Кинески амбасадор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Jun 2023 06:37:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кинески амбасадор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кинески амбасадор: Јужна Кореја се обложува на погрешен играч во американско-кинеското ривалство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineski-ambasador-juzhna-koreja-se-oblozhuva-na-pogreshen-igrach-vo-amerikansko-kineskoto-rivalstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineski-ambasador-juzhna-koreja-se-oblozhuva-na-pogreshen-igrach-vo-amerikansko-kineskoto-rivalstvo/#respond Fri, 09 Jun 2023 06:37:36 +0000 https://kurir.mk/?p=843863

Кинескиот амбасадор во Сеул, Ксинг Хајминг, во четвртокот ја предупреди Јужна Кореја дека „станува крив играч“ кога е во прашање американско-кинеското ривалство и ја повика да ја прекине „политиката на одвојување“ од Кина за да ги зајакне економските и дипломатските врски со неа. Ксинг се состана со лидерот на најсилната јужнокорејска опозициска партија, Ли Јае-Мјунг, кој го критикуваше претседателот на земјата, Јун Сук Јеол, чија дипломатија се залага за сојуз со САД, а не за нејзиниот однос со Кина, главниот трговски партнер на Јужна Кореја. Амбасадорот го обвини Сеул за „тешкотиите“ во билатералните односи, бидејќи не ги почитува доволно суштинските интереси на Пекинг, вклучително и Тајван, додека од друга страна е забележливо влијанието на САД. „Односите меѓу Кина и Јужна Кореја се соочуваат со многу проблеми. Искрено, вината за тоа не е во Кина“, рече Ксинг. Кинеската амбасада изразува надеж дека Јужна Кореја ќе се држи до своите ветувања и ќе ги почитува најважните интереси на Кина, како што е прашањето на Тајван. Амбасадорот го предупреди Сеул да не донесува „погрешен суд“ за најнаселената земја во светот, особено не поради „мешањето на надворешни фактори како што е американскиот притисок“. „Во ситуација кога САД вршат притисок на Кина со сите сили, некои се обложуваат дека САД ќе победат, а Кина ќе изгуби. Ова е очигледно погрешна одлука и неправилно толкување на текот на историјата. Ве уверувам, оние кои се обложиле на пораз на Кина, тие дефинитивно ќе зажалат“, рече тој. Министерот за надворешни работи на Јужна Кореја, како и претседателот Јун, не ги коментираа овие изјави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineski-ambasador-juzhna-koreja-se-oblozhuva-na-pogreshen-igrach-vo-amerikansko-kineskoto-rivalstvo/feed/ 0
Мицкоски на средба со кинескиот амбасадор: Негирањето на идентитетот и самобитноста на украинскиот народ од руска страна, наликува на бугарското негирање на посебноста и самобитноста на македонскиот јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-na-sredba-so-kineskiot-ambasador-negiraneto-na-identitetot-i-samobitnosta-na-ukrainskiot-narod-od-ruska-strana-nalikuva-na-bugarskoto-negirane-na-posebnosta-i-samobitnosta-na-makedonskiot-ja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-na-sredba-so-kineskiot-ambasador-negiraneto-na-identitetot-i-samobitnosta-na-ukrainskiot-narod-od-ruska-strana-nalikuva-na-bugarskoto-negirane-na-posebnosta-i-samobitnosta-na-makedonskiot-ja/#respond Wed, 22 Mar 2023 14:38:11 +0000 https://kurir.mk/?p=815039

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски и меѓународниот секретар на партијата, Стефан Андоновски, остварија средба со Амбасадорот на Народна Република Кина во Македонија, Н.Е. Џанг Ѕуо. Соговорниците разговараа за актуелната политичка и економска состојба на државата, како и руската инвазија врз Украина. Мицкоски рече дека во Македонија има висок степен на криминал и корупција, како и дека државата тоне на економски план, поради лошото менаџирање и неспособноста на владата на СДС и ДУИ. Мицкоски се осврна и на руската инвазија кон Украина, потенцирајќи дека руската агресија на независноста и суверенитетот на Украина, носи само штета и за народите на Украина и Европа, и за економијата и инфраструктурата во поширокиот европски регион. Негирањето на идентитетот, јазикот и самобитноста на украинскиот народ наликува на бугарското негирање на посебноста и самобитноста на македонскиот јазик и идентитет. Ова однесување е неприфатливо за 21виот век. Воедно, Мицкоски се заблагодари за позитивната соработка и поддршка од страна на Народна Република Кина кон Македонија во областа на економијата и инфраструктурата, и ги поздрави традиционално пријателските односи помеѓу двете држави. Соговорниците се согласија ваквите средби да продолжат и во иднина, како и да работата на унапредување на соработката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-na-sredba-so-kineskiot-ambasador-negiraneto-na-identitetot-i-samobitnosta-na-ukrainskiot-narod-od-ruska-strana-nalikuva-na-bugarskoto-negirane-na-posebnosta-i-samobitnosta-na-makedonskiot-ja/feed/ 0
Кинескиот амбасадор во САД: Да знаевме за кризата, ќе се обидевме да ја спречиме https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-ambasador-vo-sad-da-znaevme-za-krizata-kje-se-obidevme-da-ja-sprechime/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-ambasador-vo-sad-da-znaevme-za-krizata-kje-se-obidevme-da-ja-sprechime/#respond Wed, 16 Mar 2022 08:31:58 +0000 https://kurir.mk/?p=648002

Кинескиот амбасадор во САД Чин Ганг изјави дека кинеската Влада не знаела дека ќе има војна во Украина. -Тврдењата дека Кина знаела, се согласила или премолчено ја поддржувала оваа војна се чиста дезинформација. Сите овие тврдења служат само за префрлање на вината кон Кина и фрлање кал врз Кина, изјави кинескиот амбасадор за весникот „Вашингтон пост“. Тој изјавата ја даде по повод коментарите и медиумските шпекулации и тврдења дека Кина наводно од претходно знаела за руската воена акција и дека наводно побарала од Русија да ја одложи до завршувањето на Зимските олимписки игри. -Во Украина има повеќе од 6.000 кинески граѓани. Кина е најголемиот трговски партнер и на Русија и на Украина и најголем увозник на сурова нафта и природен гас во светот, истакна Чанг. Тој нагласи дека конфликтот меѓу Русија и Украина не и носи ништо добро на Кина. -Да знаеше Кина за непосредната криза, ќе се обидевме да ја спречиме, рече кинескиот амбасадор во Вашингтон. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-ambasador-vo-sad-da-znaevme-za-krizata-kje-se-obidevme-da-ja-sprechime/feed/ 0
Обид за атентат врз кинескиот амбасадор во Пакистан, најмалку 4 лица загинаа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obid-za-atentat-vrz-kineskiot-ambasador-vo-pakistan-najmalku-4-lica-zaginaa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obid-za-atentat-vrz-kineskiot-ambasador-vo-pakistan-najmalku-4-lica-zaginaa/#respond Thu, 22 Apr 2021 06:50:53 +0000 https://kurir.mk/?p=500637

Најмалку четири лица загинаа, а 12 други се повредени во силната експлозија во еден луксузен хотел во југозападен Пакистан, соопшти пакистанската полиција, која ја потврди експлозијата, пренесоа британските медиуми. Во истрагата се разгледува и сомнеж дека цел на нападот бил кинескиот амбасадор, кој престојувал во хотелот каде бомбата била активирана на паркинг, пренесе Си-Ен-Ен. -Кинескиот амбасадор во Пакистан не бил во хотелот за време на експлозијата, изјави министерот за внатрешни работи Шеик Рашид Ахмад. Ахмад кажа дека автомобилот наполнет со експлозивни средства експлодирал на паркингот на луксузниот хотел „Серена“ во градот Квета, пренесуваат британските медиуми. Пакистанските талибанци ја презедоа одговорноста за нападот. -Тоа беше самоубиствен напад, нашиот бомбаш самоубиец активираше експлозив во автомобил, изјавија талибанците за британските меидуми. Кинеската амбасада не даде коментар за инцидентот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obid-za-atentat-vrz-kineskiot-ambasador-vo-pakistan-najmalku-4-lica-zaginaa/feed/ 0
Сомалија го протера кенискиот амбасадор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/somalija-go-protera-keniskiot-ambasador/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/somalija-go-protera-keniskiot-ambasador/#respond Mon, 30 Nov 2020 14:55:31 +0000 https://kurir.mk/?p=436386

Сомалија нареди протерување на кенискиот амбасадор откако ја обвини соседната земја дека се меша во изборниот процес во Џубаланд, една од петте сомалиски автономни држави. Сомалија исто така го повлече својот амбасадор од Најроби. – Како резултат на политичката интервенција на кениската Влада во внатрешните работи на Сомалија, регионалниот претседател на Џубаланд се откажа од изборниот договор постигнат на 17 септември 2020 година во Могадишу, се вели во соопштението на сомалиското Министерство за надворешни работи објавено на Фејсбук. Министерството не даде детали за мешањето или договорот од кој се откажал претседателот на Џубаланд. Кенија и дава трупи на Сомалија како дел од мировните сили предводени од Африканската унија, кои заедно со сомалиската федерална влада и локалните држави се борат против бунтовниците на ал-Шабаб, група поврзана со Ал Каеда. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/somalija-go-protera-keniskiot-ambasador/feed/ 0
Кинескиот амбасадор во Израел починал од природна смрт https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-ambasador-vo-izrael-pochinal-od-prirodna-smrt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-ambasador-vo-izrael-pochinal-od-prirodna-smrt/#respond Sun, 17 May 2020 15:08:04 +0000 https://kurir.mk/?p=346993

Амбасадорот на Кина во Израел, Ду Веи, кој денеска беше пронајден мртов во стан во предградие на Тел Авив, според првите индиции, починал од природна смрт, изјави неименуван израелски претставник. Тој наведе дека полицијата води истрага како да се работи за природна смрт. Ду (58) во Израел пристигна во февруари откако од 2016 до 2019 година беше амбасадор во Украина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskiot-ambasador-vo-izrael-pochinal-od-prirodna-smrt/feed/ 0