кил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 Oct 2023 04:01:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕХФ лига на шампиони: Кил го преслуша Кјелце https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ehf-liga-na-shampioni-kil-go-preslusha-kjeltse/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ehf-liga-na-shampioni-kil-go-preslusha-kjeltse/#respond Thu, 12 Oct 2023 04:01:12 +0000 https://kurir.mk/?p=887825

Кил ќе остане единствената екипа во групата А од Лигата на шампионите која ги има максималните четири победи, по четирите кола, откако вечерва на свој терен го надигра европскиот вицепрвак, Кјелце. „Зебрите“ славеа со 35-31 во моќно второ полувреме или попрецизно моќна завршница. Беше 27-26 во 50. минута, а потоа Кил уфрли во посилна брзина. До крајот на мечот само два шута не резултираа со гол, направи видлива разлика, која Кјелце не можеше да ја следи и заслужено дојде до триумф. Претходно, Полјаците го добија првиот дел со 16-15. Најефикасните на мечот постигнаа по седум гола, Елефсен и Јохансон кај Кил, Турна и Шичко за Кјелце. Кил има осум бода, пред Кјелце, Алборг и ПСЖ по четири, со тоа што Данците и Французите утре треба да ги одиграат своите натпревари од ова коло. ПСЖ го пречекува Пелистер од 20.45, а битолчани влегуваат во таа средба како единствената екипа без бодови во групата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/ehf-liga-na-shampioni-kil-go-preslusha-kjeltse/feed/ 0
Дувњак: Битола беше неверојатна, публиката го држеше тимот цел меч https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/duvnak-bitola-beshe-neverojatna-publikata-go-drzheshe-timot-tsel-mech/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/duvnak-bitola-beshe-neverojatna-publikata-go-drzheshe-timot-tsel-mech/#respond Thu, 28 Sep 2023 05:55:59 +0000 https://kurir.mk/?p=882534

Хрватската ракометна легенда Домагој Дувњак за првпат имаше шанса да игра во Битола. Кил го победи Еурофарм Пелистери, а играчот беше импресиониран од атмосферата. „Пред сè, честитки за Еурофарм Пелистер за феноменалната борба. Беа вистински борци, а и оваа публика е неверојатна, ги водеше и држеше играчите цели 60 минути. Јас првпат сум тука и уживав на теренот. Победи нашето искуство, можеби тука и нашата одбрана имаше удел, ама Пелистер е млада екипа и ваквите натпревари добро ќе дојдат за иднината. Им посакувам се најдобро“, изјави Дувњак по натпреварот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/duvnak-bitola-beshe-neverojatna-publikata-go-drzheshe-timot-tsel-mech/feed/ 0
Кил со многу мака ги однесе бодовите од Битола https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kil-so-mnogu-maka-gi-odnese-bodovite-od-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kil-so-mnogu-maka-gi-odnese-bodovite-od-bitola/#respond Wed, 27 Sep 2023 19:16:18 +0000 https://kurir.mk/?p=882475

Екипата на Еурофарм Пелистер забележа уште еден пораз во новата сезона во Лигата на шампионите. За разлика од претходните два натпревари во елитата, на овој, македонскиот шампион покажа ново лице, баш онакво какво што посакува домашната јавност, одигра далеку поорганизирано и поборбено, но сепак недоволно за изненадување против моќнот Кил, кој во Битола славеше со 20-23 (9-11). Така, пелистерци остануваат на дното на табелата во групата А, со три порази од исто толку натпревари. Претходно, битолскиот тим загуби од Колштад на свој терен и на гости од Алборг. Тренерот Александар Јовиќ за овој дуел предност им даде на неколку домашни ракометари. Српскиот бек Стевановиќ и данскиот кружен напаѓач Нилсен останаа на трибини, исто како и Кизиќ, додека во составот се вратија Гедбане, Василев и Радивојевиќ, кои не играа во Данска. Шанса доби и младиот Павле Атанасијевиќ, пред Емилијан Ѓорговски. Во пауза од 18 години европската ракометна елита се врати во Битола, а тоа донесе уште една незаборавна атмосфера во „Домот на ракометот“. Салата „Боро Чурлевски“ повторно беше полна, а „шлаг на тортата“ беше роденденското славје на „Чкембарите“ кои на овој дуел го прославија својот 38. роденден. Пелистерци мотивирано го отворија натпреварот против големиот фаворит. Носени од пеколната атмосфера во салата тргнаа борбено во одбрана, а одличен на стартот беше и голманот Гедбан кој врза неколку интервенции. Но, и Кил навремено ги затвораше нападите на „зелено-белите“, па по првите десет минути на семафорот стоеше 3-3. Потоа следуваше мал пад во играта на домаќините и два врзани гола на Кил, за водство од 4-6. Сепак, момците на Јовиќ брзо се созедоа, Цехте на двапати најде дупка во гостинската одбрана за ново израмнување. Во финишот од првото полувреме Германците ги казнија грешките на пелистерци и на пауза заминаа со минимална предност од 9-11. Во првиот дел најдобри поединци кај Пелистер беа Цехте со три гола и Кисум и Радивојевиќ со по два. Возбудливо и борбено беше и на стартот на вториот дел. Гедбан одново влезе во ритам, но одличен на голот беше и Беласен, и по осум минути игра во продолжението позитивата на Кил остана на два гола (12-14). Следуваше период на игра гол за гол, па нова ерупција во битолскиот вулкан, откако Пешевски со атрактивен гол погоди за израмнивање на 17-17. Сепак, кога беше најпотребно и кога се кршеше резулатот, германскиот тим покажа квалитет и смиреност и со 20-23 го впиша третиот триумф во новата сезона во ЛШ. Десното крило Радивојевиќ со пет гола и Цехте со четири беа најпрецизни во таборот на Пелистер, додека за Кил се истакна Елефсен со пет погодоци. Следен ривал на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите е моќниот ПСЖ, натпревар кој се игра на 12 октомври во Париз. Ден порано Кил ќе го пречека Киелце.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kil-so-mnogu-maka-gi-odnese-bodovite-od-bitola/feed/ 0
Мечот Еурофарм Пелистер и Кил ќе го судат судии од Австрија https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/mechot-eurofarm-pelister-i-kil-ke-go-sudat-sudii-od-avstrija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/mechot-eurofarm-pelister-i-kil-ke-go-sudat-sudii-od-avstrija/#respond Fri, 22 Sep 2023 04:32:47 +0000 https://kurir.mk/?p=880498

Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од третото коло во Лигата на шампионите. Еурофарм Пелистер ќе игра на домашен терен против германскиот шампион Кил, а судиите се од Австрија. Станува збор за Радојко Бркиќ и Андреј Јусуфхоџиќ, додека делегатот доаѓа од Грција, а тоа е Сотирис Мигас. Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Кил се игра в среда, на 27 септември со почеток во 18:45 часот во „Боро Чурлевски“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/mechot-eurofarm-pelister-i-kil-ke-go-sudat-sudii-od-avstrija/feed/ 0
Кил донесе нов француски голман https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kil-donese-nov-frantsuski-golman/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kil-donese-nov-frantsuski-golman/#respond Wed, 13 Sep 2023 04:11:07 +0000 https://kurir.mk/?p=877460

Кил слабо ја стартуваше новата бундеслигашка сезона со два порази во првите неколку рунди, што беше причина управата да реагира и да донесе нов голман на располагање на тенерот Јиха. Тој се најде во незавидна ситуација по повредата на Жерар, по што остана со Мрква како единствен поискусен голман во тимот, доволна причина да се ангажира нов чувар на мрежата, и тоа Французинот Самир Беласен. Станува збор за 28-годишен чувар на мрежата кој пристигнува на позајмица од редовите на Данкерк, потпишувајќи договор до крајот на сезоната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kil-donese-nov-frantsuski-golman/feed/ 0
Кил во проблеми, се повредија Жерар и Гурбиндо https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kil-vo-problemi-se-povredija-zherar-i-gurbindo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kil-vo-problemi-se-povredija-zherar-i-gurbindo/#respond Wed, 23 Aug 2023 04:15:08 +0000 https://kurir.mk/?p=869829

Сезоната уште не започнала, а големи проблеми го потиснале Филип Јиха во Кил. Чешкиот стратег ќе мора да најде адекватни решенија, бидејќи остана без две засилувања на стартот од сезоната - францускиот голман Винсен Жерар и шпанскиот десен бек Едуардо Гурбиндо. Новајлијата од Динамо Букурешт, кој требаше да биде адекватна замена за повредениот Штефан Вајнхолд, го повреди бутниот мускул и нема да биде на првиот натпревар сезонава - в среда, кога „зебрите“ ќе играат за Суперкупот. трофеј против Рајн Некар Левен. Кил игра во Лигата на шампионите во група со Еурофарм Пелистер. Во оваа група се уште Киелце, ПСЖ, ПИК Сегед, Колштад. Загреб и Алборг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kil-vo-problemi-se-povredija-zherar-i-gurbindo/feed/ 0
Перез Де Варгас ќе ја напушти Барса и се сели во Кил https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/perez-de-vargas-ke-ja-napushti-barsa-i-se-seli-vo-kil/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/perez-de-vargas-ke-ja-napushti-barsa-i-se-seli-vo-kil/#respond Thu, 10 Aug 2023 04:08:11 +0000 https://kurir.mk/?p=865198

Легендарниот шпански голман, Гонзало Перез де Варгас, после цели четиринаесет години ја напушти Барселона и се сели во Германија, каде ќе настапува за четирикратниот европски шампион Кил. Перез Де Варгас изјави дека е среќен од трансферот и едвај чека да се запознае со сите свои соиграчи, со кои ќе се обидат да го вратат Кил во самиот врв на европскиот ракомет. „Јас секогаш знаев дека ако одам во Германија, тоа мора да биде Кил. Овој клуб има неверојатна организација и славна историја. Навистина е чест што ќе бидам дел од „зебрите“ и ќе го дадам мојот максимум за успех на секој натпревар“, изјави Гонзало де Варгас. Актуелниот германски шампион добива сериозно засилување на голманската позиција, но навивачите ќе мораат да почекаат уште најмалку една сезона за да го видат Гонзало Перез де Варгас во дресот на својот омилен клуб.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/perez-de-vargas-ke-ja-napushti-barsa-i-se-seli-vo-kil/feed/ 0
Едуардо Гурбиндо потпиша за Кил https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/eduardo-gurbindo-potpisha-za-kil/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/eduardo-gurbindo-potpisha-za-kil/#respond Tue, 08 Aug 2023 04:16:53 +0000 https://kurir.mk/?p=864397

Шпанскиот десен бек Едуардо Гурбиндо во следната сезона ќе ги браните боите на германскиот ракометен гигант Кил. Гурбиндо го раскина договорот со романскиот првак Динамо Букурешт, па без оштета се пресели кај „зебрите“ на една сезона. Кил е во групата со македонскиот првак Еурофарм Пелистер и ќе гостува во Битола на меч од Лигата на шампионите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/eduardo-gurbindo-potpisha-za-kil/feed/ 0
Кил го потпиша најдобриот стрелец во машката ракометна ЛШ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kil-go-potpisha-najdobriot-strelets-vo-mashkata-rakometna-lsh/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kil-go-potpisha-najdobriot-strelets-vo-mashkata-rakometna-lsh/#respond Sat, 08 Jul 2023 06:44:47 +0000 https://kurir.mk/?p=854238

Германскиот ракометен гигант Кил обезбеди големо засилување за следното лето. Во таборот на „зебрите“ доаѓа Емил Мадсен од редовите на ГОГ Гудме. Младиот 22-годишен дански репрезентативец беше најдобар стрелец во минатата сезона на елитната Лига на шампиони.  Со клубот од Германија се обврза на верност до 2028 година, а тоа за него ќе биде прво искуство надвор од Данска.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kil-go-potpisha-najdobriot-strelets-vo-mashkata-rakometna-lsh/feed/ 0
Кил и официјално започна преговори со Де Варгас https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kil-i-ofitsijalno-zapochna-pregovori-so-de-vargas/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kil-i-ofitsijalno-zapochna-pregovori-so-de-vargas/#respond Wed, 14 Jun 2023 04:55:01 +0000 https://kurir.mk/?p=845485

Германскиот ракометен шампион Кил ќе има сосема нов изглед следната сезона, во поглед на играчкиот кадар. Заминуваат главните ѕвезди – Сандер Сагосен, Никлас Ландин, Миха Зарабец…а Кил иако го има договорено трансферот на Венсан Жерар, веќе бара врвно име како замена за данскиот голман. Од „зебрите“ потврдија дека го посакуваат голманот на Барселона, Гонзало Перес Де Варгас, кој е врзан со договор со каталонскиот гигант до 2025 година. Покрај Жерар, кој потпиша договор на една сезона, во голманското дуо ќе биде и чешкиот чувар на мрежата Томаш Мрква, кој исто така има договор до 2024 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kil-i-ofitsijalno-zapochna-pregovori-so-de-vargas/feed/ 0