Ким Џонг-ун – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 Sep 2023 06:25:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ким Џонг-ун – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Што Владимир Путин и Ким Џонг-ун сакаат еден од друг? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shto-vladimir-putin-i-kim-dhong-un-sakaat-eden-od-drug/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shto-vladimir-putin-i-kim-dhong-un-sakaat-eden-od-drug/#respond Tue, 19 Sep 2023 06:25:45 +0000 https://kurir.mk/?p=879343

Форин Полиси   Американскиот политички магазин „Форин полиси“ ја следеше посетата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на Русија и неговата средба со претседателот Владимир Путин, минатата среда, во воената база Восточни, на нивната прва средба од 2019 година. Списанието објави дека Северна Кореја бара руска помош во нејзините напори за модернизација на својата војска, која вклучува набавка на напредни борбени авиони, резервни делови, компоненти, суровини и сложени материјали и техничка помош. Од друга страна, Русија е заинтересирана за севернокорејски артилериски гранати и ракетна артилериска муниција, што се наназад компатибилни со фрлачите од советската ера што ги користат руските вооружени сили. Списанието истакна дека и покрај нивните обиди да претстават заеднички „идеолошки“ фронт, Путин и Ким можеби не се подготвени целосно да му ги исполнат барањата еден на друг . На пример, Северна Кореја може да бара чувствителна руска поморска нуклеарна технологија, од која Москва веројатно нема да се откаже за да може да добие нешто малку за возврат. Исто така, Русија може да бара да набави понапредни севернокорејски ракети за потенцијална употреба во Украина, но Ким можеби претпочита да ги задржи за своја национална одбрана и одвраќање. „Форин полиси“ додава дека неодамнешниот бум во односите меѓу Ким и Путин во голема мера е поттикнат од директните стратешки интереси на двете земји. Москва може да се обиде да го преобликува глобалниот поредок во нејзина корист, но вклучувањето на Северна Кореја како партнер во таквите напори ќе има ограничена корист. За Северна Кореја, желбата за градење подлабоки врски со Русија се враќа во периодот пред пандемијата и руската инвазија на Украина. Сериозен предизвик за американските интереси Списанието наведува дека можноста за воспоставување поблиски односи меѓу Ким и Путин е лоша вест за САД, но не и смак на светот. Дури и ако Путин и Ким имаат некои заеднички интереси, и двајцата поединечно, сепак, ќе претставуваат сериозен предизвик за американските интереси. Можеби ниедна последица од овој однос нема да биде толку значајна како нејзините импликации за статус кво дипломатскиот пристап кон постојаното поседување на нуклеарно оружје од Северна Кореја. Отворената и искрена поддршка на Русија за Северна Кореја, која е соочена со сегашниот режим на санкции на ОН, ќе го оневозможи она што веќе беше тешка краткорочна цел: нуклеарно разоружување. „Форин полиси“ смета дека ова прашање треба да ги поттикне САД да го преиспитаат својот пристап кон Северна Кореја. Иако изгледите за дипломатија сега изгледаат слаби, Вашингтон треба да запомни дека истиот пристап кон управувањето со односите со големите сили во голема мера го поттикна Ким еднаш да се качи на возот за Ханој за да се сретне со поранешниот американски претседател Доналд Трамп. „Форин полиси“ заклучува дека мотивирањето на Ким да се оддалечи од Москва ќе биде тешка задача, но Вашингтон мора да биде подготвен да ги искористи сите дипломатски алатки со кои располага за да и даде на Северна Кореја подобра опција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shto-vladimir-putin-i-kim-dhong-un-sakaat-eden-od-drug/feed/ 0
Ким Џонг-ун најверојатно се упатил кон Русија со воз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dhong-un-najverojatno-se-upatil-kon-rusija-so-voz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dhong-un-najverojatno-se-upatil-kon-rusija-so-voz/#respond Mon, 11 Sep 2023 10:23:34 +0000 https://kurir.mk/?p=876883

Јужнокорејскиот информативен канал ИТН (YTN) повикувајќи се на неименувани владини претставници објави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун најверојатно се упатил кон Русија, каде ќе се сретне со претседателот Владимир Путин. Според достапните информации Ким се упатил кон североисточната граница на Северна Кореја со посебен воз, а средбата со Путин би требало да се одржи најрано утре. ИТН претходно објави дека средбата Ким – Путин се очекува на 13 септември. Додека руските медиуми објавија дека се „следните денови“ се очекува Ким да го посети Далечен Исток. Доколку се одржи средбата, тоа ќе биде прва посета на Ким во странство по повеќе од четири години и прва по пандемијата на Ковид-19. Последната посета на Ким на Владивосток беше во 2019 година, на првиот самит со Путин, откако пропаднаа преговорите со поранешниот американски претседател Доналд Трамп за откажувањето на Северна Кореја од нејзината нуклеарна програма.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dhong-un-najverojatno-se-upatil-kon-rusija-so-voz/feed/ 0
Њујорк Тајмс: Севернокорејскиот лидер планира овој месец да се сретне со Путин во Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nujork-tajms-severnokorejskiot-lider-planira-ovoj-mesets-da-se-sretne-so-putin-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nujork-tajms-severnokorejskiot-lider-planira-ovoj-mesets-da-se-sretne-so-putin-vo-rusija/#respond Mon, 04 Sep 2023 20:13:08 +0000 https://kurir.mk/?p=874530

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун планира овој месец да отпатува во Русија да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговара за можноста за снабдување со севернокорејско оружје за руската инвазија на Украина, објави денеска Њујорк Тајмс, повикувајќи се на американски и други извори. Ким би отпатувал од Пјонгјанг, можеби со оклопен воз, до Владивосток, на рускиот Далечен Исток, каде ќе се сретне со Путин, пишува Њујорк Тајмс. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nujork-tajms-severnokorejskiot-lider-planira-ovoj-mesets-da-se-sretne-so-putin-vo-rusija/feed/ 0
Ким Џонг-ун го разреши началникот на Генералштабот и повика на подготовки за војна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dhong-un-go-razreshi-nachalnikot-na-generalshtabot-i-povika-na-podgotovki-za-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dhong-un-go-razreshi-nachalnikot-na-generalshtabot-i-povika-na-podgotovki-za-vojna/#respond Thu, 10 Aug 2023 10:25:04 +0000 https://kurir.mk/?p=865433

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го разреши началникот на Генералштабот и повика на дополнителни подготовки за можна војна, како и зголемено производство на оружје и проширени воени вежби, објави денеска државниот медиум КЦНА. Ким ова го соопшти на состанокот на Централната воена комисија, на која се разговараше за плановите за контрамерки поврзани со одвраќање на неименуваните непријатели на Северна Кореја, соопшти КЦНА. Началникот на Генералштабот Пак Су-ил е разрешен, јави КЦНА, без да даде детали. На таа позиција беше околу седум месеци. Пак дојде на местото на генералот Ри Јонг-гил, кој претходно беше министер за одбрана на земјата и врховен командант на нејзините конвенционални трупи. Ри, исто така, претходно ја извршуваше функцијата началник на Генералштабот. Кога беше сменет во 2016 година и отсуствуваше од официјални настани, во Јужна Кореја се шпекулираше дека е погубен. Тој повторно се појави неколку месеци подоцна кога беше назначен на друга, повисока функција. Ким, исто така, има за цел да го прошири капацитетот за производство на оружје, се вели во извештајот, без да се наведат детали. Минатата недела тој посети фабрики за оружје каде повика на изградба на повеќе ракетни мотори, артилерија и друго оружје. Ким, исто така, ја повика војската да спроведе вежби со најново оружје и опрема за да биде подготвена за борба. Северна Кореја треба да одржи парада на милициите на 9 септември по повод 75-годишнината од основањето на Републиката. Северна Кореја има бројни паравоени групи кои ги користи за да ги зајакне своите воени сили. САД и Јужна Кореја ќе одржат воени вежби меѓу 21 и 24 август, што Северна Кореја ги смета за закана за нејзината безбедност. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dhong-un-go-razreshi-nachalnikot-na-generalshtabot-i-povika-na-podgotovki-za-vojna/feed/ 0
Ким: Северна Кореја истрела балистичка ракета за да предизвика страв кај непријателите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-severna-koreja-istrela-balistichka-raketa-za-da-predizvika-strav-kaj-neprijatelite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-severna-koreja-istrela-balistichka-raketa-za-da-predizvika-strav-kaj-neprijatelite/#respond Fri, 17 Mar 2023 08:13:02 +0000 https://kurir.mk/?p=813008

Северна Кореја денеска потврди дека истрелала интерконтинентална балистичка ракета со цел, како што наведе, „да им влее страв на непријателите“. Ракетата беше лансирана вчера изутрина, неколку часа пред јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јол да се сретне со јапонскиот премиер Фумио Кишида на самит, делумно насочен кон обнова на безбедносните врски меѓу американските сојузници во услови на севернокорејски нуклеарни закани. Официјалната новинска агенција на Северна Кореја КЦНА објави дека претседателот Ким Џонг-ун го надгледувал пробното лансирање на ракетата Хвасонг-17 и ја нагласил целта да се „внесе страв кај непријателите“ поради, како што рекол, „отвореното непријателство“ покажано кон Северна Кореја со заедничките.воени вежби на САД и Јужна Кореја. Ракетата била лансирана под висок агол за да се избегне територијата на соседите на Северна Кореја, а проектилот достигнал максимална височина од 6.045 километри и поминал 1.000 километри пред да падне во водите на источниот брег на земјата, соопшти КЦНА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-severna-koreja-istrela-balistichka-raketa-za-da-predizvika-strav-kaj-neprijatelite/feed/ 0
Сестрата на Ким Џонг-ун повторно им се заканува на САД: Подготвени сме за акција од големи размери https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sestrata-na-kim-dhong-un-povtorno-im-se-zakanuva-na-sad-podgotveni-sme-za-aktsija-od-golemi-razmeri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sestrata-na-kim-dhong-un-povtorno-im-se-zakanuva-na-sad-podgotveni-sme-za-aktsija-od-golemi-razmeri/#respond Tue, 07 Mar 2023 14:38:59 +0000 https://kurir.mk/?p=809147

Ким Јо-џонг, влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, денеска на државната телевизија изјви дека нејзината земја е подготвена да преземе „брза, голема акција“ против САД и Јужна Кореја во секое време. -Демонстративните движења на армиите на САД и Јужна Кореја, како и нивната реторика, која е толку избезумена што повеќе не можеме да ја игнорираме, несомнено создаваат услови Северна Кореја да преземе акција против нив, рече Ким Јо-џонг,. Сестрата на Ким Џонг-ун не прецизираше какви дејствија може да преземе Пјонгјанг. Со оваа изјава таа реагираше на вчерашните заеднички воени вежби меѓу Вашингтон и Сеул, во кои беше вклучен и американскиот стратешки бомбардер Боинг Б-52. Во слични ситуации во минатото, Северна Кореја главно реагираше воено, со тестирање на интерконтинентални балистички ракети, кои секогаш завршуваа во водите меѓу Корејскиот Полуостров и Јапонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sestrata-na-kim-dhong-un-povtorno-im-se-zakanuva-na-sad-podgotveni-sme-za-aktsija-od-golemi-razmeri/feed/ 0
Ким Џонг Ун: Целта на Северна Кореја е да создаде најсилна нуклеарна сила во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dzong-un-celta-na-severna-koreja-e-da-sozdade-najsilna-nuklearna-sila-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dzong-un-celta-na-severna-koreja-e-da-sozdade-najsilna-nuklearna-sila-vo-svetot/#respond Sun, 27 Nov 2022 09:42:59 +0000 https://kurir.mk/?p=767121

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека крајната цел на неговата земја е да ја поседува најмоќната нуклеарна сила во светот. Ким го објави ова синоќа додека промовираше десетици официјални лица и научници вклучени во неодамнешното лансирање на најголемата севернокорејска балистичка ракета, објавија севернокорејските државни медиуми. „Градењето нуклеарна сила служи за сигурна заштита на достоинството и суверенитетот на државата и народот, а нејзината крајна цел е да ја поседува најмоќната стратешка сила во светот, апсолутна моќ без преседан во овој век“, нагласи Ким. Северна Кореја минатиот петок тестираше интерконтинентална балистичка ракета Хвасонг-17, објави државната новинска агенција КЦНА. Ракетата достигна височина од 6.000 километри, покривајќи дострел од 1.000 километри и падна на околу 200 километри западно од островот Ошима во северната префектура Хокаидо, соопштија јапонските власти. Ким го нарече Хвасонг-17 најмоќното стратешко оружје во светот и рече дека тоа ја покажува одлучноста и способноста на Северна Кореја на крајот да ја изгради најсилната војска во светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-dzong-un-celta-na-severna-koreja-e-da-sozdade-najsilna-nuklearna-sila-vo-svetot/feed/ 0
Сестрата на Ким Џонг-ун со закани до Сеул, јужнокорејскиот претседател го нарече идиот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sestrata-na-kim-dzong-un-so-zakani-do-seul-juznokorejskiot-pretsedatel-go-nareche-idiot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sestrata-na-kim-dzong-un-so-zakani-do-seul-juznokorejskiot-pretsedatel-go-nareche-idiot/#respond Thu, 24 Nov 2022 07:50:48 +0000 https://kurir.mk/?p=765689

Моќната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун денеска упати остри закани до Јужна Кореја поради разгледувањето еднострани санкции против Северна Кореја. Таа новиот јужнокорејски претседател и членовите на неговата влада ги нарече „идиоти“ и „диви кучиња што глодаат коски“ што им ги фрлаат САД. Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја пред два дена соопшти дека ја рагледува можноста за воведување дополнителни еднострани санкции против Северна Кореја поради неодамнешните ракетни тестирања спроведени од севернокорејската армија. Министерството соопшти дека ќе ги разгледа санкции и мерки за спречување на наводните кибер-напади на Северна Кореја, доколку Ким Џонг-ун изврши поголема провокација, како на пример нуклеарна проба. „Се прашувам какви ‘санкции’ јужнокорејските власти, кои се како диво куче кое трча наоколу и глода коска фрлена од САД, дрско ќе и наметнат на Северна Кореја? Каква спектакуларна глетка” изјави Ким Јо-џонг. Сестрата на севернокорејскиот лидер ги нарече новиот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол и службениците од неговата администрација „идиоти кои создаваат опасна ситуација“. Таа додаде дека Јужна Кореја „не беше наша цел“ додека на власт беше нејзиниот поранешен претседател кој се залагаше за помирување со Северна Кореја.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sestrata-na-kim-dzong-un-so-zakani-do-seul-juznokorejskiot-pretsedatel-go-nareche-idiot/feed/ 0
Ким ѝ нареди на војската да ја стабилизира дистрибуцијата на лекови за Ковид-19 во Пјонгјанг https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-naredi-na-vojskata-da-ja-stabilizira-distribucijata-na-lekovi-za-kovid-19-vo-pjongjang/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-naredi-na-vojskata-da-ja-stabilizira-distribucijata-na-lekovi-za-kovid-19-vo-pjongjang/#respond Mon, 16 May 2022 07:17:35 +0000 https://kurir.mk/?p=677175

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ѝ нареди на војската да ја стабилизира дистрибуцијата на лекови за Ковид-19 во Пјонгјанг, во борбата против првото потврдено избивање на вирусот во земјата, јавија државните медиуми. Минатата недела, Северна Кореја информираше за првото избивање на „експлозивна“ епидемија, откако над две години тврдеше дека во земјата нема заразени. Експерти предупредуваат оти тоа може да предизвика бројни проблеми во земјата, што е ограничена со медицински залихи и без програма за вакцинација. Лекови што ги набави државата, не стигнувале до поединци навремено и точно, истакна Ким на итниот состанок на Политбирото во текот на вчерашниот ден. Потоа, лидерот ги посети аптеките низ главниот град на земјата, наведуваат медиумите. Ким нареди итно распоредување на „моќните воени сили“ за да се „стабилизира снабдувањето со лекови во градот Пјонгјанг“, пишуваат медиумите.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-naredi-na-vojskata-da-ja-stabilizira-distribucijata-na-lekovi-za-kovid-19-vo-pjongjang/feed/ 0
Северна Кореја пријави 21 смртен случај од Ковид-19, една недела откако призна дека има епидемија во земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-prijavi-21-smrten-sluchaj-od-kovid-19-edna-nedela-otkako-prizna-deka-ima-epidemija-vo-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-prijavi-21-smrten-sluchaj-od-kovid-19-edna-nedela-otkako-prizna-deka-ima-epidemija-vo-zemjata/#respond Sat, 14 May 2022 07:28:54 +0000 https://kurir.mk/?p=676559

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека ширењето на Ковид-19 ја довело земјата во „големи превирања“ и повика на сеопфатна битка за надминување на епидемијата, по 21 нов смртен случај еден ден претходно. Северна Кореја оваа недела ја призна својата прва епидемија на „Ковид без преседан“, откако повеќе од две години тврдеше дека немаат инфекција. Со оглед на ограничените можности за тестирање во Северна Кореја, експертите сметат дека објавените бројки веројатно претставуваат мал дел од вкупните инфекции, што може да доведе до илјадници смртни случаи во една од двете земји без кампања за вакцинација против Ковид. Владејачката Работничка партија во земјата итно се состана при што слушна извештаи за лекување на околу 280.810 луѓе со симптоми и вкупно 27 смртни случаи откако беше пријавена треска од неидентификувано потекло кон крајот на април, објави новинската агенција КЦНА. Лидерот Ким, исто така, на состанокот рече дека ширењето на епидемијата е голема катастрофа за земјата, но дека тие би можеле да ја надминат кризата „ако не го изгубат фокусот во спроведувањето антиепидемиски политики и да се задржи силната организациска моќ и контрола врз основа на единство на партијата и народот“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severna-koreja-prijavi-21-smrten-sluchaj-od-kovid-19-edna-nedela-otkako-prizna-deka-ima-epidemija-vo-zemjata/feed/ 0