кики и фрики – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 20 Jul 2019 17:18:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кики и фрики – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Героски им даде 48 часа на Фрики и Кики да си дадат оставки и да соработуваат со истрагата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-im-dade-48-chasa-na-friki-i-kiki-da-si-dadat-ostavki-i-da-sorabotuvaat-so-istragata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-im-dade-48-chasa-na-friki-i-kiki-da-si-dadat-ostavki-i-da-sorabotuvaat-so-istragata/#respond Sat, 20 Jul 2019 17:06:17 +0000 https://kurir.mk/?p=220556

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека тој не ги познава Фрики и Кики. Го разбирам потполно. Еве, сосема накусо, ќе се обидам да појаснам некои нешта, пипува Бранко Героски за Плус Инфо. Фрики и Кики се вистински ликови, високо позиционирани во СДСМ и во власта. Тие се блиски до ликот кого јас го именував како Коки и за чии рекетарски подвизи пишував со езоповски јазик, во неколку продолженија. Како се блиски? Еве вака, друже Заев. Фрики е госпоѓа, висок функционер и во невладината организација на Коки, која служела за формално покривање на милионскиот рекет. Самиот тој факт ја прави госпоѓата објективно одговорна за овие злодела. И тоа ќе го дообјаснам. Една работа е некому да се обрати некоја обична невладина организација со барање за поддршка (па и со рекетарска уцена), а друго е тоа да го стори НВО во чиј врв стои така проминентна личност, со неспорно политичко влијание и со блискост со премиерот и со сите министри и со други државни функционери. Кики беше висок функционер во СДСМ. Самиот Коки, во последното интервју на својот медиум, го нарекол „добар пријател“ или „другар“. Е сега, не е исто да си обичен рекетар што стасува до половно „БМВ“ и да си фраер кој за другар го има високиот партиски функционер Кики, а за соработник високата државна функционерка Фрики, која згора и му пеела на журка. Ниту сум напишал ниту тврдам дека Фрики и Кики рекерирале и дека лично се офајдиле од рекетот. За тоа не знам. Тоа треба да го провери истрагата. Но, неспорно е дека и Кики и Фрики му овозможувале на Коки да остварува контакти при неговите рекетарски обиди, а тој ја (зло)употребувал блискоста со нив, но и со други луѓе во СДСМ, за да биде поуспешен во своите походи. Во најмала рака, Фрики, Кики и другите биле фацилитатори на милионскиот рекет, за што мора да сносат морална и политичка одговорност. А за нивната евентуална кривична соодговорност одлучува истрагата, која не смее да се попречува. Затоа, госпоѓо Фрики и другар Кики, да сум на вашето место, јас под итно би сторил две работи. Прво, би му се јавил на Заев и би му го кажал следново: – Шефе, свесен (свесна) сум дека со мојата блискост и со контактите со Коки, како и со тоа што го препорачував кај други луѓе, му овозможив да ги засили своите рекетарски позиции. Така се искомпромитирав себеси, но и тебе, шефе, како и нашата партија. Во духот на декларацијата што ја донесовме пред некој ден, прифаќам политичка одговорност за својата непромисленост. Поднесувам оставка на сите функции. Второ, би му се јавил на надлежниот обвинител и би му го кажал следново: – Обвинителе, јас имав блиски контакти со лицето Коки и ви стојам на располагање за сите потребни информации во врска со милионскиот рекет. Моја граѓанска должност е да соработувам со истрагата, дури и во случај да бидам осомничен (осомничена). Госпоѓо Фрики и другар Кики, јас најдругарски ви предлагам ова да го сторите без одлагање, во следните 48 часа. Тоа му го должите на Заев, но и на СДСМ, а пред сė на граѓаните на оваа земја. Ако размислите добро, ќе сфатите дека тоа си го должите и себеси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-im-dade-48-chasa-na-friki-i-kiki-da-si-dadat-ostavki-i-da-sorabotuvaat-so-istragata/feed/ 0
УМС на ВМРО-ДПМНЕ им остави рекет на Кики и Фрики пред Собранието на Република Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ums-na-vmro-dpmne-im-ostavi-reket-na-kiki-i-friki-pred-sobranieto-na-republika-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ums-na-vmro-dpmne-im-ostavi-reket-na-kiki-i-friki-pred-sobranieto-na-republika-makedonija/#respond Thu, 18 Jul 2019 11:02:34 +0000 https://kurir.mk/?p=219743

Зоран Заев, главата на вториот октопод на СДСМ, крие кои се Кики и Фрики од рекетарските приказни. Зоран Заев ги крие бидејќи се високи функционери и негови блиски соработници кои доколку се соочат со правдата може и самите да почнат да говорат за криминалите на нивниот шеф. Овие два лика, според информациите во јавноста, директно се поврзуваат со аферата за организирано рекетирање заедно со приведениот Бојан Јовановски познат како Боки 13, ова денеска во изјава за медиумите го истакна Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. -Еве да им помогнеме на органите на прогонот и на Зоран Заев да се сетат кои се Кики и Фрики. Нашите информации велат дека двајцата имаат пратенички имунитет и дека се дел од владејачкото мнозинство во Собранието на Република Македонија. Доколку Јавното обвинителство продолжи да глуми дека не е од тука и дека не ги знаат Кики и Фрики, тогаш постои сериозна опасност дека ќе земат уште поголем залет за да си го наплатат стресот и вознемирувањето, потенцира Манасиевски. Тој додава дека Кики и Фрики, Вимблдон заврши, а светски рекет број 1 остана Новак Ѓоковиќ. Сте запнале да го надминете во пресрет на УС Опен ама малку сте се збуниле. Подобро пробајте во мешани двојки ама на тениски терен. -Рекетот користете го за тенис, а не за изнуда на пари. Не и треба на Македонија рекет број 1 како вас, Зоран Заев или Боки 13. Ова е РЕКЕТ, ама целосно легален и дозволен. Овој РЕКЕТ им го оставаме и очекуваме дека ќе го користат правилно и со тоа ќе го подобрат своето психо-физичко здравје, а за досегашното практикување на рекетот ќе им се суди без можност за челинџ, бидејќи ги истрошија сите кредити, истакна Манасиевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ums-na-vmro-dpmne-im-ostavi-reket-na-kiki-i-friki-pred-sobranieto-na-republika-makedonija/feed/ 0