киев-скопје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 06 Dec 2020 14:33:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png киев-скопје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: На скопскиот аеродром слета првиот авион на релацијата Киев-Скопје-Киев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-na-skopskiot-aerodrom-sleta-prviot-avion-na-relacijata-kiev-skopje-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-na-skopskiot-aerodrom-sleta-prviot-avion-na-relacijata-kiev-skopje-kiev/#respond Sun, 06 Dec 2020 14:33:33 +0000 https://kurir.mk/?p=439607

На скопскиот аеродром денеска слета првиот авион на украинската авиокомпанија „WINDROSE“ со кој е воспоставена новата директна авиолинија на релација Киев – Скопје – Киев, што ќе се реализира секој четврток и недела. Билетите за летот до и од аеродромот Бориспиљ на релацијата од Киев до Скопје и обратно веќе може да се купат на веб-страницата на „WINDROSE“, а летовите ќе се извршуваат со авионите Embraer-145 и ATR72-600. Метин Батак, генералниот директор на ТАВ Македонија, порача дека денешниот прв лет меѓу Киев и Скопје не е само првиот позитивен чекор кон закрепнувањето на македонскиот авиосообраќај во време на пандемијата предизвикана од Ковид-19, туку претставува историски успех и достигнување за македонското воздухопловство. -Иако авијацијата на глобално ниво претпрпува огромна криза македонскиот пазар сепак денес е победник, а ние сме благодарни на „WINDROSE“ за нивната одлука. Се надеваме дека Киев како нова дестинација ќе биде атрактивен за патниците од Северна Македонија и од соседните држави и дека ќе ја искористат можноста за посета на овој прекрасен град што се протега долж реката Дњепар и да го видат богатството на култура и историја. Од друга страна се надемае дека украинските граѓани ќе имаат можност да ги откријат убавините и културното наследство на Севрна Македонија, рече Батак. Тој нагласи дека воведувањето на новата линија ќе има позитивен ефект врз македонската економија и туризмот, а ќе ги зајакне и бизнис врските меѓу двете земји. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски порача дека денеска почнува нова фаза во развојот на авиосообраќајот во земјава. -Иако овој сектор е силно погоден од ковид кризата сепак успеваме онаму каде што државите ги олеснуваат протоколите за влез и излез да воспоставуваме нови или да ги одржиме постоечките авиолинии. Воспоставувањето на оваа линија е доказ за тоа и потврда на нашата добра соработка со Украина, рече Бочварски. Украинската амбасадорка Наталиjа Задорожњук посочи дека и покрај пандемијата во изминатата година има значително зголемување на билатералните односи меѓу двете земји. -Украина и Северна Македонија имаат заеднички стратешки приоритети -членство во НАТО и ЕУ и заеднички европски вредности – атктивна и успешна соработка во рамките на меѓународните организации. Се поддржуваме едни со други и имаме позитивен нагорен тренд на економската сораобтка, рече Задорожњук и додаде дека минатата година има двојно зголемување на трговската размена. Годинава, посочи, и покрај тешката состојба со Ковид-19 има повисока трговска размена во првите девет месеци во споредба со лани. -Со денешниот лет од Киев пристигнаа и туристички оператори од Украниа. Имаме безвизен режим меѓу двете земји и сето тоа придонесува за значително продлабочување на пријателските билатерални односи, истакна Задорожњук.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-na-skopskiot-aerodrom-sleta-prviot-avion-na-relacijata-kiev-skopje-kiev/feed/ 0