кинески хакери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 06 Dec 2022 16:56:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кинески хакери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кинески хакери украле милиони долари во САД наменети за справување со епидемијата на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineski-hakeri-ukrale-milioni-dolari-vo-sad-nameneti-za-spravuvanje-so-epidemijata-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineski-hakeri-ukrale-milioni-dolari-vo-sad-nameneti-za-spravuvanje-so-epidemijata-na-koronavirusot/#respond Tue, 06 Dec 2022 16:56:20 +0000 https://kurir.mk/?p=771921

Кинески хакери од 2020 година украле десетици милиони долари американска помош наменета за надминување на пандемијата на Ковид-19, соопшти американската Тајна служба. Тајната служба го потврди извештајот објавен на „Ен-Би-Си“ дека кинеска хакерска група позната во безбедносната заедница како „APT41“ или „Winnti“ е одговорна за кражбата. „APT41“ е многу успешна кибер-криминална група која со помош на владата изврши низа упади, а мотивот бил воглавно финансиски по природа. Неколку членови на групата беа обвинети во САД во 2019 и 2020 година за шпионажа на повеќе од сто 100 компании, вклучувајќи фирми за развој на софтвер, даватели на телекомуникациски услуги, компании за развој на видео-игри и компании за социјални медиуми. „За жал, Кинеската комунистичка партија избра поинаков пат за да ја направи Кина безбедна од кибер-напади додека напаѓа компјутери надвор од Кина за да украде интелектуална сопственост во корист на Кина“, изјави тогаш поранешниот заменик-јавен обвинител, Џефри Розен. Кинеската амбасада во САД соопшти дека Кина „одлучно се спротивставува и се бори против кибер-кражбите и хакирањето“ и ги отфрла „неоснованите обвинувања“ против нејзината земја. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineski-hakeri-ukrale-milioni-dolari-vo-sad-nameneti-za-spravuvanje-so-epidemijata-na-koronavirusot/feed/ 0
Кинески хакери го користеле Фејсбук за да следат Ујгури во странство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineski-hakeri-go-koristele-fejsbuk-za-da-sledat-ujguri-vo-stranstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineski-hakeri-go-koristele-fejsbuk-za-da-sledat-ujguri-vo-stranstvo/#respond Thu, 25 Mar 2021 08:36:50 +0000 https://kurir.mk/?p=487452

Фејсбук соопшти дека блокирал група кинески хакери кои ја користеле неговата платформа за да ги следат Ујгурите кои живеат во странство, привлекувајќи ги со софтвер кој, откако ќе влезат во него, ги заразува нивните уреди и овозможува да бидат надгледувани. Американската компанија тврди дека хакерите, познати во безбедносните кругови како Earth Empusa, или Око на злото, барале активисти, новинари и дисиденти кои им припаѓаат на Ујгурите, мнозинската муслиманска етничка група која се соочува со прогон во Кина. Фејсбук соопшти дека има помалку од 500 такви луѓе, кои доаѓаат од кинескиот регион Синџијанг и дека живеат надвор од Кина, во земји како Турција, Казахстан, САД, Сирија, Австралија и Канада. Компанијата тврди дека повеќето хакерски активности се одвивале надвор од платформата Фејсбук, која повеќе се користела за споделување линкови до заразени веб-страници, отколку за директно споделување на малициозен софтвер на платформата. Фејсбук тврди дека групата хакери користеле лажни профили кои се претставувале како новинари, студенти, активисти за човекови права или членови на ујгурската заедница за да придобијат доверба на нивните цели, а потоа ги наведувале на малициозни веб-страници преку кои на нивните уреди бил инсталиран шпионски софтвер. Овие малициозни страници биле дизајнирани да личат на домени на популарни ујгурски или турски медиуми. Фејсбук тврди дека отстранил помалку од 100 лажни профили, го блокирал споделувањето на заразени домени и ги предупредил луѓето за кои смета дека биле цел на напад. Кина ги негира сите обвинувања и тврди дека камповите нудат стручно образование и оти се потребни за борба против екстремизмот. Обединетите нации проценуваат дека во камповите во Синџијанг се затворени до милион луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineski-hakeri-go-koristele-fejsbuk-za-da-sledat-ujguri-vo-stranstvo/feed/ 0