кинески астронаути – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Apr 2022 15:47:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кинески астронаути – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кинеските астронаути успешно ја завршија шестмесечната мисија во вселената https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskite-astronauti-uspeshno-ja-zavrshija-shestmesechnata-misija-vo-vselenata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskite-astronauti-uspeshno-ja-zavrshija-shestmesechnata-misija-vo-vselenata/#respond Mon, 18 Apr 2022 15:47:59 +0000 https://kurir.mk/?p=664861

Тројца кинески астронаути со екипажот на вселенскиот брод Шенжу-13 ја завршија својата шестмесечна мисија на кинеската вселенска станица и безбедно се вратија на Земјата на 16 април, пренесува кинеската државна агенција Синхуа. Кинеската агенција за вселенска програма за екипаж (CMSA) соопшти дека со мисијата Кина ја потврдила техничката подготвеност на својата вселенска станица, а исто така постави рекорд во должината на престојот на кинеските астронаути во орбитата. Капсулата за враќање Шенжу-13 со астронаутите Џаи Џијанг, Ванг Јапинг и Је Гуангфу во саботата во 9.56 часот по кинеско време се приземји во областа Донгфенг, автономниот северен кинески регион во северна Монголија. Тројцата астронаути беа извлечени од капсулата, сместени на столици, изгледаа опуштено и мавтаа кон екипажот на земјата. Со „добредојдовте дома“ беа поздравени од насобраните кои со камери го овековечија историскиот момент за кинеската всленеска програма. „Силата и моќта на нашата земја е она што ја изгради вселенската станица. „Горд сум на мојата голема татковина“, изјави Џаи, командант на мисијата за државната телевизија CCTV што вршеше пренос во живо од враќањето на астронаутите на Земјата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskite-astronauti-uspeshno-ja-zavrshija-shestmesechnata-misija-vo-vselenata/feed/ 0
По шест месеци во вселената: Кинеските астронаути се вратија на Земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-shest-meseci-vo-vselenata-kineskite-astronauti-se-vratija-na-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-shest-meseci-vo-vselenata-kineskite-astronauti-se-vratija-na-zemjata/#respond Sat, 16 Apr 2022 08:40:05 +0000 https://kurir.mk/?p=663934

Тројца кинески астронаути од мисијата Шенжу-13 денеска се вратија на Земјата по шест месеци поминати во кинеската вселенска станица и тоа е најдолгиот престој на кинеска екипа во вселената, јави државната телевизијата ЦЦТВ. Ова е уште една успешна етапа за Кина во нејзините амбициозни вселенски проекти бидејќи сака да биде во чекор со САД, Европа и Русија, пренесе Бета. Со 183 дена престој во вселената, астронаутите го соборија претходниот национален рекорд. Во 2021 година, тие поминаа 92 дена во вселената за време на мисијата Шенжу-12. Екипажот се состоеше од тројца воени пилоти: командант Џаи Џанг (55), неговата колешка Ванг Јапинг (42) и најмладиот Џе Гуангфу (41), на кого ова му беше прв лет во вселената. Анализата на здравствената состојба на астронаутите од Шенжу-13 ќе и овозможи на Кина да дознае повеќе за влијанието на продолженото отсуство на гравитација врз човечкото тело. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-shest-meseci-vo-vselenata-kineskite-astronauti-se-vratija-na-zemjata/feed/ 0