Ким Џонг Ун – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 17 Sep 2023 16:01:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ким Џонг Ун – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ким Џонг Ун ја заврши еднонеделната посета на Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dhong-un-ja-zavrshi-ednonedelnata-poseta-na-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dhong-un-ja-zavrshi-ednonedelnata-poseta-na-rusija/#respond Sun, 17 Sep 2023 16:01:42 +0000 https://kurir.mk/?p=878826

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денеска ја заврши еднонеделната посета на Русија за време на која разговараше со претседателот Владимир Путин за поблиска воена и други видови соработка, објавија севернокорејските и руските медиуми. Ким си замина со воз од далечноисточниот руски град Артјом, кој е 254 километри од станицата Хасан на руската граница со Северна Кореја. Посетата на Русија на севернокорејскиот лидер, кој ретко ја напушта својата земја, означува „нов врв на пријателство, солидарност и соработка во историјата на развојот на односите меѓу Северна Кореја и Русија“, објави севернокорејската државна новинска агенција КЦНА. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва сака да развие „рамноправна и фер соработка“ со Северна Кореја и покрај санкциите наметнати на Пјонгјанг од страна на Советот за безбедност на ОН. „Ние не воведовме санкции за Северна Кореја, Советот за безбедност го направи тоа. Затоа, контактирајте го Советот за безбедност и ќе развиеме рамноправна и правична соработка со Северна Кореја“, рече Лавров во интервју за државната телевизија, чии делови беа објавени во медиумите денеска. Кремљ најави дека се придржува до санкциите на ОН, но во исто време има право да развива добрососедски односи, кои ги вклучуваат и оние поврзани со чувствителни теми. Соединетите Американски Држави и сојузниците се загрижени за затоплувањето на воените врски меѓу двете соседни земји, додека Русија ја продолжува својата инвазија на Украина, а Северна Кореја, изолирана комунистичка држава, продолжува да развива нуклеарни проектили и планови. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dhong-un-ja-zavrshi-ednonedelnata-poseta-na-rusija/feed/ 0
„Ким Џонг Ун пристигна во Русија на средба со Путин“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dhong-un-pristigna-vo-rusija-na-sredba-so-putin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dhong-un-pristigna-vo-rusija-na-sredba-so-putin/#respond Tue, 12 Sep 2023 06:33:20 +0000 https://kurir.mk/?p=877153

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун пристигна во Русија пред средбата со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти Министерството за одбрана на Јужна Кореја. -Имаше индикации дека приватниот оклопен воз на Ким ја преминал границата со Русија утрово, соопшти Министерството за одбрана во Сеул. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека средбата на Путин со Ким ќе се одржи на далечниот исток на Русија, објавија руските медиуми. Песков рече дека ќе има средби меѓу двете делегации и разговори во четири очи пред официјалната вечера. Севернокорејските државни медиуми претходно потврдија дека Ким тргнал за Русија од Пјонгјанг со оклопен воз во неделата попладне. Кремљ вчера ја потврди планираната средба меѓу Ким и Путин во рускиот град Владивосток на руското крајбрежје на Тихиот Океан. -Ким „ќе престојува во официјална посета на Русија во наредните денови“ и ќе се сретне со Путин „на покана“ на рускиот лидер, соопшти Кремљ на својата официјална веб-страница. Тајмс објави дека Ким планира да преговара со Путин за снабдување со оружје. Ким многу ретко ја напушта Северна Кореја, а кога ја напушта, патува со оклопен воз. Според извештајот на Њујорк Тајмс, посетата треба да се случи на маргините на економскиот форум во Владивосток, на источниот брег на Русија, закажан за 10-13 септември. По потврдувањето на состанокот, американскиот Стејт департмент соопшти дека Вашингтон го задржува правото да воведе дополнителни санкции за Русија и Северна Кореја со оглед на планираните разговори за испорака на оружје. -Секое пренесување на оружје од Северна Кореја во Русија би било кршење на повеќе резолуции на Советот за безбедност на ОН. Фактот дека Русија мора да ја моли Северна Кореја за воена поддршка зборува за ефективноста на нашите санкции и нашите контроли на извозот, дека им е ускратено оружјето што им е потребно и суровините што им се потребни за да ја одржат оваа војна, изјави вчера портпаролот на Стејт департментот Метју Милер. Ким беше само еднаш во Русија, кога го посети Владивосток во април 2019 година - исто така со својот оклопен воз. Тогаш разговорите со Путин беа фокусирани на севернокорејската нуклеарна програма и зајакнувањето на економската соработка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dhong-un-pristigna-vo-rusija-na-sredba-so-putin/feed/ 0
Ким Џонг Ун нареди лансирање на првиот севернокорејски шпионски сателит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dhong-un-naredi-lansirane-na-prviot-severnokorejski-shpionski-satelit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dhong-un-naredi-lansirane-na-prviot-severnokorejski-shpionski-satelit/#respond Wed, 19 Apr 2023 06:30:10 +0000 https://kurir.mk/?p=825283

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун нареди првиот воен шпионски сателит кој штотуку беше изграден да биде лансиран според планираното, објави денеска државната новинска агенција КЦНА. Изградбата на сателитот беше завршена овој месец, а Ким Џонг Ун нареди лансирањето да се одвива според планот даден за време на посетата на севернокорејската вселенска агенција. Детали за датумот на лансирање не се објавени. Во своето обраќање до претставниците на вселенската агенција, Ким зборуваше за распоредувањето на „неколку сателити за извидување во различни орбити“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dhong-un-naredi-lansirane-na-prviot-severnokorejski-shpionski-satelit/feed/ 0
Ким Џонг Ун повика на зголемување на севернокорејскиот нуклеарен арсенал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dhong-un-povika-na-zgolemuvane-na-severnokorejskiot-nuklearen-arsenal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dhong-un-povika-na-zgolemuvane-na-severnokorejskiot-nuklearen-arsenal/#respond Tue, 28 Mar 2023 06:14:56 +0000 https://kurir.mk/?p=817152

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун повика да се зголеми производството на нуклеарни материјали за да се зголеми нуклеарниот арсенал на земјата, велејќи дека Пјонгјанг треба да биде целосно подготвен да го користи оружјето во секое време Ким повика на зголемено производство на нуклеарен арсенал за време на инспекцијата на програмата за нуклеарно оружје на земјата каде што е тестирана технологијата за активирање, јави денеска државната агенција КЦНА. Севернокорејската војска вчера симулираше нуклеарна воздушна експлозија со две тактички балистички ракети земја-земја за време на вежба за гаѓање, се вели во друг извештај на КЦНА и се додава дека одбранбениот тинк-тенк тестирал и подводни системи за стратешко оружје. јт/ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dhong-un-povika-na-zgolemuvane-na-severnokorejskiot-nuklearen-arsenal/feed/ 0
Ким Џонг-ун свика средба со функционери од владејачката партија заради стравувањата за недостигот од храна во Северна Кореја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dhong-un-svika-sredba-so-funktsioneri-od-vladejachkata-partija-zaradi-stravuvanata-za-nedostigot-od-hrana-vo-severna-koreja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dhong-un-svika-sredba-so-funktsioneri-od-vladejachkata-partija-zaradi-stravuvanata-za-nedostigot-od-hrana-vo-severna-koreja/#respond Mon, 27 Feb 2023 08:07:54 +0000 https://kurir.mk/?p=805431

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун свика состанок со претставници на владејачката партија на кој ќе се разговара за подобрување на економијата и земјоделството, соопштија денеска државните медиуми, откако се зголемија стравувањата од недостиг на храна и појавата на хуманитарна криза. Меѓународните експерти велат дека несигурноста со храната во оваа изолирана земја се влошила поради санкциите и карантините поради Ковид-19. Севернокорејскиот лидер вчера го надгледуваше седмиот проширен пленарен состанок на 8-от Централен комитет на Работничката партија за проектите за рурален развој, јави државната агенција КЦНА. Вообичаено, ваквите состаноци се свикуваат еднаш или двапати годишно, но оваа пленарна седница се одржува само два месеци по претходната, исто така, посветена на земјоделството. Невообичаената фреквенција на земјоделски состаноци ги поттикна шпекулациите дека Северна Кореја би можела да се соочи со сериозен недостиг на храна. Во најавата за состанокот во февруари, КЦНА наведе дека „многу важна и итна задача е да се воспостави соодветна стратегија за развој на земјоделството“. Јужна Кореја во февруари предупреди дека ситуацијата со храната во Северна Кореја се влошила, а официјалните лица во Сеул ја опишаа средбата како де факто потврда за сериозниот недостиг. Американската програма „38 Nort“, што се фокусира на ситуацијата во Северна Кореја, во извештајот во јануари наведе дека „достапноста на храна веројатно паднала под минимумот за човечките потреби“, а несигурноста со храна е најлоша од гладот ​​во 1990-тите. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dhong-un-svika-sredba-so-funktsioneri-od-vladejachkata-partija-zaradi-stravuvanata-za-nedostigot-od-hrana-vo-severna-koreja/feed/ 0