киненова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Oct 2022 12:14:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png киненова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Со хрватскиот филм „Чичко“ утре ќе се отвори најновото издание на МФФ „Киненова“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/so-hrvatskiot-film-chichko-utre-kje-se-otvori-najnovoto-izdanie-na-mff-kinenova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/so-hrvatskiot-film-chichko-utre-kje-se-otvori-najnovoto-izdanie-na-mff-kinenova/#respond Thu, 06 Oct 2022 12:14:07 +0000 https://kurir.mk/?p=741905

Со прикажување на хрватскиот филм „Чичко“ (Stric/Uncle) на авторите Давид Капац и Андрија Мардешиќ, утре почнува Интернационалниот филмски фестивал „Киненова“ 2022, посветен на дебитантски филмови. Фестивалот ќе се одржува до 14 октомври под слоганот „Првиот остава трага“. Игор Ангелков од „Киненова“ на денешната прес-конференција посочи дека одлуката со филмот „Чичко“ да се отвори фестивалот, дојде многу брзо. Главниот „виновник“ за оваа одлука, како што рече, е директорот на Киненова, Небојша Јовановиќ. -Можам да кажам дека филмот влезе во зоната на зачудувачки филмови. Откако го гледав, веднаш најдов поврзувачки точки на овој филм со она што го работиме изминативе шест години на фестивалот. Ние сме третирале грчка кинематографија и тој нивни нов бран по сензибилитетот многу ми наликува на тој овој филм. Оваа година ги имаме првите три филмови на Михаил Ханеке, а тој исто снима чудни флмови, барем во првиот период, и секако „Чичко“ беше логично надоврзување на сето тоа, додаде Ангелков. Напомена дека дополнителна позитивна околност е и тоа што во филмот играат млади автори, а како што рече, „Киненова“ Ñ �екогаш третира дебитантски филмови. -Кога го изгледав филмот на крајот си реков дека вакво нешто не сум видел до сега од регионов или од Балканот, додаде Ангелков. Режисерот на филмот „Чичко“, Давид Капац рече дека инспирацијата за филмот доаѓа од нивните лични семејни односи. Филмот е тешко жанровски да се дефинира, може да биде драма, но како што рече, постојат и филмови со недефиниран жанр, кои се успешни. -Почнавме со нашите основни односи со семејството и нашите сеќавања од детинството, па на некој психотераписки начин ги решавме нашите трауми од детство. Израснати сме со филмови и низ филмска призма одлучивме да се соочиме со семејни односи кои не мачат, да дадеме одговори и да ги разрешиме или пребродиме, додаде режисерот Капац на денешната прес-конференција. Целиот проект за овој филм, како што рече, траел седум години. -Уште на почетокот знаевме кои актери ќе ги играат улогите на татко, мајка и син, уште од првата реченица која ја напишавме. За улогата на чичко на почетокот замислувавме тоа да биде помлад актер, но малку подоцна сфативме дека можеби треба улогата да ја игра актер од 30 или 40 години, па тогаш почнавме со кастинзи, на кои викнавме четири/пет добри хрватски актери, рече Капац. Актерот Горан Богдан кој толкува една од главните улоги во филмот „Чичко“ денеска на прес-конференцијата рече дека приказната за „Чичко“ постои многу одамна, а се што работат, го работат за публиката. -Секако ние ова го работиме најмногу за публиката. Публиката најпрвин ја препознава и наградува таа наша заиграност и чистота, и ние се занимаваме со оваа професија за таа заигреност да ја срочиме како што треба. Целта е да ја задржиме таа заигреност и чисточа и да си играме што подолго и да бидеме успешни во тоа. Тоа е нашата психоанализа, тоа е наш лек и нешто што не одржува млади, додаде актерот Горан Богдан. Режисерот Андрија Мардешиќ, кој исто така го потпишува филмот „Чичко“ на прес-конференцијата посочи дека во текот на целиот процес на изработка на филмот имале многу ментори. -Имавме многу ментори во целиот овој процес, тоа е она што ни помогна да знаеме што не сакаме. Идејата која ја имавме од почеток ни помогна да истраеме во сето тоа, и затоа е филмот таков каков што е. Менторите често знаеја да не воведат во некаква семејна драма, божиќна драма, и мило што ни е ги поминавме тие ситуации за филмот на крајот да испадне ваков, со идејата која ја сакавме уште на почетокот, додаде Мардешиќ. Инаку, филмот „Чичко“ светска премиера имаше на фестивалот Карлови Вари во Чешка, каде го доби признанието „Проксима“, потоа беше емитуван на филмскиот фестивал во Пула, Хрватска каде режисерите и сценаристи Капац и Мардесиќ беа наградени за филм со најдобро сценарио, а неодамна филмот беше емитуван и на Фестивал на европскиот филм во Палиќ, крај Суботица. Фимот ќе биде премиерно прикажан пред нашата публика утревечер во Кино „Миленум“. Меѓународната презентација на „Чичко“ во кој главната улога ја толкува познатиот српски актер Предраг Мики Манојловиќ, продолжува вечер во Битола на ИФФК „Браќа Манаки“, каде според програмата ќе биде емитуван и италијанскиот филм во конкуренција „Осумте планини“ во кој кинематографер е Рубен Импенс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/so-hrvatskiot-film-chichko-utre-kje-se-otvori-najnovoto-izdanie-na-mff-kinenova/feed/ 0
Филмскиот фестивал „Киненова“ завршува вечер, ќе бидат доделени наградите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filmskiot-festival-kinenova-zavrshuva-vecher-kje-bidat-dodeleni-nagradite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filmskiot-festival-kinenova-zavrshuva-vecher-kje-bidat-dodeleni-nagradite/#respond Sun, 31 Oct 2021 08:53:09 +0000 https://kurir.mk/?p=588474

Со доделувањето на фестивалските награди вечер во Кинотека на Северна Македонија свечено ќе биде затворено шестото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. Во жирито на официјалната селекција (главна натпреварувачка програма) се Петар Валчанов, претседател и Зане Балчус и Владимир Ангелов, членови, а за кратките филмови одлучуваат Мехмет Бахадир ЕР, претседател на жирито и Петар Станојловиќ и Никола Поповски, членови. Изминативе денови публиката можеше да погледне долгометражни и кратки филмови, но и да ужива во богатата понуда на работилници, панел дискусии, разговори со режисерите. На последниот ден од Фестивалот ќе биде прикажан филмот „Collective“ („Колектив“) на Александар Нанау од Романија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filmskiot-festival-kinenova-zavrshuva-vecher-kje-bidat-dodeleni-nagradite/feed/ 0
Отворен Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvoren-megjunarodniot-filmski-festival-kinenova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvoren-megjunarodniot-filmski-festival-kinenova/#respond Thu, 28 Oct 2021 07:28:50 +0000 https://kurir.mk/?p=586850

Со доделување на наградите за особен придонес во филмската уметност, но и со проекција на филмот „Бановиќ Страхиња“ во режија на Стефан Арсенијевиќ синоќа свечено беше отворено шестото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. Од Агенција за филм соопштија дека „Киненова“ и во оваа шеста фестивалска едиција ги промовира вредностите на раните први и втори филмски остварувања на режисерите и сценаристите. Мето Јовановски е годинешниот добитник на наградата за особен придонес во филмската уметност, а наградата му ја врачи директорот на Фестивалот, Небојша Јовановиќ. -Среќен сум што по периодот на пандемија повторно се враќаме во кино салите. Во овие времиња успеавме да го направиме реалност ова издание на Фестивалот, кое е особено значајно и лично за мене бидејќи оваа година востановивме награда која ќе го носи името на Љупчо Тодоровски-Упа, без кого овој фестивал веројатно немаше да се роди, рече директорот на Фестивалот, Небојша Јовановиќ. Лауреатот Мето Јовановски изрази благодарност до колегите за наградата и посочи дека според него филмот, филмската уметност и фестивалите се мост кој духовно не поврзува и се достоен репрезент на бројни драмски творби преточени во креативен филмски живот. -Благодарност до сите мои колеги: актери, режисери, автори и бројни филмски дејци со кои имав чест да соработувам во изминатиот период и заедно со верба и љубов кон филмот да создадеме филмски дела кои во минатото беа достоен репрезент на македонскиот креативен дух. Да бидеме дел од големиот филмски мозаик и да се вградиме во тие т.н. подвижни магични слики. Да се вградиме во колективната меморија во Балканскиот и Европскиот духовен простор како траен белег на филмското творештво и придонес во филмкото Европско наследство, рече Мето Јовановски. Според Јовановски, актерот како и секој човек мечтае по се она што ја возвишува и храни човековата душа, со желба секојдневно да се преточи во возвишен филмски живот, да се влезе во светот на креативноста и за миг да се заборави црно-белиот свет. -А нашата радост, возбуда и љубов да ја поделиме со оние за кои постоиме, а тоа е публиката, рече Јовановски, кој посака добро здравје со желба да го следиме патот на убавото и креативното-патот на се она што ја храни и возвишува човековата душа, а во чест и слава на филмот и филмската уметност, на духовните вредности, во слава на македонскиот креативен дух и артизам, додаде Јовановски. Според режисерот Стефан Арсенијевиќ, во овие тешки времиња полни со предизвици имаме можнот да погледнеме длабоко во себе и да се преиспитаме, а филмот го овозможува токму тоа. -Голема чест е за мене што сум овде вечерва, особено во овој контекст на не само македонски, туку и европски филмски имиња. Исто така особено се радувам што повторно сме заедно, физички присутни овде, во кино салите. Тоа е многу важно и сакам да и заблагодарам на „Киненова“ што успеа да организира фестивал со физичко присуство. Ова e шесто издание на фестивалот, но веќе стана звучно име во рамките на филмските фестивали во регионот, рече Арсенијевиќ. „Киненова“ годинава на Сабина Ајрула Тозија постхумно и ја додели наградата за Особен придонес во филмската уметност. Наградата ја прими нејзиниот син Вардан Тозија, а му ја додели актерот Диме Илиев. – Спомените од тоа што се случуваше изминатава година сеуште ми се свежи, не најдов начин за да го сумирам тоа што го чувствувам. Тоа што ми е останато од мојата мајка Сабина. Голема благодарност за „Киненова“ за оваа награда, голема чест ми е и се надевам дека таму некаде меѓу ѕвездите тоа го знае и мајка ми. Покрај тоа што беше неуморен, посветен филмски, театарски работник, таа беше пред се мајка и едноставен човек полн со љубов, разбирање и поддршка низ целиот мој живот, рече Вардан Тозија. „Киненова“ постхумно додели уште една награда за особен придонес во филмската уметност на Љупчо Тодоровски-Упа, која ја прими неговата сопруга. На свеченоста беше претставен и проектот „Инклузивна анимација“ која се одржа во рамките на „Киненова“, а во соработка со продукцијата „Фокус Покус“ и Кинотека, поддржан од делегацијата ЕУ, на која работеа деца со попреченост и типичните деца. Материјалот сработен од сите учесници на сесиите, менторите го измонтираа во една целина и крајниот производ е видео врз музичка подлога на песната „РамПаРам“ од „Суперхикс“. Видеото ќе се отстапи на бендот за користење како нивен официјален спот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvoren-megjunarodniot-filmski-festival-kinenova/feed/ 0
Шесто издание на филмскиот фестивал „Киненова“ од 27 до 31 октомври https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/shesto-izdanie-na-filmskiot-festival-kinenova-od-27-do-31-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/shesto-izdanie-na-filmskiot-festival-kinenova-od-27-do-31-oktomvri/#respond Tue, 19 Oct 2021 11:11:36 +0000 https://kurir.mk/?p=581936

Шестото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ ќе се одржи од 27 до 31 месецов. Оваа година фестивалот се враќа на класичниот формат на одржување во живо, во Кинотека, но сепак ќе продолжи и традицијата од лани, со емитување на дел од фестивалската содржина на ТВ 24. Отворање на фестивалот, на 27 октомври, ќе се одржи во кино Милениум, и тоа со актуелниот победник на филмскиот фестивал „Карлови вари“, „As far as i can walk“, од српскиот режисер Стефан Арсенијевиќ. Директорот на „Киненова“, Небојша Јовановиќ на денешната прес-конференција информираше дека годинава официјалната селекција ќе брои осум наслови, меѓу кои два се документарни филмови. Станува збор за филмовите „Солченце Захаја“ на Стефан Красиќ, „The Last Bath“ од Дејвид Боневил „The other side of the river“, „Amateurs“ од Ивона Сиекиержинскa, „Pari“ од Сиjamak Етемад , Andromeda Galaxy“, „As far as i can walk“ од Стефан Арсенијевиќ и „Beggining“ од Деа Колумбегашвили. -Прилично сум горд што во услови на сериозна светска криза и многу отежнати услови на функционирање, особено за филмската уметност, „Киненова“ како фестивал ги пребродува овие предизвици прилично успешно, па дури и можам да кажам дека се случи сериозен исчекор и развој на фестивалот, особено програмски, рече Јовановиќ. Тој потсети дека минатата година овој фестивал беше единствен во земјава и во светот кој реализираше телевизиско издание на фестивалот, со цел да ја продолжат традицијата и да ја надминат кризата. -Но тоа не го направивме од позиција на загрижени или уплашени филмаџии, туку со уште посилна мотивација од претходно, одредувајќи си мисија да ја пласираме филмската уметност и бескопмпромисно да ја доближиме до публиката. Тоа наше делување даде мултиплициран ефект и додадена вредност, така што фестивалска програма имаа можност да ја погледнат скоро 2 милион гледачи, рече Јовановиќ. Токму затоа, како што посочи, оваа година, фестивалот полека се враќа на класичниот формат на одржување во живо, но дел од содржина ќе се емитува и на ТВ 24, почнувајќи од 3 ноември. -Немаме намера да се откажеме од овој начин на пласирање на фестивалот, знаејќи го влијанието кое минатата година Киненова го имаше во јавноста. Фестивалот оваа година обезбеди доста концетрирана програма, која ќе им овозможи возбудлива авантура на гледачите, рече Јовановиќ. Програмскиот директор на фестивалот, Игор Анѓелков денеска рече дека Киненова и оваа година им отстапува простор на осум моќни, нови гласови, чии филмови ќе се борат за престижните фестивалски награди. Годинава, како што рече, им се отстапува простор на две документарни остварувања кои обработуваат исклучително интересни теми. -Многу се радувам што оваа година прикажувањето на официјалната селекција на филмови се враќа онаму каде што и е местото – на големиот екран во затемнетатат кино сала. Единствено таму публиката може да ја доживее моќта на подвижните слики на дебитантите од различни кинематографии, кои во светот полн со илузии, ги создаваат можеби најсилните остварувања во седмата уметност во денешно време, рече Анѓелов на прес-конференцијата. Тој додаде и дека Киненова е благонаклонета и кон помалите кинематографии, па ќе има и еден филмски претставник од соседно Косово, кој е вистински прирачник за реализација на мал, но силен филм. Како што рече, полската и грчката кинематографија се во редовен фокус, додека португалскиот филм ќе приреди вистинско позитивно изненадување. Особено задоволство изрази што во официјалната програма ќе го има и минатогодишниот победник на фестивалот во Сан Себастијан, а фестивалот ќе биде отворен со актуелниот победник на престижниот фестивал во Карлови вари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/shesto-izdanie-na-filmskiot-festival-kinenova-od-27-do-31-oktomvri/feed/ 0
Доделени наградите на петтото издание на фестивалот „Киненова“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dodeleni-nagradite-na-pettoto-izdanie-na-festivalot-kinenova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dodeleni-nagradite-na-pettoto-izdanie-na-festivalot-kinenova/#respond Mon, 19 Oct 2020 08:20:16 +0000 https://kurir.mk/?p=417956

Двете меѓународни жири-комисии ги соопштија наградените филмови во сите натпреварувачки категории на петтото издание на Меѓународниот филмски фестивал „КИНЕНОВА 2020“. Главното фестивалско жири, составено од полскиот режисер Кшиштоф Зануси како претседател, Драгомир Шолев, режисер од Бугарија и Керем Ајан, актуелен директор на Истанбулскиот филмски фестивал, одлучи во категоријата „Меѓународна конкуренција“, наградата Гран-при за најдобар филм на фестивалот да ја додели на грчкиот филм „ВЕТЕРАН/DEFUNCT“ на Захаријас Мавридис. -Филмот „Ветеран“ може да се опише дури и со еден епитет – ова е суптилен филм, сликајќи го на филигрански начин деликатниот однос помеѓу генерациите, помеѓу минатото и совремието, се вели во образложението на жирито. Во истата категорија, награда за најдобра режија доби филмот „МАРЈАМ“ на Шарипа Уразбајева од Казахстан за, како што се наведува, многу доследниот стил, одбегнувајќи ги сите стапици на патетика и сентиментализам, сликајќи ја многу строгата и сурова човечка природа и на тој начин вовлекувајќи ги гледачите во приказната, што е восхитувачки според жирито. Наградата за најдобро сценарио му припадна на филмот „СУПЕРНОВА“ на Бартош Крулик од Полска. -Ова е филм каде што еден случаен смртен случај во сообраќајна несреќа со автомобил е прикажан како космичка катастрофа со што овој филм има една висока спиритуална димензија, но и импресивна стилска уедначеност, се наведува во образложението на жирито. Во категоријата „Меѓународна конкуренција на куси филмови“, жирито составено од Ален Дрљевиќ, режисер од Босна како претседател, Стефан Арсенијевиќ, режисер од Србија и Ана Дишлиеска Митова, директорка на Филозофскиот филмски фестивал во Скопје, одлучи наградата за најдобар филм од Меѓународната конкуренција на куси филмови да ја додели на два филма, на македонскиот филм „Налепница“ на Ѓорѓи Унковски и „Излегуваш ли надвор“ на Инес Јокош од Хрватска. Специјална награда жирито додели на филмот „Медитеран“ на грчкиот млад режисер Димитрис Анагносту. Истото жири ги додели и наградите за натпреварувачката програма на македонски куси филмови, каде наградата за најдобар македонски кус филм ја доби македонскиот филм „Без љубов“ на Дина Дума, а специјалната награда на жирито отиде отиде кај филмот „Ќе му се јавам на татко ти“ на Леон Ристов. Директорот на Меѓународниот филмски фестивал КИНЕНОВА Небојша Јовановиќ изјави дека фестивалот оваа година ги надмина сите бариери и се справи со предизвиците преку фестивалски продукт направен од чиста љубов кон седмата уметност и кон оние кои незапирливо ја креираат. -Преку телевизискиот формат, во услови на светска криза со КИНЕНОВА ја доближивме врвната филмска уметност до најширок аудиторум и ја направивме многу подостапна, што и беше наша главна мисија, изјави Јовановиќ. Програмскиот директор на КИНЕНОВА, Игор Анѓелков изјави дека КИНЕНОВА најде начин и успеа да се одржи со одлична програма која што се емитува на ТВ24. Програмата на Меѓународниот филмски фестивал КИНЕНОВА за оваа 2020 година се емитува од почетокот на октомври на Телевизија 24. По барање на гледачите, програмата ќе продолжи да се емитува и во ноември. Распоредот на филмовите и целокупната програма можете да ја проследите на следниот линк: http://kinenova.com/wp-content/uploads/2020/10/Film-Schedule_KINENOVA-2020.pdf.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dodeleni-nagradite-na-pettoto-izdanie-na-festivalot-kinenova/feed/ 0
Четири унгарски филмови од денеска до недела во Кинотека https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/chetiri-ungarski-filmovi-od-deneska-do-nedela-vo-kinoteka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/chetiri-ungarski-filmovi-od-deneska-do-nedela-vo-kinoteka/#respond Thu, 10 Oct 2019 09:57:50 +0000 https://kurir.mk/?p=250038

Четири филма од современата унгарска кинематографија ќе бидат прикажани од вечерва до 13 октомври во Кинотеката, во рамки на фестивалот „Киненова“. Во фестивалската програма „Фокус на современата унгарска кинематографија“ вечер од 20 часот ќе биде прикажан „За тело и душа“ по сценарио и режија на Илдико Ењеди, снимен во 2017 година, а од истиот автор утревечер од 20 часот е проекцијата на „Мојот 20 век“ од 1989 година. Во наредните два дена, 11 и 12 октомври, од 20 часот ќе бидат прикажани два филма по сценарио и режија на Корнел Мундручо – „Нежен син: Проектот Франкештајн“ од 2010-та и „Јупитеровата месечина“ од 2017 година. Како што соопшти Унгарската амбасада во Скопје, се работи за двајца успешни режисери кои ја претставуваат „златната ера“ на унгарскиот филм. – Во изминатите две децении унгарската кинематографија доживува преродба со голем број современи унгарски филмови што добиваат престижни меѓународни награди, вклучувајќи и два Оскара, во 2015 и во 2017 година, соопшти Амбасадата на Унгарија]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/chetiri-ungarski-filmovi-od-deneska-do-nedela-vo-kinoteka/feed/ 0
„Љубовен автомобил“ – најдобар филм на „Киненова“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ljuboven-avtomobil-najdobar-film-na-kinenova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ljuboven-avtomobil-najdobar-film-na-kinenova/#respond Thu, 10 Oct 2019 08:41:45 +0000 https://kurir.mk/?p=249983

Германскиот филм „Љубовен автомобил“ по сценарио и режија на Елкe Маргарете Леренкраус е прогласен за најдобар филм во главната конкуренција на четвртиот фестивал за дебитантски филм „Киненова“. Наградата за најдобра режија му е доделена на Бабис Макридис за грчкиот филм „Сожалување“, рускиот филм „Човекот кој ги изненади сите“ ја доби наградата за најдобро сценарио напишано од сопружниците Алексеј Чупов и Наталија Меркулова. Специјална награда за најдобра улога ѝ е доделена на актерката Снежана Богдановиќ за улогата во српскиот филм „Шевови“ на режисерот Милорад Терзиќ. Тричлено жири во состав Витали Мански (претседател) и Јесин Устаоглу и Ана Хофман (членови) одлучи за наградите во главната програма во која се натпреваруваа седум филма, а беа доделени синоќа во Кинотеката. Во конкуренција на кратки филмови, наградата за најдобар меѓународен краток филм ја доби „Капетанот“, најдобар македонски краток филм е „Готлиб“, а специјална награда добија „Мојата сестра“ и „Змијулче“. Фестивалската програма на „Киненова“ продолжува со програмата „Фокус на современата унгарска кинематографија“ во која од денеска до 13 октомври ќе бидат прикажани филмовите „За тело и душа“ и „Мојот 20 век“ по сценарио и режија на Илдико Ењеди, и „Нежен син: Проектот Франкештајн“ и „Јупитеровата месечина“ по сценарио и режија на Корнел Мундручо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ljuboven-avtomobil-najdobar-film-na-kinenova/feed/ 0
Почнува 4.Меѓународен филмски фестивал „Киненова“: Подгответе се за вистински филмски изненадувања https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/pochnuva-4-megjunaroden-filmski-festival-kinenova-podgotvete-se-za-vistinski-filmski-iznenaduvanja/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/pochnuva-4-megjunaroden-filmski-festival-kinenova-podgotvete-se-za-vistinski-filmski-iznenaduvanja/#respond Fri, 04 Oct 2019 07:59:09 +0000 https://kurir.mk/?p=247798

4. Меѓународен фестивал на дебитантски филм „Киненова“, почнува вечерва и ќе трае до 13 октомври. Во кино „Милениум“ со проекција на „Господ постои се вика Петрунија“ во 18 часот неофицијално почнува годинашната програма, додека официјалниот дел е закажан за 20 часот со свеченост на која ќе биде доделено признанието за посебен придонес во светската филмска уметност, чиј лауреат годинава е актерката Тања Бошковиќ и проекција на филмот „Таткото“ на бугарските автори Кристина Грозева и Петар Валчанов. Претседател на жирито што ќе одлучува за годинешните фестивалски награди е истакнатиот руски документарист Витали Мански, кој е еден од најконтроверзните светски филмски автори. Неговиот филм „Путиновите сведоци“, кој е минатогодишен победник на Карлови Вари, ќе има специјалната проекција на фестивалот. Седум филмови се во трка за наградите за најдобар дебитантски филм, најдобар режисер, најдобро сценарио и за специјална награда од меѓународното жири. „Сожалување“ режија Бабис Макридис, „Човекот кој ги изненади сите“ сценарио и режија: Алексеј Чупов, Наталија Меркулова, „Алекси“ сценариот и режија Барбара Векариќ, „Љубовен автомобил“, сценарио и режија Елке Маргарете Леренкраус, „Сократес“, сценарио и режија Алехандре Морато, „Прасето“, режија Драгомир Шолев. -Покрај овие седум исклучителни остварувања во трка за наградите, продолжуваме со претставување на возбудливи автори од современата турска кинематографија, па годинава наша и Ваша гостинка е наградуваната Јесим Устаоглу, потоа, тука се и петте филма кои се дел од „Лукс“ наградата на Европскиот парламент, вклучувајќи ги и двете македонски остварувања, „...Петрунија“ и „Медена земја“, како и пост-фестум проекциите на современата унгарска кинематографија. Се’ на се’ сигурен сум дека, од програмски аспект, четвртото издание на „КинеНова“ ќе биде едно од оние, незаборавните, вели програмскиот директор на фестивалот Игор Анѓелков. Небојша Јовановиќ, директорот на „Киненова“ потенцира дека оваа година она што посебно избликнува од оваа програма се токму филмските автори и дела кои пркосат со храброста и одлучноста да се промени лошата реалност. -Во тој контекст имаме храбри филмови кои одлучно доаѓаат до сржта на проблемите. Ова сето значи дека Киненова МФФ не отстапува ни милиметар од својата авангардна патека. Ја повикувам публиката да ја истражи Киненова 2019 и да се подготви за вистински филмски изненадувања, вели Јовановиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/pochnuva-4-megjunaroden-filmski-festival-kinenova-podgotvete-se-za-vistinski-filmski-iznenaduvanja/feed/ 0
Доделени наградите на „Киненова“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dodeleni-nagradite-na-kinenova/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dodeleni-nagradite-na-kinenova/#respond Wed, 10 Oct 2018 19:55:31 +0000 https://kurir.mk/?p=113556

Филмот „Блискост“ на Кантемир Балагов е добитник на најградите за најдобро сценарио, најдобра режија и најдобар филм на фестивалот „Киненова“. Одлуката трите награди на фестивалот на бидат доделени само на еден филм ја донесе меѓународното жири на чело со турскиот маестро Зеки Демиркубуз, заедно со Росица Валканова и Лазар Секуловски. -Жирито се одлучи да ги даде трите награди на само еден филм, бидејќи потполно се истакна со својот храбар пристап во сите овие аспекти. За импресивниот кастинг за големото артистично и длабоко вистинито раскажување, за емотивниот импакт наградите за најдобро сценарио, најдобра режија и најдобар филм одат за „Блискост“ од Кантемир Балагов, велат во својата одлука членовите на жирито. Жирито оддаде Специјално признание за филмот „Без датум и потпис“ од Вахид Џалилванд, за мајсторскиот и минималистичен начин на кој раскажува една комплексна приказна. Вечерва во 20 часот се заокружи официјалниот дел од програмата на третото издание на „Киненова. Заради технички проблем, кино „Милениум“ не беше во можност да овозможи да се реализира завршната вечер, па затоа таа се одржа во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар. На затворањето беше прикажан филмот „Ага“, фантастичниот филм на бугарскиот режисер Милко Лазаров, визуелен спектакл кој го затвори годинашното Берлинале, а ја доби и главната награда во август на Сараевскиот филмски фестивал, „Срцето на Сараево“. Следните два дена во „Кинотека“ финишираат останатите филмски програми. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dodeleni-nagradite-na-kinenova/feed/ 0
„Устав на Република Хрватска“ „Пред дождот“ и „Погледот на Одисеј“ на „Киненова“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/ustav-na-republika-hrvatska-pred-dozdot-i-pogledot-na-odisej-na-kinenova/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/ustav-na-republika-hrvatska-pred-dozdot-i-pogledot-na-odisej-na-kinenova/#respond Tue, 09 Oct 2018 13:21:00 +0000 https://kurir.mk/?p=112864

Во  рамки на програмата за Европско културно наследство на фестивалот на дебитантски филм „Киненова“ ќе бидат прикажани филмовите: „Устав на Република Хрватска“ на Рајко Грлиќ, „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, „Погледот на Одисеј“ на Тео Ангелопулос. - Целта на оваа програма е преку проекции на овие филмови да поттикнеме дебата во однос на темите и прашањата кои истите храбро ги отворааат, а се однесуваат на проблемите што се уште го спречуваат либералниот напредок на регионалните општества, посочи Небојша Јовановиќ, селекторот на програмата. Тој наведе дека трите филмови, што се избрани да бидат во програмата, прикажуваат силни, длабоки, внатрешни, меѓучовечки конфликти на основа на социјална или општествена поделеност, етничка или сексуална определба, но во исто време поттикнуваат и нудат дијалог како решение. - Во годината на европското културно наследство, сметам дека не можевме, а да не се присетиме на овие остварувања кои не само што зрачат ретко видена уметничка сензибилност, туку оставаат траен белег во поттикнување и унапредувањето на интракултурниот и меѓукултурниот дијалог како начин за надминување на внатре-општествените, социолошките и меѓунационалните конфликти, нагласи Јовановиќ. Тој истакна дека Устав на Република Хрватска“, „Пред дождот“ и „Погледот на Одисеј“ отвориле сериозни прашања кои реферираат на општествата каде дејствуваат авторитетите, но низ призма на универзалните човекови вредности. - Така овие филмови одбележаа една етапа од развојот на балканските општества и силно и храбро, преку моќта на универзалниот филмски јазик отворија актуелни болни теми кои ги инхибрираа локалните општества каде припаѓаат или од каде потекнуваат авторите, но се дел и од поширокиот регионален контекст, заклучи Јовановиќ.  МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/ustav-na-republika-hrvatska-pred-dozdot-i-pogledot-na-odisej-na-kinenova/feed/ 0