Кинеска лабораторија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Mar 2023 06:42:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кинеска лабораторија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФБИ: Причина за пандемијата на Ковид -19 веројатно е инцидент во кинеска лабораторија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fbi-prichina-za-pandemijata-na-kovid-19-verojatno-e-intsident-vo-kineska-laboratorija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fbi-prichina-za-pandemijata-na-kovid-19-verojatno-e-intsident-vo-kineska-laboratorija/#respond Wed, 01 Mar 2023 06:42:51 +0000 https://kurir.mk/?p=806393

Директорот на ФБИ, Кристофер Вреј, синоќа изјави дека Агенцијата проценила дека пандемијата на коронавирус најверојатно била предизвикана од инцидент во лабораторија во кинеската провинција Вухан. -ФБИ веќе некое време проценува дека изворот на пандемијата е најверојатно потенцијален лабораториски инцидент во Вухан, изјави Вреј за Фокс Њуз. Неговата изјава доаѓа по неделниот извештај на „Волстрит џурнал“, според кој американското Министерство за енергетика со мала сигурност проценило дека пандемијата е предизвикана од случајно истекување на вирусот од кинеска лабораторија. Некои агенции веруваат дека пандемијата е веројатно резултат на природен пренос, додека други се неодлучни, наведе весникот. Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби, пред два дена кажа дека американската Влада нема конечен заклучок и консензус за потеклото на пандемијата. Кинеското Министерство за надворешни работи цитираше извештај на Светската здравствена организација и Кина, кој укажува на природното потекло на пандемијата, а не на истекување на вирус од лабораторија. Вреј кажа и дека не може да сподели многу детали за проценката на агенцијата бидејќи се работи за доверливи информации. Тој ја обвини кинеската Влада дека „прави се што може за да се обиде да ги попречи и замагли“ напорите на САД и другите земји да дознаат повеќе за потеклото на пандемијата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fbi-prichina-za-pandemijata-na-kovid-19-verojatno-e-intsident-vo-kineska-laboratorija/feed/ 0
Кинеска лабораторија негира одговорност за ширење на новиот коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineska-laboratorija-negira-odgovornost-za-shirenje-na-noviot-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineska-laboratorija-negira-odgovornost-za-shirenje-na-noviot-koronavirus/#respond Sun, 19 Apr 2020 10:07:45 +0000 https://kurir.mk/?p=334289

Пекинг, 19 април 2020 (МИА) – Јуанг Џиминг, директор на Институтот за вирологија во Вухан, каде беше првото жариште на епидемијата на новиот коронавирус, ги негираше тврдењата на дел од американските медиуми дека токму таа лабораторија е можен извор на заразата. – Невозможно е тој вирус да дошол од нас, изјави тој во интервју за државната телевизија. – Јасно знаеме кои видови истражувања се спроведуваат во Институтот и како се управува со вируси и примероци, потенцира директорот на таа установа. Институот има една лабораторија П4 каде се чуваат примероци од најопасните вируси кои се пренесуваат од човек на човек, како што е ебола, која, според директорот, е под најстрого обезбедување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineska-laboratorija-negira-odgovornost-za-shirenje-na-noviot-koronavirus/feed/ 0