ким-мун – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 28 Apr 2018 13:05:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ким-мун – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јужнокорејските медиуми скептични за самитот Мун – Ким https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juznokorejskite-mediumi-skeptichni-za-samitot-mun-kim/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juznokorejskite-mediumi-skeptichni-za-samitot-mun-kim/#respond Sat, 28 Apr 2018 13:03:50 +0000 https://kurir.mk/?p=47426

Јужнокорејските медиуми средбата на лидерите на Јужна и Северна Кореја, Мун Џае-ин и Ким Џонг-ун ја поздравија со одредена претпазливост. Тие потенцираат дека немало одлучен и недвосмислен ангажман за откажување на Пјонгјанг од нуклеарната програма. Конзервативниот дневен весник „Чосун“ оцени дека средбата Мун - Ким е позитивна за подобрување на билатералните односи, но оти има недоречености за главниот проблем -денуклеаризацијата. - Тоа е чекор назад во однос на тоа што беше одлучено во 2005 година со Договорот, во кој Северна Кореја вети дека ќе се откаже од нуклеарното оружје и постоечките нуклеарни програми и оти ќе дозволи инспекции. Покрај тоа, ако договорот за денуклеаризација на Северот биде тема на следниот самит меѓу САД и Северна Кореја, ќе треба врема да се уништат базите и нуклеарното оружје, како и нуклеарниот материјал, наведува „Чосун“. Весникот истакнува дека постојаните санкции и притисок се нужни како гаранција дека Пјонгјанг нема да се повлече, како што прави последните 25 години. Јужнокорејскиот дневен весник „Јонганг“ посочува дека ситуацијата е „сосема поинаква“ отколку пред неколку месеци кога Ким и американскиот претседател Доналд Трамп си разменуваа навреди и закани. - Но јасно се покажа дека претстои долг пат пред денуклеаризацијата. Никогаш јавно не е кажано кој е концептот за денуклеаризација на Ким, ниту како ќе се спроведе истата, наведува „Јонганг“. „Кореа Хералд“ е попозитивен за Декларацијата од Панмунџом потпишана од Мун и Ким. - Историската меѓукорејска средба е појдовна точка кон самитот Вашингтон - Пјонгјанг, што треба да се одржи на крајот на мај или почетокот на јуни и во таа смисла успешно ја одигра својата улога, истакнува „Кореа Хералд“.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juznokorejskite-mediumi-skeptichni-za-samitot-mun-kim/feed/ 0