кинеска војска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 06 Mar 2023 07:34:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кинеска војска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тајван предупредува на ризик од „ненадејна инвазија“ на кинеската војска во близина на островот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajvan-predupreduva-na-rizik-od-nenadejna-invazija-na-kineskata-vojska-vo-blizina-na-ostrovot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajvan-predupreduva-na-rizik-od-nenadejna-invazija-na-kineskata-vojska-vo-blizina-na-ostrovot/#respond Mon, 06 Mar 2023 07:34:50 +0000 https://kurir.mk/?p=808431

Тајванскиот министер за одбрана Као Куанчи денеска предупреди дека островот оваа година треба да биде подготвен за „ненадејна инвазија“ на кинеската војска во областите во близина на нејзината територија поради зголемените тензии во тајванскиот теснец. Во последниве години, Кина ја засили својата воена активност околу Тајван и речиси секојдневно има упади на нејзините воздушни сили во зоната за идентификација на противвоздушната одбрана на островот. Сепак, Тајван допрва треба да пријави какви било кинески сили кои влегуваат во неговата соседна зона, која се протега на 44,2 километри од крајбрежјето. Меѓутоа, минатата година Тајван собори цивилно беспилотно летало кое навлезе во неговиот воздушен простор. За време на парламентарната контрола, министерот Као рече дека Кинеската Народноослободителна армија може да најде изговор да влезе во области кои се блиску до територијалниот воздушен и морски простор. Ова би можело да дојде во услови на зголемена воена размена на островот со САД, што го вознемири Пекинг. Министерот предупреди дека кинеската војска може да направи „ненадеен упад“ во соседната зона на Тајван и да се приближи до нејзиниот територијален простор. „Ова го констатирам годинава, имајќи предвид дека се прават такви подготовки. Во иднина, тие би употребиле сила ако навистина има потреба“, рече Као Куанчи. Тајван вети дека ќе го искористи своето право на самоодбрана и контранапад доколку кинеските вооружени сили влезат на негова територија. Минатата година Кина спроведе воени вежби без преседан околу Тајван како одговор на посетата на островот од тогашната претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси. Според министерот Као, Кина се обидува да создаде проблеми под одреден изговор, додавајќи дека овој изговор може да вклучува посети на островот од високи странски претставници или чести воени контакти на Тајпеј со други земји. Министерот истакна дека Кина секој ден испраќа десетина авиони и бродови во области блиску до Тајван, при што некои од нив ја минуваат средната линија на Тајванскиот теснец.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajvan-predupreduva-na-rizik-od-nenadejna-invazija-na-kineskata-vojska-vo-blizina-na-ostrovot/feed/ 0
Кинеската армија му објави војна на коронавирусот: Воените лекари во акција (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskata-armija-mu-objavi-vojna-na-koronavirusot-voenite-lekari-vo-akcija-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskata-armija-mu-objavi-vojna-na-koronavirusot-voenite-lekari-vo-akcija-video/#respond Fri, 24 Jan 2020 16:41:57 +0000 https://kurir.mk/?p=294284

Кинескиот претседател Си Џипинг му издаде наредба на Народно ослободителната армија веднаш да тргне во акција. Медицинските тимови под целосна опрема веднаш тргна кон транспортните авиони, а некои лекари веќе и пристигна во Вухан. Инаку, поради ширењето на коронавирусот во кинескиот град Вухан, на вториот ден од карантинот, во пресрет на одбележувањето на кинеската Нова година, улиците и шопинг центрите се празни, а граѓаните со часови чекаат за преглед во болниците. Во градот со 11 милиони жители затворени се железничките и метро станиците, како и аеродромот, додека патиштата не се целосно затворени. Полицијата ги проверува возилата кои влегуваат и излегуваат од градот. Продавниците се испразнети, поради обемното снабдување со намирници кои луѓето ги набавуваат во случај на продолжена изолација. Како што пренесува Си-Ен-Ен, болниците се претрупани со пациенти, кои доаѓаат со маски на лицето, а медицинските лица се во заштитни одела. Во пресрет на кинеската Нова година, сообраќајот е прекинат во најмалку 10 градови со популација од 33 милиони луѓе – Вухан, каде што е откриен вирусот и девет соседни градови во кинеската провинција Хубеи. Од коронавирусот досега починаа 26 луѓе, а заразени се повеќе од 800. Во училиштата е продолжен зимскиот распуст, а Министерството за образование забрани јавни собири или испити. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskata-armija-mu-objavi-vojna-na-koronavirusot-voenite-lekari-vo-akcija-video/feed/ 0