кинески вакцини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Dec 2021 10:43:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кинески вакцини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 При крај е истрагата за набавката на кинеските вакцини отворена во март, вели Ивановска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pri-kraj-e-istragata-za-nabavkata-na-kineskite-vakcini-otvorena-vo-mart-veli-ivanovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pri-kraj-e-istragata-za-nabavkata-na-kineskite-vakcini-otvorena-vo-mart-veli-ivanovska/#respond Thu, 16 Dec 2021 10:43:11 +0000 https://kurir.mk/?p=609247

Билјана Ивановска, претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, во претпладневната емисија на ТВ24 рече дека Антикорупциска е при крај со истрагата за набавка на вакцините од кинескиот производител Синофарм која ја отвори уште во март. Изминатата пролет ДКСК ја нарече оваа истрага „комплексна“. Антикорупциска во мај информираше дека добила од Народна банка документ за извршена исплата на седум милиони и 800 илјади долари за увоз на стока кое Министерството за здравство го има исплатено на 15 февруари, а НБ го има реализирано во корист на Стабри Интернешенел од Хонг Конг. - При крај е предметот за набавката на вакцините, ќе излеземе во јавност со јасни докази, информираше кусо Ивановска во студиото на ТВ24. Од МЗ известиле дека немаат исплатено аванс на правно лице за купување кинески вакцини, туку на почетокот на оваа година има извршено уплата на средства на име гаранција со цел да се изврши резервација на 200 илјади дози вакцини од производителот Синофарм од Кина, врз основа на заклучоци од затворена владина седница одржана на 5.февруари. Парите што биле префрлени на Стабри се вратени назад и нема извршено никаква исплата. Владата потоа склучила договор директно со производителот Синофарм.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pri-kraj-e-istragata-za-nabavkata-na-kineskite-vakcini-otvorena-vo-mart-veli-ivanovska/feed/ 0
Ковакс ќе добие 110 милиони дози кинески вакцини против коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovaks-kje-dobie-110-milioni-dozi-kineski-vakcini-protiv-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovaks-kje-dobie-110-milioni-dozi-kineski-vakcini-protiv-koronavirus/#respond Mon, 12 Jul 2021 12:31:41 +0000 https://kurir.mk/?p=535539

Ковакс системот веднаш ќе добие 110 милиони дози вакцина против коронавирус од кинеските компании „Синовак“ и „Синофарм“ кои ќе му помогнат на меѓународниот систем за дистрибуција на вакцини да се справи со недостигот поради новиот бран на пандемијата, соопшти денеска Сојузот за вакцини (Гави). „Договорот со кинеските фармацевтски групи вклучува и опции за набавка на дополнителни дози во наредните месеци“, се вели во соопштението. -Благодарение на овој договор, дури и откако овие вакцини веќе добија итно одобрување од СЗО, можеме веднаш да започнеме со испорака во земјите, рече Сет Беркли, раководител на Гави. Ковакс системот, кој требаше да гарантира еднаков пристап до вакцините и на богатите и на сиромашните земји, досега дистрибуираше повеќе од 102 милиони дози вакцини во 135 земји, многу помалку од планираното. Околу 170 милиони дози на „Синофарм“ потенцијално може да се обезбедат до крајот на првата половина на 2021 година, во зависност од потребите. Во случајот на „Синовак“, вкупниот број  купени дози може да достигне 380 милиони до крајот на јуни 2022 година. Овие вакцини ќе бидат достапни за сите земји кои плаќаат за вакцините, како и за земјите што ќе ги примаат вакцините како донација. Ковакс планира да дистрибуира две милијарди дози до почетокот на 2022 година, вклучително и 1,8 милијарди за 92 најсиромашни земји. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovaks-kje-dobie-110-milioni-dozi-kineski-vakcini-protiv-koronavirus/feed/ 0
Долгонајавуваните кинески вакцини на „Синовак“ конечно пристигнаа во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dolgonajavuvanite-kineski-vakcini-na-sinovak-konechno-pristignaa-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dolgonajavuvanite-kineski-vakcini-na-sinovak-konechno-pristignaa-vo-makedonija/#respond Sun, 27 Jun 2021 11:34:00 +0000 https://kurir.mk/?p=528519

Денеска на скопскиот аеродром пристигнаа 500.000 вакцини што ги купивме од производителот Синовак. Вакцините ќе бидат соодветно складирани во Поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска медицина каде што има доволно капацитет да се сместат во ладните соби по што ќе бидат дистрибуирани до пунктовите низ државата согласно закажаните термини за вакцинација. Ова е најголема количина на вакцини која одеднаш пристигна во нашата држава. -Со процесот на имунизација досега и вакцинирањето на голем број граѓани покажуваме одлични резултати во намалувањето на боројот на новозарзени со Ковид 19, и на хоспитализиарани граѓани, за што говори фактот дека сите ковид центри низ државата се празни, а мал е бројот на хоспитализирани пациенти и на Инфективната клиника. Изразувам голема благодарност до Владата на Народна Република Кина и кинескиот народ за поддршката која ни ја дадоа во борбата против корона вирусот. - кажа државниот секретар на Министерството за здравство, Иванка Стојаноски. -Светската здравствена организација ја одобри вакцината Синовак за итна употреба на 1 јуни. Како и вакцината Синофарм, вакцината Синовак е исто така инактивирана вакцина. Кина сега вакцинира луѓе на возраст од 3 до 100 години. Во Кина се администрирани над 1,1 милијарда дози. Верувам дека вакцината ќе и помогне на Северна Македонија да изгради имунолошка бариера и да формира цврста линија на одбрана за заштита на животот и здравјето на луѓето. - потенцираше амбасадорот на Народна Република Кина Џанг Ѕуо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dolgonajavuvanite-kineski-vakcini-na-sinovak-konechno-pristignaa-vo-makedonija/feed/ 0
„Каде требало да завршат над 6 милиони долари од кинеските вакцини, заради Филипче и Заев вакцините каснеа 5 месеци“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kade-trebalo-da-zavrshat-nad-6-milioni-dolari-od-kineskite-vakcini-zaradi-filipche-i-zaev-vakcinite-kasnea-5-meseci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kade-trebalo-da-zavrshat-nad-6-milioni-dolari-od-kineskite-vakcini-zaradi-filipche-i-zaev-vakcinite-kasnea-5-meseci/#respond Sat, 08 May 2021 07:48:05 +0000 https://kurir.mk/?p=507395

Каде требало да завршат над 6 милиони долари од набавката на 200.000 кинески вакцини преку фантом фирма од Хонг Конг? Објавивме документи од кои се гледа дека Министерството за здравство исплатило аванс на фантом фирмата, од 7.800.000 долари. Ако се земе предвид првиот документ објавен во медиумите, тоа е 60% од сумата од над 12.500.000 долари, со што доаѓаме до сума од 62.5 долари по вакцина, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. - Тоа се над триесетина долари повеќе по доза вакцина споредено со цените што земале земјите во регионот, како што објавија медиумите. Филипче уште должи одговори. Како фантом фирмата со само 1000 долари основачки капитал го убедила дека може да ги набави вакцините па и исплатил 7.800.000 долари како аванс? Кои биле гаранциите кои им ги дала истата и дали некој размислил што се можело да се случи, прашуваат од партијата. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека државата е водена како фирма без одговорност и додека сите министри низ светот бркале вакцини, Филипче и Заев бркале провизии. -Одговорност ќе има, посочуваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kade-trebalo-da-zavrshat-nad-6-milioni-dolari-od-kineskite-vakcini-zaradi-filipche-i-zaev-vakcinite-kasnea-5-meseci/feed/ 0
ДКСК од Народна банка добила документ за кинеските вакцини, а МЗ вели дека нема исплатено аванс https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-od-narodna-banka-dobila-dokument-za-kineskite-vakcini-a-mz-veli-deka-nema-isplateno-avans/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-od-narodna-banka-dobila-dokument-za-kineskite-vakcini-a-mz-veli-deka-nema-isplateno-avans/#respond Thu, 06 May 2021 11:31:10 +0000 https://kurir.mk/?p=506549

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) е при крај со предметот за набавката на вакцините за КОВИД – 19 и има информации што не се се уште целосни. Како што информираше на денешната прес-конференција Горан Трпеноски член на Комисијата, целата ситуација е комплексна и треба да се размисли со ладни глави и имајќи ја предвид поларизацијата во државата, не сакаат како институција да се стават во корист на кој било од политичките чинители. Одговарајќи на новинарско прашање тој информира дека Антикорупциска добила од Народна банка документ за извршена исплата на  седум милиони и 800 илјади долари за увоз на стока односно Министерството за здравство има исплатено на 15 февруари, а НБ го има реализирано во корист на Стабри Интернешенел од Хонг Конг. Од МЗ известиле дека немаат исплатено аванс на правно лице за купување кинески вакцини, туку на почетокот на оваа година има извршено уплата на средства на име гаранција со цел да се изврши резервација на 200 илјади дози вакцини од производителот Синофарм од Кина, врз основа на заклучоци од затворена владина седница одржана на 5.февруари. -Владата во кородинација со владата на Кина, преку Кинеската амбасада во Македонија, по разговорите одлучила да ги прекине започнатите активности и ги побарала назад уплатените средства, што  било реализирано со враќање на средствата. Владата за операционализирање на својата одлука на 16.март го задолжила МЗ да ги прекине сите активности за реализација по заклучоците од 8 – та седница односно парите што биле префрлени на Стабри се вратени назад и нема извршено никаква исплата. Владата потоа склучила договор директно со производителот Синофарм, појаснуваше Трпеноски. Додаде оти не може да изнесува други детали бидејќи производителите во документите што ги има добиено ДКСК, е ставена клаузулата за тајност, по нивно барање. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-od-narodna-banka-dobila-dokument-za-kineskite-vakcini-a-mz-veli-deka-nema-isplateno-avans/feed/ 0
Еве кога ќе пристигнат кинеските вакцини на „Синофарм“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-koga-kje-pristignat-kineskite-vakcini-na-sinofarm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-koga-kje-pristignat-kineskite-vakcini-na-sinofarm/#respond Thu, 29 Apr 2021 16:17:10 +0000 https://kurir.mk/?p=503875

Вкупно 200.000 вакцини „Синофарм“ купени во директните преговори со производителот, ќе пристигнат изутрина во 05:00 часот, информираа попладнево од Министерството за здравство. По тој повод, во поликлиниката „Јане Сандански“ најавено е обраќање на министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-koga-kje-pristignat-kineskite-vakcini-na-sinofarm/feed/ 0
Филипче пак излажа, кинеските вакцини не доаѓаат денеска на 28 април https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-pak-izlaza-kineskite-vakcini-ne-doagjaat-deneska-na-28-april/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-pak-izlaza-kineskite-vakcini-ne-doagjaat-deneska-na-28-april/#respond Wed, 28 Apr 2021 08:50:33 +0000 https://kurir.mk/?p=503192

Дојде 28 април, но нема да дојдат и кинеските вакцини кои требаше да пристигнат денеска според зборовите на министерот за здравство Венко Филипче. Од февруари доаѓаат и се уште не се дојдени, или чекаат празник да помине или пак почеток на месец, средина на месец па дури и крај. Пред точно две недели на 15 април, Филипче во изјава за медиумите пред салата „Борис Трајковски“ рече дека е добиена потврдата од кинеската амбасада за пристугнување на кинеските вакцини на 28 парил, за неколку денови потоа да каже дека нема вакцините да дојдат, ќе доцнеле и тука ќе биле после празникот. Сепак ова не е прв празник кој го чекаа кинеските вакцини. Во февруари чекаа да помине кинеската Нова година. - Вакцините „Синофарм“ ќе стигнат во земјава по завршување на кинеската Нова година, изјави премиерот Зоран Заев, на 12 февруари за медиумите. Но, помина кинеската Нова година, вакцините не дојдоа. И не само премиерот, туку за февруари ги најави и министерот Филипче кој на 3 февруари изјави дека со 200.000 кинески вакцини во февруари ќе стартува масовното вакцинирање во земјава. Арно ама февруари заврши, ниту кинески вакцини видовме, ниту масовна вакцинација. Но, видовме како ја утнале работата и склучиле сомнителен договор преку посредничка фирма, спротивно на она што го бара Кина. Тогаш јавноста виде како се склучил договор со сомнителна фирма од Хонконг, а се планирало вакцините да се платат двојно поскапо. Откако биле одбиени од Кина, тогаш се сетиле дека треба да преговараат преку амбасада. И потоа дојде март, а вакцините ги најавија за почетокот на април. Но, дојде почетокот на април, па ги најавија за средина на април. - Имаме најави дека кон средината на овој месец ќе стигна кинеските вакцини и Фајзер, изјави Филипче на прес конференција на 6 април пред вакциналниот пункт во СЦ „Борис Трајковски“. Не дојдоа ни на средина на април, а како што видовме на средина на април ги најавија за крај на април. Еве дојде крај на април ги најавија за почеток на мај. И постојано така од лага до лага, а вакцини нема, нема ни масовна вакцинација. А тоа пак се плаќа со човечки животи, секој ден бројките на починати се високи и веќе стигнавме до бројка од 4.742, а прогнозите се црни и за следните месеци. Последните најави се дека денеска ќе бидат испратени од Кина преку Истанбул и Белград, со специјален ланец на камиони ќе стигнат во Скопје следниве денови. И додека губиме животи, чекаме вакцини во февруари, март, април, мај после кинеска Нова година, после Велигден, само да не ги чекаме и после Илинден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-pak-izlaza-kineskite-vakcini-ne-doagjaat-deneska-na-28-april/feed/ 0
Ристески: Обвинителството да истражи дали Венко Филипче го прекршил законот за јавни набавки со испалќање на авансот за кинеските вакцини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/risteski-obvinitelstvoto-da-istrazi-dali-venko-filipche-go-prekrshil-zakonot-za-javni-nabavki-so-ispalkjanje-na-avansot-za-kineskite-vakcini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/risteski-obvinitelstvoto-da-istrazi-dali-venko-filipche-go-prekrshil-zakonot-za-javni-nabavki-so-ispalkjanje-na-avansot-za-kineskite-vakcini/#respond Thu, 08 Apr 2021 13:36:08 +0000 https://kurir.mk/?p=494353

На денешната седница во собранието пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески во однос на предлог на дополнување на законот за јавните набавки исјави дека Венко Филипче го прекршил законот за јавни набавки со авансното исплаќање на целосната сума на 200 илјади кинески вакцини. -По основ на овој предлог на дополнување на законот за јавните набавки со предложените измини на законот за јавни набавки не можам никако да се согласам од повеќе причини. Во самиот вовед појаснувате дека одредени одредби на законот за јавни набавки кои се вообичаени при нормално функционирање на пазарот на јавни набавки во услови на пандемија на ковид 19 создаваат потешкотии и не можност за реализирање на набавките на вакцини против ковид 19. Додека во предложените измени го вклучувате терминот сите постапки за јавни набавки кои се директно поврзани со постапките за справување со пандемии или епидемии и заразни болести, што секако не е исто и вклучува многу поширок спектар на стоки како маски респиратори лекови средства за дезинфекција што воопшто не е исто, истакна Ристески. Пратеникот Петар Ристески во однос на предлог на дополнување на законот за јавните набавки изјави дека Венко Филипче го прекршил законот за јавни набавки со авансното исплаќање на целосната сума на 200 илјади кинески вакцини. -Со предложената измена на законот за јавни набавки вие предлагате измена во дел 5 од законот за јавни набавки кој што се оденесува на средствата за обезбедување на догооврот за јавна набавка поточно измена на член 103 со додавање на нов став 4 со кој се суспендираат претходните два става 2 и 3 кој ќе овозможи исплата на аванс поголем од 20 % од вредноста на догооврот и ослободување од обврска за обезбедување гаранција за авансно плажање за постапките за јавни набавки кои се директно поврзани со мерките за справување на пандемии. Тоа значи дека вие создавате услови за можна поголема корупција и криминал при реализација на јавните набавки од овој вид. Вака поставената измана не е чесна бидејќи се прави замена на тезите. Јас би прашал како ако ова не можеше да се направи без овие законски измени што допрва се носат како ова го направи министерот за здравство Венко Филипче и префрли авансно 12,5 милиони евра на фирма регистрирана во Хонг Конг за набавка на кинеските вакцини? Авансно ја исплати не 20 % туку целата сума за 200 000 вакцини. Дали со ова Филипче извршил против законско плаќање? Дали со ова го пректршил законот за јавни набавки? Го прекршил и за тоа треба да одговара. Го повикувам обвинителството Јовавски, Рускоска да го испитаат ова плаќање авансно за 12 ,5 милиони евра незаконски, petar нагласи Ристески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/risteski-obvinitelstvoto-da-istrazi-dali-venko-filipche-go-prekrshil-zakonot-za-javni-nabavki-so-ispalkjanje-na-avansot-za-kineskite-vakcini/feed/ 0
Јапонија кажа “НЕ“ за кинески вакцини за своите олимпијци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-kaza-ne-za-kineski-vakcini-za-svoite-olimpijci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-kaza-ne-za-kineski-vakcini-za-svoite-olimpijci/#respond Fri, 12 Mar 2021 17:08:32 +0000 https://kurir.mk/?p=481514

Јапонските власти не се согласуваат со одлуката на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) да ја прифати понудата Кина да обезбеди вакцини против Ковид-19 за учесниците на Летните и Зимските олимписки игри во Токио и во Пекинг, јавија денеска светските агенции. Министерката во Владата на Јапонија задолжена за организација на Игрите, Тамајо Марукава, посочи дека МОК не ја консултирал Јапонија за кинеските вакцини. Таа порача дека јапонските спортисти нема да се вакцинираат со кинеските вакцини, бидејќи истите не се одобрени за користење во земјата. -Преземаме сеопфатни мерки против заразни болести во подготовките за Игрите во Токио со цел да овозможиме учество на спортистите без вакцинирање. Нема промени во нашиот став дека вакцинацијата нема да биде услов, изјави Марукава. Реакцијата на властите во Токио доаѓа ден откако претседателот на МОК, Томас Бах, обелодени дека е постигнат договор со Олимпискиот комитет на Кина за обезбедување дополнителни дози вакцини против коронавирус за учесниците на претстојните Летни олимписки игри во Токио, како и за спортистите, кои ќе настапат на Зимските олимписки игри во Пекинг идната година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-kaza-ne-za-kineski-vakcini-za-svoite-olimpijci/feed/ 0
Вучиќ: Сите се заинтересирани за кинеските вакцини, но Србија не може да ги извезува https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-site-se-zainteresirani-za-kineskite-vakcini-no-srbija-ne-moze-da-gi-izvezuva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-site-se-zainteresirani-za-kineskite-vakcini-no-srbija-ne-moze-da-gi-izvezuva/#respond Sat, 06 Mar 2021 11:49:15 +0000 https://kurir.mk/?p=478141

Српскиот претседателот, Александар Вучиќ, денеска посочи дека сите се заинтересирани за кинеската вакцина, но дека Србија не може да ги извезува, јави допсиникот на МИА од Белград. На прес конференцијата со кинескиот амбасадор Чен Бо, на прашањето до каде може да посредува или да им помага на земјите од регионот во набавка на вакцините, Вучиќ изјави дека Кинезите донесуваат одлука каде се извезуваат вакцините. -Сите се заинтересирани, но ние не можеме да ги извезуваме. Ние можеме да ги користиме само кај нас – објасни тој, додавајќи дека колку што знае, постои договор за испораки и во други земји во регионот, како Црна Гора и Северна Македонија. -Јас сум и бескрајно благодарен на Кина затоа што она што го видовме е дека станува збор за безбедна и многу сигурна вакцина, која нешто подоцна развива антитела, но без никакво загрозување за здравјето на луѓето. Направена е како вистинска вакцина чии антитела траат подолго. Со таа вакцина спасивме многу животи и ако не ја имавме, ќе имавме уште десетици илјади заболени – кажа Вучиќ. Тој синоќа на белрадскиот аеродром дочека уште 500.000 дози вакцини на кинескиот Синофарм. -Зад мене е нашиот најголем авион А-330, кој донесе 500.000 нови кинески вакцини Синофарм. Дојдов уште еднаш да ја покажам мојата благодарност и почит кон кинескиот претседател Си Џинпинг и кинескиот народ, но и да им кажам на граѓаните на Србија дека вечерва имаме вкупно 2.620.000 вакцини, дека договоривме вкупно 13.350.000 вакцини и да повикам луѓето да се вакцинираат, порача Вучиќ во видео пораката на Инстаграм.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-site-se-zainteresirani-za-kineskite-vakcini-no-srbija-ne-moze-da-gi-izvezuva/feed/ 0