ким јонг ун – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 19 Nov 2022 11:05:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ким јонг ун – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Севернокорејскиот лидер за првпат покажа фотографија со својата ќерка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severnokorejskiot-lider-za-prvpat-pokaza-fotografija-so-svojata-kjerka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severnokorejskiot-lider-za-prvpat-pokaza-fotografija-so-svojata-kjerka/#respond Sat, 19 Nov 2022 11:05:07 +0000 https://kurir.mk/?p=763311

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун денеска за првпат на светот му покажа фотографија од својата ќерка, на која двајцата се фотографирани пред лансирањето на најголемата балистичка ракета во земјата. Севернокорејските државни медиуми денеска јавија дека Ким претходниот ден го следел лансирањето на нов тип интерконтинентална балистичка ракета со неговата сопруга Ри Сол-џу и нивната „сакана ќерка“ и други официјални лица. Ким изјави дека лансирањето на Хвасонг-17, севернокорејската ракета со најдолг дострел и нуклеарен капацитет, покажа дека земјата има сигурно оружје за да ги задржи воените закани предводени од Америка. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severnokorejskiot-lider-za-prvpat-pokaza-fotografija-so-svojata-kjerka/feed/ 0
Севернокорејскиот лидер се закани со нуклеарно оружје во случај на воен конфликт со САД и Јужна Кореја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severnokorejskiot-lider-se-zakani-so-nuklearno-oruzje-vo-sluchaj-na-voen-konflikt-so-sad-i-juzna-koreja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severnokorejskiot-lider-se-zakani-so-nuklearno-oruzje-vo-sluchaj-na-voen-konflikt-so-sad-i-juzna-koreja/#respond Thu, 28 Jul 2022 06:04:47 +0000 https://kurir.mk/?p=711112

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун предупреди дека е подготвен да употреби нуклеарно оружје во евентуален воен конфликт со САД и Јужна Кореја, јави севернокорејската државна новинска агенција КЦТА. „Нашите оружени сили се целосно подготвени да одговорат на секоја криза, а нашите единици за нуклеарно одвраќање се исто така подготвени да се мобилизираат со полна сила”, рече тој. Лидерот на Северна Кореја ги обвини САД дека ја „демонизираат” неговата земја и на тој начин ја правдаат својата непријателската политика кон неа. Фактот што Вашингтон ги осудува рутинските воени активности на Пјонгјанг, а истовремено одржува воени вежби со Јужна Кореја, за Ким Јонг-ун се јасен доказ за доејните стандарди на САД. Во својот говор, Ким го опиша јужнокорејскиот претседател како „опседнат со конфронтација”, обвинувајќи го дека оди уште подалеку од неговите претходници. Изјавата на севернокорејскиот претседател доаѓа во време кога Пјонгјанг ја одбележува 69-годишнината од крајот на Корејската војна, а во услови кога Вашингтон и Сеул изведуваат летни воени маневри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severnokorejskiot-lider-se-zakani-so-nuklearno-oruzje-vo-sluchaj-na-voen-konflikt-so-sad-i-juzna-koreja/feed/ 0
Лидерот на Северна Кореја и го честиташе платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderot-na-severna-koreja-i-go-chestitashe-platinestiot-jubilej-na-kralicata-elizabeta-vtora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderot-na-severna-koreja-i-go-chestitashe-platinestiot-jubilej-na-kralicata-elizabeta-vtora/#respond Fri, 03 Jun 2022 07:10:41 +0000 https://kurir.mk/?p=685946

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун на британската кралица Елизабета Втора и го честиташе јубилејот, 70 години владеење, соопшти Министерството за надворешни работи на Пјонгјанг. -Ви испраќам честитки вас и на вашето семејство по повод државниот ден на вашата земја, официјалната годишнина на владеење, напишал Ким во пораката. Лондон и Пјонгјанг воспоставија дипломатски односи во 2000 година. Двете земји ги задржаа своите амбасади. Британската амбасада во Пјонгјанг во моментов е затворена по мерките кои Северна Кореја ги воведе поради корона пандемијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/liderot-na-severna-koreja-i-go-chestitashe-platinestiot-jubilej-na-kralicata-elizabeta-vtora/feed/ 0
Ким Јонг-ун најави јакнење на нуклеарниот арсенал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-jong-un-najavi-jaknenje-na-nuklearniot-arsenal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-jong-un-najavi-jaknenje-na-nuklearniot-arsenal/#respond Tue, 26 Apr 2022 07:56:44 +0000 https://kurir.mk/?p=667893

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун во обраќањето на воената парада во Пјогнјанг најави јакнење на националниот нуклеарен потенцијал. -Ќе продолжиме да преземаме чекори за зајакнување и развој на нуклеарните капацитети на нашата земја со најбрзо темпо, ја пренесува изјавата на Ким Централната севернокорејска новинска агенција (КЦНА). Изјавата сенернокорејскиот лидер ја дал синоќа на воената парада одржана во Пјонгјанг по повод 90-годишнината од основањето на Корејската народна револуционерна армија. Против Северна Кореја се воведени остри меѓународни санкции поради нејзината програма за нуклеарно оружје. Оваа година севернокорејската армија спроведе неколку тестирања на воените капацитети, вклучително и на интерконтинентална балистичка ракета со голем дострел. За севернокорејскиот лидер нуклеарното оружје е симбол на националната моќ. Иако примарната улога на тоа оружје е одвраќање, Ким Јонг-ун истакнува дека „тоа не може да се врзе само за една мисија“. -Доколку некоја сила се обиде да ги узурпира основните интереси на нашата земја, нашите нуклеарни сили нема да имаат друг избор освен неочекувано да ја извршат својата друга мисија, рече тој. Агенцијата КЦНА објави дека на парадата било презентирано најсофистицираното оружје на Северна Кореја, вклучувајќи ја и „Хвасонг-17“ интерконтинентална балистичка ракета за која се тврди дека била успешно тестирана на 24 минатиот месец. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-jong-un-najavi-jaknenje-na-nuklearniot-arsenal/feed/ 0
Во Северна Кореја отворен музеј на достигнувањата на Ким Јонг-ун https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-severna-koreja-otvoren-muzej-na-dostignuvanjata-na-kim-jong-un/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-severna-koreja-otvoren-muzej-na-dostignuvanjata-na-kim-jong-un/#respond Mon, 11 Apr 2022 08:13:44 +0000 https://kurir.mk/?p=661159

По повод 10-годишнината од доаѓањето на власт на лидерот Ким Јонг-ун, денеска во Северна Кореја се отвора Музејот на корејската револуција. Во музејот ќе бидат поставени и фотографии и видеа од, како што пренесуваат корејските медиуми, „најголемите достигнувања на бесмртното лидерство“ на Ким од 2016 година, кога на Конгресот на владејачката Работничка партија, тој вети дека ќе изгради одговорна држава со нуклеарно оружје. Ќе биде изложено и писмо од ноември 2017 година, каде што Ким изјавува дека Северна Кореја го завршила развојот на „државните нуклеарни сили“ по тестирањето нова интерконтинентална балистичка ракета. Во чест на лидерот, ден претходно се одржала и национална средба на која било констатирано дека Ким ѝ донел на земјата „статус на воена сила опремена со семоќни средства за самоодбрана“. Ким формално дојде на власт како прв секретар на владејачката партија на 11 април 2012 година, по смртта на неговиот татко Ким Јонг-ил во декември 2011 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-severna-koreja-otvoren-muzej-na-dostignuvanjata-na-kim-jong-un/feed/ 0
Ким Јонг Ун смени неколку високи функционери поради „инцидент“ поврзан со коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-jong-un-smeni-nekolku-visoki-funkcioneri-poradi-incident-povrzan-so-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-jong-un-smeni-nekolku-visoki-funkcioneri-poradi-incident-povrzan-so-koronavirusot/#respond Wed, 30 Jun 2021 07:23:03 +0000 https://kurir.mk/?p=529668

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун сменил неколку високи функционери поради „сериозниот инцидент“ во борбата против пандемијата на коронавирусот, јави утринава агенцијата КЦНА. -Функционерите предзвикаа сериозен инцидент што создава огромна криза за безбедноста на земјата и нејзините луѓе , кажа Ким на состанокот на Политбирото, јави КЦНА, без да даде повеќе детали. Режимот во Пјонгјанг досега тврдеше дека епидемијата на коронавирусот не ја погоди Северна Кореја. Во јануари 2020 година, Ким одлучи да ги затвори границите на Северна Кореја со цел да го спречи ширењето на новиот коронавирус што се појави во соседна Кина. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kim-jong-un-smeni-nekolku-visoki-funkcioneri-poradi-incident-povrzan-so-koronavirusot/feed/ 0
ФОТО: Мистериозната сопруга на Ким Јонг Ун, се појави во јавноста после една година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-misterioznata-sopruga-na-kim-jong-un-se-pojavi-vo-javnosta-posle-edna-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-misterioznata-sopruga-na-kim-jong-un-se-pojavi-vo-javnosta-posle-edna-godina/#respond Wed, 17 Feb 2021 09:04:10 +0000 https://kurir.mk/?p=469874

Сопругата на лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун, Ри Сол Џу се појави во јавноста по една година. Таа со сопругот присуствуваше на концерт со кој се одбележа роденденот на Ким Јонг Ил кој почина во 2011 година. Таа секогаш била крај својот сопруг на важните настани во минатото, но од јануари минатата година не е видена во јавноста. Нејзиното непојавување предизвика големо внимание во јавноста и ги покрена гласините за нејзината здравствена состојба или потенцијална бременост. Разузнавачка агенција од Јужна Кореја наведува дека Ри ги избегнувала јавните настапи поради Ковид-19 пандемијата и бидејќи времето сакала да го помине со децата. Северна Кореја, според официјалните податоци, нема забележано ниту еден случај на коронавирус. Медиумите наведуваат дека парот на концерот бил весел и насмеан. Според медиумите таа има 31 година и пред бракот била пејачка во елитен оркестар чии гленови ги избира државата. Се верува дека за Ким се омажила во 2009 година и дека бракот е договорен на брзина, а според јужнокорејските служби тие имаат три деца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-misterioznata-sopruga-na-kim-jong-un-se-pojavi-vo-javnosta-posle-edna-godina/feed/ 0
Ова е најголема нуклеарна ракета на Ким Јонг Ун, би можела да убие дури 2,5 милиони луѓе во секунда https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ova-e-najgolema-nuklearna-raketa-na-kim-jong-un-bi-mozela-da-ubie-duri-2-5-milioni-lugje-vo-sekunda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ova-e-najgolema-nuklearna-raketa-na-kim-jong-un-bi-mozela-da-ubie-duri-2-5-milioni-lugje-vo-sekunda/#respond Sun, 11 Oct 2020 21:17:34 +0000 https://kurir.mk/?p=415212

Ким Јонг Ун ја поседува најголемата нуклеарна ракета произведена до сега и може да уништи еден цел град, односно 2,5 милиони луѓе во секунда. Експертите веруваат дека оваа ракета наречена „Монструм“ ќе биде тешко да се лоцира и уништи. Исто така според нив тешко е да се произведе нешто што ќе го одбрани нападот од истата. Ким Јонг Ун со истата го шокираше светот за време на вчерашната воена параса по повод 75 години од основањето на Работничката партија. На парадата биле прикажани 11 исти нуклеарни ракети, а во меѓувреме северно корејскиот лидер со насмевка на лицето го проследил целиот настан. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ova-e-najgolema-nuklearna-raketa-na-kim-jong-un-bi-mozela-da-ubie-duri-2-5-milioni-lugje-vo-sekunda/feed/ 0
Дикататорски настроена и со машки манири: Која е Ким Јо Јонг, сестрата на Ким Јонг Ун? https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dikatatorski-nastroena-i-so-mashki-maniri-koja-e-kim-jo-jong-sestrata-na-kim-jong-un/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dikatatorski-nastroena-i-so-mashki-maniri-koja-e-kim-jo-jong-sestrata-na-kim-jong-un/#respond Mon, 24 Aug 2020 11:06:43 +0000 https://kurir.mk/?p=394620

И додека светот шпекулира за тоа дека Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун е во кома, се‘ повеќе се зборува дека неговата сестра ќе го наследи. Ким Јо Јонг е најмладата сестра на Ун, но ја сметаа и за најмоќна. Таа е негова десна рака. Како и повеќето членови на династијата Ким, има малку што може да се каже дека е точно за нејзиниот приватен живот, но факт е дека таа станува се помоќна и значајна политичка фигура во најкорумпираната земја во светот. Според информациите достапни на Интернет, Ким Joо Јонг е родена на 26 септември 1987 година. Студирала со својот брат во интернат во Швајцарија од 1996 до 2000 година и се претпоставува дека по враќањето во родната земја ги продолжила своите студии на Воениот колеџ Ким Ил Сунг. Може да се открие и дека студирала компјутерски науки на универзитетот Ким Ил Сунг. „Би-би-си“ ја опишува како личност со весел дух, но донекаде со манири како на маж. Најмладата сестра на севернокорејскиот диктатор, наводно, се омажила за Чои Рионг во 2015 година, вториот син на моќниот партиски секретар Чои Рионг-ха. Тоа, сепак, извори на владата на Јужна Кореја тврдат дека не е точно. Постојат и шпекулации на Интернет дека таа била бремена во мај 2015 година, но нема потврда, бидејќи нема информации за тоа дали родила и кој пол е бебето. Нејзина фотографија првпат излезе во јавноста во 2010 година кога беше фотографирана на конгрес на Севернокорејската лабуристичка партија. Јавноста ја виде повторно во 2011 година на погребот на Ким Јонг Ил, големиот лидер на Северна Кореја, и нејзиниот и таткото на Ким Јонг Ун. Таа беше фотографирана покрај нејзиниот брат, но нејзиното име или функција не беше познато во тоа време. Една година подоцна, таа, наводно, добила позиција на Комитетот за одбрана како организатор на патувањето за нејзиниот брат Ким Џонг Ун, со кого наводно е многу блиска. Нејзиното име беше објавено и во 2014 година, кога таа официјално се појави со својот брат на гласањето за Врховното собрание, а потоа беше воведена како „висок функционер на Централниот комитет на работничката партија“. ПР, политички советник и заменик До 2014 година, според извештаите во медиумите, нејзината улога била да се грижи за имиџот на нејзиниот брат во јавноста преку режимските медиуми. Нејзината позиција е таква што таа кратко време ја водеше земјата кон крајот на 2014 година, кога Ким Џонг Ун имаше здравствени проблеми поради дијабетес. Во ноември 2014 година, таа беше назначена за заменик директор на Делот за пропаганда на Работничка партија. Од јули 2015 година, таа е во првите редови на институцијата. Се смета дека токму таа е одговорна за култот на диктаторот. Наводно, таа била таа што го убедувала својот брат да го негува ликот на „човек на народот“. Пред извесно време, таа достигна највисока позиција во нејзината кариера до денес. Беше промовирана како дел од Работничката партија Политбиро, клучно тело за одлучување во Северна Кореја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/dikatatorski-nastroena-i-so-mashki-maniri-koja-e-kim-jo-jong-sestrata-na-kim-jong-un/feed/ 0
Дипломат тврди дека Ким Јонг Ун е во кома https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/diplomat-tvrdi-deka-kim-jong-un-e-vo-koma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/diplomat-tvrdi-deka-kim-jong-un-e-vo-koma/#respond Sun, 23 Aug 2020 20:02:00 +0000 https://kurir.mk/?p=394316

Бивш соработник на покојниот претседател на Јужна Кореја Ким Дае Јунг дал изјава за лидерот во денови откако неколку овластување предал на својата помала сестра. Чанг Сонг Мин за јужнокорејски медиуми изјавил: „Претпоставувам дека е во кома, но неговиот живот се уште не завршил“.

Чанг Сонг Мин вели дека медиумите објавувале фотографии каде што се гледало дека Ким Јонг Ун присуствувал на владини средби во четвртокот, но новинската агенција Ритерс не можела да ја провери веродостојноста на фотографиите.

За севернокорејскиот претседател, за кој се вели дека стар околу 36 години, оваа година е виден само неколку пати што потикнале претпоставки дека би можел да умрен. Се претпоставува, или е “прекината“ операцијата на срце за ставење на стент или е оставен тешко болен или е убиен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/diplomat-tvrdi-deka-kim-jong-un-e-vo-koma/feed/ 0