кина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Oct 2023 07:04:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Конфликтот на Блискиот Исток – можност Русија и Кина да ги истакнат сопствените интереси https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/konfliktot-na-bliskiot-istok-mozhnost-rusija-i-kina-da-gi-istaknat-sopstvenite-interesi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/konfliktot-na-bliskiot-istok-mozhnost-rusija-i-kina-da-gi-istaknat-sopstvenite-interesi/#respond Fri, 27 Oct 2023 07:04:56 +0000 https://kurir.mk/?p=893654

Откако го преземаа товарот на безусловната одбрана на Израел во неговата војна против Хамас и неговото вооружување, САД ризикуваат да ги отурнат од себе своите поддржувачи во арапскиот свет. Губење на влијание кое, според експертите, може да биде корисно за Русија и особено за Кина. Вашингтон се обиде да ја изолира Москва, а до одреден степен и Пекинг, со преземање на водството во широката меѓународна коалиција за одбрана на Украина, но конфликтот меѓу Израел и палестинското исламистичко движење многу наликува на замка за американската дипломатија. Исто како и невозможниот консензус во Советот за безбедност на ОН, каде што минатата недела САД ставија вето на нацрт-резолуцијата поднесена од Бразил, критикувајќи го недостатокот на експлицитно повикување на „правото на Израел да се брани“. САД подоцна лиферуваа друга нацрт-резолуција која го потврди „правото на самоодбрана на сите држави“, не само на Израел. Повеќе од 1.400 лица се убиени во Израел од нападот на Хамас на 7 октомври, а локалните власти објавија за киднапирање на околу 220 заложници - Израелци, странци и лица со двојно државјанство. Организацијата „Хамас“, која ја контролира Газа, вчера објави нови податоци за бројот на жртви - 5.791, меѓу кои 2.360 деца - од почетокот на израелското постојано бомбардирање на Појасот Газа во рамките на одмаздничките напади (по нападот во октомври 7 ). „Непоколеблива“ поддршка Во коментарите кои најверојатно се насочени кон арапскиот свет, Русија ги обвини САД дека го влошуваат конфликтот со зголемување на своето воено присуство на Блискиот Исток, а Кина го осуди американското вето. Американските власти го отфрлија кинескиот и рускиот прекор, сомневајќи се дека Москва и Пекинг ќе се вклучат во истата интензивна дипломатија како државниот секретар Ентони Блинкен, кој направи молскавична турнеја низ 11 земји во регионот. Меѓутоа, САД историски отсекогаш биле релативно изолирани во својата поддршка за Израел, иако засега нивните европски сојузници генерално му се придружуваат на американскиот претседател Џо Бајден во неговата „непоколеблива“ поддршка за израелскиот сојузник. На почетокот на својот мандат, Џо Бајден ја игнорираше сложената ситуација на Блискиот Исток, гледајќи ја Кина како најголем долгорочен предизвик за САД. -Тоа не е регион каде што САД сакаа да имаат силен белег и да бидат активно вклучени. Во исто време, овој претседател особено е длабоко ангажиран со Израел, рече Лесли Вињамури од лондонската тинк-тенк „Чатам Хаус“ (Chatham House). Кина „е подготвена да види дека вниманието на САД се оттргнува од нејзината основна стратешка грижа“, се вели во извештајот. „Поени за заработка“ -Никој не очекува Русија да постигне резултати, без разлика дали тоа е прекин на огнот или учество во преговори за заложниците, вели Јуџин Румер, кој ја предводи програмата за Русија во Фондацијата Карнеги за меѓународен мир. „Од 2022 година, сè се вртеше околу Украина, па кога се случи оваа трагедија, тоа беше подарок за (рускиот претседател Владимир) Путин, бидејќи наеднаш фокусот се смени“, додаде тој. Џо Бајден ја поврза Русија на Владимир Путин со палестинското исламистичко движење, велејќи во говорот минатата недела дека двете страни се обидуваат „целосно да ја уништат соседната демократија“. Русија ги осуди овие изјави. Во Советот за безбедност на ОН, рускиот претставник Василиј Небензја ги обвини САД дека не реагираат на меѓународните повици за прекин на огнот. Во меѓувреме, Кина и САД се обидуваат дипломатски да ја капитализираат кризата, а темата се очекува да биде во центарот на разговорите меѓу Ентони Блинкен и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји за време на неговата посета на САД на крајот на неделата. САД особено ја повикаа Кина да го искористи своето влијание врз Иран, сојузникот на Хамас. Пекинг, кој експлицитно не го осуди нападот на Хамас, испрати пратеник во регионот кој ја потврди историската поддршка на Кина за палестинската кауза. Според Џонатан Фултон од аналитичкиот центар Атлантскиот совет, Пекинг го гледа конфликтот како „можност да се освојат поени против САД“, најверојатно надевајќи се дека ќе ја добие поддршката од арапскиот свет додека Кина се соочува со обвинувања за геноцид врз муслиманите Ујгури. Тој, сепак, верува дека главниот интерес на Пекинг за Блискиот Исток останува економски, бидејќи втората по големина економија во светот во голема мера зависи од увозот на нафта. -Очигледно е подобро Кина да ги има САД заглавени на Блискиот Исток и Персискиот Залив, објаснува Фултон.(Франс прес/миа) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/konfliktot-na-bliskiot-istok-mozhnost-rusija-i-kina-da-gi-istaknat-sopstvenite-interesi/feed/ 0
Ванг: Кина сака да го „намали недоразбирањето“ со Вашингтон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vang-kina-saka-da-go-namali-nedorazbiraneto-so-vashington/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vang-kina-saka-da-go-namali-nedorazbiraneto-so-vashington/#respond Fri, 27 Oct 2023 06:05:21 +0000 https://kurir.mk/?p=893608

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји синоќа изјави дека Пекинг сака да го „намали недоразбирањето и погрешното проценување“ со Вашингтон, пред состанокот со американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Во изјавите за медиумите пред средбата со Блинкен во Вашингтон, Ванг рече дека односите меѓу Кина и САД мора да се вратат на здрав, стабилен и одржлив пат. - Што е правилно, а што погрешно, не се заснова на тоа кој има „посилна рака или погласен глас, туку ако некој се однесува на начин што е во согласност со одредбите од трите заеднички коминикеа Кина-САД, во согласност со меѓународното право и основните норми на меѓународните односи и во согласност со климата на времето, рече главниот кинески дипломат. Блинкен рече дека се согласува со она што го кажал кинескиот министер и оти со нетрпение очекува „конструктивни разговори во следните два дена“. Посетата на Ванг треба да заврши утре. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vang-kina-saka-da-go-namali-nedorazbiraneto-so-vashington/feed/ 0
Кина им порача на САД дека не смеат да се мешаат во нејзините проблеми со Филипини во Јужно Кинеско Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-im-poracha-na-sad-deka-ne-smeat-da-se-meshaat-vo-nejzinite-problemi-so-filipini-vo-juzhno-kinesko-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-im-poracha-na-sad-deka-ne-smeat-da-se-meshaat-vo-nejzinite-problemi-so-filipini-vo-juzhno-kinesko-more/#respond Thu, 26 Oct 2023 11:10:23 +0000 https://kurir.mk/?p=893360

САД немаат право да се мешаат во проблемите меѓу Кина и Филипините, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи за тензиите околу спорните води во Јужното Кинеско Море. -САД не се страна во прашањето на Јужното Кинеско Море, тие немаат право да се мешаат во проблемот меѓу Кина и Филипините, изјави портпаролот на министерството Мао Нинг на редовниот брифинг со новинарите како одговор на прашање за американската порака дека ќе ги брани Филипините. Кина и Филипините имаат неколку големи спорови во Јужното Кинеско Море, првенствено во спорните води околу вториот атол Томас Шоал, дел од островите Спратли. Во неделата кинески брод се судри со филипински брод, по што Манила најостро ги осуди „опасните маневри за блокирање“ на кинескиот брод. -Ветувањето на САД дека ќе ги бранат Филипините не смее да го наруши суверенитетот и поморските интереси на Кина во Јужното Кинеско Море и не смее да поттикнува незаконски претензии од Филипините, кажа Нинг. Портпаролот на филипинското Министерство за надворешни работи допрва треба да одговори на барањето за коментар. Американскиот претседател Џо Бајден вчера во Белата куќа изјави дека посветеноста на САД за одбраната на Филипините е „цврста како железо“, откако ја обвини Кина дека дејствува „опасно и незаконски“ во Јужното Кинеско Море. -Секој напад врз филипински авиони, бродови или вооружени сили ќе го активира... нашиот договор за заемна одбрана со Филипините, рече Бајден на заедничката средба со австралискиот премиер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-im-poracha-na-sad-deka-ne-smeat-da-se-meshaat-vo-nejzinite-problemi-so-filipini-vo-juzhno-kinesko-more/feed/ 0
Кина бара гаранции за правата на Палестинците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-bara-garantsii-za-pravata-na-palestintsite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-bara-garantsii-za-pravata-na-palestintsite/#respond Fri, 20 Oct 2023 06:23:29 +0000 https://kurir.mk/?p=891037

Специјалниот претставник на Кина за Блискиот Исток, Исток Жаи Јун, ја припишува кризата во односите меѓу Израел и Газа „на недостатокот на гаранции за легитимните, национални права на Палестинците“. Жаи слета во Катар каде заедно со рускиот пратеник Михаил Богданов ја координираше позицијата на Пекинг со Москва во однос на нивните напори за деескалација на конфликтот во Газа. Кина и Русија го делат истиот став кога станува збор за палестинското прашање. -Клучната причина поради која ја имаме оваа ситуација во палестинско-израелскиот конфликт е тоа што на палестинскиот народ не му се гарантирани неговите легитимни национални права, рече Жаи, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин одржа разговори со кинескиот лидер Си Џинпинг во Пекинг. По средбата во Катар, пратеникот Жаи потврди дека Кина е подготвена да ја продолжи комуникацијата и координацијата со Русија за смирување на израелско-палестинскиот конфликт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-bara-garantsii-za-pravata-na-palestintsite/feed/ 0
Си: Постојано се продлабочува довербата помеѓу Кина и Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-postojano-se-prodlabochuva-doverbata-pomegu-kina-i-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-postojano-se-prodlabochuva-doverbata-pomegu-kina-i-rusija/#respond Wed, 18 Oct 2023 07:43:29 +0000 https://kurir.mk/?p=890165

Кинескиот лидер Си Џинпинг, по средбата со претседателот на Русија, Владимир Путин во Пекинг, изјави дека „постојано се продлабочува довербата помеѓу двете држави“. Како што јавија кинеската државна новинска агенција Синхуа, Си повика на заеднички напори на Пекинг и Москва за „зачувување на меѓународната правичност и правда“, поздравувајќи ја „блиската и ефикасна стратешка координација“ помеѓу двете земји. - Обемот на билатералната трговија достигна историски врв, кој напредува кон целта од 200 милијарди американски долари поставена од двете страни, додаде Си. Тој наведе дека со Путин се сретнал „42 пати во изминатите 10 години и развил добра соработка и длабоко пријателство“. Кина е најголемиот трговски партнер на Русија, а размената меѓу земјите минатата година достигна рекордни 190 милијарди долари. Пекинг наиде на критики од западните земји за неговиот став за војната во Украина, за која Кина инсистира дека е неутрална иако одбива да ја критикува инвазијата на Москва. Во Пекинг, Путин е во мисија да ги зајакне и онака силните врски со својот комунистички сосед, иако експертите тврдат дека Москва е сè повеќе помал партнер во тој однос. Пекинг неделава е домаќин на Форумот Иницијатива Појас и пат, главниот трговски и инфраструктурен проект на Си, на кој учествуваат претставници од 130 земји. На Форумот ќе се разговара и за војната помеѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-postojano-se-prodlabochuva-doverbata-pomegu-kina-i-rusija/feed/ 0
Борел пристигна во Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-pristigna-vo-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-pristigna-vo-kina/#respond Thu, 12 Oct 2023 05:48:52 +0000 https://kurir.mk/?p=887876

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, пристигна денеска во Кина, објави тој на својот официјален профил на социјалните мрежи. „Само што слетав во Кина за да копретседавам со стратешкиот дијалог ЕУ-Кина со мојот колега, министерот Ванг Ји“, објави Борел на социјалната мрежа Х. „Важна посета за да се разговара за односите меѓу ЕУ и Кина, клучните регионални и глобални предизвици со кинеските власти, научниците и претставниците на бизнисот“, додаде тој. Односите меѓу ЕУ и Кина се силно затегнати по руската инвазија на Украина во февруари минатата година, која Пекинг не ја осуди.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-pristigna-vo-kina/feed/ 0
Џенет Јелен: САД се премногу зависни од Кина за критичните синџири на снабдување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dhenet-jelen-sad-se-premnogu-zavisni-od-kina-za-kritichnite-sindhiri-na-snabduvane/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dhenet-jelen-sad-se-premnogu-zavisni-od-kina-za-kritichnite-sindhiri-na-snabduvane/#respond Wed, 04 Oct 2023 06:43:23 +0000 https://kurir.mk/?p=884861

Американската министерка за финансии Џенет Јелен оцени дека САД станале премногу зависни од Кина во критичните синџири на снабдување, особено во производството на чиста енергија и дека треба да ги прошират изворите на снабдување. Таа рече дека останува на ставот дека САД не сакаат економски да се одвојат од Кина. Јелен синоќа истакна дека САД предолго стоеле настрана додека другите земји ја граделе индустријата за полупроводници со огромни субвенции. Таа изјави дека САД ќе се соочат со проблеми поврзани со националната безбедност доколку немаат силен сектор за производство на полупроводници и додаде дека законот донесен минатата година ќе помогне да се спречи тоа да се случи. -Се залажуваме себеси ако мислиме дека напуштањето на производството на полупроводници е паметна стратегија за САД, рече Јелен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dhenet-jelen-sad-se-premnogu-zavisni-od-kina-za-kritichnite-sindhiri-na-snabduvane/feed/ 0
Си-Ен-Ен: Русија, САД и Кина изградија нови објекти на полигони за нуклеарни тестирања https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-rusija-sad-i-kina-izgradija-novi-objekti-na-poligoni-za-nuklearni-testirana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-rusija-sad-i-kina-izgradija-novi-objekti-na-poligoni-za-nuklearni-testirana/#respond Fri, 22 Sep 2023 10:17:53 +0000 https://kurir.mk/?p=880674

Русија, САД и Кина во последниве години изградија нови објекти и ископаа нови тунели на нивните полигони за нуклеарни тестирања, покажуваат сателитски снимки кои ги добил Си-Ен-Ен. Иако нема докази кои би укажувале дека Русија, САД или Кина се подготвуваат за непосредна нуклеарна проба, фотографиите кои ги добил и обезбедил на  американската телевизија истакнатиот воен аналитичар покажуваат неодамнешни проширувања на три локации за нуклеарни тестирања. Едната локација се наоѓа во Кина, во крајниот западен регион Ксинџијанг, втората е во Русија, во архипелагот на Арктичкиот Океан, а третата припаѓа на САД и се наоѓа во пустината Невада. „Сателитските снимки направени во изминатите три до пет години покажуваат нови тунели под планините, нови патишта и магацини, како и зголемен сообраќај на возила на местата“, рече Џефри Луис, вонреден професор во Центарот за непролиферација Џејмс Мартин и на Институтот за меѓународни студии Мидлбури. Тој додаде дека има многу индиции дека Русија, Кина и САД може да продолжат со нуклеарните тестирања, нешто што ниту една од тие земји не го направила откако подземните нуклеарни тестирања беа забранети според договорот од 1996 година. Кина и САД го потпишаа тој договор, но не го ратификуваа, за разлика од Москва, меѓутоа рускиот претседател Владимир Путин во февруари рече дека ќе нареди тестирање ако САД тргнат први, потсетува Си-Ен-Ен. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-rusija-sad-i-kina-izgradija-novi-objekti-na-poligoni-za-nuklearni-testirana/feed/ 0
Мадуро сака поддршка од Кина на патот на Венецуела кон БРИКС https://arhiva.kurir.mk/makedonija/maduro-saka-poddrshka-od-kina-na-patot-na-venetsuela-kon-briks/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/maduro-saka-poddrshka-od-kina-na-patot-na-venetsuela-kon-briks/#respond Mon, 11 Sep 2023 07:44:06 +0000 https://kurir.mk/?p=876826

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро денеска изјави дека сака Кина да ја поддржи Венецуела во нејзините напори да се приклучи на групата БРИКС и додаде дека постоечките односи меѓу Кина и Венецуела можат да послужат за зајакнување на тој блок. Мадуро, кој е во официјална посета на Кина, изјави дека Венецуела ќе стане членка на БРИКС како земја со најголеми резерви на нафта во светот, пренесува Блумберг. Тој изрази надеж дека кинеските инвестиции во Латинска Америка и Карибите ќе се зголемат. Бразилскиот претседател Луис Игнасио Лула да Силва претходно годинава изјави дека ќе ја поддржи кандидатурата на Венецуела да се приклучи на БРИКС, чии членки сега се Бразил, Индија, Кина, Јужна Африка и Русија, а од 1 јануари следната година, членки ќе бидат и Иран, Саудиска Арабија, Аргентина, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Етиопија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/maduro-saka-poddrshka-od-kina-na-patot-na-venetsuela-kon-briks/feed/ 0
Јужниот дел на Кина поплавен седми ден по обилните врнежи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhniot-del-na-kina-poplaven-sedmi-den-po-obilnite-vrnezhi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhniot-del-na-kina-poplaven-sedmi-den-po-obilnite-vrnezhi/#respond Mon, 11 Sep 2023 06:42:59 +0000 https://kurir.mk/?p=876787

Поради обилните дождови што ги донесе тајфунот Хаикуи, кој сега е тропска бура, јужна Кина е поплавена веќе седми ден, а голем број жители и патишта се блокирани. Во руралниот округ Бобаи во регионот Гуангкси, спасувачите на чамци се обидуваат да ги евакуираат луѓето на безбедно од вода длабока повеќе од два метри, јавија државните медиуми. Во планинските региони на областа, лизгањето на земјиштето уништи патишта и урна мостови. На една метеоролошка станица во Бобаи беше соборен локален рекорд кога количината на врнежи достигна 511,2 милиметри на метар квадратен, што е повеќе од четвртина од годишните врнежи во регионот. Хаикуи ослабе од тајфун во тропска бура на 5 септември кога ја погоди кинеската провинција Фуџијан, но продолжи да носи обилни врнежи во јужна Кина, при што градот Шенжен беше погоден од најсилните дождови откако се води евиденција во 1952 година. Хонг Конг го зафати најсилното невреме во последните 140 години. Метеоролозите најавија дека обилните врнежи ќе продолжат да паѓаат во Гуангкси во следните неколку дена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juzhniot-del-na-kina-poplaven-sedmi-den-po-obilnite-vrnezhi/feed/ 0