири часа откако заложниците беа блокирани во една зграда во центарот на Париз. Нема информация кои биле мотивите на киднаперот, ниту пак има податоци дека се работи за тероризам. Зградата на улицата „Птит Екјори“ била опколена од тешко вооружени полициски командоси, пожарникари и спасувачи. Реонот бил евакуиран а улицата блокирана, по што почнале преговори. Киднаперот побарал да зборува со амбасадорот на Иран. Според првичните неофицијални информации, околу 16 часот по локално време, маж зел како заложници три лица во канцеларија на приземје, и по кусо време еден од заложниците бил ослободен, но бил полеан со бензин и удрен во лицето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kidnaperot-vo-pariz-e-uapsen-zaloznicite-se-oslobodeni/feed/ 0